Дома не преспива од лани точно 1 година, значи од 3 год нема дремка, в градинка ми велат дека спие, навечер пред 11 не е легнат, сега е дома, цел декември болен беше, 2 антибиотици испи во 3 недели, ко беше со тт преспиваше од тт што го измачи, после си продолжи по старо.
Здраво Дали имал некој проблем со потење кај дете? Малата е 3год. и 10мес. и премногу се поте на спиење најмногу иако не се покрива и често спие без чорапи, се поти и во играње капки вода и течат по лице ке испитам Д3 но додека чекам резултати би сакала да знам дали има некој слично искуство
Deneska bas se ukluciv na internet da vidam da procitam nekoi raboti dali nesto gresam pa se odnesuva kako i tj pogore sto imas napisano deka pravi tvoeto.Tocno 3 godini e i ne zapira mislam deka odi vo krajni granici, plus kenka i se nesto ne e pogodeno.
Ќерка ми има/имаше вирус Херпес во усната шуплина, сеуште пие антибиотик, помалце и тече крв жлебината посебно ако се напие/јаде нешто ладно, а докторката ни потенцира само ладно. Сакав да прашам, штом еднаш закачи Херпес, може пак да се појави при паднен имунитет? @Annath
Вирусот на херпес живее во телото штом еднаш ќе влезе во него, исто како вирусот на варичела. Да, може да се појавува повторно при паднат имунитет, ама не секогаш со ист интензитет. Мачкај на лезиите метиленско сино ако најдеш, помага доста кај промени во устата.
Бевме на педијатар, тоа што ни го дадоа од брза помош гел и средство за чистење на устата рече дека не и делува на неа, да престанеме да го користеме, да продолжеме само со антибиотикот. Фала многу
Ќерка ми денес ја гризна дете многу силно, местото е потечено и црвено, прв пат и се деси ова, при допир ја боли, да ја намачкам со нешто и со што? Еве вака изгледа
Zdravo majki dali decata nad 3 godini gi nosite na nekoja dopolnitelna aktivnost.I nekoja litertura za vospituvanje, edukacija ako moze da mi preporacate.
Дали и се има случено на некоја мајка, детето цело време да си ги мокне ушињата.. Му викам зашто така правиш, ми вика е така, или ич не одговара, има три ипол години. Чисти му се ушињата редовно му ги чистам, ама последниве две недели само ушињата цело време си ги мокне, гледа тв, ушињата си ги мокне, му давам да јаде, ушињата си ги мокне, го заспивам, пак ушињата си ги држи и ги мокне, дали му стана навика, не знам.
Ќе му помини за недела две, само не го опоменувајте, правете се дека не приметувате и побрзо ќе заборај, од иста возраст од летото навака си има така на периоди различни навики ама поминуваат, сега повторува од градинка едно чупенце, се што правиело тоа и овај дома
Да не има секрет да му смета? Со домашно чистење на уши само се пика навнатре маста што треба да искочи
Бевме на роденден во игротека каде што имаше аутистично дете. Детето, карактеристично за состојбата викаше гласно и ги туркаше децата. Прв пат моето дете е во блиско друштво со дете со попреченот. Се фатив самата себеси во непријатна ситуација бидејќи не знаев како да изреагирам. Моето ,водено според тоа дека треба да се одбрани ако некој го удира, го турна детето. Јас видов додека седев, кога дојдов поблиску до него го искарав да не се закача а тој со плачлив глас ми вика ама мамо он цело време ме бутка и се закача. Во моментот ми текна само да му кажам да оди на другиот крај од платформата каде што беа качени и таму да си игра. Се почуствував глупаво зошто на некој начин го одбегнува,но не можев на 2-3м растојание да му објаснувам на моето дете(под знак прашалник дали 3 годишник ќе сфати) зошто е тоа дете поразлично и зошто не реагираме за ударот. Сте имале ли слична ситуација? Како по правило треба да се реагира при средба со деца со попреченост?
Во тој момент нема ништо да научи, но затоа дома треба често да разговарате на таа тема, за да научи дека има деца кои се различни, иако силно викаат и експресивно регираат, тоа начинот на кој ги искажуваат своите емоции и треба да ги прифатат како такви. Тоа не се учи веднаш со еден разговор, но како вашето дете расте а вие го учите и запизнавате со тоа, со тек на време ке научи. Постариот син имаше такво девојче во групата во градинката. На сите ни беше тешко на почеток, но децата учат побрзо од колку што мислиме.
@Sofi.ja Вашата случка ме потсети на една наша слична случка во која се најдов јас кога ќерка ми зачудено зјапаше во девојче со Даунов синдром. Мојата поголема ќерка имаше 4 а тоа девојче мислам 5 години. На лулашки се играа повеќе девојчиња и мојата на цел глас ме прашува : Мама, зошто ова девојче е чудно? Зошто има такви очи? А и не зборува јасно! Пропаднав во земја, сфатив дека требало малку да и подобјаснам за посебните деца . Во тој момент се доближив до ќерка ми и и реков : даа, сите деца се различни, сигурно и девејчето си мисли зошто ти имаш поинакви очи од нејзините. И баш е убавка, повикај ја да си играте. Не, не ја повика, ја гледаше чудно цело време на што многу ми беше незгодно. За среќа престана да коментира. Е по тоа направивме мубет како не се сите раѓаат исти, дека некои имаат здравствен проблем, дека некои изгледаат нормално а не се... примери неколку посочив и објаснив дека треба да биде толерантна , стрплива, да не им се смее, да им помага... да ги прифати и почитува иако се посебни тие деца. Други такви случки сме немале, знаеше дека за се што ја интересира смее дома да ме праша, не пред детето и неговата мајка. Значи треба да разговараме и објаснуваме за тие деца, да ги воспитиме да ги прифатат а не да ги отфрлаат.
Баш во право време ми дојде информацијава, кога дојдов да прашам. Малиот има 3 години ама сакам да го носам на некоја дополнителна активност па ако можеш малце подетално да ми кажеш за што станува збор и на вежбите и монтесори.
На 3години се мали за друг спорт, па тука прават вежби за зајакнување на моторички вештини, трчаат на дадена патека, се протнуваат во тунел, прават мост, стомачни.. битно ми беше мене да сака да оди на спорт и да направи навика за вежбање. Он едвај чека, многу му е интересно. Плус има момент на слушање тренер и ако прави вежби добива 5ка на рака (живи радости). Оди 2 пати неделно по 1 саат. Монтесори е еднаш неделно по 2 часа во монтесори асоцијацијата. Таму е нешто како градинка, со тоа што се се работи на монтесори принцип, односно се нудат опции на детето што го интересира тоа да игра, и сам си бира што ќе игра, а тие го насочуваат. Се градат вештини за живот. Работат дефектолог и психолог со децата и добиваш детален извештај на 3 месеци за детето. Јас и тука го однесов и му кажав ако не сакаш, не мора да одиш, од прв час остана до крај. Е сега, ова се носи трошоци плус, односно двете активности се по 1800мкд месечно. И покрај тоа што следам и јас Монтесори принцоп и знам дека е убаво да оди, ако треба да бирам 1 активност би избрала спорт.