1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Да се согласувам,баш како ти гледаш на работите е твое,како јас гледам е мое.Даваш совет никој не те потенцира,давам совет, одмини ме.
     
  2. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум пишала :hug:
    Исто и кај нас до збор.
    Само трпение да пораснат бебушки уште малку
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.891
    Пол:
    Женски
    Јас сум благодарна на секоја која ќе пише. Дали е препорака дали споделување лично искуство, сѐ ми значи.
    Ми значи кога ќе пишете дека и вашите деца исто се однесувале, ме утешува до некаде, барем да си речам дека нема некој психички проблем малиот. Аномимноста на форумов дозволува да споделиме, без да се покажеме со прст или сеир да фаќаме. И така сфаќам дека кај сите ги има овие предизвици, иако на Инстаграм на пример нема да се сретне нешто вакво, некое искрено споделување. Сѐ е замаскирано, сѐ е претворено во курсеви, па се просветлени и преблагодарни, кај нив секој проблем изгледа лесно решлив, со една прегратка или не знам што.
    Треба да платам за да дознаам за развојот, треба да влезам во група за да слушам туѓи искуства, нешто што може во една објава или стори да се стави.
    И јас сум многу нервоза @macalavica , секако никоја не признава од овие со курсевите, никоја не споделува не искажува. Е да, интимно е тоа, не е едноставно да се признае.
    Пример развој низ игра откако ќе стави некое стори со мисли со видувања нејзини имам чувство на вина. Дека не сум таква мајка, дека таа е смирена мајка, нераздразлива, седи дома со децата и ужива. Јас потоа си мислам дека имам мои ставови, одлуки и различни потреби.
    Пример имаше ставено некој текст дека било нормално родителот да сака да седи дома со децата, ама ајде да кажеме дека е нормално и да сака да излезе да има време за себе, да сака да го прати детето во градинка и да биде сам со себе некогаш.
    Сега читам текст за ментално здравје и кои карактеристики ги има ментално здравата личност.
    И си викам дека имам многу работа на себе, ама и вина.
    Убила ме вина, ќе биде по ново. :smirk:
     
    На LiquidLuna, enaena, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik мислам дека не постои мајка која не чуствува вина за нешто.Се додека се преиспитуваме и работиме на себе мислам дека сме добри мајки, и јас чуствувам вина зошто викам понекогаш, и ме гриже совест кога нешто упорно не дозволувам, еве син ми ме моли секој ден за плејстејшн на пример или за тел, и не давам, ако зацртам некое правило не остапувам, дури мм ме вика хитлер сум била некогаш, и потајно чуствувам вина за тоа, и ме гриже совест зашто други деца гледаат или играат и мајките ги фалат како се супер деца.Еве баш сабајле пишав во друга теба кај поголеми дечиња дали да купам нитендо за роденден, секој ден го бара, земал го нацртал па го избоил и го исекол, и го носи со себе, не дека неможам да му го купам ама лесно се навлекува на игрици, интернет и не сака да се игра потоа со други нешта, а еве сега се игра, црта, бои, игра со лего коцки, и ме гризе совест што не му давам и нема да му го купам.Другарка имам цело време ме критикува зошто не му давам телефон да гледа или таблет, сум претерувала и слично, и чуствувам вина.Мислам дека мајчинството и чиството на вина си одат по дифолт во пакет и дека нема мајка што е имуна на тоа.
     
