Дали 4 годишњачиња ви прткаат во јавност? Ќерка ми срам нема, ако и дојде ќе го пушти без разлика кај е. А и зборам и ја учам ама не е нешто потресена. Последно време надвор кога ќе и преречам скроз ме игнорира, се праи ко да не ме познава. И дали знаат да застанат некогаш? Не затвора уста и не застанува ни на секунда. Ни со игри. Нон стоп станува, мрда, збори, ама никако да седне на едно место да си поигра. Тивко. Па нон стоп го буди малиов.
Проблемот е во болдираното. Гаси цртаните и седнувај го на маса трпезариска со вас додека јадете. И не му попуштај, не му давај чипсови, не го казнувај/наградувај. Разговарајте додека јадете, вклучи го во готвење, не го форсирај за јадење, прво да му стане пријатно да седи со вас на маса. Нека ве гледа кај што јадете. Интересот после сам ќе си дојде.
Здраво Ќерка ми е 3 години и 6 месеци , откако почнавме во градинка детево многу се смени, приметувам посмирена е повеќе слуша мирна е но се инаети кога ќе се спомне градинка несака да оди, но и тоа почна да се привикнува. Проблем имаме навечер со спиење. Спие кога се враќа од градинка период од 13 30 до 16h после тоа исто си е активна , повеќе сме надвор навечер си игра, се тушираме, се спремаме исто како и секоја вечер пред спиење но кога ќе речам ајде на спиење кога ќе почне да вика да плаче несакам да спијам, не ми се спие, темно е, дај ми телефон да гледам и готово. Додека не и дадам телефон никако да се смири. Пробував на секаков начин но небива . Пробав и подоцна да ја заспивам но иста приказна веќе трет вечер . Ќе гледа и ќе заспие така. Дали има некоја регресија во спиење, дали е некоја промена заради градинката незнам што се случува со детево. Премногу вика и плаче , неможам да и скренам внимание на никаков начин
И пртка и ждрига ама кажува извинете Вика не сакам да ме боли мешето. Иначе ниту стои една секунда ниту престанува да зборува ниту има нешто мирно и тивко во неа. Од бебе е вака темпераментна гласна за 3 деца. А нема уште ни 4год. @srce-9 По лошо нешто од тоа да заспива со телефон нема мислам сигурно сте свесни и вие. Ке и објаснуваш ке зборуваш ке плаче ке се траќа три пет дена и ке разбере дека нема така. Нема воопшто потреба од телефон на тв цртани во одреден дел од денот. Навечер раскажување приказни, читање книга нешто мирно. Вие сте родители и вие поставувате правила. Купете некоја интересна ламба ако се плаши од темно. Не е тоа многу спиење преку ден? Иначе ја не познавам дете шо коа ке речеш ајде на спиење да легне одма мора да има некви барања и да се противи.
Сваќе, сакаш да кажеш дека ѕверов до 4 најмалку нема да се затне и да седне на газот 2 сек? Ај на здравје, шо ми требаше да влезам у темава Ама ај додека сум тука, братучед ми си прдкаше ама го научивме пред да прдне да се извини, колку толку културно да биде тоа во јавност, а за на гости го научија да оди во веце и да си прдне, не пред гостите
Многу долго спие. До кај 14:30 гледај да е веќе будна. Нормално дека нема вечер да сака да спие. А и нема дете кое не се противи кога ќе се каже ајде на спиење колку и да му се спие. Телефонот не го давај пред спиење. Нека плаче нека се дрецка, не попуштај и биди си доследна на тоа. Читајте книги, раскажувајте приказни… има секакви начини. Во Синсеј има преубави детски ноќни ламби и не се воопшто скапи. Можеш да земеш таква, како со мали сијалички се на батерии. Јас земав во форма на круша баш пред некој ден.
Не е толку проблемот што бара телефон колку што е лош терминот на дневната дремка , два и пол часа за денско спиење е многу како и до 16часот исто е касно, затоа се буни и има револт кај детето и сама си кажува дека не и се спие. Некогаш ми е жал рано станува за в градинка и го оставам да поспие денски ама пак навечер тешко заспива и се буни…
@Lovebug01 @elimkd @srce-9 јас мојата ја земам пред 14 часот од градинка, во 14 сме веќе дома , во 15 часот обавезно заспива до 17 часот, и мене ми е јасно ама не можеме поинаку, сум пробала и да не ја заспивам претпладне за да заспие навечер порано во 20 сме во кревет и тоа ни успева, ама многу често знае да заспие седејќи покасно пример кај 17-18 часот, ако не ја легнам порано и попладне сме надвор и вечерта 22.30-23 часот најкасно заспиваме заедно. Сабајле во 8-8.30 станува за во градинка. Немаме никаков револт со спиење, навечер и порано да ја ставам ако сме сами и нема нешто интересно ќе заспие, иако е станата покасно попладне. Што знам, може и до детето си е.
Пред спиење сите деца имаат посебни барања. Тогаш ке им се јаде пие оди во веце ке прашуваат зошто месечината оди по нив и сл. Вие сте родители и вие поставувате правила. Ако исполнуваме се што ке побараат и посакаат, ке нема крај. Ке си бираш за што ке кажеш не. Нема да ја одбиваш за секоја ситница, не ова не тоа не така. Ако прави беља, пример скока на кревет, ке објасниш зошто не е убаво, наместо да кажеш само немој ке паднеш. И кога ке дојде ситуација за спиење, ти ке кажеш нема телефон и тоа ке има тежина. Лично сметам дека тоа е премногу спиење за толку големо дете, а најбитно, премногу доцна. Овен ако сте на плажа, па да плива оди скока цело време, нормално е да сте надвор и во движење цело време. Играта надвор не е нешто екстемно тешко за дете од таа возраст, очекувано е дека нема да седи.
