Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.342
    Допаѓања:
    90.074
    Пол:
    Женски
    Види јас како педагог ги знам многу добро воспитните стилови,теоријата е едноставна,нивната примена не е лесна.
    На дете апсолутно треба да му се каже не и потребно е исто како и границите .
    оправдано,јасно,објаснето и доследно.
    Ако сакаме да порасне во зрела и одговорна личност неопходно е дс постои Не!
    Детето мора да знае до каде да оди,која подразбира и еластичност и слобода но и граница која не смее да ја прејде.
    Само на пермисивни мајки им е тешко да речат Не!
    Оние мајки кои Се плашат од некои сопствени трауми да кажат не,од страв детето да не не ги сака ако го кажат тој фамозен збор, треба прво себе да се излечат.
    Да дозволиш се што ке посака,наоѓајки оправдување за секое барање,а воедно да се храниш себе дека си ете разбирлив и добср тодител доведуве до непостоење граници и забрани,до анархија и збунето несигурно дете.

    Во пракса работам со предучилишни деца и гледам што се случува.
    Од искуство исто така имам две деца кои веќе се израснати и воспитани кои знаеле граници.
    Кко ти ќе го воспиташ твоето бебе е твое.
    Но нежното родителство не гледам дека дава резултати.
    Напротив има многу повеќе насилници меѓу децата баш поради тоа што немаат граници,не знаат за не .
    Инаку дете од 3 може и да манипулира .
     
    На mal.ecka и Zumbulche им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Gentle parenting не е пермисивно родителство, пак ќе ти кажам. Граници постојат и се поставуваат, само без дерење, урлање и желба за надмоќ. Притоа се почитува и детето како индивидуа.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    6.424
    Zdravo majki eve i jas sum malku vo prasalnici znam deka site deca ne se isti, no sepak priblizno kako e kaj decata od 3.5 do 4 godini brojki do kolku znaat, samo da brojat ili i da gi prepoznavaat i da pisuvaat, bukvi kako sto ? Nie so maz mi.sme na sprotivni gledista pa sakam da ss informiram kako e najpravilno za tie godini da ne si stavam pregolemi ocekuvanja ili slicno
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Кој родител ке води борба за палто ако надвор е за дуксер? Ниту еден.
    На 3 години син ми пробуваше дали ке дозволам по маица да излезе а ние во јакни. Ситуација: на врата наместо да облече јакна, се соблече по маица. Така ке одел. Кажав дека остануваме дома ако сака по маица. Заврши тантрумот и облече јакна. Не се издрав.
    Во друга прилика сакаше по собни патики да излезе. Кажав може чизми или патики бидејќи е суво. Избор пали.
    Ама да врнеше дожд немаше да дозволам да излезе. Може да чувствува ама моја одговорност е да бидст нозете суви и топли.

    Твоето нежно родителство пали ако имаш време. Да си во ситуација да носиш дете во градинка а потоа да фаќаш автобус, а нареден е за 1 час, па автоматски да останеш без превоз, притоа да зависите од платата, нема да го мољакаш да облече јакна. Децата фрлаат тантруми кога е најкнап времето.

    Син ми чњсто знае да посака слаткиши пред ручек, или на мусака да бара макарони. Знае да плаче ама научи дека ништо не постигнува.
    Треба ли да ги слушам чувствата и при домашен ручек со месо да давам тестенини?
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.521
    Допаѓања:
    288.750
    Во предшколска возраст, 5г, во текот на Vorschule, започнуваат со изучување и сосема е доволно според мене. Паралелно и дома тогаш почнуваме со друг тип на вежби и активности. На 3-4 не.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.342
    Допаѓања:
    90.074
    Пол:
    Женски
    Нежното родителство е релативно нов стил кој стана интернетски тренд па затоа и велам дека ги гледам последиците на дело,дисциплина 0 кај машките особено.
    Инаку се е во ред во практикувањето освен најголемиот недостаток на овој стил.
    Недостаток на дисциплина под 1.
    И пострашното форсирање на избор кај детето бидејки изборот на детето во даден момент може да биде многу погрешен и со фатални последици,под 2.

    Инаку Сите се сега нежни родители.
    Една мајка дури ми кажа дека на тик ток следела редовно совети за овој стил.

    Моиве во групата се 4-4.5 препознаваат претежно до 10,вежбаат графомоторика, бројат до 10 сите.
    Букви само да препознаат.
    Јас би ти рекла не форсирај.
    Ќе научи се.
     