    На Zumbulche, Mother of 2boys, Kolache na mama и 6 други им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    5.743
    Ако некои профили ти предизвикуваат вина и ти прават да се преиспитуваш дали си доволно добар родител можеби е најдобро да не ги следиш. Многу пати е зборено колку социјалните мрежи даваат искривена слика за нечиј живот и на некој кој се бори со секојдневието освен да му направат уште поголем стрес нема да му направат никаква услуга. За проблеми од твојот калибар постојат детски психолози, кои имај во предвид не работат со децата зашто децата се премногу мали да соработуваат туку работат со родителите, даваат совети како да постапите во одредена ситуација. Ги читав твоите постови, немам лично искуство зашто моите се помали ама заедничко за сите деца е што ги чувствуваат нервозите, фрустрациите и анксиозноста на родителите, затоа за нивно добро треба да работиме на себе. За ова веќе зборам од лично искуство. Ако сум нервозна и се карам со маж ми и тие се нервозни, ако сум загрижена за нив, нивниот развој или здравје и тоа сум приметила дека го чувствуваат. Во ситуацијата со јадењето што ја опиша мислам дека сама си го даде одговорот и решението. Можам да претпоставам зашто на криење го носите бебето да јаде ама и сама си свесна дека тоа можеби било тригер за тој бес. На возрасен кога му работиш нешто позади грб ќе се осети лошо а не па дете што нема капацитет да разбере и да се справи со емоциите. И решението е едноставно. Вклучи го во активностите кои му предизвикуваат фрустрација, кажи му да ти помогне да го нахраните, дај му лажичка да ја "прави" кашата, да му дава на бебето, да ти помогне околу садовите и сл. Во моменти на тантруми не се "држат лекции" на дете, чекаш да помине па после разговарате. Доколу се срди зашто сака нешто да добие и не е сериозно исклчучување го игнорираш и поставуваш граници или пробуваш да му одвлечеш внимание со нешто. Ако еднаш попуштиш и му дадеш тоа што бара секогаш ќе пробува на ист начин да го добие тоа. Ако еднаш не му даваш еднаш му даваш го збунуваш само повеќе се разгорува бесот. Значи поставете граници и секогаш држете се до нив. Кога тантрумот излегол од контрола и гледаш дека детето е дисрегулирано, тогаш го смируваш, со смирен монотон глас збори му дека разбираш дека е фрустриран или нервозен поради (најчесто ја знаеш причината) и го отстрануваш од ситуација ако постои можност да се повреди или повреди некој друг (треска глава, каса и сл) и чекаш да помине. Откако ќе се смири се навраќаш на ситуацијата и разговарате. Можеш да пробаш со користење на привилегии, давање на истите доколку е умен и одземање на истите ако не е. Ама ова се зборува кога детето е смирено, не во напад на бес. Тргам од себе, ако сум нервозна зашто сметам дека некој ми згрешил и тој дојде уште ме мава и ми се заканува како ќе се чувствувам, нормално не би сакала ни никој да ме гушне во тој момент, очи ќе му извадам :D
    Пак ќе кажам, моите се помали, имаме тантруми ама не се до толку изразени ама ги практикувам работите што ги напишав. И да не звучам како типката од инстаграм, не, далеку ми е од смирено дома, далеку сум јас од смирена. Имам испади на нервоза и кога ќе ми поминат се касам што не сум успеала да се контролирам. Невозможно е да бидеме 100% од времето смирени, деца болни или расплачани, со години ненаспани, несредени, не сме излегле, не сме се опуштиле без да мислиме на што не чека дома. Челик да е ќе попушти. Јас не сум имала идеја колку ќе ме смени бивањето родител, колку е тешко и колку ти го врти живтотот за 180 степени, ама пак, за ништо не би го сменила.
    Доколку немаш психолог достапен или не сакаш да одиш а стоиш добро со англискиот пиши ми пп, ќе ти пратам некои книги кои ми се допаднале а мислам дека можеби ќе ти дадат насоки како да се справиш со некои ситуации. Иако мој совет ти е работа со стручно лице да си помогнеш и себе си и на децата.
     
    На daniangel, LiquidLuna, elenaklasik и 7 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.738
    Пол:
    Женски
    Неколку пати те имам читано за ова со профиливе, и како членката погоре би те прашала, зошто ги следиш ако прават да се осеќаш лошо? Едноставно не си го прави тоа на себе. Нормално дека ставаат содржина во која самите изгледааат добро, никој не споделува слики и видеа кај што плаче, вришти и не може сам со себе. Кој би сакал да гледа такво нешто, на крај краева. :D
    Јас би ти препорачала да не реагираш веднаш во ситуацијата, застани и земи воздух. Знам дека изгледа невозможно, ама со вежбање се постигнува. Јас сум растена со тепање и дерење, имам веќе пишувано, мене првото нешто што ми доаѓа да го направам е да се дерам. Ама, ми доаѓа зашто тоа го знам, тоа сум го живеела и ми доаѓа инстинктивно. Ама, знам што ќе се случи ако се препуштам на тоа, зошто се случило, она само повеќе плаче, нема смирување на тантрум, нема смирување на ништо, двете нервозни и ништо не сум постигнала. И кога ќе дојдам до ситуација да ми дојде да викам низ глава ми проаѓа тоа сценарио, јас викам, она плаче, двете никакви. И све е потешко, све. Животот е тежок кога си во константна борба. Ако имаш борба за спиење, за јадење, за облекување, едноставно е исцедувачки.

