Како прво таму повеќе не е за носење детето и прво разгледајте каде ќе го носите, побарајте позитивни искуства од родители не да му се прават дополнителни трауми. Сосема нормално е да се исплаши во таа ситуација, какви шамари на дете таа психолог е или шо е. Сопругот е премногу строг мое мислење затоа дете се пика до тебе и сака со тебе само да спие, мора да се има некој баланс да се искара но со намера да се воспита не да се плаши и да се прават работи како за инает, мислам на тоа или ќе спиеш со мене или на тераса е чист пример на инает шо се ствара кај дете. Па тој ќе одлучи следно воопшто со него да не спие, наместо да пробал со убаво како дојди да читаме некоја приказна или да изгледаме некој цртан, мора детето со убаво да се навлече за да се конектира со таткото, никако со лошо и со закани со шамари, со ќотек ништо не се добива, се плаши додека се плаши после ќе почни да се спротиставува за се и ќе си имате мака како што расти.
Да, за ситуација кога плачеше кој му наполнил вода, требало да биде шлапнат, и кога и ја допре хефталица рече ако било нејзиното дете 5 шамари ќе изедело.
И на маж ти однесувањето не е во ред, но и на психологот богами. Место да го советува детето, ќе го истепала
Каков психолог е таа, веројатно без школо.. се изнервирав читајќи те. Како може таа така да се однесува, наместо таа да биде "добрата" на фин начин да му објасни на детето, таа ти вика да си го плеснела ццц.. со плескање ништо не се решава. Или најди друг психолог или пробајте сами да ја решите ситуацијата. Сметам дека татко му е премногу строг спрема детето, како може на тераса да го остави, па греота е тоа дете трауми ќе има понатаму, не размислува воопшто! 4 години се ништо, тоа дете сега се впива. Прво разговарај со сопругот, потоа сите заедно седнете и објаснете му на детето дека не е сега сам, дека не можете целото внимание да му го посветите на него. Можеби е само период, ќе помине ако така се однесува строго со него цело време може да му се одрази понатаму како што ќе расте..
@KuklickaSk @MinnieM @Black girl Ви благодарам на советите. Знам дека е премногу строг и затоа отидов на психолог. Нејзиниот пристап воопшто не ми се допадна и секако ќе разговараме со друг. Само сакав да го споделам моето искуство, дека сите мајки во некој момент се чувствуваме беспомошно и се вртиме во круг. Недостатокот од внимание резултира со тантруми кај децата, исто како и тоа дали се гладни, жедни и изморени. Јас се трудам на мирен начин да го смирам и да бидам возрасна во ситуацијата, а добивам совет да сум го ишамарела, од стручно лице. Веднаш треба да и се одземе дозволата да се работа.
Жено остајте детето да си биде дете. Тебе тешко ти беше ти вода да му дадеш, или таткото да го земе другото бебе? Уживајте со децата, прифати ја љубомората на детето.
Не ми беше тешко, секоја вечер легнуваме и до него има шише со вода. Го испи па побара уште. И кажав дека и бебе спие со нас па во моментот се разбуди и го доев и затоа го викнав татко му да му наполнил вода.
Не сум ја прочитала,но можеби не можела во моментот она да му даде вода? Има такви деца,мама сакам да ми даде или тато сакам да ми даде. А тоа што не е слободен родителот во моментот не ги интересира. И после тантрум.
