1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Дете од 3 години не е мало за работа. Друго нашите матични педијатри навистина не знаат да забележат доколку постојат некои отстапувања, а уште помалку да те упатат на соодветно место. Јас би почнала со развојна проценка и понатаму ќе ве упатат дали има потреба и каде да се обратите. Во меѓувреме екрани на минимум, максимум пола саат во денот. Користете кратки и јасни реченици. Зборот што сакате да го научи употребувајте го почесто. Пр. Ќе земам чаша. Ќе ја наполнам чашата со вода. Земи ја чашата. Пиеш вода од чаша. Читајте приказни секојдневно, раскажувајте, менувајте го тонот при раскажување, покажувајте ги поимите кои ги именувате.
     
  2. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Рековте од Струмица сте. Па видете можам да ви посочам дека детето слуша и многу различен дијалект од литературен (од биби и боби) и покрај тоа и Англиски. Исто така не оди во градинка. А детето ви се смета за прозборено. Моево е иста возраст исто не може да се соработува со него. Он дома си зборува со мама и тато. Дури и кога одиме кај баба и дедо многу малку зборува (5-6 зборчиња) другото му е со ќенкање и плачки.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Секој психолог се нарекува. Ова и од искуство. Отишле на два курса и психолози станале. Мора многу да се внимава кај кој да се оди, гледаш вака ненормален некој и патот под нозе.
    Маж ти си има длабоки проблеми со себе и ги истура само врз децата. Он треба да оди кај некој асален психолог и да си поработи на себе. Кога ќе искрши нешто кажи му сега ќе те затворам на тераса да спиеш, патем плесни му еден шамар, чисто да види како е.
    Па, требало да го соблечеш. Носето обично е знак за ладно/топло, или мешето, не рацете. Можеби му сметало, не викало без причина. Ова се типични работи за кои не треба расправање и се залудно потрошени нерви од страв дека ако му попуштиш пак истото ќе го направи. А што ќе направи? Ќе побара некоја потреба да му се исполни зошто не може сам? Бирајте си ги битките и не се расправајте за глупости со децата, само потешко на сите си правите.
     
    На elenaklasik, Mother of 2boys, Lisandra и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Времето беше ладничко сношти, не знам шо му текна дека сега сака да се соблече, не е ни прво ова по го прави секој ден има нешто, пример сега сакам сладолед, сакам да се капам, сакам надвор, сакам тесто да месам и ќе плачи дури не ги добие и некои работи не може да ги добие во секое време кога и да сака, па го оставам да се исплачи и да знај дека не можи се како шо си замислил.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Истражува, испитува, сосема нормална работа.
    Од овие работи со палтенцето не си морала да се бориш, може него му дошло топло, не сме воопшто исти. И врти внимание, дај му нешто друго, однеднаш направи му ууууу што ми текнаааааа, одма ќе се заинтересира. Објаснување зошто нештото не може сега, разбирам дека сакаш, жал ми е што тоа не може да биде сега, гушка и врти со нешто друго. Ти си замислила дека он сега манипулира и твое е да не дозволиш он тебе да те манипулира зошто е он само дете и нема да биде како што сака и тоа е.
    Смени мајндетот малку, во развој се, не сфаќај дека сте во некаква битка, зошто понатаму само потешко ќе е.
     
    На unearthlysarah, Lisandra, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    15.924
    Од кога почнавме во нова градинка, фати една лоша навика, после градинка од пекара обавезно да се купува перек а во последно време премина во чоколаден кроасан кој е доста благ и со еден тон мрсен путер. (додуша ние сме виновни, за време на периодот на навикнување и' ветувавме награда ако остане во градинката без да прави проблеми).

    И нормално ако го јаде тоа, после дома не јаде од тоа што сум и спремала за јадење.

