Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.

    Би сакала да споделите мајки паталки насоки ситуации совети.

    Се осеќам престимулирано од поголемиов, значи веќе ми гази на нерв, не секогаш сум добра према него, и всушност сите книги и мисли ми паѓаат во вода.
    Детево ме преврте психички. И не толку е напорно во глобала, ама има моменти човече силни, бурни. Најмногу ме преврте пиштењето сред ноќ кога се случуваше, а сега преку ден е темпераментен, има отсечни потези кои ме штрекаат.
    Да, отсечноста и непредвидливоста ме тревожат.
    И тоа затоа што имаме помало бебе ми пречи. Пред него се врти, се притресува, му граба играчки па тоа заплакува душиче, жал ми е за малово.
    Покажува периодов голема љубомора, па тоа ме интересира како се справувате со две деца меѓу кои од едното се забележува љубомора.
    Ситуацијата има две страни, некогаш е посмирен, мило настроен, некогаш обратно, го влепнува, го гмечи.

    А бе уште во стомак големиот беше торнадце, се превртуваше, дури и притисокот покажуваше повеќе од што ми е мене низок. А со малово, кротко е сега, брановидно се движеше дури и неосетно и притисокот пренизок ми беше.
    Вие сте престимулирани од децата?
    Ми доаѓа усвет да фатам.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке те утешам, имам син 5.5 години како торнадо е.Бебето помало е 14 месеци, љубоморен е на периоди сеуште,додека беше помало бебето гу будеше, го плашеше, сега како почна да оди му става сопки, го скубе, го бутка, го тепа, дури бебево покажува како го скубел на косичето, а малово како кутренце го следи, ке заплаче ако го здоболи и после пак се смее, или ако му стави сопка ке падне ке стане и пак продолжува, си играат заедно не дека не ама сево ова е присутно пропратно. И малото оди по него се закача ,сака со негови играчки да игра, му зема боички, фломастери, му гужва книги, го апе, го штипе.Така да не се нервирај, нормално е, само ке гледаш тродупло повеќе внимание да обрнуваш на поголемото да не се осеќа запоставено и љубоморно, играј се со него, пофали го дека е добар брат, учи го цело време дека треба да се сакаат и да се чуваат, како ке раснат спреми се да бидеш постојано ем судија ем на страна на двете деца, избегнувај да го критикуваш само големото, јас некогаш го карам ама и бебето демек го карам ако му зема боички или фломастери го карам бебето и големото одма реагира, вика браво мамо скарај го и него не само мене да ме карате. Јас приметив со лошо само полош станува па сменивме тактика.Само трпение, вторите деца се поодпорни, од старт учат да се борат и тоа е добро за нив,не му се секирај премногу.
     
    На lackygirl, Mother of 2boys, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Јас сум под терор од големото дете.

    Јадеше малото во кујна, големиот во дневна со мене со песни на тв.
    Кога го слушна малиот, потрча кон кујна и кога почна дајте ми каша со голема жестина, почна татко му да прави каша и почна да вика дајте му уште, многу, дајте ми кутијата да видам, кутијата нова купена полна тој бара турај уште, испразни ја, со големо дерење. Сите станавме нервозни, хаос дома, значи од опуштено до хаотично, дебакл, притисок ми с ќе крена. И не престанува, упорен вреска, зарипнува, се препотува, не успева да запре, иако веќе чинијата спремна, не се предава, влезе во викање во дискусија дека сакал многу, не можеме да се договориме од што вика ужасно.

    Пробав и со мавање, пробав со гушкање, притисок кренав сега. Ако знаете за ова каде да се обратам не знам. Или отсега ќе спремаме две кашички.

    ЈАС СУМ ТЕРОРИЗИРАНА.
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Обрати се на психолог, ама за тебе.
     
    На elimkd, Mother of 2boys, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    За шо конкретно за мене? За јас да се смирам или за што?
    Сега се смири, и сѐ знае да раскаже што правел и зошто викал.
    Сега му кажавме дека сме лути ради викањето и глава дека нѐ боли.
    Нѐ исцеди.
    Од што се измори од дерење, легна и за малку ќе заспиеше, не дозволивме да заспие бидејќи е тежок и кога му се спие. Сега си се растрча, ние папсани.
     
