Кога престануваат децата да спијат на поручек? Мојата скоро 4 години е, оваа недела почна да не спие на поручек, можеби има влијание што не одеше на градинка, ама не ни стануваше покасно од 9 часот, цел ден си игра,скока и во 20 часот е заспана.
И мојата на 2ипол почна да скока дневни дремки. Од есента, како намали денот, со тоа што летото на 3години, пак преспиваше во најжешкото- долг денот, двор, базен... Така и следното лето, на 4, само поретко, знаеше да скокне почесто.
На 2 години и месец престана воопшто да има дневни дремки. Ми требаше саат време да ја успијам и после навечер не можеше да заспие пред 11. Ја скрати дремката и спиеше од 9. На 3 почна во градинка и само додека е во градинка дремнува по пола час. Дали има некоја фаза кога го плукаат јадењето место да голтаат? Живци искинав 2 недели има, џвака малку, храната ја чува во уста некое време и на крај ја плука. И онака слабо јаде сеа и ова. Заби не ја болат, нема проблем со голтање, имам исклучено такви работи, еве сега прво јадеше па накрај веќе почна тоа да го прави. Нема разбирачка.
4 ipol dogini jas maka macam periodov so dvete deca za uspivanje. Za golemiot ke pobaram sovet vo soodvetnata grupa tuka za malata. Da me ima nekoj skok ili sto i da e ne se trpi veke sekoj pola saat stavuva so nepodnoslivo vristenje. Ziva nenaspana sum. Vaka drugo se e ok
Пак јас Дали е разгалено или треба посебни јадења да готвам иако не знам какви јадења се тие. Мора да јаде само здраво и знам што јаде и викам ок тогаш за ручек секој ден супа од леќа и прв ден правам не јаде, и на изглед и била гадна, ја натерав да проба гадна и била. Денес пилешка супа домашна имало зелено во неа. Да не беше зеленото ќе беше зошто портокалово имало во неа. Јајца пржени треба да се по некоја нејзина мерка која не знам да и ја погодам. Грав, грашок не јаде.
Исто мислам и јас, до кој е проблемот, до децата или до нас. Грав, грашок, боранија не пробува. Леќа со сила два пати во месецот. Супа ама без брокула, само малку морковче рендано ставам и го запржува. Ориз само во спанаќ. На менито само компир и месо.
И во градинка имаат релативно здрав ручек и децава јадат се. Прашај точно кое е менито, ако треба и како го подготвуваат. На пример јас открив дека девојките го сакаат оризот обичен варен, не како нашата тава ориз, и таков сега правам. Исто и спанаќот, јас тава порано го правев, а они од градинка обичен без ништо го јадат. Леќата црвена ја сакаат, линсен супе, не како јас кафена порано што правев. Се прилагодувам кон нив но втор оброк, да им запржувам нешто, или башка да готвам, не.
@gjoker4e јас имав/имам мака со тоа, до пред да наполни 3 години буквално секој ден по пола ќесе јадеше брокули морков карфиол варени, салата и овошје обавезно еден оброк, после што и стана престана, сака само чикен нагетс, ама тоа само со татко и, бев на разговор кај педијатарот кажа ако не сака да јаде тоа што си спремала нека остане гладна до вечер секако ќе си го изеде, типичен пример преги за ручек тавче гравче, не сакаше прво ама кога виде дека нема друго за јадење и те како си го изеде.
Мајки ќе си пукнам. Имаме бебе од 3 месеци а големиот е веќе 3.5 години. Пред да оди во графинка, до 1,5 година, си легнуваше во 8:30, до 9 заспан. Откако почна во градинка хаос- значи скоро две години - преку ден таму си преспива изгледа подолго и дома иде до 11 седи - нема абер. Ај тој што нема абер, бебето исто со него - дури и подолго. Големиот додека беше мал многу лесно му направив распоред, 8:30 во кревет - сабајле во 7 буден. Сите среќни и задоволни. Сега е хаотично и сите сме ненаспани и уморни. Малава некогаш во 2 заспива. Откако ќе заспие е ок - си спие наредниот ден до 12 али не сакам да е така - ми одговара да е 7 со 7 или 8 со 8. Ако имате некој предлог давајте зашто вака не оди..
Би сакала да го знам одговорот Исти сме, големиот 3,5 год. бебе 6 месеци. Мора да заспијат заедно, еден по еден не можам, се разбудува ат. И не е до преспивање во градинка, еве го сега е дома, не преспива, и пак ми заспива во 11. Нема спас, се навикнав. Ако некој ти даде некој предлог те молам пиши ми, бидејќи и јас го барам решението.
Мами ќере има 3год и 9месеци,овие два дена заприметив мирис под пазувите како кај возрасен.Од ум сум извадена,дали некоја се има соочено со истово? Инаку да образложам ја имам носено на ендокринолог заради голем раст и прекумерена тежина пред еден месец.На 3год и 7м висина 113см тежина 30кг.Тоа што и испитаа од хормони се беше во реддланките на ртг беа поголеми,ни препорачаа само диета.Сега одма миризбава си ја поврзувам со тоа нешто да не е.
Od koj period decata vi pocnaa da spijat sami vo soba i od koga pocnavte da vikate deca od gradinka na rodenden doma ili igroteka.
Од 2 ипол години почна сам во соба да спие, а прв пат за роденден сега за третиот планирам да викам. Ќе викнев и порано ама нели пандемија.
Прашав зошо мојот ако легне после 930 не може да стане следниот ден, па со плачки. А уште спие денски.
Вечен проблем со свекор ми - научи го да јаде/не си го научила да јаде. ај некој нека ми објасни како да научам 3ипол годишно дете да јаде тоа јас што сакам??? Сите сме поминале низ тој проблем дете од сејадач да пребира јадење. Ај сега како да го научам кога не сака нештото да го намириса а камоли да проба и да јаде, иако претходно си јадел.