    На mal.ecka и SanelaS им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Што од ова тебе ти звучи лошо? Све спаѓа под истото. Си поставила граници, не си се издрала и тоа е тоа. Друго е да си го плеснела на пример. И да пишеше го исплескав, нема што он да кажува. Ова јас го зборувам, не знам зошто мислиш дека се контраш. Плус избор си дала, што е секогаш препорачливо.
    Пермисивен родител би дал било што само да не се замара со детето. Еве ти благо, само не замарај и ајт. Инаку објаснуваш зошто не може и зошто не се јаде пред ручек, ова не се прави после три години, се почнува од помала возраст, па додека дојде до оваа веќе да му е влезено во глава едноставно. Може да праша, може и да плаче, ама се останува на своето, а тука се границите. разликата е што не почнуваш да му се дереш како сто пати си кажал дека нема благо, ако не престанува не го плескаш за да престане.
    Граници се поставуваат, како ќе се постават е разликата.
    Големо недоразбирање е со пермисивниот стил, тоа е најголемиот проблем. Објаснив и погоре, пермисивен родител не се замара, едноставно дава и толку, све што е потребно само да не гњави детето.
     
  8. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Попустливите родители се плашат да кажат не. Нежните родители не се плашат да постават граници и да останат доследни на нив.
    Јас не можам да одлучам како се чувствува детето. Дали му е ладно или не. А ако сака голо да излезе на сред зима ќе поставам граница и ќе ја барам причината зошто. Секако дека нема да го пуштам ама нежно ќе поставам граница. На краткорочен план е најлесно да забраниш нешто со тоа што строго ќе забраниш не, затоа новите методи ти се чинат тешко применливи. Затоа што може потешко се применуваат на почеток ама на долгорочен план имаат одлични бенефити.

    Нудење на избор е одлично кај детето за да добие чувство на контрола (правам муабет за избор од две работи пр. зелената или сината јакна сакаш да ја облечеш?). Јас сакам да одгледам личност која ќе порасне во возрасна индивидуа која ќе знае да направи избор, која ќе знае да се бори за себе, а не личност на која ќе и кажуваат што да прави.

    Голема недисциплина можат да покажат деца кои се престрого држани дома. Дома не можат па во градинка ќе прават бељи. Овие деца често можат и булинг да прават врз други деца затоа што дома не смеат А да кажат. Нема ова сакам ова не сакам, родителот што ќе каже тоа е.

    Патем не велам дека сум против не, ама на детето не можеш да му кажеш не за нешто што секој ден го правел и сега одеднаш ти текнува не. Исто ко секој ден да имаш ручек на работа и еден ден одиш на работа доаѓа време за ручек и претпоставените ти викаат денес нема ручек.
    Сум за поставување на граници и доследност од страна на родителот. Ама не може да очекуваме дека детето нема никогаш да ни се побуни. Дете е, треба да се побуни, треба да се чувствува удобно да се побуни. Ќе останеме доследни да ја заврши пр. задачата ама во ред е да се побуни. Според мене и пожелно.
     
    На Mother of 2boys и Malesia им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    Граници 8-|

    Неопходни се во воспитувањето, било кој стил да го има родителот, мора да ги поставува.
    Е како е главното прашање, а и голем предизвик.
    Децата имаат свој нарав, темперамент кој може да биде различен од на родителот и да создава нон стоп конфликти. И следствено различно да реагира на границите.
    А и децата постојано се во промени, не може да им се фати темпото ни ритамот. Таман мислиш дека држиш под контрола овие како се викаат уздите?, тек тогаш некоја новост повторно.
    Најтешкото е да го сфатиш детето, да му го научиш наравот.

    Мислам дека децата нејќат попустливост, ги буни. Повеќе би издржале некоја своевидна строгост отколку попустлив родител. Човече мислам стварно онака лабав да си, без мислење, без замарање. :shake: Поарно викни, згрми, ќе се осети повеќе сакано отколку да не те тангира.
    И реално родителот треба да биде строг, доследен, да повишува глас кога треба.
    Нежно родителство.... хмм, можда е повеќе за женски деца. Или и за машки до одредена возраст.
    Нежното родителство е повеќе за емоционалната поддршка за децата.
    Сум викала на син ми, те разбирам, знам како ти е, во ред е да не сакаш... Кога успевало, кога не.
    Ако сака нешто да добие, ако се решил на нештото, што сакаш викај му, тој упорно ќе бара. И тука ми се поставува прашањето, можеби навистина нешто сака сега. Можеби не ме манипулира.

