Тоа ми падна чудно, кај нас може знаеш од 12 до 13.30 им е дремката во градинка, мојот дали спие или само лежи, не знам ама дома е активен. Ни за викенд не спие. На одмор кога бевме ние сите утепани плачеме за спиење, дали 2-3 пати дремна преку ден. Твојата и ноќе 12 саати спие, супер, мојот дали 10 саати. Како издржува не знам. Еве сега кога почна порано да се стемнува легнува порано ама пак се бориме 1 саат
@Skyler исто е времето за спиење и овде,мојава оди кај бебињата(во таков муд е момантално) и ги пази додека спијат,а ептен мали има,по 3-4 месеци и интересни и се. За борби за заспивање имаме и ние,среќа периодов е сончево и убаво,идеално за трошење батерии до крај.Во зима ке морам да сум покреативна,или да шетам со скафандер и јас,ама па каде во темното,не сака ни таа да шета. Ке нарачам дрнгулии за сечење,лепење и сл. Екрани ми се 45-60 мин макс во денот,поделени на два-три пати. Прашање до сите. Дали и колку си играат сами? Мојава знае да се заигра 15-20 мин макс,и ме вика и мене да учествувам. Обично кога кафето ми е најслатко А се правиме заедно,во кујна,купатило алишта,машина и кажувам стиска,дури и влошки ми одлепува и пак Мамо,Мамо
@dunika Јас имав голем проблем со тоа играње. Сам никако не сакаше да се заигра до 3 години. Прво мислев дека не знае, да не сум била цело време доминантна во игрите дури сакав и курс да плаќам за самостојна игра зашто едно време стварно полудував со неговите игри и бебето во раце. Па некако почна сам да си игра со коцки, да ги реди, тоа беше прво. После некако почнав да му давам задачи додека го ранам бебето и не можев да седнам секогаш до него, пример имаме една кукла бебе и му кажувам ајде сега избањај го, ајде нарани го, му најдов пешкирче, креветче за бебето (импровизиравме). Па колите му кажувам да ги нареди, му давам полнач од тел и му кажувам дека тоа е бензиска и со кабелот да ставо гориво во сите коли. Па со едни дрвца правевме паркинг таму да ги паркира, во легенче вода му ставам животните да ги избања… тие се првите игри што ги памтам така со зборење што му ги смислував и он после некако си ја разработува сам играта и не ме бара. Сега почна и да ме брка, дека не знам јас како треба. Веќе не му смислувам ништо, му стана навика и само му носам нови слагалки, боички, сликовници му ги оставам во соба. Спас било кога дете знае само да се заигра. А еве бебето уште кога почна да лази си е такво, глас не пушта по мене. Си има 3 топчиња и по цел ги фрла низ соба, па лази да ги земе, чудо од дете А играме и заедно, сега он мене ми фали и одам да боиме или да сечкаме нешто, пластелин или слагалка. Пробај кога ќе се заигра подлабоко да и речеш до кујна или вц да одиш, дека одма ќе се вратиш и така постепено да се навикнува. Биди во близина да те слуша ама не седнувај.
За зима не знам уште, допрва ќе излагаат новогодишни домашни проекти на нет, ама собирав идеи деновиве за користење есенски листови во изработи сам проекти. Со мојава немам проблем. Од бебе сама си игра, било шо да е, креативна е си фантазира, замислува… скоро и да нема играчка со која не може да се заигра. Јас сум иницијатор да правиме нешто заедно, ама сосем комфортно се осеќа сама. Второво ми е проблем мене, ова нема шанси само да се заигра па морам ја да го анимирам цело време.
Ќе се надоврзам на муабетот за денски дремки, иако мојата е поголема , има 5 години. Во градинка спие, кратко ама има дремка. Кога е дома, ( болна е, или летото кога не одеше во градинка ) немаше денска дремка. Навечер без проблем заспива, сестра и поголемата на еден кревет, малата на друг кревет и одма заспива. За викенд сама спие во собата. Бакнеж пред да легне, добра ноќ и заспива. Вака е од 4 години, и се нема побунето,па тераме така. За играње воглавном игра сама ( со кукли, детски шминки, бои, пластелин ) , за жал се поретко со сестра и ( големата веќе не сака такви игри ) . Со мене обожава да и читам, или да изработуваме нешто, да играме меморија или редиме сложувалки. Е да, до пред месец време не сакаше тел воопшто, сега бара да изгледа некое видео Стела или Дајте музика.
Малку се нервирав дека само што наполни 3 престана да преспива преку ден, еве во неколкуте месеци дали се случува еднаш неделно да спие саат ипол дремка. Преку ноќ смени, претходно знаеше и по 2-3 часа да тера. Во градинка ги нудат за спиење, ама од цела група има само 2-3 што редовно спијат, другите мируваат во посебна затемнета просторија околу 45мин, со тивки игри. Последно пред да ја отфрли денската дремка, му беше доста тешко навечер да заспие, до 10ч едвај. За мене неприфатливо е дете од 3 год толку доцна да седи... Сега легнува во 7 станува во 6 и 30. Како што иде зима и ќе се стемнува уште во 4, одговара овој ритам, да не си ускратува од денот, а рано да легнува.
