1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Колкаво ти е бебето? Мојата не се плаши да оди во вц ама не оди без мене, секогаш стојам пред врата. Моето е 15 месеци и 15 месеци трае и проблемов со одење во вц. Зборев телефонски со психолог па на 16ти ноември ќе одам јас сама па после и со неа, може конечно ќе дојдеме до решението. И кога јадеме се оградува со столици и става перници на столицата и дури денес ми кажа дека за да е иста како бебето во хранилка, а јас ништо не сфаќам очигледно се додека не ми објасни. Кога го земе маж ми бебето да го поноси јас морам неа да ја носам или ако јас бебето маж ми неа во раце и станов така си стои. Психологот ме испраша телефонски и рече дека треба да термин лично да отидам сама прво. И кога зборува со други не зборува туку гуга како бебето. Лази низ стан, а кога беше бебе не лазеше па може да надокнади сега. Едвај чекам психологот да каже што како. Денес имав термин ама градинката била затворена не знаев и го одложив за 16ти, а што убаво уште денес да бев, кој ќе чека сега пак на ново.
    И проблемов плус ми е што кога ја гледам слаба во лицето си мислам да не има проблем здравствен некој и премногу се грижам како на пат сум да се разболам од грижи, а таман тироидната ми се среди. И јас цел ден ја бркам да јаде,вода да пие и во вц да оди, се изморив.
     
    Последна измена: 3 ноември 2022
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Бебето има 2 месеци а син ми за 2 месеци ке полни 5 години.Само глумат и ни тестираат нерви верувај.Го гледам син ми се опушта, цело време го тераме како на мајтап плашењето и има ефект, почнува да го доживува како смешно.И он бара да одам со него до вц и да го чекам, од вчера го праќам да иде сам да остави врати отворени и ако се плаши да збори со мене дека ке му се јавам.Све е мислам реакција за бебето и плус од тоа што беше болен, цело време беше со телефон и се изнагледа глупости покрај хеловин, сега намаливме телефон гледање, повеќе се играм со него и се поопушта.Иначе и син ми се преправа дека е бебе чат пат, лази, збори бебешки, ако маж ми му збори на бебето јас го зимам него и му се обраќам како да е бебе на шега, се смее и сваќа дека е игра тоа.А за јадење ако не го хранам ништо нема да изеде, плус нема шанси да го натерам нешто да проба или да изеде ако рече дека не сака, ке поврати дури ако го запнам.Маж ми го слуша само ако јас не сум тука иначе не слуша ништо, а мене само ако кажам дека ке му се налутам ме слуша.Јас иако сум нервозна обично со него гледам да се смирам и да се спуштам на негово ниво, колку повеќе му обрнувам внимание подобар е, ако сум нервозна и го карам уште полош станува.Барај начини да видиш што пали кај твоето дете, наоружај се со трпение и тоа е.Све се фази кај децата, ке помине и ова.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Некои работи кај мојава се најнова фаза пропратно со старите фази. Мислев дека сега поголемо бебе и си играат дека ќе биде поок, а не уште потешко. Догодина во школо ќе оди и ја гледам како дете што прваче ќе биде, а добив уште едно бебе што гуга, лази и носи памперс. Ништо, во очекување на следната фаза.
     
    Последна измена: 3 ноември 2022
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e
    Кога ќе се роди бебе кај поголемото дете се јавува регресија. Тоа е нормално. Тоа бебешко однесување е често и е затоа што сака да го добие вниманието што го добива бебето. Не дека ќерката не добива внимание, ама пак сега не и е сеедно што вниманието го дели со некој друг, веројатно го сака целото само за неа како што било порано. Затоа еднаш те советував ако е возможно и изводливо за тебе да пробаш да поминуваш време со неа на само, без бебето.
    Дури понекогаш и негативното внимание им годи, односно свесно прават работи со цел да бидат искарани потоа, затоа што и тоа е добивање на внимание.
    Можно е и ова со јадењето да е од иста причина, па за да и угодуваш.
    15 месеци и мене ми изгледа на долг период за навикнување на промените. Ама сите различно реагираат на промени.
    Читам дека си закажала за психолог се надевам дека ќе најдете соодветно решение :hug:.
     
    На gjoker4e и macalavica им се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Скоро исто години имаат во вц не се плаши ама да спие сам да. Вчера имаше другарче на гости го носи во соба му вика ова е моја соба и кревет ама јас не спијам тука зошто е баш страшно. Додуша мојот многу кратко спиеше сам и никогаш цела ноќ туку кога ќе се разбудеше доаѓаше кај мене. Се разболе го преместува на спална и ете уште е со нас.
    Моја проценка дека се дефинитивно цртаните причина и можеби во градинка си зборат такви работи. Јас контролирам со тоа што само на тв гледа телефон не му давам и пак ќе промакне нешто кога беше помал само на нетфликс цртани му пуштав строго контролирани ама сега се промакнува нешто кога пуштаме јутуб. Најново во градинка другарите гледале "нинјаго" он се плаши и не гледа па му рекле дека е бебе зошто "блејз" бил за бебиња.

