Се извинувам што еден под друг коментар пишувам. Даа, баш така, исти зборови користевме и ние, како опседнат. Имам видеа, снимав за да покажам на психолог. Баш еднаш од дремка исто стана со клоцање со дерење, беше престимулиран. Есента, пак, е и јас бремена, хорор ми беше, имаше една недела ноќни терори, многу лоша слика. А еве вечерва пак досега двапати се разбуди со плачење, не нее викаше. Готово мајки, се пореметиб и јас, како под тортура од сопственото дете сум. Вчера немаше, добро помина, еве сега пак. Со маж ми сме ко некои гревови многу сме нервозни и во самосожалување влеговме. Нит лезет имам во родителството ништо. А каде се години понатака здравје..... Тешко ми е сега премногу. Ми олесна што гледам и кај други е слично од аспект на ментално здравје ама пак се грижам до кога вака. Кај преку ден инаетење, пискање, па уште навечер што значи сред сон да слушнеш плачење и трчај во соба, шок за организмот. Барем ноќе да се одмориме. Осетлив тип е, сѐ му брчи, мириса, забележува, не знам што да речам. Само мислиме со татко му, се запаливме во мозок за да најдеме причина и сигурно има врска ново бебе, детска соба нова, ама спие со татко му, почеток во градинка пред еден месец, и мислам дека овие нешта имаат удел, иако не не беа сите одеднаш. Ама пак, кога ќе се сетам дека вакви фази имаше и порано, сѐ ми се излитува. Еве 1 час а не можам да заспијам, сон ми разби, ќе фатам некоја болест од стрес аман, утре како ќе се функционира цел ден... Магла имам во глава.
И јас да ви се придружам во клубот… Син ми има 3,5год и е страшен овој месец. Не можам да издржам веќе. Не да ме тестира секој ден тоа е страшно, постојано се кара со нас, вика, се лути и со ништо не сака да се заигра туку да стои до мене и да се кара му е желба. Му оставив неколку играчки како ајде да му привлечат внимание, и сум заборавила една таму од друг сет и он ми вика еве фрли го и ова си го заборавила мама . Играчка не го интересира значи, а цртани гледа многу ретко. Не знам како да постапам, никако не ја бива, со маж ми сме на нож цело време ради него. И јас ќе почнам со б6, мора доктор да ми препише или сама да почнам по 2 на ден?
Мајка, ние имавме тортира на вечер од кога дојде бебе, наместо бебе да ме буди, ме будеше големава со врискање со трескање од земја по 3-4 пати од вечер. Од кога почнав ја да спијам со неа, наспани сме. Да не се осеќа осамено ради ти шо не спиеш со негп тоа? А да пробаш да спиеш ти наместп татко му. Кај нас маж ми ќотек јадеше кога ќе видеше дека е он до неа, а не јас
Те читав уште во труднички, еднаш и ти пишав овде дека се наеднаш ќе му дојде на детето, бебе ниво, градинка па и детска соба, се тоа е премногу за едно дете, можеби некое поинаку ќе реагира ама има и поосетливи. И те читав и во Децата и градинките, изгледа и не го носите сега? Јас би те советувала многу посмирено да одите со него, удирање, викање никако, ако ти е тешко затвори се и исплачи се сама, пред него не, зборување пред него за него и неговата ситуација не, се слушаат, се памтат, малку игнорирање на некои испади, тоа помагаше кај моето. @Cosmic Girl ако може нека пише нешто постручно. Иначе периодот од 3 до 4 год беше најлош, најтежок кај синко, исто имаше период пред да направи 4 год каде што мислев дека детево готово има некој психички проблем, го носев кај матичната Б6 пиеше по 1 апче така цело на вечер, почна сите букви и бројки да ги пишува и само тоа бараше, само така се смируваше, за 1 недела ослабев 4кг од нерви. И само ај да пишуваме букви, буквално како хипнотизиран беше. После 4 год имам друго дете, разбрано, со користење на Фала, Повели итн... Буквално како со голем се да зборуваш и да си правиш планови за нешто, да те прашува дали можи да јади од нешто ако сум му рекла некогаш не, еве го сега е кај мајка ми а вчера имаше дијреа и ми се јавија да ме прашал дали можи да јади од тоа што му дала баба му
