Деца и возрасни не е исто. Јавен тоалет е и секакви гнасотии има. Во градинка одат само тие дечиња, возрасни не. Вода пуштаат, да не претера?
Јас имам, па и не знам дали е проблем, ама се справувам со ситуација каде детето (4ипол) одбива да црта, бои. Дури и во градинка ме опоменаа дека мора да работиме на логиката, зошто со фломастери црло време на иссто место бои. Со боички е ок, не бои се, ама бои. Ама он не сака ни да црта ни да бои тука е проблемот. Сака да си игра со играчки а ја го форсирам за боењево и цртањњто и секојпат завршуваме со караница. Некако ете потсвесно ми е дека логикава треба да му работи, што мислам и дека му работи ама од што е мн голем инает, ништо не сака да прави. Не знам, друг некој со ваква ситуација?
@Girly90 Исто беше со ќерка ми, поголемата! Тргна во градинка на 3 години, и беше најмала во групата. Очигледни беше дека цртење и боење слабо и оди иако и дома работевме, ги знаеше сите бои... сепак не и беше најинтересно да црта и бои. Пример во една боја ќе го обоеше цел цртеж, излегуваше од линја, како чкртаници беа цртежите. Исто и кај нас виспитувачката ни кажа да поработиме на боење и цртање дома, бидејќи заостанува зад другите деца. Се тешев со тоа што беше најмала и со тоа што беше предобра во други активности ( преубаво рецитираше песнички ). Од наше искуство ќарка ми се вклучуваше во цртење и боење кога правевме изработки за 8ми Март, па честитки за Нова година, па за Велигден... ова и беше забавно. Како минуваше време стануваше подобра. Е сега, сеуште е забележливо дека не е нешто многу талентирана за цртење, ама не се стресирам и прифаќам дека не може на секое поле да биде одлична. Затоа пак убаво пее, знае математика, рецитира песнички, најдобро чита... та чудо големо оти не знае убаво да бои. Совет... вклучи го во изработките за Велигден. Има безброј видеа за боење јајца, зајци и други декорации. Можеби така ќе му биде поинтересно да се дружи со боичките.
Јас исто, декември роден во најмалите во група, никако не сакаше да бои, да црта, букви и бројки пишува од пред 4 год ама цртање и боење никако, дома стално со чкртање и кинење на листот се завршуваше и не му ни велев штом не сака. Тек сега почнал да бои и тоа преубо, без да излегува од линиите, се зачудив ко видов в градинка, значи за се време си сака, сега е 4 год и уште малку 4 месеци, башка неможи сите исти интереси да имаат и не треба форсирање ни од нас ни од воспитувачки. Плус дете родено јануари и дете декември цела година се разлика неможи исто да прават.
Здраво, Ќерка ми е 3 год и 3 месеци и збори во трето лице 90%..пример Сања сака да ручка, Сања сака вакво да игра итн ..не вика Јас. Така и е полесно да се изрази јас и зборувам како е правилно но не и се слуша. Мислам дека не е ништо страшно чисто совет ако некоја мајка се пронашла
А вие како и зборувате? Сега мама ќе ти даде, сега тато ќе ти каже, Чекај баба ќе те крени... само пример ми се реченициве, оти ако вие така му зборувате и детето така ќе се научи, јас од бебе му зборував како на возрасен, плус кога ќе ме прашаа жени, Имате запчиња или Колку години имате најмногу ме нервираше, Да има запчиња син ми, Има 4 год син ми, немаме 4 год... Затоа прашав како вие му зборувате на детето. Иначе од искуство со син ми ако некој збор го кажувал поинаку на пр Цувено наместо Црвено јас ќе му речев Да јаболкото е цРвено, не дирекно да го поправаш и да го караш не треба така, туку низ разговор правило ќе му кажите
Правилно и зборуваме од прв ден но дали дека името и го изговараме кога ја викаме она си земала во крпче и така си збори.. знае да рече "не јас" кога нешто треба да правам и брза пред мене но ретко .. Тоа лигаво бебешко зборење не го сакам ни јас, освен за спиење нуни употребуваме
Ќе си почне да си зборува во прво лице, имам повеќе деца слушано така да зборуваат. Само прашање на време е
Зборувањето во трето лице за себе е дел од нормалниот развој на говорот кај малите деца. Се смета дека донекаде отприлика на возраст од 4 години треба да го надмине овој период од развојот на говорот. Ако над таа возраст сеуште зборува за себе во трето лице, побарајте консултација со педијатар кој ќе ве упати ако треба кај дефектолог или логопед. Во меѓувреме за да го стимулирате развојот на говорот можете да практикувате: - да внимавате како и се обраќате, т.е. и вие да и се обраќате во второ лице еднина. На пример: "сакаш ти..?" Директно обраќање значи. - Ако таа даде одговор во трето лице, да правите корекција ама на суптилен начин. Пример таа ако рече "Сања сака да ручка!" ти да и го повториш правилно кажаното " значи ти си гладна.." или " значи тебе ти се јаде..." Не да и кажуваш како треба со објаснување туку со пример. - да внимавате како пред неа зборувате за себе. Преслушајте се дали не зборувате вие или оние што ја чуваат во трето лице и за себе. На пример " мама/тато/дедо е уморен/на" да се замени со "јас сум уморна.." - читајте сликовници, детски книги и раскажувајте му приказни на детето. - стимулирајте социјализација. Намерно носете ја да си игра со други деца зошто примерот што ќе го добие од говорот на другите ќе и биде истотака корисен.