    Вчера прво рече дека сакала перек, прво реков дека не може па почнаа драми и плачки по пат. Попуштив, реков добро но само перек, нема кроасан. Прво се согласи но кога влеговме во пекарата почнаа драмите и плачките за кроасан и плус виде таму некои си путер колачи исто еден тон шеќер и путер. Но овојпат не и попуштив, од една страна поради тоа што не сакав тоа да го јаде а од друга страна затоа што треба да научи дека ако вети нешто треба да си остане на зборот.

    Купивме перек и излеговме плачејќи ептен гласно и покажувајќи кон витрината со благото. После тоа имав некое лошо чувство на вина како да сум го ускратила детето и цел ден си мислев дали сум била всушност премногу строга... Од друга страна пак мислам дека ако сега не се постават граници (3.5 год. е), после можеби и ќе биде доцна.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Добро, што збориш.
    Значи ако сега надвор сака да си искочи со омилена маица со кратки ракави ке треба му дозволи,може му било топло.
    Да,мајката одлучува што тоа дете ке носи надвор.
    Дете мора да научи што значи Не!
    А не да му се врти внимание само не да не се каже.
    Има деца кои не слушаат објаснувања.
    Не се сите исти.
    Не си строга,добро си постапила.
    Од многу мазење и нежно родителство само размазени деца искачаат неспособни за ништо.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Има нешто што се вика природни последици. Ќе види дека е ладно и само ќе побара. Тоа зборам.
    Може и му е жешко, може било наоблечено зошто нас кога ни студи мислиме на децата уште поладно им е, па ќе ги натунтаме. Прочита ли кога реков да се објасни зошто не? Значи не се кажува кога треба, ама не се дере, не се вика ЈАС КАЖАВ НЕ И ТАКА ЌЕ БИДЕ. ЈАС СУМ РОДИТЕЛОТ!
    Генерално ова се случува.
    Нежно родителство. :D
    До ова дереџе сме од урлање по децата, од нашите комплекси дека ние сме родителот и ќе биде НИЕ како ќе кажеме и крај. Ние самите тепани и така воспитани пренесуваме на децата генерациски трауми, анксиозности, па после се чудиме зошто ни биле такви децата.
    Циркузи.
    Не. Не е од нежно родителство.
     
    На Mother of 2boys, unearthlysarah и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Кој проценува кога да се каже не?!
    Родителот? Или детето?
    Секако дека одговорноста и одлуката е на родителот.
    Да,ние сме родители кои одлучуваме што ке носи,јаде и пие.
    Не може дете на 3 год да одлучува.
    Ако родителот смета дека е ладно и дека треба да носи јакна ке му каже не ,не може да одиш без јакна зошто е ладно.
    Толку.
    Неодамна имавме ист ваков случај каде на врата наутро во 07 дете на 4 год. Се соблекуваше и елек и дуксер и маица за да биде на прерамки маица со апликација.
    Мајката објаснуваше и мјаукаше додека малиот се фрлаше на под зошто не смее гол д аседи.
    Значи многу имам видено во градинка,но ова сега што с еслучува е лигавење на куб.
    Најчесто не ги перципираат што објаснуваат и зборат туку си тераат баш по нивно да биде и кога на крај ке ги пуштат така ,насмеани влегуваат внатре.
    Тоа е манипулација.
    И дете кое не научено на Не!

    Не знам за кого збориш,можеби за себе ама јас ниту сум тепана ниту трауматизирана,ниту сум анксиозна но сум знаела дека не значи не од родител.
     
    На daniangel, elimkd, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Па, не се согласувам. Ти го мешаш пермисивниот стил на воспитување и не знаеш која е разликата. Јас не зборувам за пермисивност, никогаш не сум ни зборувала, ама изгледа или ќе си пермисивен или авторитарен, нема средина.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Па тоа што ти го пишуваше е пермисивен.
    -Па требаше да му ја соблечеш јакната.
    Не е ништо страшно.
    Авторитативен е она што јас го зборам,со поставување на јасна граница согласно возраста на детето.
    И одговорност и водење на детето.
    А не детето да го води родителит.
    Сакал по влечки да оди бос,ако де нека оди.
    Ќе му студи,не!
    Ти ќе ја поставиш границата.
     