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Фаза е, ке му пројде, многу ставаш на срце, па и тоа е твое дете. Обрни му повише внимание, и опсипете го со многу љубов, и љубомората ке се намали, не си стварај аверзија кон сопственото дете, сите се на моменти неподносливи, и сосема нормално е тоа, тоа го прави за да привлече внимание. Еден период и ние бевме многу нервозни и се каравме постојано со мм, големото синче беше неподносливо, и еднаш ми рече дека бил лош за да сме го карале со мм заедно, кога бил лош ние сме престанувале да се караме меѓу себе и сме биле здружени да го караме со мм заедно, тогаш се освестивме и ставивме крај на банални расправии. Ако си ти нервозна ке бидат и децата, мора да поработиш на себе, смири се ти ке се смират и они. И истури ја кашата ако треба, не е поважна од син ти на крај на ден, ке порасне а се ова ке ти биде смешно како си се нервирала за глупости.
     
    На lackygirl, Skorpija25, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми покажува љубомора,некогаш ќе го удри бебе др пат го гушка, плаче да ја дигнеш баш кога бебе плаче да е во раце.Неподносливо е ,тешко е ,со мм се караме меѓу себе бидејќи не сакаме бесот врз неа да го истуриме.Што правам јас,кога бебе јаде каша, на неа и спремам исто на парчиња(дека е голема дада и има заби,бебе нема),вода бара во исто шише и тоа и давам,ако плаче да ја смирам го оставам бебе да поплаче па ја смирувам неа,кога е смирена и зборувам дека сите сме заедно и уште малку да порасне таа сама ќе се грижи за бебе,па и го ставам на нозе да го држи,да му дава играчки,и на моменти сама да го пази на под за да се осети дека и верувам и дека е голема.Претешко е ,сум приметила ако е гладна и и се спие е неподнослива и тогаш пробува да го удри и се лути,верувам дека и нив не им е лесно,мора да балансираме,нема помало или поголемо,внимание на сите а ние на крај на ден преморени.
     
    На Skorpija25, Mother of 2boys и elenaklasik им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Многу ставам на срце, ептен. Таква сум цел живот мисловна, и сега со дете ми се погоди да дешифрирам одгатнувам што му е. Добро, не дека не разбирам што му е, ама не знам начинот да го најдам за да се смири. А признавам, сакам побрзо да се смирува. Кога го фаќа бес, не попушта, редот во глава како му е зацртан нејќе да му се наруши. Вчера од градинка го пуштија без благо да му дадат, и ок, го зедов, кога излеговме одма од вратата ми рече дај благо. Немам викам. Не, дај од градинка сакам, ама нема викам не даде тетката. И цееел пат бевме драми. Немав пари да му земам по пат, а од градинка не можев да барам, шо знам патрон беше на градов и славеа во градинка нешто имаше собир. Среќа со точак бев побрзо дома отидовме. Мене и мозоков ми е на штрек дека цело лето вриштеше почесто во сон, на периоди. Уплав имам.
    Можеби треба повеќе да играм, јас играм со него и татко му игра ама сега сака многу изгледа. Уште повеќе внимание.
    Ќе видам што можам да средам и јас како да дојдам при себе. Некако денот ми бега без ред без лезет.
    Исто. И од шише бара дс пие, му давам. Кашичка исто јаде, млеко вештачко кога пие малото се лути остро. До кога вака? :(
    Со маж ми се закаруваме ради испадиве негови, некако општ немир има откако е вака.
    А гушкан е од нас, со ред со спиење, играме еднаш во денот или ќе шетниме или ужива кога смукам, го фалам кога помага. Разборуван е многу, очите му играат.
    Нека тече, како ќе биде се изморив од мислење со месеци.
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Мојата имаше период кога врескаше на цел глас,ми верувале или не врескање 1 час без престан,незнаев што да направам,ма игнорирање ,ма гушкање,па малку ќе ја скарам не и не,ми беше страв комшиите да не повикаат полиција,јас да бев ќе се замислив што е со ова дете,секој ден едно 2 месеци,дури памет ми отиде да ја носам на лекар ,му реков на мм ,ова не е нормално ова дете има нешто.Со стрес легнував со стрес станував,и упорно велеше бебе бегај...па зборување по цели денови,шетање,да се изнаигра, секој ден надвор,и сега малку како да ми е сменета последниов период,како повеќе да соработува,сама вели да јадам да не сум лута,сама бара ако е гладна(бидејќи тогаш најмногу се лути за бебе).Знам дека не ти е ама ич лесно, и сама си свесна дека е период,ќе мине мајка само кој да издржи.Ако можеш после градинка носи го на воздух уште толку да се истрча,јас така си барам спас,кога ја шетам на лулашки глас нема од неа,напорно е со бебе двајцата ,ама барем глава не ме боли.Кога ти е тешко пиши си тука,издиши се.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    По 1 час и мојов плачеше и сѐ уште знае да плаче.
    Исто со маж ми велевме дека не е во ред, не е можно дете толку да плаче, сигурно има некој проблем велевме.
    А после следниот ден да е арен, да зборува, да поврзува работи, песни да пее и да не знаеме што е финтава.
    Мислевме дека е психички растроен, дека нешто се случува со детето на ментално ниво, дека е опседнат и ред други .. ехеее сите дијагнози. Не знам на кого му беше потешко, нему или нам.
    Ама стварно ќе се загрижиш, на толку врескање ќе речеш дека детево од нешто страда. Мозоков во тие моменти баш ми е на два пата дали да бегам или да се борам. Е да бегам не можам, а да се борам, и тоа не е начин, како како...
    Како заглавена во тунел. Многу чувства ми предизвика ова дете. А како бебе беше покротко иако беше спретно брзо, и тогаш како на батерии.
    3 и пол години има мојов. Дрма периодов на големо којзнае до кога.
    Твојата колку има?

