Мислам дека непознати деца и познати има разлика, зборни со воспитувачите во градинка. И уште еден совет знам дека е тешко посебно ако си цело работно време ама гледај да го носиш на игралиште. Јас скоро секогаш на истото па си запозна куп деца и мене ми дојде добро сега имам пријателки од мајките и вежбам јазик и имам за секој случај ако затреба некој да го причува. Иако јасно ми е ако работиш цело работно време ова неизводливо е.
Најдобронамерна препорака за сите родители.. Прочитајте ги овие две книги (особено првата, ма не ..не можам да ги одвојам..) јас во нив го најдов спасот..ми помогнаа како никој досега. Поздрав 1. https://antolog.mk/product/mentalni...strategii-za-nega-na-razvojot-na-detskiot-um/ 2. https://sakamknigi.mk/product/dobri-odnatre/
Толку препораки имам зачувано и никако ред да дојде, а многу сакам да прочитам нешто. Кога наоѓате време за читање, сериозно прашувам? Со едно дете се наоѓа ама со две? Додека најдам време тие ќе пораснат.
А во градинка се дружи со децата? Можеш да поразговараш чисто за ти да се смириш. Јас редовно комуницирав со психолози поради други проблеми, ама прашав и за истото, ќерка ми во градинка сеуште најголем дел од времето сама игра и ми рекоа дека е нормална фаза. Си има она другарки, играат, цртаат, бојат, пливаат заедно, ама сепак најголем дел од времето бира да е сама, а не е повлечена или срамежлива. Уште се мали, интеракцијата со другите ќе се зголемува понатака ми рекоа. Ако се работи за непознати, ја не би го форсирала. Остави го како што му е нему комфортно. А ја прочитав Дани баш @danichap имаше пишано дека нејзината ќе почнела некои вежби за срамежливи деца, може нешто такво би му/ви било од помош, еве Дани ако може да ти објасни повеќе.
@Yowannty @SanelaS Алекс е 5 г, и она оди од две години во градинка и никогаш немало некакви отстапки или проблеми. Секогаш се привлекувало она дека е типично најмало дете кое ужива во истата улога. Она е таков карактер, може до часови са си игра сама, има бујна фантазија, креативна е и многу самостојна. Така и во градинка често играе сама, но си има најдобра другарка со која секој ден игра и неколку други дечиња со кои сп задоволство игра. Само ете, ужива и да е сама, иако нема проблем да се интегрира во група и да одржува пријателства. Проблемот се јавува бидејќи често сметаат дека она ги знае одговорите на некои прашања но не се пријавува за да одговори. Или наутро во кругот имала трема да зборува пред другите деца. Вакви примери кои сметаат дека би и влијаеле кога ќе биде прваче. Психологот не стави на листа и рече дека после првиот разговор ќе ни каже детали околу текот на термините. Иако нема дефицити во фината и грубата моторика рече дека може да се направи и комбинација со физио, како начин да се стекне самодоверба, детето да почне да “руши” граници и да се увери дека може. Повеќе ќе знам кога ќе почне, се надевам наскоро. Од минатата недела почна карате. Иако беше најмала одлично се снајде, дефинитивно продолжуваме.
Imav pred mesec dena kako sostanok so vospitackata i razvovaravme opsirno za se sto i kakp pravi sto e dobro sto e loso edinstveno navede deka vo periodot na adaptacijata koga jas sum bila prisutna toj bil mnogu ppvlecen i zatoa resile od 3 den sam da ostane.Kako vo smisla jas koga sum do nego toj ne e samostoen i postojano bara moja podrska. Ke se posovetuvam da vidam vo koja nasoka da se dvizime.
Син ми е турбо со мозокот, само зборува, навечер има соништа се буди со плачење , преживува денот, тантруми има охоо , Дали да му давам омега 3 за развојот на мозокот?
Јас би рекла Б6 да му даваш. Совет од матичен педијатар ми беше тоа , на 3год возраст имаат голем скок во развојот.
По едно цело б6? Му давам неколку вечери по пола Денес спиеше до скоро 10 часот, го оставив намерно дека душа нѝ истрза деновиве ама кога стана пак беше со лошо расположение. Дремка немаше нормално, беше излезен со дедо му. Дома го донесе вечерва во 7 и пол и се ок, поминаа салтанатиѕте и ми делуваше смирен. Легнаа со татко му коа фати 1 сат сам си зборува, чичкото од пазар, мустаќи, банани, кај е чичкото леее тапан сум. Ќе да е некој голем скок, не можам да сфатам што се случува со детево.
Јас му давав 1 цело наутро,1 цело навечер. Докторката препорача 1 месец континуирано,но од прилика 3 недели давав. Имаше ефект.
