1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Вчера се чувме со докторката, сега е на антихистаминик. Сабајле почна пак да чеша нос, очи и малку да поткашлува. Чекам 2-3 дена, после ќе правам комплет крвна слика, со брисеви од грло, нос и очи. Од очите секретот се намали, ама ѝ се подотечени. Имаме историја со алергија, како бебе направи опструкција од тоа, па ќе видиме сега што ќе испадне.
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Да, испитајте најубаво.
    А секрет има, крвави очи? Само отокот баш укажува на алергија.
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Секрет денес минимално, само сабајлето, ама засушено, црвенило нема засега, ама немаше ни првиот пат, а очињата подотечени се, да.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Еве да го пишам нашето искуство, не знам колку ќе ти помогне. Дали сте биле во Козле? Сте правеле ли алерго тест? Нашиот излезе позитивен на липа, бреза и косена трева (facepalm) После инхалациите во Козле (5 дена) ни дадоа Аериус, се уште го пие. Проблем со очи и нос немавме, само со дишење. Еден ден му беа покрвави очињата ама за тоа ништо не ни дадоа. Го однесов и на пулмолог на клиника. Ми рече терапијата е таа, сите биле со алергии денес. Ни даде пумпица Вентолин за недај боже ако има повторно напад да му дадам веднаш за да се смири. Сакав да го однесам и во приватна лабораторија да испитам уште нешто од палетата ама крв се зима од вена, па докторот ми рече да не го трауматизирам детето за џабе, и да излезе уште нешто-пак е истата терапија. Утешително е тоа што како дошло така може и да замине ама како да знаеш :( Како мерка на претпазливост да не го изнесувам надвор после дожд и да избегнувам(колку можам) да го носам кај што има поголема концентрација на липи, брези а посебно да внимавам кога во близина се коси трева (facepalm)
    Ако можам некако да помогнам, пиши. Се надевам ќе ви се смири ситуацијата набрзо. Антибиотик не примавме, вас зошто ви го дадоа?
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.328
    Колку долго се чека за резултати од тироида да не знаете?
     
  6. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Алергична сум на се и сешто, терапијата која ја препорачуваат сите пулмолози е слична - мене на пример ми дадоа терапија со кортикостероиди преку цела година да се кљукам и пумпица и капки. Ако сакате најтопло ви советувам децата да ги однесете кај Др. Сарчевски од Биоквант многу помага, скапичок е ама мислам дека за здравјето на децата многу значи да ги избегнат вентолинот и кортикостероидите при раст и развој.
     
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    За деца? Брзо,на детска клиника за два три дена најмногу,а во Авицена мислам за еден ден дека можеше имаме одамна испитувано.Ако ти треба информација било каква пиши ми ќе ти објаснам.И да знаеш од крв од вена се зема.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај да почнам. Малата 2 пати има направено опструкција поради алергија. К.с., црп, брисеви чисти, ама долу спуштено. Причините ги дознавме, испадна дека е алергична на мувла во претходната куќа каде што живеевме. Оттаму се исселивме и тоа се среди. Сега ѝ течеше нос и поткашлуваше околу 2 недели, и почна длабоко да кашла, неколку пати правевме к.с. со црп, и сѐ беше во ред. Последна к.с. во сабота одлична, во понеделник ја земам од градинка и во рок од еден саат дигна тт, почнаа да ѝ слузат очите, кашлицата пара уши и ларингитис. К.с. ужас, црп покачено. Препишавме на бактерија, испи две дози антибиотик, со богата инхалација, вентолин, дексазон и бисолвол капки, тобрекс за очите и не знам уште што не. Како и да е, беше 10 дена под терапија. Кога ја заврши терапијата, симптомите почнаа да се враќаат во рок од еден ден, кашлица и коњуктивитис, почнавме со аериус, симптомите се потсредија. И мене ми светна сијаличката тогаш дека околу цела зграда имаме липи, живееме на први спрат, под прозор други дрва, и плус ја косеа тревата. Алергија ѝ е 99%. Но сакам да направиме алерго тестови да не лутаме секогаш вака, да знам совреме да ѝ давам соодветна терапија. Ме интересира за Козле како оди, треба упат од матичен?
     
  9. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Мајки од утрово керка ми се жали дека ја боли стомакот..Што да и дадам..Нема пролив нема тт игрс весела е само на моменти плаче и кажува дека ја боли
     
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Medicinski jaglen daj i mislam smee
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    За алерго тест ти треба од матичниот упат до специјалист, па после специјалистот ти дава упат за алерго тест.
    Душичка се изнамачила. Вака по пишаново личи дека нешто и смета, може да е алергија некаква. Инаку јас секој ден по два три пати солен раствор му прскам во носот, колку да се исчисти и забележав дека доста му помага. Пробај и ти, не штети ништо. Пиши што ќе направите. Се надевам ќе откирете набрзо.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорот. Прскам секој ден солен раствор, веќе и сама си бара, затоа што така ѝ олеснува. Само уште ова да те прашам, на кој начин го правеа алерго-тестот, со грепкање?
     
