Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Ве читам погоре и се мислам дал да пишам, мојава е скоро 4 години а како тинејџер во пубертет да имам дома. Ако не е нешто по нејзино, откако поминаа тантрумите (се надевам де) демонстративно излегува и ја треска вратата, ако не треснала убаво се враќа и уште еднаш ја треснува. За јадење е со молење за било што освен за некои грицки и чоколатца. Си става стол и се пентари до висачите, ако ја искарам ми се дере ти мене не ми даваш да јадам. Мене ми ем смешно ем стресно. Во некои ситуации се однесува како бебе а во некои како повозрасна, можеби е моја вина бидејќи со неа зборувам како со возрасен. На пример Антонија ќе ја китиме елката или не си расположена, што ќе носиш утре во градинка кажи ми за да ти спремам, ќе одам во маркет сакаш да дојдеш или ќе седиш дома, ако оди со мене обавезно имам одговор ќе дојдам ама да ми купиш некоја играчка, ако седи дома ми вика побрзо да се вратиш, нема кој да ме чува. Пред некој ден менувам пелена на малиот и и викам ај подај ми ги влажните мами, и она на мене не може, се јас правам во оваа куќа, и викам донеси ми ги и кажи ми што се правиш ти, и она пак па се јас правам, дај ова дај тоа. и викам дали сама јадеш, не, дали си ги собираш играчките, не, дали миеш садови не, дали помагаш за местење масата за ручек , не, и ми одговара зошто да ја местам масата кога јас не сум гладна, па ти никогаш не си гладна Антонија, па како да бидам кога вчера јадев :bug: А тогаш кога ти го закопчав фустанот од позади не памтиш :rofl::rofl: , и астално кога ќе ме заспиеш одиш да работиш нешто, не спиеш до мене, и тоа со тон за карање. Интересно ми е, скоро секој ден со сериозни разговори се соочувам, на пример Зошто мајката на Снежана умрела, немало болница да ја однесат, не пиела сируп, зошто Дедо Мраз им носи поклони само на умните деца кога нив ќе им купат мајка им и татко им, Зошто татко ми оди навечер на работа кога надвор е темница и не се гледа, зошто Кате ми вика дека нема татко како може да нема, зошто да ги сакам исто дадите кога не ги сакам, тебе не те сакам ако си ми мајка, плачи сега, ама те сакам мамо најмногу на цел свет, прво татко ми, после тебе. :rofl::rofl::rofl:
     
    На Milobebence, marchi-cool, Mother of 2boys и 13 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не си сама.
    Некад е смешно, па ме кара и да не се смеам.
    Она ломоти, бебево ќе и се смее, па она плаче дека не било смешно
    Фаза е се надевам.
     
    На Mother of 2boys, hello-kitty.90, S.J.Parker и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.419
    Допаѓања:
    126.999
    Леле во колку дискусии се пронајдов јас и поголемава:D
     
    На Mother of 2boys, snegulkata, S.J.Parker и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    23.598
    Пол:
    Женски
    Штом крвната слика е океј и има имунитет не грижи се. И ќерка ми 5 ќе прави, сеуште ја хранам јас. А малово само јаде (facepalm) ако не сум до неа да и давам, нема да јаде.

    Се изнасмеав. Се пронајдов во некои муабети и јас :D
    И секогаш во моментот се нервирам, после ми е смешно и ми е жал што сум ја искарала.
     
    На S.J.Parker, mssuniquee и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 4 години, а имаме и мало бебе. Се' е ок до сега, но од пораѓајот па наваму, не ме пушта да мрднам. Претходно немаше преспивано на друго место, па кога отодов в болница беше одделена од дома, спиеше кај баба и' неколку ноќи и од тогаш е како залепена за мене. Пробав со убаво, значи објаснување каде сум, што правам, дека веќе нема да отсуствувам дека сите сме сега дома, но еве веќе скоро четири месеци, таа вреска ли вреска, да не кажам хистерично, баш се треска од земја, на под лежи. Е престанав веќе со убаво зашто не можам да издржам, штом не сум и' пред очи (и да сум во иста собА) таа вреска хистерично. Во некои моменти сфаќам дека и' е од навика, во други не знам што да мислам. Моментално имавме ситуација каде што ме гледа дека сум надвор на две минути, таа хистерично вреска, се тегне, вришти до зајдување. И' викав и јас. Терам со таков метод што сакам да разговарам за проблемите со неа, да и' дадам до знАење дека вреди нејзиното размислување, дека се почитува, но ова веќе ме збунува. Како би постапиле или како постапувате во иста или слична ситуација?
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.371
    Допаѓања:
    18.596
    Веројатно детето доживеало страв кога си била отсутна и затоа го манифестира.
    Знам дека требаат многу нерви,ама јас не би одела со лошо.
    Што да ти кажам,и мене летоска ме чека истото,па ќе споделиш искуство како ќе надминете.
     
