Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.670
    Пол:
    Женски
    Предлог играчки за 3 и пол години? Сакам нешто едукативно, и да држи внимание.
    Има многу играчки и немам идеа на пто би се израдувал.
    До 2000 денари.
     
  2. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Пример кога е гладен, жеден.. Чека, чека...се му е побитно од тоа. Кога ептен ќе загладне или му се пие вода, веќе е нервозен и исфрустриран и наеднаш бара се. (facepalm) се му е побитно пример од ручек, посебно ако игра.
     
    На Skorpija25 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Дали и вашите прават вака?
    Вчера сабајле сакала какао со хартиена цевка и викам топло не може, ладно, ок, не и било убаво. Сабајле пак топло какао со хартиена цевка, ок, не и било убаво. Знам не пие какао ама упорна е и за инает упорно топло зошто сум рекла ладно дека треба за со цевката.
    Маслинки сакала па и тие не и биле убави.
    Зденки сакала ама мора јас да и ја отворам иако знае сама.
    На секое јадење има замерка. Да не се оди на дефектолог за вакво нешто? Бананата зошто е црна некаде па на почетокот е како лигава. Мандарината да нема ни малку бело. Пржено јајце требало како издувано да е, сеуште не успеав такво да испржам. Манџа да нема морков и грашок.
    Јаде јаболко, круша, од гулаш само месото измиено, пржени лепчиња, болоњезе ако е направено ко што треба, пица некогаш да некогаш не, пржени компири не јаде, тиква не јаде, брокула не јаде, морков салата јаде, за појадок во градинка не го јаде овошјето или зеленчукот, само кроасан или било што од пекара, и реков дека само овошје ќе и ставам за појадок, дома јаде јаболко, круша и мандарина, во градинка не. Смути не пие никакво. Јогурт пиеше само еден вид се додека претходниот пат не рече дека вода имало во него. И болоњезе ако види дека морков ставам во него не го јаде. Во супа ако има нешто портокалово или зелено не ја јаде.
    Дали е ок ова и што треба да правам?
     
    На 24.07, lackygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Да не ти набројувам што све не јаде, полесно ми е да кажам што јаде. Јаболка само кисело ако е слатко тогаш е крушка јаболко, а тоа не сакал. Летово првпат од кога наполни 2 години јадеше гравче ама на гости тетка му не му попуштила плус братучетките јаделе и од тогаш јаде. Јогурт јаде само од лидл зошто од таа опаковка проба прв пат ( скоро беше и тоа не јадеше) и од друга кога му нудам не сака да проба. Супа само бистра и слично… Банана ако има црно и јас не јадам а не па он :D ете на кого е.
    За работи што знае сам да ги направи а не ги прави е да си ги дигне гаќитр и панталоните, во градинка нема проблем дома се инаети шета со спуштени панталони. Имав интервенција на окото па му викав неможам ме боли окото додека не ми помина сам се облакаше сега пак бара да го облечам, освен кога има гости тогаш се облака сам. Точно знае што прави ама не гледам тука проблем во него во нас е не наоѓаме правилен начин, му фали ли наше внимание незнам. мислам дека повеќето имаат вакви моменти нормално секое за различни работи. Моето баш е нејадач и затоа изведува со храната, за другово се уште не знам зошто. Ама гледам и децата на сестра ми имаат такви моменти и од другарки само за различни работи.
     
    На 24.07, Skorpija25, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    17.565
    Пол:
    Женски
    Имам 33 год и ова сум јас од раѓање до ден денес.Фала му на Бога и покрај се пораснав :hai: се остварив како мајка.Сега си имам моја замена тоа е поголемиот син.:devil:И нормално си ќутам кога не јаде ништо и добива нагони од одредена храна зошто знам мене како ми било
     
    На happygirl, 24.07, *malenavolena*87 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    И нашите прават вака и повеќе од тоа:nod:
     
    На 24.07, Skorpija25, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    Мајка да не сум ти во кожа со проблемиве што ти ги читам. Но според мене премногу и допушташ да пребира. Не знам , можеби назад ми е зимата моето е 3год (на пат е второто),ама ептен те малтретира девојчево,не да те малтретира него маста ти ја вади. Си поигрува со тебе. Можеби треба да и скратиш некое задоволство за да не си игра мајтап. Бевте ли на психолог?
     