    И овој знае некогаш да се изрази вели сакам да се смирам мама гушни ме - ова кога не се исклучува многу а кога е исклучен е беснило.
    Еве сега сум на стрес ноќва од беснотилакот прееска очекувам да вришти.
    Добро викаш, по градинка ќе пробам со игра, во зеленило колку има да си поигра. И ќе намалам со телефон пред него мождс и тоа го нервира.
    Убаво што ми опиша и кај вас како е, барем не сме единствени, малку утеха и поддршка.
    Ќе си пишуваме, мора да се држиме. :hug:
     
    На mal.ecka, Mother of 2boys и Zumbulche им се допаѓа ова.
  11. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Уште во категорија бебе се сеќавам една членка ти посочи да посетиш психијатар, штета што не ја послуша уште тогаш. Ти како сакаш, ако сметаш дека форумот ќе ти користи повеќе отколку стручна помош, пишувај, секако ќе се најдат членки што ќе те тапшаат за рамо. Тогаш членката беше директна и ти посочи убаво, без разлика што тогаш беше за бебе, а сега е за дете, проблемот е ист, а тоа е се твоите очекувања од децата...Од мене толку. Си стојам дека ти треба разговор со стручно лице, ова најдобро намерно го пишувам.
     
    На elimkd, Sofi.ja, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  12. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik и ја би ти рекла најдобро намерно да разговараш со стручно лице.
    Те читам низ темивие шо за деца шо за брак премногу анализираш, мислиш и бараш проблеми кај шо ги нема.
    Детето ти е ок се прави како и сите деца шо минуваат низ фази, плус има карактер индивидуа е не е кукла. Има емоции шо не може да ги разбере и да се носи со нив и сето тоа е нормално.
     
    На elimkd, dunika, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Тој што не осетил вакви изразени фази неможе и да те разбере,секое дете е свој карактер и различно ги доживуваат фазите.Мојата е 2 год и 10 месеци.Сметам и дека деца кои растат во пошироки семејства не е се ова толку изразено,бидејќи некогаш доаѓа и од досада на децата,а наше кратко време да им се посветиме.Сестра ми има три дечиња,мн ретко во нивниот развој да заприметив толку изразени фази,ама околу имаат баби ,дедовци,тетки,вујко...за разлика од нас кои живееме странство и имаме ограничен круг на луѓе.И ние сме со различен карактер па секој родител на свој начин се справува со тие периоди.Родителство е за цел живот не за еден ден,како што се смее мм ние зрееме заедно со нив(иако не сме баш млади:D).:hug:за подршка.
     
