На крајот сепак ти си знаеш најдобро. Јас моментално спијам на спална помеѓу дете 20 месеци и дете скоро 6 години. Во спалната имам и бебешко и детско креветче, за украс. Големата спиеше во нејзиното креветче ама ја следам неа и еве сега знам дека ако и речам да спие в креветче дека ќе спие ама не и викам не знам зошто. Почна пак на спална дека беше болна и така си остана. Јас значи од овие 20 месеци, 19 вкупно спијам помеѓу нив или на спална или во дневна. За секоја ситуација сме на различен кревет, различен распоред. Ама до сега се покажало ок. Сигурна сум дека и ќе дојде ден кога ќе спијам во креветче секој во своја соба па не се замарам со тоа. Пробајте и така и така и ќе видите како ви одговара повеќе.
Бебето како го прифати? Ке мораш да си го следиш мајчинскиот инстинкт. Многу зависи од темпераментот на детето. Мене најбезболно ми звучи да спие меѓу вас а бебето во креветче. Многу големи промени во краток период може да се опасни за негова возраст. Бебе, па посебна соба, па градинка. Голем е да разбере ама не и да се справи со емоции. Син ми е гушкалче пред спиење и кога ке се разбуди. Спие меѓу нас од година и пол. Во градинка не оди. Му спомнавме да му купиме кревет, гледаше цртани и кажа дека сака автомобил кревет, ама кажа сакал да спие тој а јас и татко му да одиме во неговата соба. Сега за сега ке си останеме вака. Можеби и е спремен да спие сам, ама па јас и татко му сакаме да спие вака уште некое време, ке порасне и нема назад да спие со нас повеќе. Патем си има негова соба, знае дека е негова, кажува ајде во мојата соба ама сега за сега е игрална. Покриена е цела со тепих и има куќичка и играчки.
Сега почна, по 3 недели, да го чепка бебето, да има интерес да го гледа, го гали, сакам видам бебето вели. Самиот почна наеднаш, ние се изненадивме. Се гали со главчето од него. Сѐ уште не му е јасно кога заплакува бебето зошто како, и реагира и тој потресено. Тука го учам што се случува и дека не е ништо лошо бебето што плаче. Е сега за детската. Ќе ја опремиме, па за почеток ќе играме и читаме книги таму. Макава ми е ако спиеме сите на спална, да не се буди од плачот на бебево, затоа бар да пркне малово, да не грчка, да не стенка навечер, зашто мислам дека срце ќе ми попушти од стегање леле ноќва како ќе ја поминеме. А ми пресекна веќе во дневна да спиеме, ама засега нема како поинаку. Требаше второво да се роди, за мајкава (јас) да пројави желба за спиење со детето. Досега гајле немав што заспива сам ниту што го оставаме по цела ноќ сам во спална во креветче, дека маж ми со мене е во дневна да ми помага околу бебе во ноќта. Ништо, на олку мислење, можда сами ќе дојдат одговорите.
Не знам колкаво ти е првото. Моево на 4 години се будеше од бебето и викаше не можам да спијам врати го во болница. Ама околу 5 години спие како топ, ништо не слуша, и не му смета бебето. Туку моево сега има 20 месеци и сеуште плаче ноќе па не те разбирам кога мислиш дека ќе пркне бебето и нема да плаче ноќе. Сигурно има бебиња што не плачат до 2-3 години како моиве ноќе ама сакам да имаш на ум што ако плаче до 2 години ноќе помалото дека не можеш до тогаш да чекаш. Како што пиша се ќе се среди, Џабе мислиме. Најдобро е да се опуштиш. Секој ден ќе знаеш да приметиш како е најдобро.
Ма мене ако ме читаш уназад ќе видиш дека откоа е роден бев поборник за ред во спиење, спиеше сам од 2 недели. Е лани му купивме голем кревет и од тогша заспива таму и у сред ноќ (тоа некогаш е само 11 саат) доаѓа на спална и си се мести на цело место. Па јас или си правам место или ќе се налутам поспана па идам ја у детска на неговиот. Некогаш татко му ако легне покасно, а овој му го фатил веќе местото, иде татко му у детска. Абе хаос Битно секое сабајле имаш мама каде е, тато каде е, и мора сите да се букткаме на мала спална (сите сме многу високи ).. Е сеа бебево здравје, појма немам кај ќе го ставам да спие. Креветче не собира у спална, ќе треба со него у детска. Па тоа којзнае шо циркуз ќе биде, ама решив со второво да не се замарам толку со спиењето, пошо ете видов, колку и да е научен сам ќе доаѓа кај мама и тато. На крај на ден и ја така сум праела, нормално е.