Здраво мајки што мислите и дали го користите омега маслото на Молерс? Се мислам на малата да и давам д3 и плус тоа масло да и го земам. До сега и давав д3 заедно со омега на бебитол. Ова пишува било добро за говорот концентрација и меморија. Дали го користите? Малата има 2.5 год
И да се поправам заборавив матичната ми кажа ако давам молерс д3 плус не треба. Ваљда во молерсот има и д3 ?
Дада се надоврзав заборавив матичната ми кажа ако давам молерс плус д3 не мора дека имало во молерсот
@Bubish26 Бубе мами кажи каква ти е сега Нина, смирена или уште во тантрум мууд? Навечер дали вришти сред ноќ? Ох уши ми бучат, преска од дремка стана со вриштење, немам сила да пишам појќе.
Син ми 3г се уште има грешки во зборење. Имаше и влијание цртани на анг што гледаше и тоа ми е јасно. Сега е назад во градинка и ќе му дадам фора месец два да видам како ќе се пушти ама друг проблем имам сите околу него зборат бебешки(читај свекрва и мм). Спојлер: Бебешко зборење свекрва ми ќе ја преживеам со нејзиното ЦЛВЕНА боја пошто 1 во месец го гледа, а опоменета е 1000 пати ама мм луѓе што да правам веќе со него со убаво го опоменувам и на крај ср караме. Му викам проблем дека ќр напрајме и ќе треба на логопед да оди. Он е преинат (мм) и упорно (ајде Жамки(пижамки), малиот како што кажува реч без сврзник овој бетер бебе пример одиме јапинка (градинка) и мм истото го користи со цел малиот да го разберел..пошто ако му кажел Ајде одиме во градинка, син ми немало да разбира со што да се утепам?. Кај уште се низ дома, работа преку глава и уште со него како да се разберам дајте ми памет Ова трае веќе 1 година инаку не е сега... значи 1г со мм се карам...
Тоа дека треба да му се зборува чисто на детето, да треба. (Подразвикај се на свекрва ти а и да го скара син и) Речи и жено и син ти гледа од тебе. Ако не оди дете во градинка во ред е да не зборува чисто, до кај 4 г треба да се исчисти говорот.Дома повеќе читање, зборување а помалку телефон и телевизор (Секое дете различно )
Јас би закажала преглед и консултација со логопед, да одите тројцата и ќе ви објасни дека не е добро така “бебешки” да му се збори. Маживе некако поинаков пристап почнуваат да имаат кога ќе им каже стручно лице дека тоа не е во ред, инаку џабе дома се расправате нема ефект. Ова од искуство, мм кога беше бебе мојава се смееше за тие скокови во развој сѐ додека не му пуштив на youtube да гледаме заедно емисија за развој на бебиња до 1 година со психолог, кој што ги спомна тие скокови. После тоа се смена човеков и мн работи му станаа појасни.
Која пишуваше за лигавење и урлање кај 3 ипол годишно дете? Еве не стигна и нас. Јас не знам веќе како да се справам со него, кога јас со челични живци почнав да урлам по дома и да го фрлам нервозно на кревет тогаш не знам како е кај другите. Да се плачело за се…пред шетање плаче и се треска, не му се погодува што да облече, саат ипол се спремаме и некогаш не успевам да ги извадам од дома. Што и да зготвам прво плаче пола саат и ќе се смири, ќе изеде. Плаче за играчки, му граба на бебево од рака се што ќе земе. Она другото стандардното ако отвориш врата пред него, ако влезеш пред него, ако соблечеш патики пред него итн, си е тековно, тоа трае со месеци и се навикнав. Толку ме вади од такт, ми се иде да го ишлапам и да го треснам од земја, морам јас да плачам за да не го истресам него. Инаку, на страна од тие моменти е супер дете, послушно, разумно, немам никаков проблем. Ама не ме остава да искочам од дома да ги прошетам, а најчесто тоа ми е луфтирањето. Еве денеска саат ипол спремање и на крај само што искочивме пак почна да се фрла на земја, среќа татко му беше послободен и само отворив врата го фрлив назад. Колку трае ова, до кога? Кога ќе ми даде рака нормално и да одиме нормално без лигавење?
И јас помислив на тоа, само тоа ќе има најголем ефект друго не ми текнува. Бетер од дете на моменти е фала ти
Дали некој знае дали некаде во Аеродром има вежби во сала за дечиња од 4години, нешто слично на Activity Club Bogdanovski во Кисела Вода? Гледам минатата недела тенискиов клуб Hit and run (пред Бисер) имале, ама најновите постови им се од лани, а на тел не можам да ги добијам, па претпоставувам веќе не се активни.