    На KuklickaSk, Mother of 2boys и elenaklasik им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Посетив пред некое време.
    Ми препиша терапија, ради доење не можам да ја земам, иако користење терапија за смирување не ми е позната тематика, никогаш не сум земала.
    Ме загрижуваше однесувањето оти не сум видела такво нешто во блиска околина или не кажувале.
    Ова ми е новост да не знам зошто олку бурно и да не знам како да се носам со тоа.
    Дури и маж ми што е цврст, се загрижи и посомнева да не е нешто посериозно.
    Фала ви.
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.738
    Пол:
    Женски
    Подобро би ти дошол психолог за разговор, отколку психијатар само да ти препише апчиња. Отвори на разговор мк апликацијата разгледај им ги квалификациите и види кои се бават и со вакви односи. Можеш онлајн да си закажеш сесија, можеш и да се допишуваш.

    Ова... Ти кажав минатиот пат, го маваш и сакаш детето да не е луто и бесно. Пробав она, пробав ова, детето само добива мешани сигнали и не знае ни што да очекува. Исфрли го мавањето забога, ништо друго не е освен твоето истурање на бесот врз него, не можеш да се контролираш и ќе го измаваш. Не е зошто мислиш дека он ќе се смири, туку ти не можеш да се сопреш. И ништо не си направила со ова, имаш уште полуто дете. Гледаш и самата, зошто уште го правиш истото?
    И членката што рече погоре не знаеле другите како е, не, нашиве деца си поминаа низ сите фази бајчиња, а не рекоа, блазеси ни, па не знаеме.|(

    Мораш да се средиш ти за да можеш да му помогнеш на детето. Се е во ред со него. И моево вриштеше зошто со мокри раце сум ја допрела, ако дојдеше капка вода до неа готово, вриштеше по лулашки ако не можеше да добие туѓа играчка, имаше период каде не сакаше да се облекува и да оди негде, ама не сум кренала рака никогаш, зошто знам нема ни да помогне, има контра ефект и ја руши довербата на детето кон родителот. Плус, бебе имате, замисли која промена му е тоа, целиот свет му се сменил, а не знае ни како да се справува со чувствата. Нормално дека ќе има испади.
    Земи разговарај со психолог, ако некако ти е изводливо одвој дел од времето за себе, пола саат, колку можеш, излези без да слушаш бебе и дете како врискаат, направи нешто само за себе, ќе имаш повеќе трпение потоа, наместо кога чашата ти е преполна и секоја капка доведува до прелевање.
     