    На elimkd, danichap, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.956
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, ова е однесување на типичен тодлер, дете до три години со кое не може секогаш да се разбереш со збор, евентуално четири години, ама на пет години и над тоа не е во ред. Детето има потреба од внимание и на овој начин го покажува тоа. Не верувам дека е запоставена, ама искажува некој револт, дали причината е помалото братче/сестриче или нешто друго, не би знаела, оти ако не грешам, помалото е година и пол старо, па поминат е доволно долг период да прифати дека не е единствено дете во семејството. Психолог што е можно побрзо и без откажување термини, те читав дека неколку пати презакажуваш, мој совет ти е да не одложуваш повеќе.
     
    На mal.ecka, Coco31, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Ја имам две комплетно различни деца. Големото јаде буквално се, а малото е прибирливо (овошје у уста не става и еден куп други работи, да не набројувам) и тоа ми е ок, сите сме прибирливо помалку или повеќе. Но, кога ќе почне да ме работи на глупости ко твојата, не дозволувам. Пример, има ручек што тој го јаде, а изведува зошто лебот е со корка, зошто морковот се гледа, зошто мора ориз вриштам, ама буквално. Минатиот пат му викам кога ќе одиш у кафана можеш нарачки да правиш, овде тоа што сум зготвила тоа е, јади или станувај.
    Баш мајка ми ни беше на гости, па коментираше како така со детето, е така и викам, друго нема.
     
    На danichap, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Поделени мислења добив и пак не знам што е во ред.
    Во среда сум на психолог.
    Второво дете се јаде ама година и пол има, не знам како ќе биде понатака.
    Второво и се слуша, ако му речам не, немој, слуша. Првото од мало ако му речеш не, не се откажуваме.
    Зборот ми е дека второво воспитано се роди, од раѓање спие, јаде, слуша, а второво од раѓање е тежок карактер. Не знам дали треба да ја прифатам таква каква што е или да ја воспитувам и само контра ефект да има. Ама ајде ќе каже психологот, сигурно тој ќе знае најдобро. Па ќе ви кажам што кажал. А термините ги одложувам поради заразни болести и не можеме болни да отидеме. Сега сме здрави и се надевам дека до среда нема да не фати нешто, во градинка има стомачен вирус сега ама нека почека до среда вечер.
     
    На mal.ecka, 24.07, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Сабајле вика банана да и исечам на срциња ќе јадела во градинка и ок и исеков и по пат влегуваме во пекара да и купам уште нешто и отворам кутијата да го ставам и кога ја виде бананата вика ау бљак ја ова не го јадам, бананата веќе беше потемнета на некои места. Затоа викам да не има некој проблем како некои деца што се гаделе од брендирано па оделе на дефектолог, сега скоро на форумов читав ама не дочитав. Не знам дали е карактер тоа или проблем? Јас се јадам, ништо не ми смета. А неа мора и во тањир се пиц пец да и е наредено, ако капне манџа на страна од тањирот сака нов тањир. Од една страна и си игра со мене ама од друга страна за ова приметувам дека сериозно и смета се.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.096
    Допаѓања:
    24.379
    Пол:
    Женски
    И син ми е сличен како твоево :) овошје скоро ич не јади, на периоди ке побара круша, еднаш мандарини јадеше, после нејќи, па банана 1 ден јади, друг не, ако е црна не јади, јаболко ретко, од овошје тоа и не секогаш ги јади.
    Сам е уште нема брат сестра, 4 г, скроз тежок карактер е, мислам дека многу ќе биди љубоморен кога би имал...
    Тоа со текстура на храна не верувам да има проблем, многу порано ќе заприметеше, јас мислам се ти прај за внимание, ама ете и психолог ќе кажи џа мирна глава.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    И моето (колку за утеха) пребира во јадење. И првото беше такво на истата возраст ама јас за жал попуштив и исполнувајќи му желби од типот ова сакам она не си остана и ден денес со неговото мени на одбрани работи. Сега исто и со второво ама не знам навистина како ќе се излага на крај
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Очекував нешто повеќе да ме просветли психологот ама ок и онака тој одговор го барав од каде потекнува се, дека за се е една иста причина. Рече дека нема врска со братчето, туку дека немам поставено граници и не викам 'не' и дека станува збор за преинтелигентно дете.
    Уште милион прашања имав ама помина еден саат и нареден термин на 28ми декември, до тогаш на убав начин да викам не. И детето нема потреба од психолог, туку јас да одам на советување. Уствари се ме просветли. :D
     
