Давам секој пат штом ќе го сетам дека почнува да се разболува, и во самото упатство пишува дека се дава уште при првите симптоми на настинка. Јас сум задоволна, за 2 дена му се смирува носето а и дека е благичко сака да го пие. И со други мајки што имам разговарано се задоволни
И јас исто сум задоволна ,но баш размислував колку пати може да се дава,пример на колку месеци пауза знаеш ли? Одиме во градинка па растечено носе на секое и кашлица има...
Му дадов од гелот, мене искрено не ми е убав ни овој од брусница ниту пак тој жолтиот (јас го пијам него). Проба, рече му горчи и поради тоа што има како парченца не сакаше да пие. Денес му подметнав со сок од боровница ама пак ги виде парченцата и не сакаше да го допие. Ќе се помачам можеби, ама сакам да пие како за имунитет (барем 15 или 20 мл дневно). Вкусот му е малку како брусница, ама си преовладува горчливото од самото алое.
Da zemam da probame,kolku vreme se dava? Maliov od Eden virus na drug ripa na nekolku dena,do vcera kaslase, Sega nosot mu teci, Sega ke deluva ili da ne zemam?
Мојов скоро 3 месеци со ред по малку поднастинува и му давав. Баш се советував со 2 аптекарки, ми рекоја можи бидејќи е на природна база. Обично му го давам цел да го допие, овој пат ни остана уште малку оти некако го видов како подобар и не му го додадов. И мене ми е страв дека скоро секој месец му давам, не знам колку е ок...Ама си велам подобро тоа отколку антибиотик (фала Богу антибиотик има пробано само еднаш за грлото, алмацин).
Nema da go pie mojov, jas I site sirupcinja gi razblaznuvam so kasa od banana, ama Ako gorci ili e kiselo nema sansi.
Душиче златно И ние го имавме истиот проблем и шо не пробавме. Нашиот педијатар Др.Тања Јованова ни препорача да внесуваме овошје на сабајле и така го решивме проблемот. Е сега секое дете е различно за себе. Ако сте во можност закажете си преглед кај докторката,па се надевам дека ке најдете и решение.
Хм, ако веќе е настинат од поодамна не знам дали би му делувал, оти баш на самиот сируп пипува се дава во првите 2 часа од настинка (макар да јас секогаш другиот ден му давам оти прво си велам дека можеби ништо не е). Имам читано на форумов и по групите дека и матичните лекари не го препорачувале штом детето е веќе подолго настинато демек немало ефект. Инаку, за деца од 1-3 год дозирање е 10 мл на ден, поделено 2 пати по 5 мл. Или најдобро консултирај се со матичната.
Како ви спие 3 ипол годишно дете? Сега летото го оставав да спие сам во детската соба и се навикна а мене јасно ми олесни. Ама сега е ладно и се открива многу мрда па спиеме пак заедно. Во што ги облекувате вие вашите и дали спиете заедно? Парно не оди во предвид-штетно е со парно да спие.. И за јадење? Јадат сами или? Јас сакам да е најаден и му давам јас(само мусли и макарони јади сам)
Во спална спие со нас ама во неговото креветче (кое од едната страна е без ограда и е споено до мојата страна).Кај нас дома е топло (засега под 20 степени нема паднато тт) па спие само по пижами (и боди одоздола +чорапи) и цело време се отскрива, само го покривам (со едно кебенце) но кога и да се подразбудам тој е отскријан. За хранењето, исто, 90% некој да го рани за да биди најаден убаво, ама си има моменти кога сам сака да срка со лажица (пр. Супа) и да јади со вилушка (салата, компирчиња ...).
Кој педијатри кој бакрачи, од старт те сече, период му е и толку. И јас знам дека му е период, ама секој период сносува и ризици со разни манифестации.. Од скоро 1.5 година си кака и си мочка во нокшир, знаеше од тогаш да кажува! И знам сега како расти период му е, и се срами веројатно.
Имаше периоди кога исто така правеше па престана . Ќе си стане сама од дремка ниту плачење ниту ништо а сега еве ја ќе плаче, ќе се лути, ќе се инаети ќе вика по половина час додека се расони. Од такт ме вадат некои испади кога од никаде ќе и текне за некоја глупост да плаче и не се смирува. Пробувам секако но не иде ... Дали можам да давам од тој сируп и јас ако не ти е проблем да ми го пратиш
Едно прашање до мајките чии деца спијат во вреќички за спиење......и мојата спие во вреќа но имам проблем да најдам да купам голем број на вреќа...тековната и е веќе кнап, затоа ако може да ме упатите каде да купам долга вреќа. Ви благодарам
Последниов период кога ќе го искарам одма ме прашува 'ме сакаш или не?' Не знам дали јако ме манипулира или стварно така си го поврзува карањето Сум пробала и да и не да му одговорам. Кога ќе му речам 'не' се трга настрана и ми вика епа добро,и јас тебе не те сакам,лоша си. Пробав да му кажам дека го карам само кога не е умен,и дека зависи од него тоа,ама пак секое карање истото прашање... Дали некоја има поминато низ истово да даде совет? Се плашам да не има некој контра ефект и да си направи некој филм во главата,со оглед на тоа што плус чекаме и бебе...
Мене ќерка ми ми вика ти не ме сакаш мене, само бато го сакаш, кога ќе ја искарам, ама и објаснувам зошто сум ја искарала, дека не смее така да прави или да се однесува, дека многу ме лути кога прави така, дека и брат и ако го направи истото и него ќе го искарам и исто така и кажувам дека двајцата ги сакам најмногу.