    На TeddyGrey, MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    имав мнооогу нерви, и речиси никаде не одев без неа, дури и на контрола кај матичен беше со мене... не сакав и јас со лошо, но веќе долг период е и премногу обврски и многу ми дојде и мене. имавме краток разговор, се обидов да и' докажам дека сум овде и дека сум отворена кон неа, па ќе видиме и ќе споделиме:)
     
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.832
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Си размислувала за посета на психолог? Побарај мислења за психолози кои работат со деца.
    Траума е разделбата, плус си се вратила со нов член. Хранење, пресоблекување, поголема посветеност...
    Не престанувај да збориш. За дете од 4 години мајката е се, замисли како се чувствува кога и викаш?


    Плус многу е битно каде е таткото? Ако не е на страна, зошто нема моменти на само со него?
    Мора баланс за такви деликатни работи.
     
    На Ljubica87, Cosmic Girl, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Убаво е да и објаснуваш вербално дека ја цениш и дека ти е вредна, исто како и пред да се роди бебето, но најдобро ќе разбере ако и покажеш со дела.
    На пр. заедно играјте некоја игра, моделирајте, цртајте или што и да сака таа.
    За тоа време бебето нека го гледа тато. Правете нешто заедно и одвојувај наменски време за тоа, редовно.
    Играј игри по нејзина желба, ама вклучувај ја свесно и во твоите активности.
    На пр. давај и нека ти помага. Речи и ајде заедно сега да направиме ова и ова.

    Кога нешто ти зборува или кога правиш нешто со неа, не ја прекинувај за да отидеш кај бебето.
    На пр. кога зборувате и ќе заплаче бебето и знаеш дека не е плачење заради нешто итно, туку е само ќенкаво, продолжи да зборуваш со неа, па кога ќе заврши со мислата оди по бебето.
    Можеш слободно и да речеш нешто во смисла - остај нека плаче, докажи ми што ми зборуваше.

    Ако нон-стоп ти е бебето тоа кое ти го одзема вниманието, џабе е што си физички блиску до неа.
    Слушај, зборувај, работи со неа со внимание. Децата се осетливи и многу лесно може да приметат кога возрсните не им обрнуваат целосно внимание.

    Малку делува на сепарациона анксиозност, т.е. страв дека ќе се оддели од тебе, можно е да не е само промената во однесувањето заради приновата.
    Мама беше во болница и три дена ја немаше....може веќе сфаќа дека и на мама може нешто да и се случи и да се разделите. Тоа е реален страв кај детето.

    Внимавај на што теми е изложена - не и поддржувај разговори за теми од типот умирање, разболување, елементарни непогоди и сл. работи кои може да се причина за разделба.
     
    На Ljubica87, Kom.pot, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.653
    Пол:
    Женски
    Син ми е 2год и 7месеци. Влегов во темава да прашам кога почнуваат да се однесуваат малку понормално и ‘повозрасно’ ама откако ве исчитав сфатив дека ќе потрае ова дивјачко понашање. Почнав да гуглам и за terrible twos, стварно веќе нема смисла ова што го прави, некогаш е толку послушен и златен, некогаш како цел инает на светот да влегол во него. Посебно е напорен навечер кога бара во исто време и да јаде, и да се бања, и да си игра…само што ќе почнат ритуалите за спиење му текнува дека ќе го легнам и ми го отежнува животот до максимум. Пола саат бира вечера, па не сака да јаде, ако пробам да избегнам бањање почнува намерно да се мачка со храна, пола саат се бркаме пижами да облечеме. Многу ми е напорно физички, а и жал ми е за бебето, ич немам време да поминам со него, целиот свет околу поголемиот се врти. Со татко му не сака ништо да прави (освен да се шета и да си игра) зашто он овие ритуали ги завршува за 10мин, ќе му свика и ќе го легне во кревет ама ич не сакам со плачки да заспива, па цела работа јас ја преземам само за да биде се со убаво и пак ми се качува на глава.
    Дали да пробам со б комплекс да му давам кај 19h може ќе се олабави и ќе се смири? Нема проблем со заспивање, многу брзо заспива, проблемот е во кревет да го легнам. Значи секој ден го шетам надвор, дома играме, скокаме, боиме, домашни обврски заедно завршуваме, лепенка е цело време и пак му е малку.
     