  12. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Моментот е дека родителот касно сака да објасни , да го научи дека во зима се носи палто, блуза и повеќе облека (дури пред вратата на градинка). Тоа дома кога ќе научи зад затворена врата ќе знае и надвор. А еден тантрум не можеш да го решиш со викање, цркање, тепање водење инает дека си ти родител и си главен ако веќе си дозволил да почне
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Работата е што си имаме посебна замисла за граници. И почитување на детето согласно возраста. Може мене ми студи, на детето не му студи. Ова не ми е за граница, туку за разбирање. На пример, мојава не спие покриена, никогаш не спиела, топло и е, мене ми е ладно, јас обавезно сум покриена. И? Да ја натерам да се покрие зошто јас сум родителот и мора граница да има? Или не сака да оди пренаоблечена, исто и е топло, ете, не е зимурлива како мене. Да ја натерам да се облече како јас што сакам зошто нема мене детето да ме води? Тоа е чист инат и потреба за надмоќ, ништо повеќе.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Добро пак ке те прашам што збориш.
    На 5 степени наутро ако сака по кратки ракави ти ке мислиш дека му е топло,различни потреби имал?!
    Не.
    Родителот сам по себе е надмоќен во однос на детето.
    И психички и физички.
    Затоа е тој пто се грижи з адетето,а не обратно.
    Детето само за себе ниту може д аодлучува ниту да се гледа.
    Природа,биологија.
    Но ова што јас го гледам е 90%пермисивност и родителите ги вртат околу мал прст.
     
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Така е! И децата имаат и сетила и чувства и се што имаме и ние!
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Збориме за ситуација во која детето сакало палто да соблече. Не за екстреми во кои ги носиш работите за да доловиш некоја поента. И намерно ги испушташ нормалните примери кои ги наведов.
    Ама, нема поента понатаму дискусијата секако. :)
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Па во пермисивноста е поентата.
    ;)
    дали е палто,влечки,блуза сеедно.
    Оправдувања од типот може му било топло кога објективно било ладно е само оправдување ако не знаеш граница да поставиш и да бидеш доследен.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Не е сеедно, затоа ни ти нема поента дискусијата.:hai:
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.082
    Пол:
    Женски
    Па ,има поента.
    Ако ти возрасен си проценил дека треба да носи јакна согласно температурата надвор,ќе носи.
    Детето не може да процени.
     
  20. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Имаш погрешна идеја за тоа како се поставуваат граници. Граници не се поставуваат со НЕ. Граници се поставуваат така што прво треба да се има емпатија кон чувствата на детето после кажувате зошто тоа не е добро или опасно и поставувате граница. Најчесто кога на детето ќе му кажете не, нема да ве послуша затоа што не знае што друго да направи во моментот. Треба да му се каже што да направи. Авторитет не е јас сум родител, јас знам што треба да направиш. Така се одгледуваат деца кои имаат страв од родителот. Јас на пример сакам моето дете кога ќе направи беља да дојде и да ми каже, а не да крие затоа што му е страв од мене. Сакам да не му е страв од мојата реакција.
    Како генерација полни сме трауми за кои не сме ни свесни.

    Друго, не, членката не постапила добро, според мене. Одењето во градинка не треба да се наградува. Затоа што во иднина секој ден ќе очекува награда. И кога ќе реши да го прекине купувањето на кроасан треба да разговара со детето, да го спреми дека тој ден нема да купат кроасан. Така најверојатно би се избегнало тантрум, затоа што знае што следи. Може ќе негодува ама неспоредливо помалку.
    Со нежно родителство не се прават разгалени деца, со пропустливо родителство се прават разгалени деца.

    И не ги потценувај децата. Знаат и кога им се јаде и кога им е ладно. Дете од 3 години знае да ти каже дека му е ладно.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.