Има ли некоја фаза во 4 година, буквално ме вади од кожа и најлошото од мене, 24ч плаче, се треска од земја, ме мава, одбива да јаде јас што ќе и дадам, не дај Боже да и кажам добро мама ќе може ли утре да го облечеме фустанчето, прост пример. Буквално незнам веќе како да постапувам со неа, од најмирна стана најлоша.
Речиси сите деца така зборуваат и е сосема нормално, фаза која ќе помине. Нема врска со тоа дали сте и зборувале бебешки или пак сте викале имаме 3 годинки.
Има ли некоја фаза на отворена уста и исплазување на јазик или мојов е исклучок? Последниве денови ми реагираа од градинка,вчера го пратев и надвор правеше така. Најчесто кога е во присуство на други луѓе,при срам или возбуда. Го прашав зошто прави така,не знаеше да каже. Му кажав дека од исплазување на јазикот ќе му се направи раничка па ќе мора со лута кремичка да мачкаме за да му помине. Вети нема повеќе така да прави..
Почна малава во градинка втор ден, утешете ме дека ќе ја прифати иако денес не ни влезе внатре, во гардероба се криеше.. прв пат тргна во градинка лани на 2 години и одеше 3 месеци, но моравме да прекиниме. Тогаш морав да ја остаам и немав избор нити време за навикнување, ок прифати ама сега.. од дома иште почна денес да се буни. Се надевам дека е период и дека ќе почне да влегува. Тука прво до мајка влегуваат ама ни со мене не сака, кога рече учителката да си одиме, она си врза одма во крпче дека можело и да се оди дома со малце драма.. не знам стварно, мислев ќе сака да оди оти по игротеки не никаков проблем и сака деца. Друго, почна периодов да се лути за се, и тоа ептен бурно. 3г и 3 месеци ќе прави сега. Драма е бар еднаш во денот обавезна, без разлика каде е. Правиме се за да и е исполнет денот и кога ќе почне со лигавење за ништо, трескање не знам како останувам смирена. Нема ден да не оди во парк, во зоолошка или игротека. Маж ми стегна заби и ако почне со хистстериии за тотална глупост посебно после некое време молење ,а не сме уште излезени од дома, слекува патики и и вели нема одење и не попушта. Јас па чекам да се смири и после и попуштам и ќе и го направам пак ќејфот. Не знам кој крај да го фатам. Јас не знам како швабиве ги програмираат децева да се со едно не толку разбрани.
^ ми текна на една ситуација, една швабка влегува со две деца, едното си купува што сака, тоа помалото сакаше чоколадо и таа и вика не на девојчето, тоа кутрото ни а ни б, го остави чоколадото и толку. Јас да бев со мојата па тоа драми, па не те сакам, па ќе ми избега и така
Епа тооа зборам. Облечи се им викаат и одма се спремни, не може да се купи и крај, повеќе не ни прашуваат зошто не може, ајде си одиме велат и одма за рака правец дома. Ниее сме драма секаде. Се грабаат фустани по продавници, паа убедување дека не може, паа драма оти не може, па драма оти да не се држи во метро сама, драма оти и така и дошло во моментот. Од кога почнуваат со строгост не знам ама и не се строги, само збор и толку е кај нив. Само нашите се тепаат, се грабаат, се криват. Како од на марс да сме паднати не гледаат.
Шо ти реагираат, таму ги учат глупостиве. Мојов брца во нос, па во уста и оди не полуди. Кај си видел тоа - градинка ми вика. Кое шо видело некаде прави, после копираат..
Само тоа, игнор. Сега зимава секој ден си идеше со нови глупости, дури и тикови имаше, ќе речеше тој вака прај, со име кажуваше, 3,4 дена едно, после го заборавил па друго и така колку поќе му велиш толку поќе правеше. И само игнорирање. Кај синко најлош период беше од 3 до 3 и пол години, какви јаки тантруми имаше, инаетење за се, после 4 год како големо дете е, се може со муабет да се разбериш, мало чоече
Баш разговаравме со педијатарот, рече дека сега е возраста најпогодна за промени во однесувањето,дека открива емоции,ќе почне и да лаже...па да не подлегнуваме на тоа. За ова со устава рече може му претходело некој настан во градинка па сега така манифестира срам и возбуда. Да не го опоменуваме дека е фаза и ќе пројде. Тој ни самиот не е свесен дека го прави тоа,а кога го прашав јас не ни знае зошто.