Синопен. Ќерка ми прави огромни пликови кога ќе ја касне комарец, само тоа ја мачкам за да спадне отокот.
И' поминува само со Синопен? Огромни пликови му се направија и на моево, како голем жолтеникав круг и околу него црвенило. А не се ни чешаше ни ништо, веднаш така му се направија. Во аптека и Лоратадин му дале на мм и Сонопен.
Лоратадин или Летизен сум давала ако има многу убоди (во село кога иде од болви може да е целата изедена), а вака за 3 - 4 убоди од комарци само Синопен локално. Ја мачкам само кога ќе се пожали дека ја чеша, значи 3-4 пати на ден, до следниот ден веќе само црвена точка останува.
Некоја со совет/искуство? Пред извесен период почина баба му на маж ми. На погребот отиде тој сам, пред децата ништо не спомнавме. (Неговите се во друг град). Сега се ближат 40 дена, ние од пред тоа планираме да сме таму, бидејќи сакаме двајцата да присуствуваме но не знам како да постапам со децата, ниту имам каде да ги оставам ниту сакам да ги носам. Поголемиот ми е посебно чувствителен за многу работи и ме фаќа паника како ќе го помине тоа. Имавме тежок период со терори, стравови ноќе и не дека се скроз исчезнати но во голема мера е смирен. Таму возрасните некако се со став дека е сосема нормално децата да присуствуваат,(плус ќе се радувале на тоа што раздаваат ) но не знам што е паметно. Не најдов соодветна тема но ако има кажете ми плс
Ако е чувствителен не го носи, на твое место детето ќе си го гледам, ако нема со кој јас не би одела, ќе си седам со децата дома, шо барат деца на такви работи. Па и ќе се радувале синки ова игротека е
Нема ништо побитно од мирот на децата. Ако дечкото е поголем, разбира и поставува плашања, плус има историја на терори, јас би си останала дома. Син ми, да речеме, не реагира добро на нови луѓе кои му се тутнуваат. Роднини кога ке му се втурат, како си што правиш ај да се играме и сл. Вака е многу весело и темпераментно дете, ама не сака кога некој непознат ке го форсира за муабет. Друг пример, често одиме кај баба ми, која е стара, оди споро со бастум, и пред некое време почна да не распрашува со маж ми дали сме стари, кога ке остареме, дали не боли нешто и сл. Детево беше загрижено. Да не спомнувам дека почнуваат пеколи, сонцето многу е јако и на гробишта само сончаница може да добие.
Мислам дека нема ништо нормално деца да одат на гробишта. Јас не одам на погреби и на гробишта општо за празници откако добив деца ама фала богу па и само постари луѓе умираат од фамилија. Паметно е да си седиш дома со децата.
@lackygirl @MilaSs12 @Skyler фала ви многу. Сакав да слушнам и други мислења за да сум сигурна дека не претерувам. Проблем е што ние неколку дена пред тоа ќе стигнеме кај нив и таму ќе сме( во истата куќа) кога ќе бидат 40 дена. Веројатно и дома ќе доаѓаат луѓе (а за сите ќе е сосема нормално да се и децата таму), но сепак се надевам дека ќе најдам начин да си ги заштитам децата од дополнителни стресови.
Секогаш можеш да кажеш дека сте фатиле вирус. Стомачен или настинка. Во твој случај посебно би размислила дали воопшто да одам ако и дома доаѓаат луѓе.
Не прашав како ќе е, кога почина дома ја чувале и дома се собирале луѓе, од таму тргнале на погреб. Според тоа претпоставувам дека е можно и сега. Не можам да измислувам приказни од причина што ние ќе одиме една недела претходно бидејќи золва ми тогаш ќе прави матура за детето и таму ќе бидеме до тој ден. А дополнително маж ми не го сфаќа ова како некоја голема фрка.
И моето дете (4и пол години) е чувствително, кога нешто не сака и му прави стрес не го носам, можам да замислам какво е детето твое, еве на пр имаа приредба од градинка и не сакаше да игра на песничките на бина, плачеше, само моето дете од групата не играше и не го форсиравме ни јас ни воспитувачката, се дог со него дека ќе гледаме од публика и прифати, ги гледавме и беше среќен и аплауз даваше (успех е дури и ова за него, лани не бевме ни во публика) мене малку ми беше криво и мака дека само моето не беше на бина ама не се битни моите чувства. Имам и др вакви примери со него и гледам се што му прави стрес да одбегнувам, неможе сите деца да се исти... Искрено и мене мн време ми требаше да го разберам детево, ако мое, одиме во игротека нејќеше да игра таму кога имаше деца гужви, сватив дека се плаши да не го удрат, па имапе плачки, одиме на роденден си седи до мене, тек по 1 сат се опушта и оди да си игра, ама ако има поголеми и да се туркаат пак не сака, гледа да си е во безбедна зона
Мајки, детето 5г вчера при игра со другарче, му кажало на другарчето да си ги допираат пенисите како игра. Другарчето истрча кај нас, ние бевме на тераса и ни кажа. Јас не изреагирав во тој момент никако бидејќи не сакав да се чувствува непријатно но по 10 минути кога си отидовме дома држав лекција дека така не смее дека е срамота и сл. Без казни. Дали имате искуства на темава?
Јас памтам како мали баш таа возраст сите истото го правевме знам и дека не караа, можи и по газ да сме добиле некоја рака мислам е некоја фаза што сите сме ја поминале.
Здраво мајки. Малку сум загрижена па ако може да сподели некоја мајка свое искуство или да даде совет. Се работи за син ми има 4ипол години Сабајле стана за во градинка си беше насмеан дури се облечам јас почнав да го викам да го спремам тој не ми враќаше отидов да го видам во соба тој беше седнат на фотеља и не збореше ништо го прашував што му е не одговараше само молчи . Се испаничив и почнав да му викам да го гушкам и почна да плаче и полека се опушти и се беше нормално го прашав што му се случи не знаеше да објасни. Од што може да му се случи тоа . Дали нешто се исплаши. Дали доби епизода од нешто а не знам што . Ќе може да објасни некој навистина сум загрижена.
И јас сакав да поставам прашање во врска со ова Син ми во август прави 4 години, деновиве ми вели мамо сакам малку да поседам без тренерки соблечи ми ги, зошто го прашувам ми вели така убаво ми е.. Ако јас не го соблечам сам си ги соблекува и тренерките и гаќичките и го гледам си се допира само и му велам абе немој срамота е не седи гол одма да се облечиме...и тој не не не никако убаво ми е вака, гол сакам..одвај се облекуваме Незнам како да постапувам и јас сакам совет..
Спојлер: Крвна слика Што значи покачени лимфоцити и намалени тромбоцити? На сликата се гледаат вредностите. Дете 1 година
Зборење и учење дека тоа е приватен дел, ако сака да се допира нека оди во соба. Немој само со срамота е, не ни знаат што е, само сензацијата им е добра. Само да научи дека тоа си е за во приватност, тоа ни се интимни и приватни делови, надвор и пред други луѓе не се соблакаме, не ги вадиме. Бевте кај педијатар да ја види, ви рече нешто?