Сите гласови со чист изговор се очекува на полни 4 да се кажуваат, а не на 5 (ова е како мене ми кажа логопед), поради што јас мојата ќерка на нејзини 4 г.и 4 м одлучив да ја носам на логопед поради неколку неправилно изговарани букви.
Све убаво, ама нема голема врска интеракцијата на таткото, иако е секако убаво да ја има. Колку деца на самохрани мајки немаат проблем со родов идентитет? 99.9% остануваат ист род како што се родиле. И во случајот со детето на познаниците, на 15г веќе знае во каков род се пронаоѓа, а тоа ако е различен род од тој во кој е роден, нема многу што може да направат да го 'разубедат'.
На ќерка ми и се имаат појавено 3 огромни флеки во задниот дел на главата полни се со струпки( како првут). Што можам да користам да и се тргнат од глсвата?
Тоа од кога почна жешкото почна многу да се поти и неконтролирано да се чеша во задниот дел на главата. Сакав да пробам прво со мустела или нешто друго, па ако не поминат секако ќе ја носам на доктор.
Од жешкото се има потено, а габичните инфекции на влажно се развиваат, затоа најдобронамерно ти пишав за дерматолог. Ако сеуште има мака и ја чеша , подобро е да ја однесеш порано. Секако ти си одлучуваш.
И кај нас беше и сеуште е во таа фаза син ми(3.5год) а почна пред година дена. Стално знае да избаци дека е женско и дека омилена му е розевата боја. Јас некогаш реагирам, некогаш не ама искрено го обвинувам маж ми за ова бидејќи уште прв пат кога рече дека сакал розево он одма рипна да му објаснува машки-женски ствари а синчето е малку инат па мислам дека и повеќе му се контра, намерно му вика дека ја сака највеќе Скај од Пав патрол кутрињата и такви некој ситници. Не знам… сакам да верувам дека е фаза и дека ќе помине, бидејќи на мене не ми се контра така. Вака инаку постојано си игра со животни и диносауруси, никогаш не посакал да му купам женска играчка, меѓутоа ги гледа во продавница и вика а ова за братучетка ми да и го купам.
Ова ми е тука оф топик во оваа тема, размислете пред да пишете без да паничите други мајки еве на 3-5 годишни деца Фаза на 12-15 години не е баш за жал. Други испитувања да направат (хормони и слично) и да не мижат пред проблемот
Еве го мојов вчера се лакирав плачеше зошто него не го лакирам rofl: јас се смеам и би му дозволила а мм се нервира и овој го гледа и упорно прашува ама зашо и овој му објаснува машките не се лакираат бла бла и малиов вели па ја сум женско само да го добие тоа што сака
Да, само да си оствари што си замислам. Ме нервира и мене, не дека не ама јас не му објаснувам толку, него го вртам по на дипломатски да му одговорам, а маж ми во секунда ќе се изнервира кога ќе рече така и одма лекции му држи.
Не е оф топик, зашто тоа се појави уште од возраст на 2-3 год од кога свесно почна да игра со играчки, и преферираше женски, се освестија касно,точно дека децата на оваа возраст имаат фази каде испитуваат и експериментираат ама кај ова дете се задржа тоа и дури на 12 год реагираа. И испитуваа хормони и го носат по лекари, психолози и тоа е. Не е работата некој да се паничи туку да се отворат очи на време и да се следат децата.
И бара објаснување а зошто машките не се лакираат, не ставаат кармин не се шминкаат, кога ќе му рече татко му така. А јас секогаш велам децата не се лакираат шминкаат и слично, ама гледал во градинка девојчињата биле лакирани 3г се , па и тоа објаснувам и така... Нормално си игра со се и кујна и коли алати чичковци и готви и пазарува и чисти и поправа како мајстор не бара женски алишта кога идеме да купуваме, додуше воопшто не е заинтересиран што ќе му облечам, ретко нешто избацува зошто мисли е смешен и се смее е затоа обожава accessories нараквици, прстени, часовници
Друштво како сте? Ме интересира да ми споделат мајките какви се вашите деца со развој на оваа возраст, да речеме конкретно од 3 до 3 и пол години. Мојов мал е, да речам, уште помал. Посмален. Тантруми некако класични се намалија, ама сега пошто спомнав, ќе откачи некој до после Е добро. Значи тантруми онака, посмирено. Ама кога ќе се фати за нешто, ако не е по негово, писка. За капење знае да приписка, дома во 8 навечер баш тогаш се растрчува. Оди контра нам. Целиот е како збрлавен некогаш. Дека и во градинка е здружен со некое дете и си трчале таму играле, воспитувачката ги викала да се зближат за игра сите, овие ветар. Па изведува нешто, приправа, зборува само, повторува, англиски почна бои бројки да учи, зборови. И научи пцовка од нас. И сега што? јас не реагирам зошто тој не знае што значи тоа, ако упорно велам да прекине нему уште поинтересно му е. Само му пренасочувам внимание. Со бебето де се турка, де се гушка. Де го сака, де вели не го сакам. Ај добро, тоа е фаза. Ама убедувањево некогаш, па со финти па со игри, црпи енергија. Hasta quando? А и пискање, контрање, ко не знам, ко невиден е. Во градинка сега е добар, оди наутро, јаде, игра таму, само воспитувачката рече јас едно зборувам, тие друго, како на 2 години да е (последново е моја перцепција)
