И јас го запишав на спорт еве сега од наредниот вторник почнува. Мене ми е битно исто да стекне навика за везбање и да има повеќе контакти со деца и луѓе .
Јас едвај чекам да наполни 3 години па да ја запишам на некоја активност. Подобро на нешто такво да се троши вишокот енергија отколку дома пред екран.
Кај нас во градинка понудија модерен балет за девојчиња и фудбал за момчиња. Но не го запишав,баш разговарав со наставник по фзо вели возраста е премала за да почитува наредби и применува правила,и општо да научи нешто за фудбалот. За таа активност идеално би било кон 6 год.
Кој витамини им ги давате на вашите дечиња? Дали давате омега 3 на оваа возраст? Моето има 3 и пол години, 2 месеци направивме прекин во градинка, сега оваа недела само што почнавме денес еве болен носе растечено и температура вечерва....
Пред нова година му давав од Џејмисон мечињата витамини. Сега скоро месец дена јаде мед со матичен млеч. Да не се фалам,ама освен што малку се затна ,одличен е.
Скоро слушав едно медицинско лице кое препорачуваше спорт по 6тата година. Тогај почнувале да развиваат свест за групни спортови.
молерс омега со д како гумени бонбони , плус секој ден 10 зрна аронија како задолжително, а неколку пати неделно цеден сок од портокал, јаболко, цвекло, морков, четири години е
Листам по страници наназад по темава ,со цел да најдам исто искуство. И еве. Како мојата ќерка да си ја опишала. Кажи кога престанува
Леле сум заборавила дека вака било, добро е што ме потсети На 5ипол години престана целиот хорор Од 5 почна полека се подобро да биде. Сега има скоро 6 и се е скроз нормално, ептен е добра, разбрана, нема вакви работи како што сум пишувала, се е супер, смирена е, нема испади, не е проблем кој тањир, чаша хаха, не прави ништо што би ме извадило од такт. Се радува што ќе почне од школо од септември, се дотерува без драми, средува и чисти по дома, учи букви и бројки, го чува брат и. И наеднаш се што сум и кажала и сум мислела дека не ме слуша, сега го повторува. Последно и викам да се качи на прозор да гледаме маж ми дали ќе дојде, дека помалово дете сакаше низ прозор да гледа. И ми вика веќе не доаѓа полиција по тие деца што стојат на прозор А тоа на 3-4 години и го имам кажано кога сакаше на прозор да стои. И многу други работи, се памти што сум и кажала во воспитниот процес.
Мислев мојата е таква само. Го напнав мм да ја носам и на психијатар и невролог. Пошто нели ние не сме биле такви како деца
Може заборавиле нашите. И за мене и за маж ми викаат мирни деца кај не оставиле таму сме седеле. Па и муабет дека тие на нива оделе, а ние сами дома на возраст од 2-3 години со смоки не оставале, и како да им веруваш после. Ама еве јас за една година сум заборавила како било, а не тие после 20-30 години. Сега подарок ќе и купам само затоа што се потсетив како било, а како е сега. И зборувај, очигледно се им останува во главата, па барем од 6 натака ќе го видиш плодот на зборувањето.
Хахахахахаха а си заборавила а? сѐ се заборавало, арно рекле. Сите паѓаме на таа финта, така се множи човештвото.
Не не чувале нас како ние сега што чуваме деца. Не оставале да се дружиме до други деца или сами да си играме. Маж ми или јас сега секое попладне на земја е седнат редиме возови, коли, сложувалки. И ср чудиме како немаме време. Се знаело порано, деца си играат во една соба, родители си бркаат работа. Сега уште ова 3 годишново ми кажува мене како треба.
Мајка не е ако не се измачи од мислење. Би сакала да ми дадете совет како да постапам. Син ми за недела дена полни 3 години. Како што веќе кажав претходни пати, му правиме детска соба со кревети на спрат. Се ќејфаме пред него, ептен ентузијасти сме за собата, за сите детали со мерак, го земаме со нас во дуќани да разгледува како пред некој ден што баравме душек за креветот итн. Значи знае и го прати процесот на правење на собата. Скоро сме при крај, детали се нарачани. Наредно е да се префрли од малото креветче во голем кревет 90 на 200. И порано зборувавме дека креветчето му е мало и дека ќе спие во голем кревет како мама и тато. Откако ќе биде средена собата цакум пакум, ќе ја оставиме вратата ширум и преку ден да си влегува, да ја гледа и да играме таму. Ќе оставиме простор сам да покаже желба. Да пробаме за дремката таму да биде, ама глупо е преку ден таму, а навечер назад во малото креветче, нели? Кога ќе почне да спие таму, татко му ќе е со него. За поддршка и друштво. Дали ќе спие на истиот кревет со него, дали на горниот кревет, ќе видиме. Е сега втора ситуација ми е следнава. Да почне да спие меѓу нас во спална соба на креветот (нешто што не го правиме веќе година и пол, и тогаш дури повремено го земавме) а до нас ви креветче да биде бебето (ама за тоа ќе мора бар 3 месеци да има, за да спие помирно ) А ова го правам ради тоа што е пријавен во градинка, па надежно би почнал во април. Е сега ми е страв од агресии, од трауми, испади како револт потиснат, па си велам ако го земеме меѓу нас навечер можда ќе се осеќа посигурен емотивно. Целава работа е што сме сега јас и бебе во дневна, помини замини цело време таму, а сакам некако да воведеме ред и практичност во секојдневниево, и тоа да е што побезболно за сите. Затоа ми требаат ваши совети. Значи, која ситуација да ја одбереме? @Cosmic Girl, ќе сакаш пак да ми дадеш твое мислење и помош.