    На Mother of 2boys и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  11. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите, да не ве цитирам посебно. Побарав помош од психолог, но ме упатија за детски психолог а тоа за жал немам во мојот град, ми рекоа за Скопје, но не ми е изводливо за со бебево. Поминувам време со неа, ја носам и ја земам од градинка, секогаш разговарам за тоа како поминала таму, што правеле, ја потпрашувам... и да, во право сте, има некои ситуации кога бебето ми го одвлекува вниманието и со големата сме "на половина". Денес се обидов намерно да ја оставам на пола час со баба и', колку да види дека се враќам, но таа хистерично врескаше и врескаше. Потоа зборувавме долго долго и ме снема на десет минути, свесно и' реков дека ќе ме нема и дека може од баба да се јави било кога, па малку се смири и се вратив бргу. Не знам во која насока да одам, дали да ја вежбам вака, да знае дека секогаш се враќам, или да ја оставам сама да си се одвикне ?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Секогаш исполнувај го тоа што ќе у го ветиш во смисла на одење-враќање.
    Можеш да ја научиш да гледа на часовник и да и објасниш дека кога стрелката ќе биде таа бројка ти ќе се вратиш. Или ако ги знае бројките на дигиталните часовници да и кажеш дека ќе се вратиш кога ќе бидат тие и тие две бројки.
    Постепено зголемувај го периодот.
    Ако и дадеш збор и не го исполниш ќе ја направиш несигурна и тек тогаш ќе се врзе физички за тебе.

    На мојата и помогна мобилен телефон. Не сакам мало дете да почне со мобилен стварно сум против ама мобилниот е можност за комуникација кога е далеку од тебе. Мојата имаше седум-осум години и проблемот беше што не сакаше да оди во школо. Односно се плашеше дека ќе ја заборавам во школо дека нема да дојдам да ја земам и дека ќе остане сама. Еднаш се случило да биде последна земена од сите деца и оставањето во школо го доживеа како нешто реално и страшно.
    Помогна телефонот зошто и беше директна врска со мене и нешто за итни случаи. Со тоа што и поставивме услов да и стои исклучен телефонот во школо и да го користи само ако треба за да не бара.
    Помогна и евиденцијата во вид лист со деновите од неделата залепен на ѕид во соба. За секое доцнење и не одење на еден час се ставаше некое знакче. И објаснивме со психологот дека секој задоцнет или пропуштен час е неоправдан. Кога почна да ги гледа визуелно колку часа се неоправдани мислам дека се и беше јасно. За една недела престана да избегнува школо. Стравот за да го надмине и требаше подолго време ама важно почна да се труди.
    За помала возраст се препорачува систем со награди од типот на печат на раче или нешто слично за доброто однесување.
    Имај трпение и биди доследна и ќе се надмине проблемот.
     
    На MilaSs12, Maca Macka и Ljubica87 им се допаѓа ова.
  13. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш бев отворена кон неа и во многу ситуации ја третираме како возрасен, значи зборуваме отворено дали има или нема пари да се купи нештото од продавница, не зборувавме никогаш бебешки, секогаш ако ветам нешто дека ќе купам кога одев на работа, тоа и се случуваше, ако заборавев - се враќав во продавница...и слични ситуации. Сега малку понервозна станав, па не знаев во која насока да терам. И јас не давам телефон, но ете денес дадов да го држи и да ме бара кога сака. Се надевам ќе помине брзо, коллу за себе, толку и за неа ова е премногу оптеретувачки
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Типично е ова што го пиша- комуникацијата ви е како со постаро дете, а има има страв.
    Вакви стравови се случуваат токму во вакви ситуации: кога детето достигнало одредено ниво на когнитивен развој, сфаќа нови работи, има капацитет и разбира дека има деца без родители, дека има х,у причини за разделби од мама и тато.
    Проблемот е што емотивно не е доволно зрела. Односно таквите мисли и будат емоции кои се исто толку реално и силни како да и се случило навистина тоа што ја плаши. Го искусува во себе без да и се случи.