    Јас некогсш сум ставена на предизвик да се контрам со 3годишно дете, кај ми е крајот ако цел ден нешто се убедувам.
    Негде мора помеѓу баланс.

    Еве на точак и јас му го соблеков палтото, бараше упорно, почна да тропа со нозете. Ако се правев на три и пол и да возам а тој бара тропа на точакот, на што личи тоа? Ако застанев дс го убедувам дека мора палто да носи, и тоа џабе. Имаше сонце, реков ајде нека го.
    А тоа од другпат му е научено, кога седнуваше на седиште позади и го тргаше палтото за да не му пречи на грбот врзан со каишот. И кога веќе сме правеле така, си реков ајде нека и сега, секако е сончево. Е да врне снег другпат нема да дозволам. Ваљда и нему студено ќе му е. :wasntme:

    Сакам да го научам да почитува туѓи граници и кога ќе рече и тој не, другите да му почитуваат.
    Пример вчера бевме на гости и таму на столче на вртење се вртеа со братучедите. И тој седи другиве го вртат, едно време викаше не сакам веќе, готово. Ама братучедиве продолжуваа да го вртат. Тука јас се вклучив, готово велам прекинете. Кога другиот не сака повеќе, ќе престанете. Добро е децата да учат за туѓата перспектива.
    И овој пример го сметам во граница.

    Потоа пример зеде пред некој ден пенкало и молив и пробуваше на креветот на ткаенината да чкрта. И демек моливот не остава трага на материјалот и после го притисна пенкалото и чкртна. И му ги зедов. Му реков уште еднаш и ти ги земам. И кога ги зедов, ништо не рече. Пример за така знае да поќути, не ми се буни.
    Некогаш и се буни. Зависи колку му е интересно.
    Или кај баба му и дедо му се договориле дека 3 коцки чоколадо ќе јаде, и самиот толку си барал.
    Е кога упорно бара нешто, и дури ситуацијава се вжештува, почнува да вика, си велам веројатно па стварно сака или се осеќа некако. Не можам на сенешто јас да спречувам, да забранувам, мачно е тоа за мене, а тој исфрустриран ќе биде. Некогаш и самиот ќе сфати кога побарал нешто погрешно.
    Претешко е. Ох. :sweat: граници, емоции, прави вака, нежно, ама не претерано, не викај, не дозволувај ова она, шизнавме.
     
    На Zumbulche, Nina 2014 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Извини, морам да прашам. Зошто нежно родителство е само за женски, а не за машки? :D

    Мислам секако и двата пола ги воспитуваме до некоја одредена возраст после само се рефлектира нашето воспитување.
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    Дека нежно е женското па нежен пристап :D
    Се шегувам.
    Ама не е исто воспитувањето кон момче и кон девојче.
    Имам примери на семејства со женски деца, воспитувани умерено со полека со нежно, со разбирање. И тоа е во ред, во ред е така и кон машко. Ама машките се побурни, кај нив мислам треба построго поодлучно. Некогаш ако осетат емоции одма искористуваат. А можеби и женските стануваат такви подоцна. Не знам што да речам..нема правило.
    Секако граници се препотребни и кај двата пола.
     
  12. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Јас се имам сретнато со семејства со прво машко дете, префино, прекултурно, предобро воспитано и второ женско спротивност од првото. Првото воспитувано понежно, веќе со второто почна повишувањето тон.
    Се согласувам дека граници се потребни. Јас стојам на тоа дека здравите граници имаат големи бенефити и кај двата пола.
     
  13. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Не ја знаеш ќерка ми затоа мислиш дека девојчињата се нежни :D ѕвер невиден е :whew:
     
    На LiquidLuna, Sofi.ja, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    Е оти така пример? Зошто сменале пристап кон девојчето? Такво си било по темперамент попргаво па и тие се разлошиле или што?

    Жити сѐ? Кажи ми за другпат да и пренесам на свеки дека и женските се ѕверштини. Мисли дека се цвеќенца, дека само машкиве се вакви пргави бесни. Кога бев бремена и со двеве деца само навиваше да биле женски и желби искажуваше.
     
