Ќерка ми е 4ипол години, луѓе последниот месец не ја познавам. Многу ама многу е агресивна и хистерична, за се и сешто плаче, мрмка, се дера и удира. Почнавме сама да ја пуштиме да си игра со децата од маалото, луѓе од машко дете помало од неа се научи среден прст да покажува. Ни со арно, ни со лошо кажување не се смирува, многу ми е мака кога го вади од мене најнај лошото, незнам како да и помогнам Многу е паметна, ги знае бројките, сега ги учиме пополека и буквите, зборува на Мк, Гер и Англиски, прегеска ми се извини, ама јас тие нервози неможам веќе да ги трпам по цел ден.
Пробајте со повеќе физичка активност, или обрнете внимание пред да почне ајде на бањање или ајде на трчање (давајте и задачки ) ако постапувате лошо, џабе е арното после
А да се смириш ти? Често знаат да се агресивни и нервозни ако ние сме нервозни и немаме разбирање за нив.. колку повеќе се нервирав јас и по 100 пати како папагал повторував, толку повеќе инает беше и претеруваше, од како се вратив во нормала со нервозата, многу повеќе има разбирње и она кон мене и знаеме да се договориме. Примеќам и по бебево, ако дента сум цела накострежена и она е поплачлива и не лесно се смирува. Некија промена да не има? И тоа знае да направи такви однесувања, фрустрација заради нешто, па да делова на целокупното однесување. @*malenavolena*87 како сте? Кај нас ептен се подобри ситуацијата, скроз сме на старо, нормално некогаш има испад ама па дете е де.. И мајки какви и од каде перници користат вашите? Треба во Мк да и купат ама не знам од каде да им речам
Прво стави граница таму кај што треба (баба дедо) Отворено јасно и гласно и твоетп НЕ замени ги со објаснување (пр: надвор не се оди боса ајде да облечеме патики, штекот служи да го наполниме телефонот)
Сите деца имаат таков период кога учат нови(безобразни) работи од други деца на улица, во градинка, во школо.. Без разлика дали се тоа пцовки, безобразни работи, не и повторувај постојано не така, не така, ќе види дека никој освен неа не прави така, и не и обрнува внимание за тоа, на никого не му е смешно, и ќе престане.. Се додека му даваш на внимание на тоа, во случајов покажување на среден прст, она ќе го прави, бидејќи децата на таа возраст сакаат внимание, и по секоја цена ќе го добијат, дали со убаво, дали со глупости правење..
Јас стварно немам ништо против баба и и дедо и, ама искрено почна малце да ми смета кога ја бранат кога не треба. Иако и мм и кажа остави ја мајка и ќе ја среди, не се мешај, пак од страна, она не била крива, не направила ништо лошо, најпаметна. Многу се нервирам заради тие работи дека моето НЕ, моето дете не го регистрира во нивно присуство. На пр денеска сме ко не чно дома и мислам дека имам друго дете, си игра, ме слуша, нема дерење итн. Не очекувам моето дете да биде како растение, ама оваа трескање од земја и рикање нема шанси да помине низ мене, барем да знам зошто плаче да не ми биде мака дека се нервирам, а така оти на неа и текнало или не сме и оствариле желба некоја шанси нема.