    И обично односот на родителите кон овие паметни дечиња е баш таков- со нив и пред нив зборуваат како со возрасни а реално детето не е спремно да се справи со тие информации. Има теми и работи кои не се примерени за нивната возраст. Ако ги правите тие муабети само и ги потхранувате стравовите.
    Може не сте ни свесни дека тоа го правите. Може ве слуша зошто ве наслушнува. Може сама провоцира разговор за темите што ја плашат. Обрни внимание дали се фиксира на некои теми. Дали често потпрашува за една иста работа? Дали бара да и се повторува некоја приказна или случка?
    Затоа реков избегнувај сериозни теми пред неа и ако инсистира да и кажуваш не и удоволувај.
     
    На Vanilla15, Ljubica87, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Мојата е 3год и 3 месеци, иста е ваква... а бебе во фев. ќе дојде, не знам што ќе биде
    Навечер само избегава да си легне, се нешто ќе и текне, а кога ќе легне веќе в кревет си заспива за 15мин, ама предтоаа... саат време ме матка ова тоа она
    а и нејќе да седи со никој, плаче и пред вц кога идам, да и бидам пред очи цело време сака
    Татко и исто ќе и свика па јас него и ќе се скараме, а мене ме мајтапи една педа човече :wasntme:
    Немам совет мајка, само да се искажам и јас, и да ти кажам I feel u :D
    Кој ќе не врти за 10-15год, нема ни да ни кажат кај одат не па со нив да легнеме ќе сакаат :D

    Се е фаза, ќе мине, се тешам и јас :drunk:
     
    На Mother of 2boys и Skyler им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Стварно ќе мине.
    Баш ова си го помислив кога го пишував прееска постот за ќерка ми и нејзините стравови и ми текна дека тогаш се палеше и од несоница. И беше страв што ако не може да заспие и ако не може утрото да стане за школо. Секоја ноќ се мачев со неа, да ја смирам.
    А сега еве ја толкава девојка, 18 години има, и викам зошто си будна до три, како ќе станеш за школо ако си три саати спиена? Таа ми вика големо чудо, ќе спијам кога ќе се вратам од школо. :D
     
    На Neda997, Vanilla15 и Skyler им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.653
    Пол:
    Женски
    Ееее ова, ми се плаче ради ова. Каков дрим тим бевме со маж ми пред второто дете да дојде, немаше потреба да правиме организација некако спонтано си течеше денот. Сега кај се договараме секое сабајле, па и ништо не искача по планот големиот кога ќе се разлигави. Навечер сме толку уморни и едвај чекаме да легнеме, а тогаш почнува журката. Едно плаче, друго плаче, се будат еден со друг, ние напнати, јас викам по мм да не вика по детето, он по мене дека го лигавам… лудница. Почнав да размислувам и за брачен советник зашто еден муабет не можеме да го завршиме без да се скараме. А знам дека се е до ова хиперактивниот :D
    Мислам кога он ќе се смири малку, се ќе се врати во нормала. Среќа, леле каква среќа што бебето е мирно, секое сабајле го бацувам и 100 пати ќе му речам ‘фала што си најзлатното бебе на свет’, греота ми е ептен. Да имаше грчеви како брат му, да беше лигуш како него што ли ќе правев :whew:
     
    На Yowannty, Coco31, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Секаде значи го има истиот проблем. Таткото да вика по дете, мајката по таткото
    И само ќе ви потенцирам-
    ОД сите деца дома, најневоспитано ми е детето на свекрвата ,
     
    На DoubleK, Cherry333, Tiny Love и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.653
    Пол:
    Женски
    Така и снаите ќе викаат :D
     
    На Tiny Love, Neda997 и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Па јас уште сега си бирам старечки дом, знам што ме чека
     
    На Yowannty и Skyler им се допаѓа ова.