    На elimkd, dunika, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Сите деца минуваат низ овие фази на плачење, вриштење, инатење, ноќни терори и слично, се е до нас родителите каков одговор ке дадеме на тоа, од тоа зависи и колку ке трае фазата, дали ке се продлабочи или брзо ке се надмине.Кај децата, барем јас имам приметена кај син ми најмногу пали одвлекување внимание со нешто сосема неповрзано, како низ игра, ке почне да се лути за нешто, ке го прашам или ке го насочам кон нешто сосема друго, дали да донесе, дали да играме нешто, дали ке измислам приказна знаеш ли што се случило, проследено со глума тон, да го заинтересирам, и имаше ефект, сеуште има, од како се родени си разговарам со нив како да се возрасни, ги прашувам им раскажувам, еве бебето сеуште не збори ама слуша внимателно, и разбира, интерактивно е.И тоа има тантруми се фрла на под, или си ја мава главата ама му одвлекувам внимание со играчка или песничка или со промена на тон нешто му зборувам и прекинува, како раснат, опциите за одвлекување внимание се безброј.Еве мене син ми ме полуде вчера, одбива да заспие со татко му инсистира да му читам приказна па да заспие, обично чека да го заспијам бебето па да си легнам до него малку да си разговараме и да му читам ама вчера беше нервозен, дојде во спална, 100 пати го разбуди бебето, од 8 до 11 траеше буквално малтретирање, таман ке заспие бебето он ке почне да збори или ке скокне ајде мамо да идеме и го буди, малово пак на цицка се лепи за да презаспие, па он се лути, па лежи врз мене, па ме влече за коса, па ми збори таман ке го смирам ке му текне ново и пак од почеток,па ми се налути, па ми се скара, и на крај му викам те молам стрпи се да видиме за колку минути ке заспие бебето и ке идеме кај тебе во соба,и некако ме послуша на крај, бебето заспа, отидовме кај него во соба само што почнав да му читам ни една страна не прочитав до крај заспа.Децата си имаат свои потреби се е до нас како ние ке одговориме на тоа, се вратив кај бебето после 2 часа дојде во спална до нас да спиел, и тоа ми се качува на грб буквално и спие врз мене, а бебево ме цица по цела ноќ, ме користи како цуцла мислам, и еве на работа сум, и мене живци ме факаат ама знам дека ва нема да трае вечно и тераме.
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Премногу ми е криво за мавањево.
    Се каам и само премислувам ама нема фајде кога веќе губам контрола над себеси.
    Кога бара нешто со многу вриштење, да шептам не можам, да седам мирна, не можам, вика бара, те тера да го правиш тоа што го бара ама тој продолжува, и маката ми е што папсува од вриштење, пребледува. А сакам да помогнам, не сакам толку да плаче се изморува.
    Да се правам на тошо дека сум смирена не пали кај моето дете дека не е баш испад, туку од некоја бурност внатрешна така прави. Каде грешиме, нешто не му исполнуваме во него. Можеби игра му фали. Ќе видам со психолог.
    Ич нејќам вака што е, не бев подготвена за ова.
    Можеби се нервираше што скришно го земавме малиот, еден со него во кујна, а друг седи во дневна, демек со песнички на јутуб и да се најаде малиов а овој да не забележи. Ама кога забележува дека го нема, дека сме го однеле за јадење, многу се остри, изгледа тука е тригерот.
    Подобро отворено да кажам, ајде сега бебе ќе јаде, сакаш и ти? Па ќе видам однесување.
    Фала ти на препораки, ќе се обратам. :l:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Одговарам на членка која бара совет,не ми солите памет дали вие лично поминавте,споделив искуство на блиска особа со чии дечиња бев ден и ноќ а споделив и мое лично искуство,значи идеме на тоа дека не сите исто поминуваат затоа и не сите го имаат истото ниво на толеранција. Знаеме најдобри сте за своето дете,немора да се експонирате во секој пост.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.738
    Пол:
    Женски
    Не и даде никаков совет, ниту како да се справи со ситуацијата.
    Децата се деца, не знаат да се носат со емоции, наша работа е да ги научиме. Ние сме возрасните. Ако не знаеме како да го направиме тоа треба да побараме помош.
    Не се експонираме никако, бара членка мислење, даваме наше и тоа е тоа. Ти како си гледаш на работите си е твое.
     
    На Sofi.ja и haruki им се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Сите некогаш губиме контрола, еве завчера големиот го закача малото , му става сопки, го бутка, може 50 пати му реков немој, ајде сите ке се играме, и он пак си тера по свое, не е лут,низ игра е тоа, ама му текна нешто и зема му залепи шамар на бебето, не силен ама бебе е, и јас махинално го шлапнав исто по образ , не силно ама се зачуди, вика зошто ме тепаш нели ти си против тепање деца ми вика, (јас секогаш зборам дека деца не треба да се тепаат и често се расправам со блиски на таа тема и он ме има слушано) и му велам јас не те тепам, те удрив за да видиш како е кога те удира некој посилен од тебе и поголем како што си ти од бебето, еве јас сум против тепање ама се додека бебето неможе да се брани ако те видам да го удриш јас ке те удрам место него. и вчера пред спиење ми вика лут сум ти зашто ме удри завчера,иако не беше силно го погодило, па му се извинував па му објаснував пола саат одново.Криво ми е што го шлапнав, го сторив тоа махинално и ништо не постигнав, ама ете него го погодило, и плус ммм одма начека прилика да ме закача, вака си ти против тепањето, вика не даваш да се тепаат деца а прва го маваш. И него го буцка, прави грди шеги, демек мајка ти те шлапна па ич и слично.Јас сум многу нервозна исто, ама цело време пробувам да се контролирам, не тепам ама имам испади со викање и секоја вечер си велам од утре ке бидам повеке смирена, нема да викам, ке бројам до 20 ама пак избувнувам,ама цело време се трудам да го надминам тоа.