Здраво @lackygirl . Еднаш и пишав на @elenaklasik кога прашуваше за спиењето на дете од 3 години во своја соба. Колку што памтам тогаш веќе беше бебето родено и тие спремаа негова детска соба. Таа не пиша тогаш дека детето прави некакви проблеми, само сакаше да превенира, ако може, таков развој на настаните во иднина. И тогаш и реков дека по правило дете на три години може да спие само во соба, само треба да се следи детето дали е спремно за тоа. Да не се форсира ако не сака, на што @elenaklasik рече дека го следат и дека секако нема да го прават тоа ако мислат дека е исфорсирано. Знам дека многу труд вложија за да детето таа промена ја преживее што полесно. Тоа што спие тато до него е добра идеа, но мислам дека некогаш треба да се сменат родителите. Не мора да е за спиење, иако и тоа не би било лошо, но побитно е во текот на денот да може мајката да биде со детето. Тато (или некој друг) да го чува бебето, а мама да е со него. Ако на детето му е времето поминато со мама намалено поради доаѓањето на приновата, да се направи напор и мама да издвои време за заеднички активности со него. Дали ќе гледаат цртани, ќе играат, ќе прават прошетка или нешто сл., било што што тие двајцата сами ќе го прават. Не е битна активноста, битно е да се помине некое време заедно, без да се двои вниманието што треба да го добие детето со некој друг. Ако тоа често се прави, може да си направат и редовна рутина која ќе биде нивна, заедничка. Тоа ќе му даде чуство на сигурност на детето дека без разлика на промените мајка му секогаш ќе е тука за него. Можеби и тоа поаѓање во градинка можело да се одложи за после летото, за да не биде во исто време со сите овие промени дома, ама не знам каква била ситуацијата во домот... Секако доста промени во кратко време му се собрале на детето. Играјте со него, низ игра информирајте се како му е на детето поминат денот, како се осеќа, што правело. Тоа ќе ви биде најдобар показател што е тоа што му недостига. @elenaklasik мене повеќе ме загрижуваат ноќните стравови и терори. Мора да има некоја причина за тоа, односно стравот кај детето мора да е од нешто предизвикан. Еднаш ако се случило може да било само лош сон, но следете дали ќе се повторува. Ако се повторува мора да се разговара со психолог. Како му е во градинката? Се адаптирал ли таму? Што ви кажуваат учителките? Како се сложува со другите деца во градинка и со нив? Дали нешто таму го плаши?
Здраво, девојки. Ви благодарам на советите, многу ми значат. Сите промени кои ги поттикнавме, имаа простор од определено време. Бебето дојде во февруари и тогаш вака немаше, потоа пелените ги тргнавме крајот на март, и тоа време беше веќе, ама и со тоа лесно поминавме. Во април го префрливме во детската, ама мораше, значи во помал стан, таа соба ни беше потребна да е готова, од практична причина. А дури во јуни тргна во градинка. Наивно е да речам дека не е сѐ собрано, иако имаше месец дена меѓу промените, сепак -можеби- му влијаат. Кога почна во градинка, првите дена немаше плачење, на четвртиот ден фати температура, 39 и истата ноќ се појави рикањето . И следните ноќи. Паузира една недела, па пак почна. Одеше две цели недели без престан, немаше воопшто рикање. И на третата недела пак му се појави температура, ама пониска 37,7. Тоа беше минатата среда. Саботата немаше рикање, а сиве дена инаку по два три пати. Вчера велеше тато шо е она и со прсте покажуваше, ама згаснати светла. Другпат тато кај ојме, крени ме, ај ова беше од почетокот во градинка првата недела со затскриено го носевме, без да спомнеме. Грешка наша . Потоа веќе се поправибме и секогаш кажуваме каде одиме и кој ќе го земе и кога. Јас му велам да ручаш и мама ќе дојде да те земе. Еднаш преку ден нешто играше и неколку пати ме прашуваше мама како треба мама како треба и јас нешто друго правев. Не му обрнав внимание, и дури вечерта и тоа го спомнуваше ноќта низ плачење. Значи ум немам Козми ќе му остане некоја траума? Значи јас овде давам чесен збор дека ќе бидам помирна и без удирање, жал ми е вака. Вечер ќе спијам до него. Татко му спие на горниот кревет, ама јас ќе легнам до син ми на долниот. На спрат се. Козми, сами од себе поминуваат овие фази? Како да откријам преку игра што му се случува во градинка? Тој по малку сам кажува. Инаку го земам весел, еве денес учителката го пофали , немам зборови рече. Е на почетокот не сакаше да моча во мала шолја, па во него се мочаше, кажуваше се плашам, па му понудија во нокширот. И тука отпор давал, па којзнае како се имаат однесувано тие, сега моча на место. Наутро секако нејќе да оди, сакам ваму сакам таму па се убедуваме и на крај оди, ама за земање е убав . Ми покажува на рачето срцето што му цртале. Ми рекоа на кушање да го носиме, ќе му поминел стравот, ама нели се тие против бог работи? Инаку, Козми имаш ли да ми препорачаш психолог од Скопје, во Охрид немаме стручен. Заборавив да дополнам дека и лани во ноември на две и пол години имаше една недела рикање во сон и тоа ептен и помина. Нит градинка нит бебе нит ништо немаше. Припишаб на когнитивен развој.