    Затоа, земи здив, не мораш веднаш да реагираш, иако он плаче, ти не мораш, смири се, биди во моментот и размисли. И двајцата кога сте со маж ти не двајцата да викате, нека излезе еден нека се смири, па нека се врати, па другиот нека земе здив и поделете ги работите. Уште поголем хаос е и двајцата ако сте нервозни.
    И кажувај му дека го разбираш, секогаш е полесно кога знаат дека се слушнати и сфатени.
    Кога вриштеше зошто сум ја допрела со мокри раце, место да и се дерам дека аман, голема работа, лелееее капка вода е, јас и викам, знам дека не сакаш да си мокра, ти смета, те разбирам, сакаш да се пресоблечеш, да те избришам, и давам опции како да ја средиме работата. Кога ќе слушне дека е разбрано и сфатено детето се смирува.
    Им треба разбирање, на крајот на денот и нас колку работи ни сметаат, ама ние сме возрасни и можеме да си ги решиме, децата не можат.
     
    На LiquidLuna, Pocahontas.93, Мариаа. и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    Да, дефинитивно смиреноста пали и кај нас. Мојов е голем кавгаџија, инает тера голем ама кога му приоѓам смирено, кога го гушкам или некогаш кога ја терам на смешка и тој од плачка почнува да се смее и престанува одма. А кога сум нешто нервозна и тој ми ги стиска сите копчиња, ми доаѓа да викам и нема крај…

    Во врска со профилите, на почеток и јас си мислев како може вака да се смирени и благодарни за се нешто, а сега кога ќе прочитам нешто од кај нив ми доаѓаат и мене тие мисли па се осеќам некако убаво. Ако нешто ми предизвикува немир или ме тера да се преиспитувам стално секако дека нема да ги следам.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantisa

    Mantisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Син ми има 3ипол години, не носи памперс од јуни месец ама некогаш се моча во гаштите без да осети и ке речи пипи или мокро е. Не се случува многу често ама пак се случува.. незнам од што може ова да е. Мислење или некој со слично искуство???
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.521
    Допаѓања:
    288.750
    @elenaklasik ќе споделам нашето искуство.
    Со раѓањето на малиот во прв момент многу не се промени во секојдневието на девојките. За нив беше повеќе како поклон, играчка, приврзок за нивна анимација.
    Првите неколку месеци многу спиеше, немаше колики или плачки, па како да немаше бебе. Неколку пати на ден ќе отидеа, ќе го задреа, поиграа.
    Е после неколку месеци, веќе почна и он да се јавува, да растат и обврските околу него а со тоа беше потребна и промена во нашата рутина.