  15. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Кон двете, затоа што најверојатно е понервозно со две и плус кнап време, не знам. Ама точно, со различен темперамент се. Така што и двата фактори играат улога. :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Кај мене женското е побесно од машкото.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    Кај мене и женското и машкото се бесни. Дијаметрално различно бесни. Женската ми е дипломатски бесна. Како да е моделирана директно од Брисел. Дечкото ми е прав талибанец. :D
    Девојката е питома, остроумна, независна. Дечкото е див и гласен, ама несигурен. Со него мора да е најнежно. :D


    Нема универзален модел на родителство кој што одговара на секое дете. Ама секој мора да го најде начинот што им одговара.

    Детето мора да слуша и да го прифати зборот не, како дел од воспитувањето. Без дефокусирања. Можеби тоа е добро кога имаат една година, две, па ајде и три. Ама после тоа граница се поставува со не. Потоа се држиме до таа граница и објаснуваме зошто е не и даваме избор соодветен на околностите. Детето мора да знае за не, оти утре нема секој да е толку нежен со нив како ние дома. Не секој утре ќе им дава објаснувања зошто е “не” и зошто нешто “не може”. Дали во школо, дали на работа, ама низ животот честопати ќе слушаат “не” и ние треба да ги спремиме на тоа. Како да се носат со “не” и евентуално како да продолжат после тоа.

    Пристапот кон секое дете е своја приказна. Ист метод не може да даде ист резултат кај секое дете, па побогу апсурдно е воопшто да се форсира едно те исто кај секое, кога секое е своја индивидуа и различно се носи со чувствата.

    Кај мене, со ќерка ми успева кога за се однапред се договараме. Ако пробам само така од нигде и никаде да и ја соблечам јакната не поминува лесно. Негодува, се буни, се чувствува “нападнато”, нормално плаче. Па се договараме. Сега ќе излагаме надвор, деновиве е свежичко ама сега има сонце па може е топло, и ако е доволно топло сите ги соблакаат јакните па ќе ги соблечеме и ние, важи? -Важи. Некогаш се повторуваме повеќе пати, зошто нешто треба да направиме. Јакната ја зедов за пример, ние сме така со чизмите. Ако е до неа и сред лето чизми ќе носи. Така сме со количката за пазарување во супермаркет. Откако ќе пазариме не сака да се симне. Па така го договораме симнувањето однапред (уште од дома) за да нема рикачки.
    Така ги решивме и тантрумите надвор. За се што ќе правиме се договараме пред одење надвор и имаме правила на однесување за надвор што сега веќе сама си ги повторува пред секое излагање. Далеку од тоа дека нема вриштење и рикање надвор, сеуште има, ама е веќе ретко. Некогаш.. живи луѓе сме нема да се договориме и ми ги наплаќа последиците јако. :D Се на се, многу работевме со неа особено последнава година со вклучени повеќе експерти и многу сум задоволна колкав напредок има.
     
    На LiquidLuna, srekice, Kolache na mama и 5 други им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    Мајки, што мислите за ова за дете од 3 и пол години? Самиот да се научи да следи рутина, сакам вакво нешто прво за ноќе, пред спиење.
    Дали е убаво?
    Имаше еден профил на инста изработуваше вакви табли за рутини, не се сеќавам на името.
    069acb3021804554206739b97bdc2896.jpg
    Ако имате подобра идеја, давајте.
     