Zdravo Denes bevme na doktor so sin mi na kontrola i doktorot mi rece deka sinceto nemoze da se skoncentrira i da se fokusira na nisto zs eventualno nogu videa i crtani gledal...a sin mi niti gleda niti bara da gleda mnogu. Jas mu pustam nekogas crtani i tolku ama doktorot me ubeduva kao od toa e sigurno. 3 godinj ima ke pocne za brzo vo gradinka i mi napravi termin za 3 meseci kao na kontrola pak. Nekoj slicno iskustvo ili sovet?
Прво сакам да објаснам за тоа кога ни се болни децата: Кога било болно со висока температура кошмарот му бил од самото тоа што не бил добар. Ако неколку дена бил со температура и имал физички тегоби, може да е тоа причината зошто лошо спиел или имал кошмари или страв тие денови. Кошмарите не се невообичаени кога детето има температура дури и помала. Додека да оздрави може да се повторуваат некој ден и понатаму, дури и ако нема температура, ама ќе поминат и кога ќе е физички доволно добро, нема да се повторуваат. Кога се болни дечињата им треба родителот (најдобро мајка му) да е до нив, макар и ништо да не му треба во моментот на детето или да може да му го даде истото и некој друг од семејството (баба, дедо). Самото тоа што знае дека мајка му е до него му дава сигурност, како да го утешува во маките, знаеш. Треба некоја златна средина да се најде во тоа колку внимание треба да добие болното дете од родителот тогаш. Не треба многу секирации отворено да се покажуваат пред детето за неговото здравје кога е болно или да се покажува страв за неговото здравје пред детето, зошто не сакаш да има перцепција дека кога сме болни тоа е нешто многу страшно. Значи малку повеќе време со него тогаш од она што го добива како кога е здрав. Навечер да знае дека си му блиску ако има потреба од тебе. Или да спиете заедно или да сте физички блиску (во иста соба, соба една до друга со отворена врата меѓу двете соби и сл). Добро е што му кажувате каде оди кога излегувате, зошто ако оди без да знае дека ќе биде тоа оставање без вас на повеќе саати (пошто тоа е градинката) детето го губи чуството на сигурност. Неизвесноста и несигурноста ќе му предизвикуваат страв, па ќе се плаши да тргне во градинка, па после и било каде да тргне или ќе почне да се плаши дека нема да го земете од таму кај што е оставен и сл. (зошто стравот има тенденција да се генерализира). Секое дете пробува да ескивира градинка, тоа е сосема нормално. Нормално да сака да е дома со неговите повеќе одколку во градинка со учителките и други деца. Ќе се привикне за тоа, не се секирај. Веројатно е бистро детенце што почнува да разбира што се случува околу него па оттука и стравовите. Ваквите стравови се нормални кога детето почнува малку да се одвојува од мајката (родителите) и кога почнува да разбира дека може да остане само, без родителите. Доволно е развиено да го сфати тоа, ама сепак недоволно да се справи со тоа сознание и емотивно. Ќе се адаптира на овој момент ама мора да му дадете поддршка низ тој период ти и сопругот. Мислам дека немаш потреба да се плашиш дека ќе му останат трауми и дека се може да се реши само ако му се посветува доволно внимание и време и на него. Да му потврдувате секој пат кога ќе имате прилика дека мама и тато се тука за него, без разлика на никој и ништо. Што и да се смени, случи, дека вие останувате крај него. Битно е да го осети тоа, да го почуствува, не само да го слушне од вашата уста. Тоа на таа возраст се прави низ пример, подобро отколку со зборување, односно низ вашето однесување кон детето. Тоа не значи дека не треба да му зборуваш, напротив, треба да си разговарате кога сте заедно. Убаво е да може да си каже се што му лежи на срце и да биде ислушан