    Оваа промена најтешко ја прифати најмалата. Онаа транзиција од најмала, нашето “бебе” во големата дада, се совпадна истовремено и со стартот на предшколска возраст во градинка. Наеднаш беше и таму најголема, дадите веќе не беа таму почнаа во школо, онаа е најголема од сите дечиња.
    Најпрво се појави како тик, грлото како постојано да ја гребеше, бевме на лекар, алергија беше исклучена. Бевме на психолог, разговаравме за промените кои ги доживува и за новонастанатата ситуација. Ни беа кажано екстреми во стил деца од 5-6 години како се враќаат на пелени само зошто добиле братче/сестриче, започнуваат да јадат само пасирана храна, агресија или па вакви случаеви, тикови од различен тип. Кај нејзе се јавуваше кога е вознемирена или кога и е досадно.
    Ни беше советувано да набљудуваме 6 месеци, дека тој период е прифатлив и најчесто исчезнува. Навистина исчезна после неколку месеци и еве веќе со месеци не се засркнува со грлото.
    Одвиваше да заспие одкако ќе ја легнеме во кревет. Наместо по икс пати иди ми дојди ми да правиме или па да го буди бебето, еден од нас остануваше да чита книги, да одговара на милион радознали прашања и да биде за нејзе таму.
    Кога седнуваа на маса да учат сестрите и она добиваше задачи бидејќи е голема, дека ќе се спрема за училиште догодина. Колку повеќе обврски и наметнувавме подобро се носеше со истите. За оваа транзиција од нашата најмала, до голема дада, се консултиравме и со градинката и побаравме соработка и од нив.
    На жалост во градинка во тој период целосно се затвори и за разлика од гласната и дива девојка таму стана целосно повлече и стана срамежлива.
    Истата “битка” односно транзиција од една во друга улога, од најмала во големите таму се одрази на дијаметрално спротивен начин.
    Повторно се советував со психолог, да добие како курс, за да не биде срамежлива и да ја прифати својата улога на голема девојка.
    Во меѓувреме ја запишав и на карате што апсолутно помогна за зацврстување на самодовербата.
    Она што јас веднаш го приметив е дека трошењето на енергија и физичка активност позитивно и влијаат. На пат накај дома на игралиште или директ во градината, многу подобро и влијае и навечер побрзо заспива.
    Тој период беше неопходен и секојдневен план со активности. Спремен сет со нешто за заеднички да работиме, да лепи креира. Друг ден белегзии со перли, потоа игра од типот не лути се човече веќе не чекаше на маса кога ќе се приберевме дома.
    Колку и да звучи тешко и да ни се рика во себе, а ни се рикало, бидејќи зборуваме за детски реакции од исти тип, неопходно е да се остане смирен. Само на тој начин таа драма или тантрум побргу ќе заврши.

    Јас се трудам да користам топла бања навечер, кога спијат, за да се релаксиран, дејт вечер дома со мм бидејќи не успеваме да испаднеме некаде надвор, крадам пола час на ден кога се во школо/градинка за на кафе со другарка ми во 08.30 во една пекара итн.

    Неопходно е да имаш некој извор на енергија, некои помали или поголеми задоволства за да му дојде како доза/инекција сила за сите предизвици кои доаѓаат во текот на денот.
    До сега за икс предизвици околу растот и развојот на децата сум се советувала со детски психолози, сите совети биде од огромна помош. Со децата работат преку игра а мене ми помогнале подобро да ја сфатам детската психа, нивните чувства во тој момент и најсоодветно да реагирам.
    Малиот е 11 месеци и после пола година “работа” со нејзе успеваме да ја оставиме оваа фаза позади нас.
     
    Последна измена: 11 ноември 2023
    На dunika, Kom.pot, KuklickaSk и 13 други им се допаѓа ова.
  10. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, детево мое како да вади 6-ка, само ме чуди се засркнува, закашлува, нос не и тече, грлото не ја боли, искуство некоја мајка да има кога излегле 6 ки како поминале? Screenshot_2023-11-12-13-06-22-746_com.miui.gallery.jpg
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.891
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2023-11-13-12-29-12-248_com.instagram.android.jpg
    Кај развој низ игра.
    2000 денари вебинар.
    Како што сум со предизвици во оваа фаза на развој, размислувам...
    Што мислите за темите? Вреди да се учествува? Можат овие нешта и на интернет да се пронајдат сигурно...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Ако не ја следиш заследи на инста nurturedfirst. Предобри совети и реален живот. Исто има курсеви и toolkits не сум плаќала ништо такво, советите што ги споделува се одлични. Овие македонскиве ептен ми се .... Незнам како да се изразам а да не бидам грешно разбрана.
     
    На Skorpija25 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Имаш во вајкики и во локо кроко со ногавици и ракавчиња. Јас од таму купувам. Имаш големи броеви. Мојата 110-ка носи.
     
