оваа е најдобра за суви раце мене за два дена ми поминува ја имаше порано во тинекс и кам не сум сигурна дали ја има уште провери ако не ја најдеш барај некоја со повеќе глицерин
За сува кожа помага и лимонов сок..Па пробај мачкај ги рацете и чекај да се исуши..Помага значително многу...
Сите имаме проблеми со сува кожа на рацете, поготово во зима. Точно е дека повеќето креми и немаат никаков ефект ако не ги мачкаш рацете на секои 15 минути, и од испробани скоро сите можни креми на македонскиов пазар, само една имала стварно добар ефект
И јас исто така имам проблем со кожата на рацете,во зима не излегувам од дома без крем на рацете.Не само што ми се суши кожата на рацете од ладното,исто така и имам црвенило на рацете и раците сегогаш ми се ладни.Како помала ме носеа на кожен и ми даваше една маст помагаше но многу гадно мирисаше,сега користам еден од Oriflame се вика "Loves Me",многу помага раците ги прави меки како памук и ја храни сувата кожа.Не е многу скап оклу 150 денари е но вреди бидејки многу помага ви го препора4увам да го пробате ... http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... x=80&ty=72
Знам дека изгледа смешно, но најдобрата крема за суви раце што сум ја пробала е Ноќната крема На лореал- трипл актив за лице (не можев да најдам слика на нет, иста е како прикажаната на сликата, само што е темно сино паковањето). Бидејќи не ми се погоди на лице, за да не ми седи така кремата почнав да ја ставам на раце... немам коментар за нејзината ефикасност, кожата е премека, а хидратацијата трае и трае... Ја нанесувам само на надворешната страна на дланките Од регуларните креми многу сум задоволна од Билка ( и од бело и од црно грозје се преубави)
Не најдов тема за сува кожа на телото па еве овде ќе си прашам... Значи мене во последниве неколку месеци кожата ми е многу сува, дури ми се лупи на некои делови, посебно на стомакот... Го користам уљето на бекутан но нема фајде, кога ќе се намачкам по 2 саати истото, пак ми се лупи кожата.... Дали некој има ваков проблем и како се справувате?
обрни внимание на кои витамини ти фалат... и еве некои едноставни совети од мене, не ги бриши рацете одма со крпа после миење, туку остави водата да се впие и прави си масажа успат, или пак така водени изложи ги на сончева светлина т.е. сончева топлина , делува интересно
Испукана кожа на прстите од дланките имам еден гоооолем проблем..... од честото миење садови и од користење на разните детергенти и разни средства за чистење ми се суши кожата на дланките и ми пука кожата на прстите од дланките и цели рани ми се прават.... дали знае некој некоја маст или некоја комбинација по природен пат за да ги излечам раните и да ми биде мека кожата на дланките..... ве молам за помош....
Испукана кожа на прстите од дланките Прво купи си ракавици гумени за миење садови чистење кујна вц итн. Јас моите раце ги оправив со Неутрогена крема за многу оштетени раце како оваа
Испукана кожа на прстите од дланките Навечер пред спиење пробај ставај неколку дена по ред маслиново масло мислам дека ќе ти помогне... И да таа кремата е добра горе препорачаната,а исто можеш и на Хемел да земеш некој производ тие имаат доста добра природна козметика сигурно ќе ти помогне.
Испукана кожа на прстите од дланките Јас еднаш имав ваков пробела и ставував павличева маст и помина!
Испукана кожа на прстите од дланките Пробај со крема Ројазол,мене ми ја препорача кожен лекар бидејки го имав истиот проблем..можеш да пробаш,побарај во аптекиве сигурно ја имаат!
Испукана кожа на прстите од дланките Рацете не ти пукаат само од водата што миеш. Рацете дополнително ти пукаат затоа што е да речеме скоро есен, суви ти се, и имаш недостаток на витамини. Било која крема да ја ставаш што содржи витамини ќе ти помогне. И можеш и со ракавици за хидратација да спиеш. И внесувај повеќе витамини. Едит, заборавив, и кремата навечер ставај ја, ама убаво мачкај ги рацете. Мислам стави повеќе крем.
Испукана кожа на прстите од дланките Мене рацете целосно ми се уништија од средствата за чистење и сега не помислувам да фатам да чистам без ракавици, дури и за миење садови. Ми се појавуваа алергиски реакции кои ги смирив само со оваа крема И задолжително секој ден по неколку пати ставам крема за раце од Авон.
Некој веќе го поставил прашањето и погоре, имате ли користено од кремите за раце на нивеа и како сте заодоволни? Мислам дека време е пак да ја активираме темава, кај мене веќе почна да ми се суши кожата на рацеве од ладното, а бидејќи немам веќе крема, во потрага сум по најдобарата, па сакам да видам кои ги користите вие. Мислам дека нема потреба нова тема да се отвара за креми за раце, ако некој смета дека треба нека отвори
За сува кожа на раце, пети, испукана уста што и да е, нема подобро од вазелин.Намачкајте пред спиење убаво и утредента е меко Како за превенција ја користам на гарниер