Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба на иста фрекфенција да си со маж ти. Тоа детето го гледа дека се разидувате и го користи да види дали ќе добие.
    Прво реши се дали сакаш да му даваш да гледа и кога, а потоа давај одговор. За тебе да ти е полесно. Ако дозволиш еднаш во денот на јадење да гледа, ок, нека е така. И не се тревожи ако бара и за другите оброци. Стој на своето. Е сега ако потајно сметаш дека не е проблем да гледа за сите оброци, дека се само 10 мин дозволи му. Ние имаме кујна засебна и некогаш и на мојов 3 години шо има, сум му поставувала телефон, песнички да вртат за да полесно ручаме да гледам што спремам а не главата тапан да ми е.
    А прашај го, зошто јадењето го јаде кога гледа, а зошто не кога не гледа.

    Дали имате заеднички оброци како семејство или секој посебно јадете?
    И тоа влијае, каква ви е навиката. Е сега нормално кога се оди на работа не е изводливо.


    Ако, и навечер ако сакал намачкано крем, нека јаде. Некогаш остави и сам да одлучи, можеби навистина сака во моментот.

    Не знам за другите работи, и јас се барам.
     
    На macalavica, Zumbulche и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
    На Skorpija25, PoisonGirl и Malesia им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Јас од тука најчесто црпам мудрости за родителство и стварно прашањата се реални, одговорите поучни!
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.889
    Пол:
    Женски
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    А што е толку проблемот со телефон ако јаде? Јас кога јадам сама скролам на инстаграм...не знам зоѓто толкав проблем си правите ако јаде со тел.
    На мојов проџектор би му стајла дома ако треба само за да изеде^_^
     
    На Skorpija25, LadyD, zemzela91 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Телефоните веќе ни се секојдневие на секој од нас. Ама што е можно повеќе одбегнувам барем за дете
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    94.936
    Пол:
    Женски
    Голем проблем е,и не баш наивно.
    Не е до гледањето во екран,туку несвесното јадење.Тоа е дете,во развој,ако целиот фокус му е во екранот,ке ги игнорира сигналите за ситост што ги праќа мозокот.
    Ти си возрасна,сама знаеш што и колку сакаш и скролањето на тел(го правам и јас кога сум сама)ти го крати делумно уживањето во храната,што и не е случај кај децата.
     
    На Mother of 2boys, dromka, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.127
    Допаѓања:
    124.446
    @Mother of 2boys психолог? :doh:
    Леле како издржа да не и возвратиш :worried:
    Сподели ја јавно, сметам дека заслужува и никој да не и појде нормално.
    Таа сама е за психолог.
    Очигледно нема трпение а ни љубов да работи со деца

    Во Училница Даскаловски има мн. добар психолог (во Аеродром) а и самиот Даскаловски би ви помогнал иако е дефектолог , ќе ве насочи.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Прочитај малку за јадење пред екран да видиш какви се последици има и колку сите стручњаци се согласни на ова поле, дека треба да се избегнува. Имаше баш еден добар текст, дека ниедно дете не умрело од глад поради тоа што немало екран за да јаде. Не можам да го најдам, штета.
    https://forum.femina.mk/threads/Јадење-пред-екран.32381/ еве ја темата за ова.
     
    На dunika, Milkiway и Malesia им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Се согласувам скроз.
    Не можам да барам, ама еве може да прочитате и стручњаци што викаат за деца кои до 3тата година не се хранеле здраво, а многу сме свесни дека има деца без телефон манџа не ти јаде. И сега некогаш треба и на вага да се стави што е побитно. Некогаш не треба и во се' слепо да се верува. Ова јадење со телефони тек допрва како резултат ќе го видиме дали се покажало како толку штетно. Треба да поминат неколку години за точни и прецизни анализи да има врз што да се направат. Ние не сме растеле така точно е, ама во "наше време" почнаа со појави од типот eating disorder, анорексиа, обезност...а ете немавме телефони.

    Моето мислење е такво, стручни лица апсолутно да слушање, ама пракса покажува колку доктори толку мислења. Па секој треба и дете да си следи дома.
     
    На LiquidLuna, LadyD, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Да, за многу работи не се согласуваат, ама ова ми се чини е една од ретките за која се согласуваат. А и логично е. Еве јас коооонечно престанав да јадам со серии, и да, помалку јадам. Сфаќам кога ми е доста, што не е случај кога гледам и само бутам. Исто е и со децата. Порано кога немало екрани како сме јаделе, па ете, не умрело ниедно дете од глад, нити ќе умре.
    Иначе, имаме проблеми со исхраната зошто нашите, повеќето во мојата околина барем, ја користеа храната за све, односно да не плачеш. Ауууу се удри, ајде земи чоколатце и ќе ти помине. Што и да било, земи касни и ќе ти помине, па после доаѓа до асоцирање на храна со убави емоции и до емоционално прејадување.
    Секое време со свое проблеми, ама секогаш важи она know better do better.

    Кога веќе знаеме колку нешто не чини на нас е да најдеме друг начин.
     
