Син ми, до 5-6 години ми викаше јас да му давам кога јадеме, сам не сакаше, од бебе е нејадач и на почеток јас му давав за да го залажуваме и да јаде и најверојатно се навикна така и му остана тоа, "ти да ми даваш" Денес е 10 и пол години и веќе сам си јаде, немаме гајле, по малку се уште е нејадач ама барем сам јаде
Ќерка ми беше таква. Мислам дека до 4 години ја ранев јас само за да јади. Ако е нешто за со рака јадеше сама, а ако требаше да се јади со лажица или вилушка немаше шанси. Е во градинка јадеше сама. Немаше проблем таму. Веројатно има врска што ги гледа другите како јадат и што знае дека таму никој нема да и дава. На второто прашање немам одговор, ама сепак можеш да им напомениш на воспитувачките за случајот и исто така да прашаш дали имаат во групата некое проблематично дете па да го пазат од него.
Здраво. Мојата е 3 год и еве за некој ден 6 месеци. Многу е темпераментна, не ме слуша во главно, ретко е да ми рече добро, тоа само ако и одговара нејзе, се што види кај друг сака и она, било да е за јадење или играчка, одма доаѓа и ми вика "мамо и јас сакам киндер јајце, на Корина мајка и и рече ќе и купела киндер и јас сакам да ми купиш"- ова е најпресно од синоќа кога бевме во парк, значи она го сака сега и крај, ме фаќа за рака, одиме сега да купиме и тоа е страшно, се фрла на земја, вика, плаче, оти и реков не може, немам пари, абе тоа пискање, дерење што да ви кажувам. Ете така е за многу работи, се што види сака и она. Ме нервира што сме надвор и ме гледаат луѓе резил сме како она се треска од земја и се дере, мислиш ја колат Многу пати и зборуваме и јас и татко и као ајде во моментов ќе рече ок веќе не правам така и наредниот пат истата песна. Многу е лоша во тој однос, инаку е послушна за работи кои и одговараат, итра е и манипулативна, точно знае што и како и каде, тоа е неверојатно..... Не знам ни јас што ќе се прави со овој однос нејзин. Син ми е 10 и пол години и не беше воопшто такво дете, ден и ноќ се, брат и сестра, а сосем различни
Мајки ај ве молам совет, не знам каде грешам.Имам син има 5.5 год, многу е памтно и темпераментно дете.Супер дете е обично, многу е активен, трча скока, ама сега во последно време некако посмирен е, црта, бои, културен е, оди на карате 3 пати неделно, стигна до портокалов појас, одлично се вклопи таму, и навистина сака да тренира,кога не е на карате го носиме со деца на игралишта и таму супер се вклопува, многу збори, се живо го интересира и сака да учи, се на се би рекла 5ка дете, ама кога ке дојде некој на гости како да полудува, почнува да беснее, скока, не дава играчки, почнува безобразно да збори, како да сака да се направи важен, се закача, се тепа,абе да се чудиш се претвара во сосема друго дете, и не слуша ништо ако го скараме.И само разговор помага со него, само со убаво прифаќа, и обично ке се извини зошто така се однесувал и ке вети дека нема да се повтори се до наредно видување со гостите. Исто е и ако отидеме некаде каде што има мали деца, ретко кога ке се погоди со некои деца.Вчера не знам се мислам дека беше уморен, станат од 6 сабајле беше во градинка, после го носев на логопед и ни дојдоа гости, абе како да влезе нешто во него, збесна детето, се закача, се лути, се тепа, скока, збори безобразно, покажува средн прст а ништо од ова не го прави обично.Се изнервирав, сите го караат, ми реседнаа и гости и се.Никаде не ми се оди ниту ми се примаат гости со деца од овие причини.Фаза ли е ова, ке пројде ли?
Веројатно му смета што му упаѓаат во територија. Разговор пред да дојдат гостите, да знае кога ќе дојдат, можеш да му речеш што не сака да му фаќаат и допираат другите деца да си крене, значи омилените играчи да си ги тргне. И ние не сакаме гостите насекаде да ни шетаат по куќата или отвораат по шкафчињата, да ни фаќаат што ќе им текне. А децата го немаат тоа, ќе дојдат други деца и треба да им биде дозволено сите работи да им ги фаќаат, нормално е да се создава револт.
Да, и ние ги тргаме играчки пред да ни дојдат гости. Зашто веќе омилените му ги скршија. И зошто да го караш ако не сака да дели нешто што му е омилено, само земи ја играчката и тргни ја. И то не би сакала некој да го користи твојот кармин. И не е добро за детето да го караш пред други, уште повеќе ќе се лути. И јас да те прашам, ние сме 4 години и го запишавме на карате. Добро се вклопи н почетокот, ама уште не прават такви класични вежби. Вие колку време тренирате и од кој појас се почнува?
