Фала ти. А имате испитано алергии? Терапииве како за така ми изгледаат, сопругот има мака со тоа, горе доле нешто слично се третита
Да, слична е терапијата. Испитувавме, освен пилешко месо нема на ништо друго ама он има отоци позади и аериусот му ги намалува. Плус крајниците се за вадење ама докторот рече да пробаме вака за да пролонгираме операција колку што е можно покасно. И маж ми цел живот хрчи и спие со отворена уста, правеше и компјутерска томографија има некоја девијација, а вака со слична терапија на оваа еве го неколку недели спие супер.
Може е наследно, и маж ми како мал со крајниците се мачел, ама со годините поретко се разболувал и не ги извадил. Да помине сезонава зимска и обавезно го носам на преглед, да видам што ќе кажат. Фала многу
И јас помислив наследно зашто и двајцата имаме проблем со крајници, јас ги извадив, маж ми не. Го прашав докторот вика не можам да тврдам дека е наследно ама скоро сите деца што ги оперирал имале родители со извадени крајници.
Дали имате пробано со кромид расечен до главче да оставите се мислам да му оставам ноќва или не треба цел ноќ? Незнам... негде прочитав дека помагало за кашлица, шлајм и одзатнување на носе , се надевам дека нема нешто лошо во тоа што ќе дишиме...дали би имало навистина ефект?
Епа вака, јас од бебе ставав во собата и многу му помагаше, се додека не се погоди некој лут кромид (пред некое време) едвај очиња отвори (СЕ ПРЕПЛАШИВ)
Да ве прашам дали има и од каде купувате вреќи за спиење со ногавици величина за 5 години? Лани не сакаше така да спие, сега сака ама 3ка величина и е куса па каде да барам. Не се покрива од бебе и почнува да ми настинува заради тоа, 19 сѕепени до 20 ни е во спална. Бебе сакс покриена и сама спие во креветче, дада со нас и несака покривање
https://www.facebook.com/HappyKidsMacedonia?mibextid=ZbWKwL. Јас за мојот имам од овие и сум задоволна. @Skyler
Да те прашам за величината, бебето ми е 84цм, да му нарачам со должина 90цм (за висина на дете 70-80цм) што пишува ок ќе е? Како нарача ти?
На нанам вреќичките се многу големи, да ги погледнеш нив. Нарачав јас ваква за големата 3 год ќе прави во март, ама се мислам ќе ја носиме вреќава до прваче, плива во неа.
Мојот е 104цм имам нарачано 4 до 5 год што е величината 100-110цм, ама ја нарачав лани кога беше помал може околу 96цм бил му беше малку голема ама не премногу за да не можеме да ја користиме. Би требало да му е добра таа големина и ќе ја изноди.
Ги гледав нив ама до 36м пишува, ми е страв да не и е куса, 109 см е мојата. Ако не ти е проблем да ми ја измериш твојата, колку е должина за 36м
100 цм е таа 18-36 од нанам...рачунај од раменца почнува вреќичката мислам тамам би и била...јас се водев по месеци и на син ми му купив од таа и од пролетта натака ја носи како фустан му е
Ќерка ми има 3 год и 9 месеци и се запрепастив колку и мириса дундето. Менуваме гаќи еднаш на ден, два пати неделно ја капам, дајте некој совет, повеќе пати да ја одмивам, не знам што да правам. Дали е нормално да и мириса на оваа возраст
Пред спиење измиј ја само под туш надоле и сменете гаќи. Моето е машко, малку потешко се оддржува хигиената зашто пак некоја капка во гаќи ќе капне, секоја вечер го мијам, а се бања 2-3 пати неделно во зима.