Скроз исто. Едно велиш, друго прави. Само контра да е, скроз погрешно ама устата пена ми фаќа од објаснување секој ден со сааати и фатив ако сакам нешо да напраи и велам не прави и ќе го напрај. Знам дека е погрешно ама сила неам реално и некогаш морам и јас така. Нема кај не е качена, да може на лустер ќе се клати, очекувам да ја расцепи главата деновиве.. значи какви акробациии аууу Со бебе е добра супер е ама навечер е маката додека спиеме станува и пишти по мене. Пошо паузиравме градинка т.е ја одпишавме сега во нова требс да почне, ме фаќс страв како ќе не виде следниов период. За пцуење ние не пцуеме вистина ама еднаш се деси маж да испи*кара све живо и она толку и фалеше и почна кога се нервира ама не и обрнав внимание и престана сама за многу брзо
Мојов е 3 год и 1м . Значи збори, знае се , се му текнува, на се има одговор. Ама еден лош карактер што е од такт ме вади, веќе не знам ни како да постапам ни што да мислам. Значи кога и да го прашам како си поминал во градинка секогаш одговорот е многу убаво. Што правевте се случи ли нешто интересно,не одговара луѓе ништо не кажува што се случува што праеле дали нешто учеле. Ако почне да си кажува песничка некоја што ја учеле и примети дека го слушам веднаш почнува да кажува глупости, ако си седи си брои нешто си игра боите си ги кажува на пр ајде дојди со црнниот камион и слично, а јас ако го прашам која боја е ова или колку коли има или ајде да броиме се прави не знае, кажува грешно и се смее,или праи збунета фаца и ми вика ти ми кажи. Ако го прашувам нешто што несака да го одговори,ме игнорира и си збори нешто он што сака ... од такт ме вади у тие моменти. Тантруми не е имал нешто посебно.ама затоа сега имаше фаза на не , не те сакам, нејкам ништо, или мене никој ништо не ми дава... Ако нешто некоја играчка му се скрши или растури вриснува плаче како да скршил рака нога ..... Пцовка и мојов знае , и тестира како ќе изреагираме почнув со пи.ка ти... И чека реакција и ако не реагирам не не не е убаво така да се збори, или ке ја каже цела и ми вика ти не ме слушна коа ќе му речам не збори не е културно така.... Се надевам дека ќе се оправи
Здраво сакам да прашам како јадат вашите дечиња, пошто еве 3 години наполни се јас му давам со раце со лажица со вилушка Ич нема интерес самиот да земи со рачето само гледа цртани, а гладен е и бара чипс или нешто безвеза, седнува на маса и е здрвен нема контакт со храна. Ќе оди вградинка таму сигурно нема да го молат и да му дават лајче по лајче ко на бебе. Исто така да прашам како да надмини страв пошто имаше инцидент со едно детенце кое го искаса па сега бега од децата, како ќе биди во градинка?
Исто, дури некогаш бара и смоки јас да му давам јадење катастрофа, деца не сака се мислам дали да почекам уште со градинка. Ако има некоја мајка толку позитивно искуство со градинка, да дојде дете до многу големи промени да се испофали. Да мислам позитивно, сакам да го пуштам ама страв ми е
Деца многу сакаше само шо не знае уште да си игра но контакт си има, сега кога и да види дете вика по мене и бега од детето мисли и то нешто ќе му напрај и плус и тој почна нас да не каса ужас таман се одвикна од таа фаза сега пак одново да викаме по него. За ова со јадењево гладен седи ама сам не јади пробав да му остам да му покажам, се надевам вградинка нема гладен да биди по цел ден, а кога е гладен бара млеко и е понервозен. Затоа прашувам како ги навикнуваат сами да си јадат сега поголеми се, сакам да ужива и да си ручка така тој тоа не го покажува се му е ко на сила, не само за едно јадење за сите така.
Истиот проблем со јадењето. Ако е нешто со лажица или виљушка мора да му давам јас инаку слободно нека седи ручекот на маса, нема шанси да земе сам да јаде. Нејадач голем, само ручекот му е да речам пообилен оброк, се друго се смоки, овошни јогуртчиња и слично. Дури и нив што ги сака премногу, да му дадам сам да ги јаде, нема да јаде туку ќе си мачка така со лажиче кај ќе стигне и в уста ни едно нема да стави. Истово сакав да го прашам и јас, ако има некој совет како полесно и поефективно да му зголемам интерес сам да јаде, нека сподели. Инаку 3 год и 3м е.
Мојот за некој ден 4год ќе прави. Манипулатор жив е,кога сака јаде сам кога не ние да му даваме. Некогаш јаде брзо,некогаш се влечка по 30-40мин. Пр. Корнфлекс со млеко ќе срка сам со лажица, ама манџа мама да му даде. Кришка за појадок-вечера ќе ја земе во рака ќе гризе,ама некогаш треба да го потсетам да лапне. Пред некој ден имаше брокула,месо и пире во тањирчето, јадеше со рака брокула и месо. Како да сака да избегне прибор. Во градинка јаде сам,со прибор. Брзо.