Моево наредниот понеделник прави 3. Досега како што спиеме, ние во дневна, тој во спална, не се има разбудено. А блиску се собиве, еден ѕид ги дели. Јес да и малово не вика многу и не долго, ама тогаш кога плаче како сум под штрек цц. А во иста соба спиевте кога се будеше од бебето? Мислев да пркне, демек да не грофка во спиење, да не вриска многу за цицање и да не треба да се преслекува навечер. А и кога ќе се разбуди за цицање, да презаспива , а не како сега, дур заспие еден сат фаќа. Не знам како ќе е, знам само дека треба време и трпение, и го сакам подоброто за нив. Креветот му е во детска? А бе од прво не можеш да знаеш како ќе е. За колку работи се думав, ама како дојде така токмиме и тераме. Верувам дека сакаат да спијат со мама и тато уште некое време. Јас да имам услови, би ставила и кревет голем и креветче мало во спална, ама малечка спална имам и кревет ко за максимум тројца. Кога ти е термин? Го спремате за бебето?
Во детска е сам од кога е роден. Сам си доаѓа од коа му го ставивме големиов кревет во септември ми е термин, има време да смислиме нешто
Ние ја направивме детската може да спие уште од летото, уште ограда ни фали за креветот оти висок е и ќе паѓа сигурно, но досега немавме обиди за да го префрлиме, не сум јас спремна да го одделам, до мене е, плус детево ноќе ако се уплаши во сон одма ме бара, гушкај ме ми вели, спие во креветче без ограда до спална, здравје другото август треба да се роди, ама најверојатно нема ни да го префрлиме в детска, засега план ми е јас да спијам в детска со бебе, тој со татко му в спална В градинка си оди, еве 3та година сега. Иначе 4 год и 3 месеци е.
Немој да се плашиш да го префрлиш во поголем кревет. Сепак на три години веќе бебешкото креветче станува тесно. Кога ќе е спремно детето да се префрли, самата ќе забележиш. Верувај, повеќето деца на таа возраст сакаат свое креветче како големите, сакаат да спијат комотно, да имаат мир и веќе знаат да се пожалат ако им е тесно, неудобно и сл. Секако ако дава отпор не го сили, ќе му помине кога ќе е емотивно спремно. Ако приметиш дека се чуствува како да е отфрлен или како да му е прерано да спие во детска секако може да почекате додека не го надмине тоа. Штом веќе е навикнато да спие само (макар и во креветче до вас, сепак е одвоено и си има свој кревет за себе ), а не со вас на спална, стварно нема потреба да го ставаш дури сега помеѓу вас (а бебето во креветчето). Мислам дека на тој начин само му правиш збунка. Некогаш ние како мајки не сме спремни да ги одделиме и ги држиме до себе. Тешко се делиме од наши емотивни причини, а децата се и понекогаш и повеќе од спремни да се одвојат и да бидат посамостојни. Ние не им даваме да станат понезависни од нас.. Секако сите деца се разликуваат ама има таква тенденција кај мајките, што заради хормони, инстинкти, што заради лични стравови и други емоции. Син ми на три години се премести во своја детска и спиеше сам во свој кревет. Мислев дека нема да сака, ама тој од радост уште првиот ден од преселбата сакаше да спие сам. Не сакаше да чуе да спие со нас од тогаш. Вратите ни беа отворени од собите, се слушавме еден со друг и тоа му беше доволно. Знаеше да падне од кревет во сон, зошто не беше навикнат да спие сам и при вртење паѓаше. Така да за почеток, многу е битно да има заштита од пад. Или да ставите преграда што се монтира на креветот или некое душече до него..бар на меко да падне. Често ќе станеше и ќе дојдеше до спална, ако не може да заспие, ако нешто го уплаши, некогаш за да се смири ќе заспиел со нас. После или ќе сум го преместела во раце, или ќе сме го оставеле до сабајле, зависи. Кога е болно детето секако сум спиела со него на спална, маж ми се селел во негова соба...ама тоа се исклучоци.
Нека си спие со вас на спалната, душиче мало е и тоа, се ќе му се собери и бебе и градинка..Во иста ситација бев и јас со моето има 3 и пол и еве уште спие со нас на спална, ако го легнам во неговиот кревет иде среде ноќ и се преместува до нас со плачење, а помалота ми спие во креветче до нас и таа веќе година и пол направи.. на почеток кога беше бебе го разбудуваше таа кога ќе станеше ноќе и сме седеле заедно станати сите, но брзо прифати и немаше гајле ако е таа станата тој си спиеше, и истиот период во градинка почна. Не се опседнувам веќе со тоа да спие сам, ако сака да спие со нас на спална нека спие, убаво ми е и мене си го гушкам и јас еднаш се малечки.. Сега некогаш и малата иде до нас па сите четворица се случува да спиеме заедно, а нивните кревети празни но тоа е што е, ќе помине после нема ни да сакаат со нас А да напоменам најдовме простор во спалната му го ставивме и креветот поголем од синчето и креветчето бебешко е до спална, и пак идат до нас заедно, џабе е
@elenaklasik мислам дека многу промени му се наеднаш, бебе, градинка, своја соба, следете детето како ќе се однесува ништо со сила и карање, полека се само да си дојди.