Ако приметуваш дека однесувањето на бабата и дедото се извор на понашањето на детето, седни со нив и убаво и со мирен тон кажи им дека тоа нивно бранење лошо се одразува на понашањето на детето, се разбира дека го сакаат но кога ти настапуваш тие да се повлечат. во нашиов случај далеку сме од сите но кога сме заедно се повлекуваат двете и ќутат, велат ти си мајка, имало ситуации се пика кај бабите бара нивно одобрение ама му велат мајка ти и татко ти како ќе кажат и па пак си е своеглаво, дрецкање, тантруми, пискање, инаети…. Не реагирам чекам да се соземе ама да не си ми во душава, пукам од внатре
се трудам секок ден да сме поактивни да има занимации и кога и е поисполнет денот помалку сме накострешени .....Знам дека е до мене дека треба дс пробам да се вратаѓ на старо о да бидам дете со неа ....сепак има само 3 ипол години ете сега мали цица а јас треба да раскажувам ....одам
баба и дедо колку што се помош толку и не се .....да има каде да оди за да одморам ил завршам дома нешто аѓа сегде се исти .....а ја скарам "Ела баба момичката ....Ај на баба она ела кај мене ....." и ред други С..ња од свеки што не ми се ни збори .....периодов ми е дома девојчето и не е разлошена само поради промената туку и поради поголемото време поминато со бабаи која за да не плаче ке стои и на трепки.....Вчера го удира свекорот јас и викам срсмотс уште еднаш така да не си направила ....а он на тоа " Нека на нас таква ни е играта " ....ј..ем ти игра да ти ј..бем ......И во однос на јадење со мене сабајле се јаде овес ил просо па пред спиење леб со нешто попладне ручек и вечерта вечера ..... пред некој ден ми вика " аман бе мама со овие овес и просо па леб дај ми ....." викам од каде ти е ова " баба ми рече лепче треба да јадам " пошто од леб за доручек и вечера подалеку не се знае ама незнам веке што да речам .....не разбира кога и се кажува мм 100 пати и иѓа кажано и малтене џа инает некои работи ги прави и неможам да ја ограничам да не се гледаат пошто малава а загусти дома бара таму да оди ......така да здравје после одмор се враќаме во градинка па и во нормала и помало влијание на старите .....
Мајки, можно ли е дете после 3 наполнети години наеднаш да се промени. Од дете што било мирно дома, си играло, се шетало на игралишта, и нареден ден наеднаш да не сака ништо од тоа, и да ми се закачи само в раце, ако ја тргнам вришти, рита, грбот нема да ми издржи . Ако е фаза, се надевам не е некој страв од градинка, колку би траело.
Ајде мајки давајте совет. Антонија има 4ипол години. Пди во радинка, рљзбира, комуницирам со неа како голема. Ќе опишам како обично ни изгледа денот за да приметите дали нешто правам погрешно. Сабајле ја будам, се гушкаме, па се спремаме за во градинка/работа, сама бира што ќе носи, јас можам да и предложам дека времето е такво и такво, дека фустанот е свечен или нешто слично. Се миеме, и правам фризура и одиме. Се враќам од работа, ја земам, учеа во градинка за бои и смајлиња и чувства па ја шрашивам кое смајли била денес, зошто така се чувствувала, дали имало нешто посебно интересно денес и она ме прашува исто, дури си додадовме и нови бои за уморно и болно. Одиме дома ручаме со молење зошто се она не е гладна, потоа ако е жешко/врне играме нешто дома, лепче солче биберче, газенка, на буквата, топло-ладно. После јас пијам кафе а таа си наоѓа нешто и сама игра или со брат и 1ипол. После излегуваме надвор возиме точак, тротинет или пешки шетаме круг низ маало заедно со малиот, или на лулашки, во слаткарница ама да е нешто со возење/пешачење. Ако има дечиња во маалото ја пуштам пола саат, саат со нив, дома на вечерање пак со молење. После ги туширам и одам да го успивам малиот а Антонија или сама ќе си игра, или ќе бои или најчесто гледа дајте музика. И тука почнува хоророт (еднаш до два пати неделно обавезно). Се враќам и и викам ајде мама на спиење, може само ова да заврши? и најчесто дозволувам. И кога ќе заврши не сака да стане, ги крие далечинската, плаче, вика, ме навредува, јас сум била лоша мајка, срам да ми е, она сакала цела ноќ да седи и