Имам проблем со кожата на рецете, премногу ми е сува... Ве молам за некој ваш совет некоја природна маска или некоја крема за раце која навистина помага.
И јас имам некој сличен проблем со моите раце...да одвреме-навреме се суви ..но многу ме плаши што меѓу прстите кожата ми се лупи...имам слушнато дека тоа значи недостаток на некој витамин,кој е тој?Страв ми е да не е некоја болест?А ставам редовно креми за раце.Би ви била многу благодарна ако имате некое решение за мене ....ПоздраFче
Happyface штом користиш крема, а кожата ти е сува дури и ти се лути, тогаш МОРАШ да одиш на лекар, зошто може многу да се искомплицира проблемот и да навлечеш секакви инфекции. Инаку за суви раце постојат повеќе решение, прво пробај да ги мачкаш навечер со мрсна крема која што содржи витамин Е и облекувај ракавици за да има подобра ефект. Или посети козметичар, нека ти направат третман со парафинска ракавица и веднаш ќе има видливи резултати.
Ви благодарам за советите..ќе пробам со ракавицата прво ако не помага тогаш одам на лекар...фала ви многу
јас користев една маст само во Скопје ја прават,во аптека. Делуваше ама на лекар ми ја дадоа.. те советувам оди на лекар да ти го кажат вистинскиот лек,не мора да експериментираш
Кремава за раце е преубава и многу е ефикасна, јас ја употребувам и за стапалата, ми ја испратија од Америка само не знам дали ја има кај нас. Но би требало да може да се нарача преку интернет. Пробајте проверено е
Jас сум зависна од крема за раце и лабело. 2 работи кои секогаш ги има во мојата чанта! Во текот на денот по неколку пати ставам крема, посебно на работа сапунот не да ми ги суши, одма јас кремче и мазни и меки. Без крем не се живее Користам на Алкалоид и на Палмолив креми. Имав едно време една од Авон, јао ужас, за 2 мин пак ми беа суви. Мислам дека со редовно мачкање на рацете со крема рацете добиваат на влажност, иако есенско и зимно време од студот сосема нормално е рацете да се посуви. Има и случаи кои што треба да си посетат дерматолог. Има толку случаеви ќе речат леле суви ми се рацете или устата, а 1 година не ставиле крема или лабело. Не оди тоа така
Имам суви раце и сум користела секакви креми поскапи вакви такви и џабе. Али кога ја открив таа медицинската 48 сум презадоволна. Со редовно користење само за неколку дена се приметува колку се помеку рацете, башка и не е мрсна и убаво мириса.
Оф имам многу суви раце, неможам да се замислам некаде без крема за раце, се губам ако не ставам кога ептен ќе ми се исуши кожата. Користам една од авон, арна е.
Јас користам еден, мислам дека е германски, го има во Кам маркетите, од La Ligne колекција. Ем ефтин, ем убав, ефектен.
Јас користам креми и лосиони за раце од АВОН и сум задоволна. По цел ден се шлакам со нив, навика ми стана веќе, ама подобро така да ми бидат меки и убави рацете него груби.