Мајки, сте имале искуство со покачени тромбоцити ( дупло повеќе од дозволени граници) Матичната се сомнева, секоја недела им дава упати за к.слика но еве две недели е исто детенцето.
Најубаво да ја прашаш мајката. Носат деца од до. На син ми му донесоа бр 25 како што им кажале во продавница а тој носеше 27.
Ќе скренам со нејадењево Дури мислам дека не сум била свесна колку голем нејадач е се додека не се роди второво дете кое што јаде буквално се и секогаш, дури и болно кога е не пропушта јадење. Не знам што да правам. Ќе купам Молерс утре од аптека, тоа ми е следна надеж. И готвам по желба и пак не и чини, еве за двајцата зготвив и малово јаде, големово не, гадно и било Пет години има и фактички пет години скоро шест де не се храни убаво и се мислам дека е болна од нешто. Може да се добие некоја болест и недоволно јадење? И најголемиот проблем е што е многу гладна ама не можам да и погодам. И се јаде. Гладна е. Затоа и од бебе има плачено затоа што била гладна ама храната и е гадна. Проблемов од бебе е буквално ама јас го немам приметено. Не сакаше да јаде, а 24/7 плачеше. На педијатар ја мереа и викаа не е гладна. Ама сега сфаќам дека од бебе била гладна. Не знам кој проблем може да го има. Во аптека прашав за помош и ми дадоа адреса каде да ја однесам како советник за исхрана за деца и таму ќе одиме, на интернет читав многу позитивни оценки, во Германија ова. Се разболев од грижи. Не знам што и е проблемот со јадењето, се и е гадно. А во една клиника видов мало бебе, логопед пишуваше на вратата мислам или нешто слично и вработената цело време внесуваше различни јадења и си викам ова некој знак е дека и моето бебе требало да го однесам на вакво место, дека имало некој проблем за храната. Цело време во круг се вртиме односно тапкаме во место. Детево има некој проблем ама никој како да не ме сфаќа. Не е дека е разгалено и затоа не јаде и пребира.
Те разбирам целосно. Мајка на нејадач, од прва лажичка се води борба. Јас од најобичен б комплекс, бевиплекс видов подобрување, не огромно ама задоволително. Последниве 8-10 месеци па и година почна да јаде. Со молби убедување и уцени. Многу сака да јаде харибо и секакви слаткиши. Ручек не можел ама благо да. Епа од сега политиката е ке си изеде појадок ручек вечера и ужина па ако плус сака давам и гумени. Ке изеде 3-4 и не може повеќе затоа што е сит. Иако додека не јадеше ни благо не сакаше да види. Имаше периоди кога беше само на леб. Е сега, моево не се гадеше од храна. Не сакаше да јаде и готово. Побарај помош од стручни лица, се надевам ке помогне.
И водата со сила е. Цел ден стојам над неа вода да пие. До сега 500 мл испи. Третата чаша од точно 13:30 стои и неколку голтки испи. Едвај пие и вода. Купив некаков си сок вчера пишуваше 7 витамини имал и тој не е чинел, а вкусен беше многу. Сокчињава за деца под годинка и тие не и чинат. За чај ајде ја разбирам дека и ние не сме љубители. Ако не е на вкус тогаш на изглед и е гадно. Сега и нудам пиперка, прво да ја тргнам дршката ок, после семките и сметаат. Некогаш и самата пиперка на изглед не и е ок. Јаболко мора да е убаво исечено. Маж ми ако и исече по негово не го јаде. А јас жими едно јаболко што научив како да и го исечам за да јаде. Сакав да прашам што спие со косата фатена во репче и тоа претерано стегната, дали е ок? Морам сила да употребам за да легне со пуштена или лабаво фатена и така го будиме помалово јас викам таа вика будиме комшии. Сакала цврсто стегнато да и е и дење и ноќе.
Не е добро. Сега може ништо не и е ама понатаму ќе почне да ја боли глава да има главоболки. Па и цврсто стегнато Преку игра некако ќе ја тргаш да го тргате стегачот. Мојата одма го трга сама кога треба да спие и самата ми вика ја боли главата да го тргаме