    На daniangel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.891
    Пол:
    Женски
    А бе не знам....
    Логиката ми вика не туку давај пари за нешто што можеби го знаеш а не си свесна, за нешто што самата можеш да се потрудиш, а не како ученик да чекаш готова лекција. Предизвикот ми вели земај, не чекај.
    Најмногу оној дел дека преку игривост се добива соработка од детето, за легнување, шетање, одење во градинка, искажување емоции...
    И тоа е што ми фали, некогаш не знам да се снајдам, немам идеи, и божем ќе ги видам на вебинарот.
    Ама парите ме кочат, овде 2000, онде 1000, за книги за родителство....и прегорев.
    Прегорев од мисли, не дека до толку сум во некоја ситуација без излез... како и сите нас...
    @danichap што рече психологот за тие регрес состојби кај децава кога бараат, да се дозволи нештото или да им се забрани ограничи?
    Мојот бара од кашичките, му давам, зема од шишето цуца млеко од вештачкото, допива чај, еднаш двапати му бранев, ама оставив да зема. Му ја цуцаше и цуцлата. За пелени нема пројавено некоја желба, ама секако носи за ноќно, така што исто му е, дури и му пречат ама ми ставаме за сигурно инаку преку ден е ок со ѓаките, оди самиот седнува моча кака.
    Гледам дека играњето поминувањето заедничко време е клучна работа.
    Само што како да немам идеи што да правиме... (facepalm) :wasntme:
    Боиме, јас му прецртувам форми животни, и му велам и тој да прецрта нешто дури гледа од нешто друго, па редиме коцки, читаме книги и тие се неколку работи, поправаме мебел.
    Што друго да се прави, дај идеја :)

    @le.soleil развој низ игра ми е профил со кредибилитет, затоа ја следам, но попатно знае да ме замисли каква сум дали сум ок. Добро, секако си сум таква створена да му ја думам многу.
    Нејсе. За граници да ти кажам исто така сум на мисла дали се доволно цврсти или лабави. Но не дозволувам да сум попустлива. Искрено, детево мое пример досега не било од тип на дете на поминеме низ продавници и да се корне за играчка. Можеби ќе почне наскоро, и тоа ме чека сигурно... :whew:
    Ама досега со збор. Мама, јадеше сладолед нема сега количиња возење. Можеби и не ни сакал доволно ама прифаќал. Или прифаќа поставени работи однапред.
    Ама еве прееска го зедов од градинка со точак и го седнав на седиште. Ми вика слечи ми го палтово. Не може ладно е есен е. Не, слечи го не сакам.
    Леле јас во мене ми зоврива, значи кој е поупорен сега си велам.
    А памти од други пати како сме правеле и затоа настојува.
    И му го слеков, реков нека е. Пс почна нешто да ммка, негодува, наместо го убаво позади, ова ми пречи, тргни го. Леле малку фалеше да изгубев контрола, зашто знам дека почнува тантрум односно влегува во тунел и се губи.
    Се качив на точак тргнав и позади слушам застани мама - плаче, не гледам напред не можам ова не знам што. И му реков ајде плачи ако сакаш ама палтото стои на тебе, го гушнав полека неколку нежни збора, пристап и се смири.
    И ајде сега, како да држам некогсш до мојот збор, когс бара во моментот слечи палто? Значи нема шанси, лупа мава со нозете. А ми се врти во глава мислата, Елена граница, значи граница. Си викам ете ме порази, си го доби своето, не ме слуша...
    Ама не знаев поинаку.
    И за јадењето, се охрабрив и ги седнав заедно во кујна. Почна не не бебето не. Ајде сега ќе јадеме заедно. Виде не виде прифати.
    Полошо правам ако делам, кријам отколку заеднички како семејство. Мора да сфати дека сме 4. И често знам да практикувам, седнувам на под со двајцата и се гушкаме сите заедно. Џо телетабиси :D

    Којзнае и јас што правам, ама здрави живи да сме. :$
     
    На mal.ecka и Zumbulche им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.839
    Се согласувам со твоите ставови, освен дека сите деци исто проаѓаат низ фазите.

    Не. Од двајца исти родители, две девојчиња, малото е буквално ѓавол. Големата е најмила на свет. Исто воспитувани. Карактер невиденп тежок, вистински лоша е. Пакосна
    Работат со психолог да се опраи колку толку.

    Сум пишувала, и јас имам дете што ги тестира сите можни граници и со многу работа сега на 4г е горе доле смирен. Малово бебе од бебе е сосема поинакво од брат му. Така да, не. Не се исти предизвиците кај сите родители.
     
