здраво мајки, јас имам малку необична тема за дискусија. Керкичката ми има 4 годинки, и пред секое искачање надвор или во ресторан ја форсирам да оди во тоалет затоа што дилемата ми е како ќе оди во тоалет во ресторан. Ниту јас не седнувам на "јавни" тоалет шољи ниту нејзе можам да ја седнам....а за во раце да ја држам да се измочка веќе ми е и гломазна и тешка....како вие останатите се справувате во вакви ситуации?!
А во зима, снег, дожд како надвор? многу неубава слика ми е тоа на сред пат дете да мочка, ама секој си знае најдобро како е
И мене, а два пати ми се случи. Еве сега пред два дена во Бриколаж, секаде околу прашав за вц-нема. И го однесов во една слепа уличка запустена, таму мочаше. Премногу држи и кога кажува за мочање веќе е прекасно да стигнеме дома. @daniangel Качи ја на шољата со крената даска и нека клекне, што друго можеш да направиш? Ќе порасне уште малку, па ќе знае сама да се измоча без да седне. Ќе избришеш на крај и готово и онака никој не седнува во јавен тоалет.
Колкави се твоите деца? Кога ќе дојде тој период мора на улица да мочка. Тој период е како премин од памперс па до 5-6 години отприлика.
Има таков период ама еве мојава е 4ипол години и не сака надвор да мочка веќе. Сака во вц. Дал е срам,свесност не знам...
Гледам да не е некое ептен гнасно вц, пребришувам со марамици и ставам тоалетна убаво на цела даска. Ова ептен кога не може да додржи.
Да носиш од дома онаков додаток над шолја што се става. Јас би носела ако не можеш да ја држиш за да мочка. Краток е тој период да. И мојава нејќе одамна. А и никогаш немам видено дете над 6 години надвор да мочка. Ќе мочка некое може ептен ако е итен случај веќе, а ни тогаш.
Со машки е полесно не седнува, се има мочано и надвор, е сега се има и какано во кафичи, постилам тоалетна на шолјата и го седнувам, никако не смее да трпи за мочање или какање, после дома миење и немало досега проблем. Од 2 и пол ги одвикна пелените и секаде се мочаше, нормално потскриено место не на сред улица, сега е 4г.
Ајде вака ќе го поставиме прашањето. Земате дете од градинка. По пат застанувате на лулашки и на дете му се примочува и не може да издржи, а до дома има пат. Ќе го пикнете по секоја цена во некој јавен тоалет или ќе го оставите надвор да се измоча? Еве јас искрено ќе кажам подобро надвор отколку во некој јавен тоалет. Секако нема да го прави тоа на сред пат туку пристојно потргнат на страна некаде. Значи зборуваме за деца кои низ игра може да се занесат и да алармираат кога веќе е критично. Сигурно нема да го мачам. Сум дозволила еднаш-двапати и голема нужда кога било зорт. За разлика од кучкарите сум го собрала изметот. Направивте баук од природна физиолошка работа.
Мојата пред некој ден запна во вецето во амбуланта да моча. Виде две деца излегуваа од таму, знам дека не и се мочаше толку. Не и дозволив искрено зашто на кратко бевме, секако дома ќе стигневме за пет минути. Ама ај мојата има скоро шест години, па разбира повеќе кога ќе и кажам дека е валкано.
Качи ја на даската на клекне како на чучавец. Со женско е помачно, точно е. Јас имам машко и мочка во трева меѓу згради ако е, некогаш во шише па го фрлам во прва канта. И за во кафичи е ок, и дома во шоља мочка. Читав статии дека и тоалетната не штити од пренос на бактерии, иако се смета дека е поокеј опција.
Мене ми е малку језивко од тоа да не прсне од водата од шољата, не е проблем за постилање тоалетна на даската. До сега сум го држела за какање,еднаш или два пати се случило. За мочкање си стои на даска па пребришувам по употреба.
Nie koga sme nadvor mocka nadvor ke ja zadrzam sekako podskriena nekade. Sepak se deca jas ne gledam nitu strashno nitu sramno.
А носење на дезинфекционо средство во ташна па да се избрише/дезинфицира капакот на шољата.. Јас така сум размислувала на таа тема за кога ќе дојде ред..
А в градинка сите на 2 шолји што одат едно по едно наредени во ред одат сите пред спиење и вода дали пуштаат е прашање
Не е исто 20дечиња и небројан број на различни луѓе. Плус тука се деца. А и има строг ред кога се чистат тоалетите.