    Воглавно често е на оваа возраст да пројавуваат стравови плус вие имате голема промена бебе. Контролирај строго што гледа, терај на шала ако пали тоа, кај мојот многу пали тоа како е голем. И за бајачката јас би се плашела да не го доисплаши зошто мене ми звучи страшно, ама супер што ете колку толку помага барем за да го свртите на шала.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Денес најлош ден не може ни вода пие. Многу пропадна во лицето. Опасно е многу без јадење и пиење??? Со сила една голтка вода пред спиење и плаче дека ја болат тие во уста. И три сладоледи јадеше денес. Друго ништо. Како да пие и јаде??? Вика ја боли. Ни сируп не можев да и дадам денес, малку само проба и плаче ја боли. Што да правам??? Трет ден е денес исфрлена. Чудно ми е што има ситни флеки на лице, по стомак, раце... Тоа нормално е??? Или само во и околу уста, дланки и стапала е нормално?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Здраво, малиов има 3.5 год и примеќам дека сака да се доближува до тв за да гледа. Кога го враќам назад од подлеку, не прави проблем ама на секои 5 мин како да подзамижува. Кај да го носам на преглед за Ск? Имате ли вие некој дете што носи очила и како приметивте дека не гледа добро?
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Колку време на ден гледа тв?
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.386
    Пол:
    Женски
    Исто.Се приближуваше кон тв.
    Носи го кај Викторија Филева,Систина.
     
    На Ole.grbeva, daniangel и NEA им се допаѓа ова.
  10. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Како го натеравте да стои мирен за преглед? Бевме промедика - не можевме ни да го задржиме 1 мин на апаратот- па ај со детско некое - и со тоа не можело - зениците мали па требало да се чека и ниш не прававивме
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.386
    Пол:
    Женски
    Мирна беше мојава тогаш,плус и капки за ширење на зеици и ставаа.-1 диоптер и искочи.
    Пробајте кај Филева има добар пристап.
     
  12. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Што можам да намачкам на екстремно сува кожа?
    До колената и е ептен сува, ја мачкав Павловичева, ама немаше ефект, сношти екодерм ми се виде како помрсна
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Педијатарот Еуцерин ми даде ама го немам повеќе пакувањето нз точно кое. Консултирајте се и со педијатарот. Само од ладно и е сува? Бејби лав масло пробај.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Цел ден се трудам и да легнеме да спиеме спремни вика да јадела. Секоја вечер исто. И да и лупам сечам јаболка едно црвено едно зелено мандарини банана. И реков сама да јаде банана јас легнувам да спијам и легнав. Секоја вечер е истото, штом речам да легнеме. Па откако ќе легнеме во вц и се оди. Па ок ќе легнеме па вода и се пие. Па пак ќе легнеме може да и текне дека други пижами сака. Па нема да оди во градинка утре немала да спие. И сабајле зоштошто несме стигнале последни во градинка. Да сме сами ок полесно ама сега и бебе заспива, а таа ме чека да барала алишта за во градинка. А баравме пред спиење ама само цела детска ја растури расфрла алишта и не најде. Не можам да се справам. Не можам средина да најдам. А бебево еве без да го воспитам заспива и се буди на време. Воспитано се роди, со ред. А јас пет и пол години не успеав ред да и направам. Се чувствувам ужасно. Секое сабајле па друга приказна е. Не сака во вц да оди. Спремни да излеземе за во градинка или сака да се пресоблече или косата поинаку да ја носи. Па сака со тротинет и после пет метри не сака да го вози повеќе. Итн
     
    Последна измена: 20 ноември 2022
    На lackygirl, snegulkata, daniangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. daniangel

    daniangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    72
    Ауууу...како мојата ќеркичка да си ја опишала////истиот проблем и јас го имам, само што мојата има 3ипол години...
     
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Дали лепенкине за на пижама што се Respiratio од 4U pharma може да влијаат на резултатите од алерготест? ?

    Заборавив дека и ставив половинка пред некој ден а тестовите излегоа негативни.. сеа мука ми е да не влијаело ова..некој искуство ако има
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.854
    Допаѓања:
    202.958
    Пол:
    Женски
    Не би требало.
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    1.428
    Za sto sluzat lepenkite?
     
  19. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    За кога е затнато носето многу да олесни дишење поубаво да спие.. јас за тоа сум ги ставала ми кажаа по половинка на пижама а некогаш и кога кашла многу сум ставала ја смирува
     
    На sani99 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Ќе полудам додека да отидеме на психолог. Не знам по кој пат се одложува терминот. Сега е на 7ми декември. Бебе тргнува на. 1ви декември па шансите да е болно на 7ми се големи ама ајде да мислам позитивно дека сите здрави ќе бидеме и конечно ќе отидеме на психолог. Односно прво јас сама морам па после со дете.
    Цел ден е неподнослива. Плаче за џабе. Нема јадено. Ќе умрам.
     
    На mal.ecka и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.