од ваша страна со внимание, за да знае дека и тој ви е исто толку битен, (па и побитен) од другите луѓе, од вашата работа, обврски и сл. Тоа зборување би било со таа цел, па затоа може и ако плаче бебето, а знаеш дека не плаче за нешто итно и може да почека (или друг да го земе) да не се прекинува разговорот со детето кој веќе започнал. Треба трпение и кога го немаме некогаш. Ако треба изброј до десет, напрај нешто, ама детето треба да добие внимание и интерес од родителот. На волку мала возраст вербализацијата на мислите и емоциите на децата не им оди лесно. Како се осеќа повеќе ќе разбереш од игрите што ги игра или од она што го црта и од неговото целокупно однесување (дали е повлечено повеќе од обично, или е весело и сл) отколку од она што ќе ти го каже детето со зборови. За да бидеш покрај него правете нешто заедно. Тоа време нека е активно искористено. Играјте игри, цртајте, моделирајте со тесто, пластелин, сега е лето- играјте со вода и сл. Не е битно каква игра, каква активност, дали е прошетка или било што, само битно е да добие внимание и време од вас. Да си физички до него подолго, почесто и тоа присутна активно. Не би знаела детски психолог да препорачам, зошто не сум во тек кој работи и каде. Тие со кои сум имала позитивно искуство не сум во тек дали уште работат или се во пензија. Можеби некој од членките би знаел да препорача..
Луѓе кажувајте чаре. Ќерка ми е 5 години и во последно време е многу агресивна и плус плаче за се и сешто. Зборува погрдни работи кои не доликуваат на дете. Мене ми вика дај сок или ќе те истепам. Се зафаќа со брат и, го штипе.. еднаш ми рече ти си глупа. Плаче за се и сешто. Сакам сок и плаче. Облечи ме и плаче. Ми се моча плаче. Ако нешто не е по нејзино не прифаќа никако. Не прифаќа не за одговор. Си тера по нејзино. Ако сме во продавница и ако не и купам нешто се треска од земја и плаче па ќе си го земе и покрај тоа што 100 пати сум и рекла не може. Плаче за глупости. Неколку пати и повраќа од толку плачење. Значи стварно веќе немам памет. Готова сум за на психијатар. Не можам веќе ни со добро ни со лошо. Ќе ја плеснам по газе па после ми е жал ама не сум моќна да сменам нешто. Инаку е злато од дете. Ама ја фаќаат периоди вака кај што прави а јас не можам да ја гледам така и одма ми се спојуваат жичките во глава. Ве молам за некакво искуство и решение зошто ќе полудам.
Пробај насочувај и го вниманието кон нешто друго, пред да почне да плаче. На пр ајде денес му е роденден на некое другарче од градинка, или ако е попладне ќе дојде некој, или леле заборавив нешто и трчаш накај кујна, тоалет. Кај нас тоа помага понекогаш. Пробај и ти
5 години сме. Од догодина здравје почнуваме во училиште. Живееме во странство од неодамна, почна со градинка, се вклопи супер. Само проблем имаме не е воопшто заинтересиран за тие школски работи . Не сака да црта, не сака да бои. Единствено само игра со колички во градинка, таков е системот значи кое дете што сака прави, не ги присилуваат да прават што не сакаат. Онака знае броеви, знае се да брои ги распознава, боите исто, само не му кажувај да седне да црта, да бои . Јас дома го терам, но несака. Некои слично искуство?
Може не е прашањево за тука... На која возраст на женски деца почнаа влакна да им се познаваат на интима
леле како да се читам себеси само мојата е 3 ипол години а братчето едвај 3 месеци немс уште кажано дека сум глупава ( само тоа уште фали) и уште имам контрола да не земе се од рсфтови ама стварно ја фаќаат будалите и се однесува како див звер со сите околу неа плачење за свашта мора да сум до неа во секој момент кога ке и се посака не сака да јаде итн а кога е добра срце е