да гледа, каде што јас најсмирено и одговарам дека договор си е договор, дека е време за спиење, дека утре треба да се стане рано за во градинка, да најдеме нешто за носење, да најдеме играчка за спиење, да си одбере приказна за добра ноќ, како и дека треба да внимава на своето однесување зошто ќе и се налутам, дека нејзините зборови ме повредуваат на што она почнува и да ме удира. Тука веќе јас само се тргам и кажувам дека мајка не се тепа, ниту мајка ниту татко, ниту баба, дедо, дека сум и скарана, и дека како казна нема да гледа тв, ни yt, ниту пак ќе одиме да шетаме ако нешто сме планирале наредниот ден, дека така не треба да се однесува едно убаво девојче, дека во нашата куќа не се тепаме туку разговараме . Она одговара со гајле ми е, не те сакам, оди си. Истово обавезно се случува ако и го исклучам цртанот/серијата на средина. Седиме во тишина некое време и ја прашувам дали сака да се смириме, да ми се извини, да се гушнеме, на што она ми кажува дека никогаш во животот нема да ми се смири, па ја прашувам зошто ми е таа лута на мене кога всушност јас сум повредена, дека она мене ме тепала и дека треба да ми се извини прво па дури потоа јас да и простам и да се смириме. Некогаш се смируваме, најчесто не (како вчера). И утрово го пуштив малиот да ја разбуди, она се жалеше да ми каже дека ја скубнал јас само и реков, ние две сме сакарани, јас не разговарам со тебе се спремив и си излегов на работа. Сопругот ги носеше во градинка и ја прашувал утрово за тоа што се случило а она само ќутела, му се испонашала и на него му терала инает. Ја искарал ама без ефект. Горе долу мислам опфатив се, давајте совет, прашувајте.
Мислам дека е љубоморна на тоа што прво го успиваш брат и и на тој начин покажува незадоволство. Од се ова што кажа само тоа ми доаѓа на ум.
Искрено не гледам некој премногу голем проблем тука. Гледам дете кое сака да ја изгледа епизодата или видеото до крај без да е прекинато. Детето според мене ти е супер, само се лути кога и го кратиш времето за гледање тв или јт и реагира малку побурно. Пробајте пред да и пуштиш нешто да се договорите колку време смее, и пред да дојде време за спиење неколку пати да ја потсетиш дека уште малку и останува. Некогаш е во ред да почекате да заврши видеото, а некогаш може да и се објасни дека може да се паузира па утре ќе го догледа. Пробај без многу објаснување да се поставиш како авторитет. Мора едниот од вас да е "строгиот". Кај нас јас сум попустливата и големиот знае на глава да ми се качи, ама кога маж ми ќе каже еден збор - закон е.
@S.J.Parker А опција е пример навечер секој да си заврши со активностите (вечера, дајте музика, што и да е), гасење светла и сите заедно во кревет?
@zvecarka, @tanjaaa @Skyler Ви благодарам на одговорите. Антонија не верувам да е љубоморна зошто прво го успивам брат и, на почетокот заедно ги успивав околу 20.30-21.00 ама сега она сака да седи барем до 21.30 зошто преспива во градинка и не и се спие толку рано, сама почна да станува од спална и си кажува мене уште не ми се спие, ќе одам доле па кога ќе го успиеш симни се по мене, или пак уште од долу ќе каже не доаѓам јас, оди ти успивај го мене не ми се спие. Проблемот е тука без разлика дали ќе ја догледа епизодата или не. Скоро секогаш ја догледува. Уште пред да одам со малиот се договараме ние ќе одиме, ти ќе гледаш толку и толку време, кога ќе се симнам да заврши епизодата и одиме, да измијам/ раскренам и ќе одиме, кога стрелката на саатот ќе биде тука ќе одиме. Малиот вечера за 5 минути, Антонија вечера минимум половина час и не и се спие толку рано, а малиот не би да го оставам покасно зошто сметам дека до 20.30-21.00 е доволно за да седи буден, тој уште во 20.15 приплакува за во лревет ама чекам барем сестра му да се најаде, за да бидам сигурна дека ќе јаде. Сопругот или свекрва ми само седат и си гледаат тв додека она забушава со јадење. Мене не ми е проблем да ја оставам да ја догледа серијата или цртанот, проблемот е што она сака уште, уште и уште и ако не и дозволиш станува агресивна спрема мене и ме навредува.
