Дали во момент на тантруми се случило децата од лутина да маваат по вас ? Сабајле имав ситуација пиеше чајче и во филџанчето имаше уште две капки, миев садеви и го земав и тоа го измив. Па луѓе цела куќа ја крена во вис каде е чајот , објаснувам дека имало две капки и дека го измив филџанот тој се втили дај ми ги тие две капки па дај ми ги и мава со раце по мене од лутина и солзи му течат. Го прашувам дали некое другарче има видено да мава по мајката , вели да. Се понудив му направив нов чај и не не го сакаше ги сакал тие две капки. Претурив малку во филџанчето од што пиење претходно ме виде и уште толку се начути. Како да се изреагира во ваква ситуација? Залудно беше зборување дека не треба да се мава по никој и тој си продолжи се додека не станав и не излегов јас од соба, го оставив 10мин сам и кога се вратив беше како друго дете
Ќерка ми имаше период накај 2 год и 3 месеци на секој тантрум маваше по мене и ме гребеше(нема од кој да види,не оди на градинка,во нејно присуство др дете немам забележано да се однесува вака) ,по татко и скоро ич,постојано и зборувавме и јас и мм,тој период помина неколку месеци се подсмири,еве сега на скоро 3 год повторно почнаа јаки тантруми и повторно мава по мене,и зборуваме,излегувам од соба но таа уште повеќе вреска,ја гушкам и секако сум пробала но кога е многу лута тоа го прави, имаме мало бебе и мислам најголема фрустрација и прави тоа и сум забележала дека кога е гладна исто така.Немам совет ,мислам дека само зборење и да чекаме да помине.
Си стојат цело време, не е дека само кога е болен се појавуваат. А дали растат не знам да кажам не е гледан на ехо. Ама и со голо око се гледаат. Каква е таа крвна размаска и кој доктор треба да го виде на ехо. Те молам насочи ме зошто матичната ми вели да не се замарам.
И моето дете има жлезда на вратот која се зголемува при болест. Педијатарот исто кажа да не не загрижува ако не расте. Кога го допираме не го боли. Не сум загледала подолго време мислам дека е повлечена или минимално се познава. Инаку е слабичок. Ви ги прочитав коментарите и се загрижив да не треба да го прегледа некој доктор...
Крвна размаска е некој вид проверка на крвта (од прсте му земаа), да видат дали имало абнормални клетки. Кога правевме летоска ехо кај радиолог (во Плодност Бт), јас му спомнав дека мн ме плаши случајов, и тој рече ајде тогаш да ја направиме таа крвната размаска (и јас во тој момент прв пат слушнав за тоа). Според него и докторката која ја проверувала размаската, било во ред.
И кај нас жлездата стои веќе скоро 2 години, и кога е здрав се гледа штом ќе ја сврти главата на страна а кога е болен се зголемува. Доктор само со допир ја има прегледано и смета дека не е алармантно, само да не расте нагло ми рече. Треба да е подвижна и да реагира на инфекции. Колку и да знам дека е нормално кај мали дечиња кои често се болни, пак знам да се загрижам и јас...Инаку имам и јас позади на вратот, пред неколку години ми се појави, не е видлива вака кога е се океј, не сум преслаба ама на допир ја осеќам постојано. Е кога ќе префатам нешто од син ми тогаш се прави како топка и се гледа со голо око.
Моето синче уште од помала возраст ( 1 годинка беше мислам) го приметив еднаш си стави мој дуксер на глава. Од 2ра годинка го приметив почна да става пешкири, блузи, како да му е интересно да му виси кско долга коса, му ги тргав му велев какано е тоа бљак. Веќе има 3ипол годинки и навистина сум загрижена. Бира од сестричката некои нежни бои боденца, блузи, става на глава. Кога си иде од градинка одма си зима од шкафче и става на глава. Зборувам зборувам нонстоп дека тоа не е ок, дека буби ќе му се закачат, некогаш успева но не се откажува. Некој ќе каже период му е, мало дете нормално е бла бла.. Тоа не го прави само пред татко му. Многу сум загрижена, се прашувам дали сум згрешила негде јас! Ве молам ако има некое слично искуство споделете, или совет!