Можеби му упаѓаат во личен простор и не се играат со играчките како што сака тој. Како што ти кажале, прашај дали сака да стави во друга соба некои играчки. Син ми не сака да дели и не го терам. Си крие неколку играчки, пример еден голем трактор, некои багери итн. Потоа во тек на игра ако се скараат за некоја играчка, им ја земам. Уште се мали да се справат со емоции до тој степен, не им е јасно дека што е нивно нема да го земе друго дете.
@RainBow ,@Mother of 2boys , @MilaSs12 не е до играчките, сака важен да се направи, лудува, скока, уште на лустер да се качи, треска глупости, збори безобразно што обично не го прави, се закача, абе како во штекер бркнато.Радосен е, не е лут па да речам од агресија е, повеќе ми личи дека од возбуда незнае што да направи.И кога одиме на гости каде што има мали деца на негова возраст истое , скока, се фаќа, се глупира, лудува.Како да не го карам кога дури гостите се дрзнуваат да го караат, вчера таткото на девојчето што ни беа гости цела вечер го караше, дури го фати за рака и во фаца му се внесе зошто шутирал топка, не реков ништо, станав ги земав топките и ги изнесов надвор.Седнаа да бојат, почна да вреска зошто му ги фаќала омилените фломастери, и дадов водени бои на гостинката, се налути зошто му ја земала четката,и сл.Цело време разговараме дека не е убаво тоа да го прави, дека има право нешто да не даде ако му е омилено и дека е најдобро тоа да го крене ако не сакат да му го чепкаат ама дека не е убаво се да забранува, дека кој и да дојде ке ги разгледа играчките ке си поигра и ке си оди, дека не треба да е скржав, и се тоа е ОК во теорија ама во пракса никако. На карате почна со 4.5 год, од сам старт супер се вклопи, разберен е, слуша таму, вежбаат, учат сложени движења ги викаат кати, плус имаат вежби со пречки,како натпревари, ептен им се интересни тренинзите.Почнуваат со бел појас, па потоа следи бело-жолт појас, па портокалов.За секој појас треба да знаат одредени кати и полагаат пред комисија.Таму е дисциплиниран, има и поголеми деца дури и возрасни, супер се вклопи, вежбаат, се натпреваруваат меѓу себе ептен сум задоволна, и мн е среќен таму.И кога одиме на игралишта секаде има другарчиња, со кои супер комуницира и се игра.А со децава од роднини и блиски пријатели со кои си одиме по гости е хорор.Некогаш се глупира и кога нема мали деца, на пример ке дојде сестра ми со зет ми и нивните деца се тинејџери, он и тогаш лудува, се закача, збори глупости, сака да биде во центар на внимание, и полудува.
Молам? Зошто не рече ништо? Како може во твојот дом некој така да се однесува? Можеш да му зборуваш цело време, да му укажуваш, ама ти, не друг така да му прави, замисли кое понижување е тоа за едно дете. Не знае како да ги регулира емоциите и тоа е, само зборување и објаснување, од мама и тато. На другите ако не им одговара нека си одат, не да оправаат туѓо дете во туѓ дом. Оди ти кај него дома и фати го така девојчето, па да видиш што ќе добиеш од таткото.
Не е прв што се дрзнува да го воспитува, и други си земале за право, некогаш реагирам и тоа прераснува во кавга ,ми се случи тоа со блиски луѓе и сега затоа се контролирам.Кога е со нас е многу умен, и во градинка, и на карате, и културен е, многу убаво разговара, чуствителен е, знае да се извини ако згреши, да биде благодарен, и бистар е многу, се го интересира, читаме, учиме, цело време сме активно посветени и јас и сопругот и се тоа е супер додека не дојде некој на гости или додека не отидеме некаде. Се претвора во сосема друго дете, не слуша, се инати, се надевам дека е фаза и дека му треба време да ги регулира емоциите. И да појаснам тоа се слушува со женски деца, и они го закачаат или квичат без потреба, многу пати и не е реално крив за нешто за кое квицкаат.И се он треба да им попушта засшто биле женски, мислам дека и тоа го нервира плус.
Јас не би дозволила други така да и се обраќаат, особено не дома каде што ни е безбедно место за искажување на емоции. Излегувајте на неутрален терен некој период, можеби подобро, отколку да се доведувате во вакви ситуации.
@macalavica Стварно не можам да разберам како не реагирате на такви работи? Дали сте свесни која не доверба ја стварате кај детето со тоа што молчите пред други за да извегнете конфлект? Извини ама ова е многу поголем проблем од скокање рипање и не слушање. Како отчекуваме децата да се носат со сите емоции коа вие не знаете да се носите со ситуацијата и бегате од конфликт за вас да не ви биде непријатно?