А да пробате во такви ситуации да се приклучи и татко и, и да ја искара дека така не смее, не е во ред и сл? Или да и забраните телефон или телевизор на одредено време за да си ја увиди грешката.
@S.J.Parker јас им кажувам еднаш и предупредувам доколку не си стојат на договореното нареден пат воопшто нема да добијат. Во конкретен пример за ТВ, доколку се случи да има одвраќање не само што веднаш гасам туку и нареден ден нема. Доколку наредниот ден се повтори исто добиваат забрана од недела. Имало забрани и по месец. Општо, ТВ пред легнување не е препорачливо. Кај нас помага консеквентност и секако доколку јас кажувам нешто сите присутни да не си свиркаат. Да, јас зборам, јас кажувам, ама да не е дека сме јас против сите.
@S.J.Parker ние дома функционираме на тајмери. И за тв, и за телефон. Кога ќе ѕвони саатчето, веднаш се гаси телевизорот или телефонот. Имало испади, особено од големата, ама не попуштам и веќе знаат дека сме се договориле и плачки, викање и вреѓање, нема да запали. Друго што сакав да ти кажам, мислам дека не треба да бараш извинување и простување од дете. Те гледа дека си ранлива и го користи тоа за да те повреди. Колку и да се невини децата, знаат да бидат и многу манипулативни. И мене некогаш големата знае да ми рече дека сум лоша мајка и викам да, лоша сум. Биди добра, ќе бидам добра. Ако си лоша, и јас станувам таква. Не барам извинување, затоа што за нив е тоа сѐ уште апстрактно и само збор што нас ќе нѐ задоволи, односно нашето его. Во такви ситуации и со такви деца, сметам дека не треба премногу да се покажуваат емоциите на родителот, како тага, навреденост, повреденост од зборовите на детето, туку да видат стабилност и одлучност, дека правилата се тие според договореното претходно. Ако веќе сте се договориле дека штом кажеш толку, се гаси телевизорот, тоа на крај треба да се испочитува. Некогаш е my way, or the high way.
Јас се согласувам со моментот дека треба да се укине ТВ некое време, и конкретно да и се каже дека е казна за лошо однесување. Јас така би пристапила на вакбо однесување. Чисто како алтернативна идеја би ти рекла ова да го пробаш: И мојата е 4ипол, сега веќе ги знае бројките па така се договараме (ќе гледаш додека не стигне таа стрелка до тој број). Ама кога беше помала обоив еден саат вака и ја извадив малата стрелка, само голема имаше. И сама можеше да си види кога е време за што. Ако дојде последниот црвен дел, време е за спиење и крај. Со ќерка ми најавите се покажаа многу ефективни (имаш уште 5 минути, или имаш уште еден цртан). Порано исто правеше проблеми, сега ако речам уште ова и готово, сама гаси и вика готово. Или друга алтернатива, друг нека ја успива. Ако ти нашла слабост да троши време само за да не спие, со некој друг построг полесно ќе помине. Муабетот што и го правиш е супер, ама во сред нејзините нервози сигурно нити те слуша нити и е гајле. За јадењето немам коментар, исти сме. 4ипол години, нема ни 15 кила. Скакулец.
И јас да се пријавам тука. 3 години и 4 месеци сме и имаме 13 кг. Ништо не јаде, прибирлива многу, јадење е само со лажење со играње да не кажам со сила. Живци си ги скинав. Немам каков сируп не дадено . Ептен е активна, палава, со играчки во последно време несака да се игра посебно кога е надвор во двор. Плаче за глупости и никако да ја убедам. Несака воопшто да ме слуша, се кара со мене. Да ве прашам околу витамин б6 дали може да давам таблети. Имам купено б6 комплекс на Крка јас ги пијам оа дали би можела да давам и на неа ?