На детето тантрумот е во ред доза на љубомора и се друго ДЕТЕ Е. Ќотек,шамар и носење на тераса родител? НЕ
@elenaklasik регрес состојбите беа набројани како чести и типично кај деца кои се соочуваат со различен хаос од емоции при добивање на нов член во семејството. Во нашиот случај не беа застапени па не би можела да го споделам мислењето на психологот. Нејзиниот општ став беше детето да се пронајде во новата улога на голема дада/батко. Јас лично би купила нов прибор за храна, некој нов шол/чаша бидејќи е голем батко. Дололку е изводливо и сам да ги одбере со некој супер јунак можеби. Па бебето кога јаде каши или пие он да има нешто за големи батковци покрај себе. Исто и со гаќиња, да си одбере сам некои боксерици итн. Полека да ја прифати својата улога на голем батко и да ужива во истата. Во однос на другите секојдневни предизвици јас сум прилично строга. Не знам колку точно е малиот кај тебе, кај мене најмалата мома е 5г. Летото им го ограничив пристапот до медиумите и после првичното бунтување од 1-2 недели, подобро спијат, имаат подобра концентрација и општа комуникација со мене. Казната е една година, до наредно лето нема јутуб на тв, иконата е избришана па нема ниту за нас, нема тел, нема нинтендо, нема таблет. Еден час на ден нетфликс. Доколку се започне со дискусија, караница(посебно бидејќи телевизорот го делат трите, само еден во дневна е) тогаш цел викенд или цела недела нема тв. И успешно е. Знаат дека не е тоа приоритет, знаат дека ако има плачки караници воопшто нема да гледаат, и прават компромиси меѓу себе и се договараат. што да се гледа. Тамтрум или лошо понашање нема да биде наградено. Разговараме, се ветува дека нема да се повтори, но си стојам на казната. Игри. Кај мене сите имаат различни афинитети. Една може со саати да лепи, сече, бои, стикери, книги. Кај нејзе има секогаш еден креативен хаос и шлакутници. Другата со саати е со лего, магнети, дрвени коцки за градба. Третата околу куќата за кукли, ќе ги рани, реди, облекува. Важно е и колкава е концентрацијата, како може да се подобри истата, за да задржи внимание со една игра и активност а не да се оди на следна следна. Луфтирање, доволно вода, удобен стол, предходно истрошена енергија со пешачење, возење точак, игри бо парк, прошетки во природа. И многу многу трпение и од наша страна.
Здраво.Јас сум нова во форумот и сакам да прашам дали некоја мајка има вакво искуство имам синче 3 год и 3 месеци е,има проблем со говорот.Фонфот на зборови со кои располага му е многу мал до пред месец дена само мама,баба ,дада тато бевме на логопед не советуваше да не му даваме да гледа цртани на англиски му скративме сега гледа само биби и боби.Поцна да изговара уште неколку зборови како дај млеко,пушти струја но сепак сметам дека фондот на зборови со кои располага за возраста му е многу мал.Кога сака нешто а неможеме да разбереме што сака не фака за рака и не ноги до тоа што го сака и покажува со прст.Незнам дали да посетиме неврлог и кој? Искуства ве молам
Мислам дека целокупна проценка за евентуални дефицити во различни области од развојот би била по соодветна како прва станица. Мислам дека во центар за јавно здравје имаше??? Некој поупатен или со искуство нека сподели. Имаше и еден приватен, на жалост не можам да се сетам на името, Гаспар беше можеби. Врз основа на една таква проценка се дава препорака за посета на логопед или можеби и дефектолог итн. Кај деца со проблеми со говор е од огромно значење и посета на ОРЛ.
Бевме на ОРЛ за проверка на слух ни рекоа дека е во ред.Логопедот кои што го посетивме ни рече дека е мал за да работи со него.Матичниот педијатер ни сугерира да не посетуваме невролг јас навистина незнам каде да се обратам?
Мојата од 2г одеше на логопед. Не знам зошто со 3г би бил мал. Препорака за конкретен невролог немам. Имам искуство со препораки за испитувања од страна на нашиот невролог. ЕЕГ во сон и спиење, МРТ, генетика, лумбарна пункција и анализи за автоимуни итн. Но таму се оди само доколку има јака индикација и матичен те упати.
A preporaka za logoped da mi dadete? ne ne odi na gradinka Preporaka za logoped da mi dadete ? Neznam kako e so gradinkite po drugite gradovi no Strumica realno imame problemi koga pocnavme so gradinka 2 meseci sekoj den bukvalno sekoj den ni vrte na tel da odime vo 12 da go zemime.Realno niti jas niti soprugot mozeme sekoj den da izleguvame od rabota za da go zememe od gradinka.Pricinata bese ne sakal da spie.
Јас сум во Германија, на жалост немам лично искуство со логопеди Македонија. Имаме теми за говор, пробуричкај, имаше многу мајки со одлични искуства.
Aпсолутно се согласувам. Не поддржувам ќотек и одење во крајност при воспитување на дете. Секогаш може да се најде решение,колку и да се исклучиме од нервоза во моментот.
Јас би оставила бебето со татко му и би го легнувала големото. Бебето во креветче големото во соба. Така правам и јас, одам кај нејзе во соба, ќе читаме, ќе раскажува приказни….и доколку е потребно останувам додека не заспие. Отпрвин инсистираше само јас, после и татко и се наоружа со омилените книги па веќе пола пола е при легнување. Психологот смени го.