Имате искуство со географски јазик кај деца? Еве цела година како му се појавува и се губи,на почетокот пред настинка само и мачкавме метиленско плаво, после почесто почна да се појавува и да се губи самото, секој ден да мачкам метиленско не е решение, а реагира на топло, зачинето, луто..
Здраво 3 години сме, во последно време ми се буди, кинка, или силно ке се исплаче, не кажува што му мислам на тоа дали нешто го боли... Дали на ваа возраст е ова вообичаено, иначе многуу активно дете е не застанува преку ден
Здраво на сите, Живееме во странство и јас работам една седмица прва смена, една седмица втора смена, кога сум прва смена се е во ред но кога сум втора смена имаме проблем затоа што не се гледаме со ќеркичката единсвтено по 20 минути на сабајле кога ја носам во градинка, ми плаче ми кажува дека и фалам, дека многу ме сака несака да влезе во градинката, и сето тоа го разбирам но неможам да најдам решение, поточно воспитувачките ми рекоа да ја носам ако сакам и во 10 или во 12 но пробав така потоа уште поголем проблем несака да оди, се навикнува дома неколку саати,децата таму веќе почнат денот и ја отфрлив таа можност, додека пак кога сум прва смена мм ја носи нема никаков проблем,исто од кога се преселивме тука сме сами, немаме роднини и за да прифати полесно почнавме да дозволуваме се, играчки, телефони, се само додека го научи јазикот, додека запознае другарчиња, и имам чувство дека она таа наша добрина ја користи, пример пред некој ден бевме во маркет и бара многу работи да и се купат и и кажав одбери едно нешто па утре ќе купиме друго, луѓе почна да вика на цел глас, да плаче, да паѓа на коленици, умрев од страм маркетот полн луѓе, но останав на тоа дека ќе и купам само една работа.. Пробувам да ја научам да си го пишува името или да нацрта нешто(гледам скоро сите деца од градинката знаат), а она нејќе нити да де потруди, нејкам сега ми вика и готово(дајте ми некој совет околу тоа) дали да купам некои боенки книги, како најлесно да и одземам внимание да се потруди да научи нешто ново..
Повремено детето 4год ми се жали на болка во колено. Но е се почесто поседниов месец,два. Не е ништо алармантно по некоја минута кажува дека поминало. Некогаш ќе измасирам,некогаш ќе поседи малку да ја одмори ногата. Сепак сум загрижена. Дали е можно да се јавува болка заради раст?
Исто и кај нас, ама на моето се појави Бекерова циста, проверете го позади колено. Овој пат се жалеше почесто на болка и матичната ни рече да проверам Асо. Покачени му беа вредностите. Најверојатно од стрептокока што ја имал, па болката и од таму доаѓа. Веќе се големи и знаат да ја лоцираат болката. Консултирајте лекар сепак
Моето има 4 години, денес почна носето да му тече, што да му давам кој сируп ви се покажал како ефикасен? Се мислам за виранто ? Имате искуство со тој сируп? Или риностоп за деца?
На мене матичниот ми рече дека е појак и не сакаше да ризикува. А добар е сирупот. Им го давав и тој. И апчињата се добри.
Фала ви на брзите одговори, ќе пробаме со виранто сега еве го зедов него. Риностоп не ми го дадоа во аптека исто ми рекоа дека е за над 6 години. Се надевам ќе помогне Виранто.
Добар е виранто. Риностоп имам дадено на 2ипол,3год по препорака од педијатар. Сега последно за симптоми на настинка земав Тајлол колд ,одлично поминавме со него. Ефералган е антипиретик.
Кумашинчето имаше повремена болка во едното колено после стрептокока во грло, кажано им беше дека останал фокус во зглобот. Помина само од себе со тек на време. Немам лично искуство како точно е ова поврзано, ама пренесувам чисто како муабет.
Барам нова играчка за бандитов дома. Ко ништо да не го задоволува. Ајде сега во кујна сака со алатите, црпалка лажици, тенџериња, било што...ако, дозволувам. Потоа се префрла на друго. Сѐ сѐ го интересира. Можеби неговите играчки веќе му се запознаени. Што да земам? Оној таблет со пенкалце да пишува? Нешто сакам за графомоторика да вежба. Има 3 г. и 9 месеци. Дајте сајтови за нарачка. Крш, лотус, стори бокс... други?
Не знам во која тема да пишам, ајде може тука некој ќе се најде што ќе одговори.. Малиот има мака со крајниците и чести разболувања во зимскиот период како компликација од истите. На орл во октомври ни препорачаа АСО тест (имаше воспаление на уши тогаш), но дека тогаш беше на антибиотик не направивме. Во ноември пак се разболе, но овој пат на брис ни излезе стрептокока пиогенес. Завршивме антибиотик, но верувам дека вредостите сега и да провериме ќе се високи. Кога да го направиме тестот? И што се случува ако вредностите се се уште високи? Малку ми е нејасно ова со АСОто искрено, пробав да се информирам вака преку интернет ама не сфатив ништо конкретно. Некој имал искуство со испитување, високи вредности, превземање мерки за спуштање? Фала
За графомоторика ти препорачувам пиши бриши да земеш. Син ми се занимава некое време со цртање и супер му оди. Стандард со алат си игра, наполнивме еден куфер за патување од најмалите. Има и понг. Пластелин исто обожава, има различни сетови, забар, кујна, секакви алатки за сечење. И со автомобили си игра доста. Од неговата соба до дневна, од коцки градиме ограда, па прави плац, продава. Од карти за играње учи бројки да ги препознава. Ги редам од 1 до 10 и измешани му ги давам а тој треба да ги кажува. Веќе не ни бара нови играчки. Ги вртиме од тие што ги има постојано. Сега побара една кола што се врти. Последно не ми текнува кога побарал нешто. Во џамбо без мака шетаме и за се вели имам.
Направете барем 10 дена после антибиотик, би требало да биде покачена вредноста ама се прави контролен тест после некој месец. Докторот ќе ви каже најубаво. На контролниот треба да биде падната вредноста, ако не е тогаш ќе се консултирате со орл. Кај нас се подсредија работите. Добивме терапија од орл што ја пие трет месец веќе, а претходно пиеше бронховаксом. Да не го урочам, веќе два месеци не бил болен ама може и рано е за опасните вируси.
Па не е баш рано, со променливово време сега им е сезоната мислам. Да не го урочиме малиот, супер е. Каде сте оделе на орл, на приватно? Државна кога ќе одиме секогаш различен доктор не гледа, сакам некој убаво да го следи. И ако не е тајна, каква терапија ви дадоа?
Јас сакав кај Оровчанец да го носам ама не прегледува веќе, само оперира. Од него учеа Весна и Никола Маркоски, јас заради термините го одбрав Маркоски ама Весна може да е и подобра од муабети, во Ремедика се сите. Еве ја терапијата.