Не секогаш спие толку, може и јас лошо се изразив. Спие од 13 часот до 14 -15h кога како. Знам дека тоа е најлошото за заспивање но ете неможам да најдам решение моментално иако нон стоп и објаснувам зошто не треба така. Редиме сложувалки , кажувам приказни пред спиење но штом и текне за телефонот нема веќе никаков договор . Пред тоа немавме никаков проблем иако преспиваше касно пак ќе си легнавме ајде готово ќе спиеме се гушка и заспива. Не е скроз темно за да се плаши . Еве сега само што заспала ќе видиме до кога ќе спие.
Ако на оваа возраст не можеш да и најдеш решение за телефон, што ке правиш кога ке порасне и ке има посериозни барања? Не си единствена која има таков ред на спиење. Од многу мајки слушам дека децата им спијат на пладне на 4-5 години и навечер седат до 11 будни. Немам логично објаснување зошто дете би седело толку доцна. И изговорот е секогаш ист, заспиваат во 6. Ништо страшно. Денес ке му се приспие во 6, до 7 ке го држам буден. Во 7 да заспие дете од 3-4-5 години е ок. И син ми заспиваше едно време. Нареден ден ке поместам за 15 мин. И така ке стигнеш до некое време да заспива во 8. До 9 најдоцна треба да се заспани.
Ние имавме таква фаза од кај 2ипол до 3 години, мислевме дека е поради тоа што беше по често со тетка му и со мене и не гледа како се спремаме и му е интересно не го карав му дозволив. После некое време тргна во градинка и забораи. Сега еден период не одеше во градинка си мислам од шо му е досадно пак почна да бара фустани да облекува, штикли носи, се шминка. Абе уживаше во тоа. Ми велеше само со тебе ко ке сум ке си играм вака другите ми се смеат. Му објаснував со убаво дека не треба така дека само мајките се шминкаат и носат фустани, ама почна секој ден да се шлака да се шминка се ми испокрши и му подвикнав еднаш и од тогаш престана. Мене не ми е проблем нека си игра ама малце шубе ме фати ужива во фустани, јас ке купам фустан едвај чека да го облечи, и маички мои сака, цела облека ми ја сака На крај краева си велам само да ми е жив и здрав другото е негов избор, ама пак си велам дури можам и ако можам да го насочам на некој си спрема нас “прав” пат, а некој пат ми е криво ко ке појдиме во продавница тој директно трча во женските играчки како да го одбијам и да го присилам на игра со багери и пиштоли кога никогаш не го интересирало тоа.. А еве сега побара од татко му меч шо свети да му донеси од странство така да нема правило, и јас се тешам дека е некоја фаза оти еднаш помина туку така преку ноќ.. И немора да значи одма дека ќе е геј, можи ке е дизајнер, можи шминкер
@Yowannty 3,5 е мојава,прдење и какање строго сама,не дава ни да ја гледам кога врши нужда,а не сум ја учела,некогаш ако ѝ се испушти се срами а ѝ кажувам дека е природно,пред луѓе само да каже извини. Мислам на Ирис интересно и е,секако нема да продолжи со прдачка пракса во јавност) @srce-9 наметни навика за “посебни приказни и книги” пред спиење,сега е љубопитна па ке слуша и прашува,само ти измислувај. Тел и општо екрани баш пред спиење прават хаос во глава,верувам и дека си уморна на крајот од денот ама пак од вас зависи. Иде зима и рано ке се стемнува,лесно е да се стави ред на спиење,станувајте во 7,дремка од 12-13 на пладне,и навачер кај 20-21 макс нема да е проблем да заспие.
Нема гајле мојава. Уште и ме игнорира ако речам нешто. Таман ја ќе треба да и се извинам нејзи што ја вознемирувам отколку таа да се извини што прднала. @dunika сеа дека спомна.. едно време дома маж ми ја зезаше кога ќе прднеше, се смеевме и може да е ради тоа погрешна перцепција дека е ок да прдка било каде. Срам нема. Ретко за нешто да покаже типично срамење. @srce-9 има вишак енергија. После дневната дремка нека троши енергија. Вади ја на лулашки, нека трча надвор, нека вози точак. Пред спиење припремата да е нешто бавно и тивко. Иначе еве ќерка ми исто после градинка преспива доцна, значи тек во 2 или 3 знае да заспие до 4/4ипол и пак во 9 е комирана. Ама во градинка многу ги трошат. Кога е дома и не оди во градинка, ем не преспива дење и пак потешко заспива ноќе, тек после 10 некогаш 11. Види си дали и смета денското спиење или и е потребно само да се истроши повеќе.
Ќерка ми никогаш не спие во градинка,а кога е дома обавезно.Таму е од 7:30 до 5 навечер,значи цел ден,и пак не спие.Дома лесна вечера,туш,и во 19 е заспана,до утрото до 07. Два-три дена неделно оди.
Ако се до 16/17:00 таму. Јас во 13 ја земам баш пред времето за спиење. Во 12 им е ручек и во 1 кој заспива, кој не, зависи, не спиеја сите деца и кога седеше до 4. Ќерка ми на точно 2 години ја исфрли дневната дремка, а кога почна во градинка на 3 ја врати. И тоа само кога оди во градинка. Кога е дома нема шанси да преспие. Во 20 си легнува до 20 ипол е одјавена. Е кога не оди во градинка е друга приказна, се губи цел ред и е хаос.