    На LiquidLuna, dunika, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Тоа е она што сакам да потенцирам баш од ова што го пиша ја сум скроз обратно. Јас ако не јадам со тв јадам доста помалку, кога бев тинејџер мислеа луѓето анорексија дека имам(може и сум имала).
    Никогаш не ми давале чоколади не ни се купувало дома се морало здраво да биде, затоа сега се претегнувам од благо јадење не можам да се сопрам имам завист. Значи тоа што ми бранеле благо, како 80% од денешниве мајки што не даваат благо мене сега тоа ми е голем проблем и здравствено се одразува.
    Точно така, кога знаеме нешто што не чини треба да се тргне. За мене конкретно не е тв и моб ако тргнам од мене, туку од форсирање на здрава храна вон граници на нормалното. Па од кога се омажив почнав да јадам ко луда нездраво.
    Ама дека сериите ми сметале воопшто, туку конкретно ми се помош (се уште) да не станам "сита"од маса, туку да имам занимација и да јадам повеќе.

    Затоа јас не генерализирам, она што за тебе е ок, за мене не е. А за децата пак си останувам на тврдењето дека допрва резултатите ќе се видат.
     
    На Skorpija25, LiquidLuna, PoisonGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Па веќе има резултати, не се од вчера баш телефоните измислени, ниту пак телевизорот. Има доста обемни истражувања на темата и сите го заклучиле истото. Твое е ако сакаш да го игнорираш и да сметаш дека му правиш добро на детето со тоа што несвесно количински јаде повеќе или јаде што и да било. Ама, ќе дојде ден ќе се освести, па пак ќе имаш проблем.
    А и поентата не е да јадеш повеќе, поентата е да јадеш поздраво, а количински сите сме различни колку ни треба. Ќерка ми на возраст од три до пет никогаш не јадела количински многу, ниту пак сум ја терала. Колку и се јадело толку. Не беше некој јадач, ама и не сум се замарала толку со количина.
    Како што и по себе гледаш односот кон храната се гради од мали нозе и останува, затоа треба да гледаме односот кон храната да им е здрав.
    Сега не јадеме никој пред екран, седнуваме сите ручаме, кој колку му се јаде, десерт се знае дека е после оброк, ништо не е забрането и пробување се охрабрува, ако не пробаме нема да знаеме дали е вкусно. Да, и нездраво да е, само тоа се знае дека не се јаде често.
     
  16. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали имате користено прополис за деца кај 3 и пол годишни деца и дали им се подобрил имунитетот?
     
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со деца шо штипат и касат, цело време значи не се разбира од не има 3 год и 4 месеци не знам како да постапам.
    Продолжува со истото се дури не е искаран салам или да му ги фатиш рацете за да не го прави тоа или да го плесниш по газе. Не сака да прекини. Цел ден е со активности постојано зафатен верувајте ич не му е досадно како некои деца шо се по цел ден дома, оди во градинка после градинка многу често сме излезени и дома играме или ќе јадеме, ќе се капиме цртани играчки се има. А те види седниш малце ти иди и се задева, ќе те фаќа на лице во око пример ќе те трга за нос, ќе те штипи а те гледа дека те боли како да ужива појќе то да го прај, не ми е нормално однесувањето на крајот испаѓа е искаран и плачи. Или ќе земи ќе се качи на тебе и ќе скока да те боли. Не само со мене и со татко му е таков ако не можи кај мене истото кај него. Модрици имам под рацеве од штипење, и како помало правеше така се смири од ко почна вградинка ко понагласено е ова. Имаме применето повеќе мерки уште со психолог детски немам зборнато можи треба да се зборни. Ако не штипи или каса или да прај нешто шо те боли ќе прај нешто друго чисто за инает. Му велиш не и упорно ќе го напрај то. Ќе растура, ќе вади од фиоки, ќе кини се ќе напрај лом. То е една работа.
    Друго е шо се лижи се шо ќе најди е во уста, разбирам има таков период но дали е нормално ич да не запри и кога му велам дека не е убаво ќе го боли мешето, забите, устата пак си продолжува. Пред некој ден беше цела уста исприштена и тој упорен пак лижеше, сто пати за тоа му се вели џабе. Преѓе ми ја изгриза масичката заби има оштетена е на работ, од дрво е. И многу работи така се им изгризено. Играчки пример нови со заби ги гризи. Е сега се става во уста освен со јадењето борба водиме за јадење, не џвака, држи во уста. Сето ова многу ми изгледа како да не е нормално шо го прај дали треба да се консултирам со психолог. Значи не знам како да постапам или треба да го остам шо сака да прај и да си трпиш да те боли, го туркам и ќе го подудрам ако треба за да престани не престанува ако го здоболи е тогаш ќе прекини но има плачење после то еден сат и жалење кај татко му. И после пак по некој сат истото го прај, и така секој ден, последниве два месеци ова се случува секојдневно. Пробано е со убо и не убо. Не знам како да го воспитуваме појќе, ептен психички на глава ни се качува на двајцата, не знам кај грешиме ама пример такво е детево шо ако некако е изнервирано или му е досадно или нешто нема да земи да си плачи или да се нервира тебе ќе те јади дури можи и ужива да те боли и да прај се за инает.
     
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Детето бара внимание, и сака да се игра.Дали тоа го прави налутено или од радост?Ако е луто и ако и вие реагирате со лутина уште повеќе ке се лути и ке го продлабочите проблемот.Ако те гледа дека седнуваш автоматски смета дека си слободна за да се играш и сака да ти привлече внимание, дете е, и однесувањето е сосема нормално, прилагодете ги вашите реакции.
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Некогаш е налутен некогаш со смеење така прај....
     
  20. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Нашминкај си модрица, црвено - завој кажи му дека те боли