    На Ava.84, lackygirl, Bella* и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Ako sum greska tema, posocete me vo vistinskata. Deteto mi e 3 ipol godini. Periodot od nepolni 3 godini pocna nastrana da gi gazi stapalata, odmosno navnatresno. I veke do denes se poirazito. Najmnigu primetuvam na levata, (a i desnata e sekako). Na ortoped mi velat normalno e malecko e, so tek na vreme demek ke se ispravi. Ne mi e toa soodveten odgovor. Noseme ortopedski cevlicki, kako i ortopedski vloski. Ne gledam podobruvanje. Kade da ae obratam i kako da go resam problemot sto e mozno porano. Da napomenam povtorno-ne bese taka predhodno.
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Второ мислење од друг ортопед.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Никако ортопедски чевли и влошки, полошо правиш.
    Нормални развојни фази се тоа. Ако ти е мисла побарај си уште едно мислење од доктор.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    Мајки има ли некој скок во развој на 3год да го препишам на тоа однесувањево во последниов период?:?:
    Од послушно дете ,се претвори во многу непослушен,да му кажеш 10 пати за да те послуша,пр. Дојди или не прави така или кога се облекуваме а трча по спална|(
    Или јас заради бременоста немам трпение и ми работат хормони:| ама и со други се однесува така. Трча во трговски,се крие по продавници...многу го карам деновиве и имам чувство на вина.
    На пример сега на спална седеше и јадеше лижавче,го ставил во тањир,почна да скока и со ногата право во тањир. Направи лом и чаршав и перница му се развикав,а после си викам што дека ќе ги сменам. Одиме да се мие во вц со устата на лавабо се допрел,пред некој ден така на каса во маркет. Уште толку му се развикав се расплаче....секогаш знае дека греши,особено е емотивен со мене и се извинува,ама ќе се смири и за 10мин направил друга беља8)
    Сега сфати колку е саат,јас останав во вц доаѓа ми вика не сакам да си лута,сакам да си среќна. Со мирен глас му кажав што прави погрешно. Ми вика тажен сум и се расплака:u: срцево ме здоболе...
    Јас ретко знам да го мавнам по газ,мм обично ја презема таа работа,да го скубне или малку да го удри,ама веќе и на тоа не реагира.
    Не знам каде грешам или можеби (дај боже) е период и ќе помине:drunk:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    4и пол години.
    Научила да тагува ако нешто не и е по ќеиф па и солза пушта...
    Многу ме нервира.
    Емотивна манипулација.
    Ваљда нормално е?
    Башка што многу паѓам на тоа.
     
    На lackygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Мајки, син ми од мал е прибирлив со храна душа ни вади, ми се чини ако не му даваме залче по залче нема ич да јаде, не можам секој оброк да го хранам небаре е бебе а не дете скоро 5 год.. Воопшто не напредува со килажа, се плашам веќе иако крвна се е океј вака доста добар имунитет има.. Му давам молерс и тие Јамисон витамини но никаков ефект, што како др да давам дајте некој совет ..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.