Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.437
    Пол:
    Женски
    Проверете мокрача, пијте повеќе вода избегнувајте сокови (шеќери)
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со деца коишто како да кажам не соработуваат. Значи знае многу работи знае да препознава бројки бои , ама било каква игра или било што поврзано со тоа едноставно намерно прави грешно и очекува реакции цело време, значи од најмал е таков, сега е 3г 4м. Исто некои правила за игри да играме, ги знае јасно му е му кажувам и пак за инает грешно прави, обратно. Незнам како да го кажам, ама ме нервира и се мислам нормално ли е. Се фрустрирам кога ќе земеме нешто да играме да му покажувам или слично абе не не и не .... Нешто евентуално на финта некако некогаш успевам ама за кратко сфаќа што се случува и престанува. И кога ќе види дека веќе сум на раб со нервите прави како што треба, еднаш два три пати и бега не сака веќе. :sweat: каде грешам, ништо не е форсирано секогаш е сакаш ли тоа и тоа или сам ќе рече да играме . :?:
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.437
    Пол:
    Женски
    За било каква игра, нека си го нека си прави како што си сака. Нема потреба да се нервираш. А и за други работи се тешки за соработка.( Пробај со смешки, да добиеш тоа што сакаш) Уживај не го форсирај, и не се нервирај
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Абе го оставам јас како сака да си игра, ама ги гледам други дечиња што убаво соработуваат,на негова возраст, па почнав триста филмови да си правам. Хаха
    фала ти за советот :hug:
     
    На Трагедијаупмм и Malesia им се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.437
    Пол:
    Женски
    Ауу моево не знае да си игра со ништо немај гајле секое дете различно. :hug:
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Да не му е досадно? Може му требаат игри што ќе му бидат поголем предизвик, нешто за поголема возраст од неговата.
     
    На Snowflake92 и Malesia им се допаѓа ова.
  7. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Јас по моето забележав дека го прави тоа за да добие повеќе време внимание. Ама за жал времето ни е се пократко и многу малку играм со него. ;(
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Зошто? Работа или домашни обврски? Јас искрено не играм долго со нив, почесто заедно си играат или големиот сам си игра ама домашни обврски правиме заедно и така поминуваме време. Јас немам избор, а и на нив им е интересно.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Правиме заедно, ми помага и јас му помагам пишуваме, читаме, ама сака да играме игри со супер херои. Па доаѓа бебе и му ја расипува играта и најчесто сам си игра. Го оставам бебе во хранилка на некои 15 мин, да завршам нешто по дома, и потоа тоа дека да стане. Па трчам по него од соба во соба влегува, скока по кревети, јаде жив компир, вади од канта за ѓубре, облекува мои патики и оди. (facepalm)
    И многу малку време сме дома. Од 5 до 8 и 30. Што попрво да направам?
    Додека ручаме, ужина, вечера. Едно кака , на друго му се мочка. Бебе јади само па мора минимум три четири пати да го соблечам. И ако не расчистам нешто додека се будни, кога ќе заспијат е невозможно да станам. Бебе цица, а батко станува и ме бара. И жал ми е затошто нема каде да го пратам бебе а да бидам сама со него. Постојано сме сите заедно ;(
     
    На elenaklasik, Snowflake92 и Skyler им се допаѓа ова.
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Па штознам, од се што иаме играчки дома едукативни монтесори бла бла , дури и таблет му земав со едуктивни игри као нешто да се занимава, не го погледнува воопшто не е заинтересиран на пр за него. Си игра сам се заигрува со човечиња и животни кукички колички си смислува приказни и си зборат играчките и прават работи :D у кујна секако со мене готвиме заедно, сокови цедиме се заедно тоа слуша супер е, изразува желба за боење со прсти имаме едни како темпери за таа намена шлака шлака бои макс до 10 мин па после неможеме да се убедиме да се измие. А временски долго и јас немам можности преку неделата да го играм, викендот кога сме дома да. Нек се живи и здрави само, секако нели не треб ние стално да им ноѓме занимациј треб да се научат смаи да играат да развивааг фантазија :D
     
    На Трагедијаупмм и Skyler им се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    7.450
    Пол:
    Женски
    Ист е мојот, често е кај машките деца мислам, како што ги гледам врснициве не се многу поразлични. После 3 ипол почна минимално да соработува и да споделува, пример сируп сам пие без отпор ( :headbang:), почна песнички од градинка да пее, да раскажува случки итн.. За занимација што не е боење или нешто слично од градинка, соработува, за ова другото нема шанса. И јас сум го видела дека знае и може ако сака, ама често не сака. Се подобро и подобро станува, ако е некоја утеха..
     