Mozi deka te gleda tebe so dolga kosa I sestrickata Saka I toj da ima takva kosa. Mozi e stvarno period I sporeduva so sestriceto. Kazi mu ti kratka kosa I ja strizime, nie dolga
Се игра така, моето синче ке прави 14 м сега, зема маици или блузи од брат му ги става врз глава и оди со нив се и се смее, често му се преко очи, ке ја стави така и цепа без да гледа, ке се сопне па ке падне и се кикоти, и обавезно проверува дали го гледаме, сака да се направи интересен. Колку повеќе му забрануваш ке му биде поинтересно зашто сакаат да пркосат во таа возраст, остави го нека се игра. @strelkata
Сигурно е подобро спречи отколку лечи. И верувам на матичната, ама сепак се плашам. А јас сама не знам каде да се обратам. Сепак таа треба да ме упати на специјалист.
Не сфаќам зошто си загрижена? Сосема нормално е за малите деца тоа однесување, нив се им е истражување, игра, учење. Син ми има 15 месеци и има долга коса и со месеци веќе му носам репче или пунџичка. Ни на крај памет не ми паѓа да го трауматизирам по салони на шишање, ниту па сама да се праам фризер дома, за да влегува во некои општествени стандарди. Често го мешаат за девојче. Ќе се шиша кога ќе биде спремен. Ама воопшто не е бљак. И маж ми има долга коса и носи пунџа со андркат. Ќерка ми има 4, до 3 ипол велеше дека е машко, верувам како одговор на новото помалото братче оти сакаше да е се исто како него. Тек сеа почна да учи околу тоа и знае дека она си е девојче. Ама спонтано дојде до тој момент. До скоро 4 си играше со количиња, авиони, булдожери, кукла немаше, не ја интересираа воопшто. Сега на 4 веќе си игра со барбики, сакала да е принцеза и да лакира нокти. Син ми не гледа како си мачкаме крема на раце па и он подава раче и сега сите си мачкаме крема заедно, он пресреќен. Сигурна сум дека гледајќи ја неа и/или мене може ќе посака и други работи понатака, фази се тоа. Без форсирање, без забрани и притисок оти само може да доведе до контра ефект. Ништо од тоа не е ниту за вознемирување ниту за загрижување.
Дали имате искуство со неправилно дишење кај децата? Ја приметив ќерка ми во последно време, се случува некогаш да зема здив, па го задржува некое време и не издишува одма. Имам термин за педијатар следна недела, ама сакам да прочитам искуство ако некоја има. Се случува спонтано, значи не следи после тантрум или некоја интензивна ситуација како што читав на интернет.
Син ми сака да е во мои блузи цело време, му давам не му забранувам. Омилена боја му е розева, се што гледа розево ќе одбери. Сака лабела да си мачка на муцето. Еднаш кармин зеде па ко виде колку е валкан сакаше да го вадиме
Најдобро нека ја наслуша педијатар, ако намерно во игра сама не го задржува. Мојов така прај кога е затнат во носето.
Иста ситуација ,сега како читам тука се вознемирив. Сега скоро беше настината се познаваше ,сега се гледа само ако ја сврти главата. Јас вакво нешто сум приметила ноќе ,ако не е проблем да споделиш што ќе ти кажат ?
Мојов така прави ама како во игра, или кога ќе ика, кога ќе пие повеќе вода или јаде како пренајадено, кога му е затнато носето,го имам приметено и од замор стани седни како некој дедо.
Да се надовразм на репликата кон Јованти, и јас ноќе сум забележала кај двете деца,да земат воздух ,да задржат па по некоја секунда да го издишат.
Јас една цела вечер потрошив на читање за неправилно дишење на бебиња, го слушав бебето мое некако чудно ми дишеше и си направив лош филм па пола вечер незнам колку страни и страни исчитав, секаде пишуваше дека во спиење бебињата имаат различни фази на дишење, и дека е сосема нормално да дишат чудно.Е сега јас читав за бебиња ама и поголемото синче исто не диши правилно кога спие, некогаш диши погласно некогаш го наслушувам, ама мислам дека е нормално.Не треба да има долги паузи, на пример да земе воздух па долго да треба да издиши.
Имам читано дека ноќе многу деца дишат така и се надминува со тек на време. Мојава така диши и дење, не цело време ама сепак ми е во мисла. Иначе и јас дишам неправилно, со задржување на здивот исто така откако знам за себе, еве не знам… може е и генетика во прашање, ама ете ако постои начин, вежби некои.. би сакала да не го прави тоа.