Му зборувам и така дека за машки деца Вака кога читам ваши мислења и ваши ситуации не ми изгледа и нашава ситуација толку за загриженост. Можеби некогаш умот, мислите ни се преувеличени. Инаку не сум ниту против долги косичиња, ние му ја кратиме затоа што се чешка кога ќе му порасне и го нервира поготово кај ушињата.
Ја носев поголемава на уво нос и грло,за трет крајник ради бронхитите.Се совршено добро. Му спомнав на др.за истово.Прават пауза во дишење и двете,поголемата почесто.Ми кажа дека не е страшно со тек на време ќе се проретчат или исчезнат тие паузи.А јас читав на ноќна апнеа и душа немав.Др е еден од најдобрите каде ги носев. Со жлезди се и двете.Малата со една помала,поголемава со неколку поголеми.Им се појавија после Варичела.Не упатија на детско,уште кога слушна др.дека прележале Варичела,рече дека се од пад на имунитет,битно било да мрдаат.Сепак направивме испитувања на крв,хормони мислам беа,не се распрашав од страв,ама ок беше се. Сега поголемава беше со бронхит и зголемени беа,уште се де. Постојано се болни немаат време да се повлечат
^заборавив да споменам дека направивме кс со размаска.Таму др.кажа дека преку жлездите се бори организмот и добро е што излегле.
Нема потреба за загриженост, на 3 години децава почнуваат да осознаваат, да имитираат да видат како изгледа нештото од нивна страна доживеано. Не мора да браниш бидејќи така може да се почуди зошто му браниш. Ќути си или сврти внимание или нека ја задоволи желбата. Моето дете има 3 и пол и пред одреден период ме виде со лабело се мачкам, го зеде и тој се мачкаше. Ме загледува некогаш ако се шминкам. Исто се има случено да стави облека на глава, розев фломастер му беше убав, и сега е во фаза такви розови нежни предмети му се слатки. Не реагирам ич бидејќи се мали за да знаат дека боите ги делиме на машки и женски, а и не значи ништо ако му е убава женска боја. Сѐ уште се мали. За жлездите погоре ова ми излезе. https://deca.mk/zgolemeni-limfni-jazli-na-vratot-kaj-detsata-prashana-i-odgovori/ Веројатно сте го прочитале.
Затоа и споделуваме конкретни ситуации. Не се секирај, евентуално сите еднаш сме биле загрижени за банална работа. Во ред е и да не ти се допаѓа долга коса кај машки, лично е тоа. Само треба многу внимавање како се изразуваме. Оти некој ден, детенцето може да види друго детенце со подолго косиче и да му рече дека е бљак и да ве стави сите во многу незгодна ситуација. @mal.ecka каде точно на врат се тие жлезди што ги зборите? Јас имам подвилична. И не знам дали од толку читање што ја фаќав и поверував почна да ме наболува или стварно нешто се деси па ме наболува кога ја допирам.
Јас имам точно под брада во средина,но ми се појавува кога ќе ми излезе хепрес. Инаку не можам да ја напипам. Значи при пад на имунитет. На детето му е на врат странично кон задниот дел на вратот од прилика на средина помеѓу рамо и глава.
Таа под брада е подјазична. Јас имам подвилична странично скоро на крајот од вилицата, под неа. Од двете страни, ама еве од едната дали што ја чачкав почна да ме наболува не знам..
Дали некој има давано лој од гуска на кашлицата што се повторува? Има ефект? Пред две недели правевме инхалации со кортаир и пројде, сега пак салам кашла. И на секој пад на имунитетот прво кашла? 5 години оди во градинка
Да, има ефект, на врв на лажиче во јогурт ставам (во која течност што ти пие можеш) и давам само еднаш на ден и само кога кашла. Колешка на пример цело време им дава на децата секое утро и многу е задоволна. Исто кога кашла го мачкам пред спиење на грбот и градите. Ова ми помогнало за лесна кашлица. Сега имаше пневмонија за тоа само со лекови се среди.
Давав лани но многу не сетив подобрување, сега давам ghee путер во млеко, брзо почнавме не знам за ефекти уште, рано е но си има свои придобивки.
Здраво мајки, Што би требало да се очекува од дечињата на 4 годишна возраст да знаат да нацртаат? Во градинка требало да цртаат овошје,ама мојов нацртал некои кругчиња само и учителката му рекла на мм дека не знаел да нацрта. Не знам дали сега треба да притиснеме дома со често учење да црта или нормално е на таа возраст да не знае сеуште убаво да црта?
Нема секое дете талент за цртање. Јас како што се сеќавам во забавиште учевме косо црти кругови полукружни линии да пишуваме, на 4 требало да знае да нацрта овошје..
А учителката за што е таму? Па нека му покаже ,нека го научи Мојот многу слабо црта и бои дома,за разлика во градинка. Сега пак повеќе има интерес,но лани и прехлани на 2ипол и 3 год воопшто не го интересираше кога му покажував. Неговата учителка ми рече да не го форсирам ако не сака. Сега супер си бои,учиме по нешто да цртаме,учат и таму.
Мајки, дали имате давано витамински таблети од Forever kids? Сега прочитав дека се за деца над 6 год, а претходно имав читано негде дека им даваат и на деца над 3 год.
Ама еве го дома го седнав вчера и му нацртав јаболко банана цреша и портокал и му реков ајде да видам сега ти да ги нацрташ исти, значи детево нацрта,посебно црешите му станаа интресни за цртање , му викам ти покажа ли некој како да нацрташ и вика не само лист ни дадоа и ни рекоа да цртаме овошје...