  19. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Olea.mkd профил на инстаграм изработува слични
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Јас не знам во која група на родители сум ама цело време имам чуство дека правам нешто погрешно.Прво сум импулсивна, лесно губам живци и викам, секоја вечер си викам дека нема да викам и пак ми се случува да се извикам.Второ, попустлива сум, еден период детето мое бараше телефон додека јаде и му давав со тајмер на јутуб кидс ке изгледа 10-15 мин и потоа го оставаше сам, маж ми цело време ме критикуваше дека детето не знаело да јаде без тел и реков крај, после нова година лани укинав телефон скроз, почна да јаде пред тв со пикабу, и многу помалку него предходно,ослабна многу, плус ке отиде кај мајка ми она ке му даде и тел и таблет и ке се испофали како цела ден јадел супер.Цело време се нервирав што малку јаде ама не попуштив.Често бара и маж му вика јас би ти дал ама мајка ти не дава, или некогаш му дава скришно демек.
    Втора работа условување, обично маж ми практикува па и јас покрај него се навикнав да го условуваме детето, јади и ке идеме таму, или ке правиме ова-она, или нема да ти дозволам нешто и слично за да завчера син ми ми рече веќе одлучив (он одлучил со 5.5 год) дека нема да јадам за ручек ако не ми даваш телефон да гледам, сите деца гледаат само ти не ми даваш, што ке ми бидеде ако гледам 10 минути ми вика, седнав и му објаснував зошто не му давам дека претерува, дека сака постојано да гледа и ми вели еве ке гледам само по 30 минута еднаш во ден и ке јадам се што ке ми дадеш за ручек, ми вика ајде попушти да се договориме, и реков добро, му дадов, се најаде па не памтам последно кога таков оброк изел,и ми го врати.Утредента уште на врата ме чека од работа ајде мамо давај го телефонот.Маж ми пак почнува да ме критикува, пак со телефони ке го храниш и слично.Отиде на карате се врати вечерта и ми вика дај телефон да вечерам, викам нема шанси, ако претеруваш нема ни утре да го добиеш пак ке го укинам скроз. Ми рече добро,го понудив со пржено лебче и јогурт, не сакал, сакал крем да јаде, викам не може,не е добро да јадеш благо пред спиење, ми вика ако ти не ми дадеш сам ке си земам, зема 2 кришки тост леб сам си намачка со крем и ги изеде, ајде се воздржав да не биде кавга ,му реков добро сега си јадел ама немој често, не е здраво ти си спортист, за твое добро ти вика мама, и као ок, рече ке послуша.Дојде време за спиење со мене ке спиел, едвај се убедивме да оди со татко му за да го успијам бебето дека јас покасно ке дојдам дури и ако спие.Дојде во спална скокаше, 30 пати му реков немој да скокаш ке паднеш, престани и слично и јок он решил да скока и салто да прави се додека не згрмев на крај/ Сабајле спремање за во градинка пак хорор , му испеглав панталонки и блуза, блузата не му се свиѓала запна облече една капната веќе носена и така отиде, немав време да се убедувам и да викам, секоја ден каснам на работа заради слични драми.
    Од нас двајца јас сум некако подоминатен родител, мене повеќе ме слуша ама се имам чуство дека ме слуша за да не му се налутам, и кога ке види дека се лутам или нервирам прекинува,ама незнае од не, ако науми нешто си тера по свое, колку сакаш викај не, или немој или престани, еве исто не доаѓа од улица кога ке го викнеме, сите деца кога ке ги викнат родителите си одат јас кога ке го викнам ме прашува зошто ме викаш, обично ова е кај мајка ми во сокаче таму се играат надвор,му велам ајде доста е игра дојди ке си одиме или ке ручаме, и ми вели ама јас уште не сум завршил ручајте не сум гладен , или ке си одиме попосле, сум си тргнувала и со кола и пак гајле нема.Е сега една мајка ме советува од таму како нејзното дете кога не дошло кога го викала како моето го земала на клоци до дома, и му удрила таков ќотек така што сега трча кога ке го викне, сум требала еднаш здраво да го истепам за да ме послуша.
    Е сега да пишам збор два за мм, он во глобала е добар,ги чува сега он децата бидејки моментално не работи, ама некако оди во крајности или е предобар и тогаш се дозволува, или ако не дава нешто на пример телефон или плејстејшн му вика јас би ти дал ама мајка ти не дозволува, и има моменти кога е нервозен и тогаш за истите работи кои предходно ги дозволил ако е лут не дозволува и така го збунува, ако му речам почнуваме расправија,или кога ке почне да го кара го критикува, му вели никаде нема да го води ни да го шета, дека само другото дете ке го чува, милион пати зборам со него дека тоа го лути големото и он пак, и све му вика мајка ти недава да те тепам иначе јас до сега 5 пати ке те воспитав, или кога го бутка бебето му вели дека ке му викне полиција да го затворат, јас сум многу против ова и почнувам одма да се карам и се расправаме обично пред нив со тоа што се критикуваме меѓу себе, и после кога ке стивнеме разговараме и си викаме дека веќе нема да се караме пред децата, и така во круг.Исто го зафркава големото, му се потсмева за нешто да научел да се справи со закачање од други деца, мене и тоа страшно ме нервира.Од друга страна он многу време посветува на децата, по цел ден ги чува, ги храни, ги шета, го носи на спорт големово, ги носи по игралишта, си игра и он со нив, црта бои, што ниеден друг татко од мои блиски пријателки и роднини не го прави тоа што он го прави за децата и за мене.И сега незнам какви родители сме, само цело време имаме чуство дека нешто грешиме, цело време читаме и двајцата и разговараме како да бидеме подобри родители и пак се вртиме во круг.
     
    На Mother of 2boys, Zumbulche, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.