  13. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Да, со грепкање направивме. Јас сакав преку крв, поширока е палетата на алергени ама моево вени нема и ми рекоа да не го трауматизирам непотребно. Иако воглавно тоа е тоа- трева, липа, бреза, бор, домашна прашина, маче, куче, оса...
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Па и мене ми е за тоа, сигурно ќе се вознемири многу. Ќе се консултирам со доктор, па ќе видиме што ќе испадне. Само да поминува кај сите и да не се повторува веќе.
     
    На *Лорена* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Читам назад страни, гледам децава сами ви се заигруваат.
    Ние имаме 3 години и 8 месеци и мојава не сака воопшто сама да игра.
    Боиме заедно, со пластелин играме заедно, коцки редиме заедно. Стикери ако земе да лепи 5 пати ќе ме викне да сум и помогленал. Со кукли не игра, односно со ништо не игра.
    Има огромна куќа за барбики со мебел со се , не ја ни погледнува.
    Вчера и викам ќе ја кренам, зафаќа многу место. Ми вика не може, кога ќе пораснам ќе играм (facepalm)
    Лепешка ми е, дури кога седиме на маса она со нозе ме клоца цело време, за да ме допира.
    Цело време и е нешто досадно, не знае воопшто да се заигра сама. На моменти ме гуши, не можам во кујна да влезам, одма зима мало столче и ми се матка околу нозе :whew:
    Ако седам на кревет и пијам кафе, она ми се качува на скут или ќе ми легне на нога.
    Не и замерувам, не и викам затоа што не сакам да се почувствува запоставено. Знам дека едвај чека да се вратиме од работа за да седи со нас. Но за викенд е многу тешка за гледање.
    Е сега кога сме па надвор, посебно ако има деца она е сосема друго дете. Воопшто не ме перцепира, си игра со децата а јас ужувам во самоча :lol:
    Вчера се налути на татко и и му вика, понеделник во 6.30 ми е роденден, ќе имам многу гости а тебе нема да те поканам |(јас се згазив од смеење, а тој па се почувствува навреден :rofl:
     
    На M&M, Kitten, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  16. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    @chocolade и кај мене е исто.
    Сам се нема заиграно до сега.
    Ако седи некој до него и игра да,а сам нема шанси.
    И јас се што правам со него правам.
    Единствено ако гледа цртан може сам да седи и да не досадува.Завршува цртанот гледа ме нема во видик и почнува панично Мамаааа,мамааааа.....
    А за играње со деца не игра со секого.
    Незз зошто пребира со кого сака да игра со кого не.
    Да напоменам и мн е скржав,одиме во парк со полн најлон лопатчиња,гребленциња.....никој ништо не смее да му фати.
    Му зборам уста пена ми фати и не па не,не дава.
    Ако дадам јас плаче,се лути,ќе ги фрли и си одиме дома.
     
    На makedonkamak и chocolade им се допаѓа ова.
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @tincemajmunce мојава не игра со помали од нејзе, не и се интересни. Сака поголеми деца. Па често знае да се здружи со едно дете и заедно другите да не ги дружат. Се групираат од сега и тоа воопшто не ми се допаѓа. Веќе немам сили и за тоа да трубам па ја оставам со кого сака нека игра.
     
  18. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Нормално е што не сака да игра со секое дете. И нас не ни се допаѓаат сите и не почнуваме муабет. Тоа не е за нервирање. И не инсистирај да дава играчки на други. Мојата е иста. И кога прекинав да ја терам со сила, како некој период да и беше, сега веќе прекина. Тргнете од нас како возрасни дека не збориме и не се дружиме со сите кои постојат, па не судете деца. И тие си прават селекција на идни другарчиња и пријателчиња. Оставете ги да си оформат сами мислења и критериуми. Извинете на долгиот пост.
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Мајки кои се симптоми за слепо црево..Керка пред неколку дена се жалеше на болка на стомакот ја носевме на лекар ни рекоа имало стомачен вирус на дадоа сируп и линекс јуниор добра беше тој ден нареден пак се пожали и имаше како течна столица и вечерта поврати..3-4дена нема ништо денес цел ден весела си игра но сега скоро пак почна да олаче и вели ме боли стомакот стрсв ми е да не се работи за слепо црево..Дали да ја носам на ехо ке видат или на хирург мн ми е страв..Ве молам за совет
     
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.630
    Допаѓања:
    170.748
    Пол:
    Женски
    Крвна слика ќе каже ако е слепо црево. Ама ако било, досега, скраја да е...
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.