Син ми исто вака прави, посебно после дневма дремка. Станува и почнува така фа плаче, не може 15мин да се смири. Јас б комплекс некогаш давам, ама ќе почнам б6, ко шо пишала Софи
Ама има плачење и има рикање, упорно вриштење. Мојов верувајте сакам на психијатар да го носам за проценкс. Бевме на психолог со него, на проценка, ради тантруми, таа рече детево е со уреден развој, интелигентен е, и немам што да му правам. Да, ама и интелигентните се со растројства. Не знам, ние сме запрепастени, колку низ овие 3 години сме биле присутни и поврзани со детево и сега ова нѝ се случува. Дури сме и револтирани. Со него играње, шетање, рутина се знае, оброци заедно во кујна, и потоа се случува ова . Е па и нам ни се преполни чашата. Значи зема еден предмет и почнува мама намести го, не не, намести го и јас како сине, тој намести ја хартијата на колава, ок еве ја местам, пак продолжува намести ја и почнува рикање дерење стопати намести ја вели. Ние губиме нерви, утрото така ни поминува со трзалици место со планирање на денот, и исфрустрирани почнуваме да се дериме и ние. Дури и го удрив. А во основа сум исплашена да не има ментален проблем, затоа реагирам и со викање и со мавање а не треба ама нејќам детето онака да си го гледам. Значи дали се фаќа за нешто твоето и упорно маста ти ја вади, а всушност не е за игра, не е за местење? ... Не знам за што е. Еве денес немаше таков испад, само што се инаети, ама денот не е завршен. Секој ден на штрек сум. И испитува граници го гледам периодов, приправа со гласот, сака да е интересен, впечатлив. За плачењето пак ќе кажам, значи кај нас има моменти на хистерично рикање, да се засрамиш од комшии. Психологот ми рече да игнорирам, не успева така. Не успева ниту да пренасочам, џабе откако ќе почне. И друго што ме нервира, некогаш низ плачење само покажува со прстот дај ми го вели а не кажува што. Заебано. И му набројувам шо сака. Па ако погодам ок, може пак да плаче, ако не погодам, сигурно уште 20 мин ќе плаче. Вие како се справувате? Ние некогаш на раб сме, живци истенчени. Да дополнам, исто по дневна дремка стануваше со плачење особено на година и 8 месеци, ама со хистерично плачење по 15 мин не се смируваше. И тогаш имаше напредок когнитивен. А сега ко поголем исто се будеше некогаш така и се чудев како може од дремка зарем не е наспан.
Нели се скоковите до 1 годинка?! Околу 3тата година знам имаат голем когнитивен развој и доста битен период им е. Да споделам ќерка ми има и таа испади, јас ги мислев нормални се, и се преиспитувам јас, до мене да не не е нешто во ред, кога ме нервираат некои работи. Пример истури вчера смоки, 10тина беа, цел саат ги собираше, претеризам, па јаде од земја, јас внатрешно вријам, но издржав да не и се развикам. Мислам осетлив и е овој период заради новото бебе, па ја штедам инаку јас бев дежурна за карање. Скренувам внимание веднаш, за многу работи. Гледам доста впиваат и повторува реченици кои ги слушнала дури сме збореле со маж ми
Ух ќути нѐ имало и повеќе. Ела да се гушниме сестроо Му давам од алкалоид б6, ко за нас што земаме. Ам не ми посочија нешто специјално. А наутро му давам сируп Б комплекс Флорадикс. Еве денес немаше дремка, заспа се комира, уште ноќва да ја поминеме помирно, којзнае...
Ќути некогаш знае од контакт да те извади се зезаме со маж од сабајле ко ќе стане се мрази себе после сите други. Со поголемиот немавме вакви маки. Ќе стане навечер во ниедно време ќе дојде во спална и ќе стои го викам да легне не сака, сакал во неговата соба му викам оди таму, не сакал сакал со нас и почнува да плаче. Му викам епа дојди овде не и пак плаче и така едно 15 мин... Туку како даваш б6 го ситниш апчето во течност или?
Син ми го опиша. Да ти пратам видео во порака вчера како стана од дневна дремка (недоспан) како да е опседнат... со дерење, клоцање, никако не можев да го смирам. Страшно изгледа. Плус сум трудна 7 месец не можам ни да го земам во раце, нити да го кренам. Среќа маж ми беше дома па го зема па гп зема он во раце, го прошета и се смири. Преку ден нон стоп тестира граници, денес имаше тантрум и плачење зошто сладоледот домашен се извадил од калапот, не сакаше така да го јаде, морал на стапче. Му понудив др сладолед на стапче, па да го јаде со лажичка, за да лут ми каже 'ти јади си го'. Му го фрлив во канта. Па пак секако се плачеше, ама мора да научи што смее, што не. Ти јади си го на неполни 4г да ми кажува е недозволиво.
Да, дробено ситно и со вода во шприц. Едно дете такво, друго не. Кај нас тантрумџија е поголемиот, се надевам дека второво помирно ќе е, маста доволно овој сега ни ја вади.
Еве сум друшки и јас во клубот плачковци и трескачи од земја. Кај нас најчесто е за облека пример, облечи ми ги чорапите убаво и ок ги облекувам и следи пола саат трескање да ги наместам убаво. Друго најчесто е за храна како е сервирана, нема да јаде ако не му е правилно исецкано, сакам вака, па не така, дерење, урлање. Па маж ми мора да реагира зашто јас сум скандинавско воспитување, он е балканско, па ние нервозни се караме меѓу нас кој го разлигавил и така. Зборев со него доста додека си играме и иде на подобро, пример вика Мама облечи ми ги чорапите, нема да плачам да ги наместиш убаво Така да, функционира овој скандинавскиот метод, само до кога ќе имам живци.