    На Skyler и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Морам да прашам нешто. Малото има 4год и 4 мес. Ама во последно време внимание посветува на пишување бројки и броење. Се тоа е во ред но некако многу совршено научи да ги пишува бројките како за негова возраст и згора на тоа научил да брои до 100. Јас не сум седнала да работам со него на тоа бидејќи сметам дека не е соодветно на возраста но цело време ме прашува која бројка е оваа која е онаа, ме прашува за двоцифрени троцифрени броеви ме прашува која е бројката кога ќе забележи регистрација а таму бројките се четирицифрени. Ако му ги кажам на пр како еден седум три нула не прифаќа ја сака целата цифра. Илјада седумстотини триесет да му се каже. Мислам дека е премногу за негова возраст. Гледам повеќе моторички игри да играме низ дома. Дали е нормална ваква заинтересираност за негова возраст? Ами ко ќе заоди на школо и ко ќе ги учат овие работи кои тој веќе ги знае мислам дали ќе му биде досадно .
     
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.866
    Пол:
    Женски
    Не знам како да почнам ,душа ме боли.
    Ноќни терори ли се ,зборено ли е така не знам стварно ама еве има некое време (недела дена ) малку да ја скарам одма плаче со зборовите ме сакаш ли. Или ноќеска пример цела ноќ кенка ја прашувам те боли ли нешто не ,ти се мочка ли не ,што ти е и пак ,,ме сакаш ли ".
    Па бараше на таблет да гледала у три саат и го дадов само за да прекине пошо стварно цела ноќ плачеше ,не дека гледаше нешто заспа у 5 мин над него ама ако не и дадев ќе плачеше уште пола саат ,јасно ми е дека ја разгалувам вака ,ама срце ми се кине кај што плаче.
    Кажувајте ,совет чаре било шо.
    Мм се размислува дури и на бајачка да ја носиме ( под влијание на мајка му )
     
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Бајачки никако, не е до нив.
    Кога ќе ја однесете ќе се смени ли вашето однесување кон неа, и веднаш детето ќе сфати дека ја сакате (facepalm) нееее. Само уште повеќе трауми.
    Бабите си ги израснале нивните деца, сега нема потреба да се мешаат за нашите. Наместо да помогнат, само луди идеи им текнуваат:x
    Нормално е тоа во развојот на децата. Кај нас почесто има не те сакам, кога ќе се налути ако не му дозволувам нешто. Па му објаснувам дека ми е лут, А не дека не ме сака. :D
    Така си зборуваат со другарите во градинка кога ќе си земат играчки.
    Е кога ќе го искарам за нешто, тој е тажен. Па му кажувам дека и кога го карам го сакам.ндека се тоа различни работи.
    И мислам дека малку по малкумина почнува да сваќа.
    А вие пробајте барем на два три дена, сменете го однесувањето кон неа. Да не ја искарате, и да и зборувате со мирен тон. Видете дали ќе има резултати.:hug:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.866
    Пол:
    Женски
    Пред ова му велеше на мм детето се плаши од тебе, носите го негде ваму има бајач од страв таму има...
    И сега синоќа додека плачеше он и збореше и она уште толку вриштеше. Затоа и го спомна.. не знам секој момент и повторувам дека ја сакам. И кога плаче и додека играме. Дури и ме караат сите дека е многу поврзана со мене дека треба да ја оставам и со други и сл. (оди во градинка без проблем) ама не знам стварно што е сега.
     
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.071
    Допаѓања:
    119.098
    Пол:
    Женски
    Некој и кажал дека нема да ја сакаш.од таму и е стравот. Да не престане мама да ја сака.
    Збори со неа.повеќе време и игра ќе го надмине ова.
    Скоро пишував за вакви терори и на психолог ја однесов излезе страв од градинка некој и рекол дека бубачки ќе ја изедат и навечер се плашеше во сон.
    Помина со мн работа од нас.
     
    На Skorpija25, Трагедијаупмм, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    https://www.facebook.com/bebeskison
    Јас од овде порачав за син ми, 130цм, мислам рече дека до 150цм прави, можеш да пишеш и да се договориш што ти одговара. Јас сум задоволна еве веќе втора година спие во неа, не е мрдната.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.884
    Пол:
    Женски
    Скајлер, кои домашни обврски ги правите заедно и како изгледа тоа?
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Јас ќе се вмешам,што прави моето (4год)
    Мести маса со тањири и прибор,ми подава садови од машина, некогаш бара да чисти со правосмукалка кога чистам јас. Однеси,донеси предмети по соби, фрла ѓубре во канта,дипли алишта,пружа алишта на сушара,носи алишта во корпа за перење. Сака да брише и прашина, да става храна по шкафчиња после пазарење... и секако не го прави се ова во еден ден :)
     
    На Skorpija25, dromka, PoisonGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.884
    Пол:
    Женски
    Колкава ти е ќерката?
    Можно е некој да ја исплашил. Во прсво е Алишан.
    Е затоа мразам заплашување. Ќе ова ќе она ништо ич, ветар во магла. Аман веќе, што е тоа со стравови со бубачки, вештерки или пак најстрашното нема да те сака мама тато. Ма не сакајте се вие, остајте ги децата.

    Зборувај со неа отворено. Прашај дали некој ѝ рекол нешто. Убедувај ја цело време и кога ја учиш нешто со полека не како со карање.
    Таа може и да ве предизвикува намерно за да види како ќе се однесувате со неа.

    А за ноќни терори, си имавме лани прелани, си имаме на повремени периоди при забрзан развој, опопо лудница беше. Ама развој турбо.
    Оф колку било тешко родител да си.