Епа кога реагирам јас излегувам кавгаџика а моето дете е невоспитано, и јас сум лошата на крај секогаш. порано се расправав, ме убедуваа дека сме требале да го тепаме детето, затоа било такво и слични небулози, веќе се уморив, не ми се оди на семејни празници од тоа, што сите се знаат само ние не знаеме ништо со сопругот. Ги чуваме децата како по книга, 100 посто сме посветени со внимание, разговараме со нив, ги шетаме, им читаме, си играме со нив,а овие што паметуваат скоро ништо од тоа не направиле со своите деца а први ми судат дека детето ми било невоспитано зошто не го тепам, ќотекот од рај бил.
Па биди лоша за другите, зашо да бидеш за детето? И мајка ми знае да подрече "плесни ја ко ќе прае така" или некои други според мене непотребни коментари и се карам со нејзе, не го плескам детето. Пример само. Стварно мислам дека не треба да те засега кој што мисли и кажува и дали си лоша. Биди стварно лоша
Толку многу е не битно овоа сето. Воопшто не зборувам како гледаат другите на вас битно е вие какви примери им давате на децата.
@macalavica Се изнервирав што те читав. Ако некој се обиде пред мене да воспитува мое дете ке си го добие. Цел свет нека се налути ако сака. Во моја куќа сум јас главна, ни мене не смее никој ништо да ми каже за воспитување. Ако сум невоспитана, марш од кај што дошле. На маж ти сеедно му беше што друг човек се втури во фаца на негово дете?
Абе така е, ама некогаш не знам како да реагирам, да го карам јас знам дека е џабе тој со лошо ништо не прифаќа уште полош станува, ако се вмешам дека други не треба да го караат или воспитуваат одма мене ме напаѓаат дека јас го разгалувам и дека од мене е таков му давам слобода, никако не сум. Вчера оставив да го скараат за да видам дали ке има ефект некиј друг ако го искара и ништо, он пак си продолжи по свое. Не знам, секако сум јас крива на крај. Денес го прашувам зошто така се однесуваше ми вика зашто ме нервираат. А он ги бараше да ги викнеме да дојдат, и му велам па зошто бараш да ги викаме ако се нервираш, ми рече епа мислев ке се играме ама почна многу да ме нервира. Му реков дека тоа не е оправдување за просто однесување и дека едноставно можел да каже дека несака да се игра па ке сме нашле решение. Ми вика добро мамо во право си, извини нема веќе. Како може да има толку крајности во однесувањето, кога е лош лош е, кога е добар најдобар е, нема средина.
Не можеш на лошото со лошо, се добива полошо само. Замисли ти си нервозна, и маж ти почнува да вика, ќе се смирите така или и двајцата ќе се докарате? Убаво ти кажало детето, мислело нешто, не испаднало така и се изнервирал. Ама, џабе е да го караш, не направил ништо, само ги изразува емоциите како што знае. прашај го следен пат, нека ти каже дека не сака да си игра, дека му е доста, што и да му смета и ќе се договорите, наместо да се карате, баш сега како што си му објаснила убаво. Штом онака си е разбрано дете тука нешто само се осеќа он дека не е сфатен, затоа и реакцијата. И не дозволувај туѓото мислење да ти влијае, гледај си го твоето дете, а не туѓите реакции на твоето воспитување, ич да не ти е гајле што зборат и што мислат другите.
Нема да даваш никој да го воспитува твоето дете. Ке си заземеш став и ке си држиш до своето. Мене да знаеш колку ми паметуваа што доев до 3 години, ехе. Ама не потклекнав. Прекинав доење кога јас осетив дека треба и никогаш не покажав слабост дека други се во право а јас грешам што правам така. Плус, строго воспитување никому не донело ништо добро. Тоа ми е главна мисла во глава. Ако имаш разбрано дете, слушај му ги зборовите и остави го нека искаже емоции. Кога ке се однесува така, ти биди му прибежиште и сигурно место. И никогаш повеќе не дозволувај некој трет да го воспитува.
@macalavica кога би завзела став баш како што си потпишана се би било поинаку, како успеа да останеш мирна ти и твојот сопруг пред ваши очи да го грабне некој за рака и в лице да му се врекнува? Скокни и очите ископај му ги, ако не му се свиѓа на дотичниот вратата покажи му ја, нека не допираат до тебе муабети дека детето ти е невоспитано, палаво, да те обвинуваат за неговото однесување, ти и сама знаеш колку се вложуваш во тоа дете како што пиша. На твое место би ги сведила посетите на минимум и би се дистанцирала од луѓе кои те наведуваат да се преиспитуваш дали воопшто си добра мајка, тоа никоја мајка не го заслужува.