    На mal.ecka, Zumbulche и macka91 им се допаѓа ова.
  16. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    6.434
    Ne si gi frlaj parite vo vozduh..Probaj vklucuvaj go maliot vo domasni aktivnosti da postavuva masa, da raskreva, da gotvite zaedno i slicno i batalibgi profilite po instragram.
     
    На daniangel, KuklickaSk, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Биди пред се другарка, зборувај искрено и смирено како со возрасен, не го лажи, понуди две-три решенија, (пр: што сакаш да правиме? Сакаш да си играме или да одиме да шетаме? - Надвор врне, времето не е убаво Сакаш да си играме нешто или да читаме книги) За јадење исто, за облекување исто...
    Верувај мајка си, уште кога ќе го родиш ти си мајката и се знаеш не е ниту една книга, ниту еден час, ниту еден гуднајт е љубовта што треба да ја дадеш на твоето дете.
    Секое дете поминува низ фази кое како, кое кога кое никогаш. Споредба нема
    Премногу се школуваш за родителство, остај љубовта да те води
     
    На daniangel, Zumbulche и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  18. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    И јас да си кажам искуство.
    Денес отидовме со син ми на психолог. Не поради него, тој е добро дете и добро се носи со тоа што е поголем брат, туку лично за мене да ми даде насоки како јас да бидам подобар родител и да не го запоставувам детето.
    Отидовме, и раскажав за проблемот, таа позборува со него, и раскажав за случајот од претходната вечер дека тој плачеше бидете сакаше јас да му наполнам вода а не татко му, и го разбуди бебе и тоа падна од спална. И таа го прашува дали сме го плеснале. Тој не и одговори. Јас и кажав да татко му го удри за да има за што да , да не му било залудно плачењето. Многу беше исплашен од татко му и ми вели тато е многу лош.
    Пред неколку дена не сакаше да спие со татко му, сака со мене, секоја вечер спие со мене, заедно спиеме со бебе, е тука татко му се налути и го изнесе на тераса, му рече надвор да спие.
    Јас мислам дека сме премногу строги и премногу очекуваме од 4 годишно дете, затоа барав совет.
    Е кај психологот ја допре дете хефталица. Таа му рече остави ја не е твоја. Тој ја држи во раачето и ја гледа првпат гледа такво нешто. Таа ми вели јас сум требало да му кажам да ја остави.... па дете се исплаши и седна позади мене на земја да се скрие од неа. Му реков стани не изреагира.
    И тука добив коментари како не сум била добар родител, да било нејзиното дете 5 шамари ќе изедело, како детето било некултурно што допирало туѓи предмети.
    Ќе дојдете двајцата со сопругот дете ви е надвор од контрола, добив совет од неа.
    На излегување Стоев пред врата да прочитам да не згрешив да не утнав врата.
    И си дојдовме дома, цел ден се мислам дали нешто правам грешка. Дали е многу разгалено дете? Наместо да добијам совет, добив укор.
    (facepalm)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Не сватив ништо.
    Прво го прашала дали е плеснат па после да било нејзино 5 шамари.
    Сега следно маж ти нека оди на психолог,со кој памет го изнел на тераса и му рекол тука ќе спиеш...
     
    На Skorpija25, Anya321, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    И мојов имаше тантрум или шо и да беше со палтото преѓе, да го слечиме му жежело, имавме обврски низ град малце, рацете камен ладно скроз зеде пишти вришти на цел глас иди и ти се влечи по земја да го крениш, го кренав го спуштив пак не можам враце тежи, цело време плачи цела чаршија не разбра, го остајв да се исплачи така некој 10 мин знам ако тргнам по неговите замисли и утре истото ќе ми го направи. Мора да се има граници.
    И тоа му објаснував цело време ладно е студи не може без палто надвор ништо не слушаше влезе во некоја фаза на плачење и само слечам, слечам викаше, во тие моменти ништо не слуша. Ваков се напрај од ко почнавме во градинка и се нешто ќе се најди дома да се изнаплачи од после ко таму да се има стегано, глас таму не пушта а дома друго е детево дефинитивно.