И јас имам вечно сува кожа на рацете. Имам една крема од Rosal. Супер си е кремата и и дава хидратација на кожата, но јас што немам навика да се мачкам често, тоа е друга работа.
Ако имате сува кожа на рацете потребно е барем еднаш неделно да правите пилинг. Пилингот ќе ви ги отсрани мртвите клетки од кожата и рацете ќе ви бидат многу помеки и понежни, се разбира дека после пилингот потребно е да се стави некоја глицеринска крема за раце. Ова го кажувам од искуство, мене видно ми омекнаа рацете од кога го практикувам оваој начин за заштита на рацете
Испукани раце Вака феминки кожата на рацете на сестра ми е премногу груба, а има смао 14 години. Како мала си играшесо кал си правеше разни торти ( претпоставувам дека и вие си имате играно така) иако мајка ми нонстоп и се караше да не си игра но таа се криеше и пак си играше. Сакам да ве прашам дали знаете некоја крема со која би можело кожата на рацете на сестра ми да и биде мека и нежна. Во „Орифлеим“ видов две креми за раце: „Крем против стареење за раце“ - 179 денари и „Пилинг за обновување на кожата на рацете“ - 249 денари Дали некоја од овие ја имате користено вие и дали помага? А ако знаете некоја друга крема која може да и помогне пишете
Испукани раце Може да помогне било која крема за раце. И јас имам ваков проблем во зима, од ладното. Користам Nivea и проблемот го сменува, кожата ми е повторно мека и мазна.
Испукани раце Мислам дека мојот проблем е посериозен. Ми се лупи кожата на рацете еднаш во годината обавезно, ама многу. И ме боли, неможам ништо да чепкам. Бев на лекар и ми рекоа недостаток на витамини било, и ми препорачаа една рибина маст ЈЕКОДЕРМ се вика. Многу ми помогна, и да не е проблемот дотолку како мојот би ви ја препорачала маста
Испукани раце Сигурно имате павловичева дома. Нека ги мачка рацете само со павловичева и одма ќе видите подобрување. И не порачувајте креми од авон вакви-такви, кога павловичевата е одлична за се'. Не само за испукани раце. Мене рацете најчесто ми се испукани во зима од ладното, и одма се мачкам со павловичевата и мирна сум си после
Испукани раце Нека си стави бадемово масло најефикасно е, а крем ако ставаш не мора од Орифлејм, можеш Павловиќева маст или Бекутан. Колку помрсна толку подобро, никако некоја што ја суши кожата, а тоа што си играла како мала со кал нема никаква врска, рацете пукаат од времето и од сапунот што го користиме за миење
Испукани раце Рацете не и се испукани од калта, туку од недостаток на течности во организмот. Кремите до негде помагаат, но потребно е да пие што повеќе вода.
Испукани раце За моите раце спас е само една глицеринска крема од авон, така да може да си проба, не е многу скапа, често ја има на намаление а рацете ептен меки и нежни ги прави. Често и го менуваат пакувањето но ќе ти постирам неколку слики но што е најбитно ќе ти напишам што пишува на неа па така полесно ќе си ја најдеш: Avon care GLYCERINE HAND&NAIL Rich Moisture Hand Cream with glycerine, Calcium, and Vitamin E
Испукани раце Тоа што си играла со кал порано нема никаква врска, сега можеби од ладното и пукаат. Ти кажаа девојкиве нека земе со павловичева нека ги мачка, и може после да ги стави во ќеса и да ги замота со топла крпа. Ваков третман нека прави често, а павловичевата секоја вечер пред спиење. За преку ден земете некоја било каква крема за раце и често после секое миење раце нека мачка. После ваквото тинтрење за недела, две би требало да почнат да и омекнуваат.
Испукани раце Jас се сложувам со некои феминки батали орифлејм ,авон и такви слични не помагаат. Jас нај топло ти препорачувам бадемово масло или вазелин чуда прават (ги тестирав на татко ми )секако ако размислуваш за крема за раце тогаш на L'occitane so 20% shea butter. и павловичевата е добра како и маслиновото масло, сепак бадемовото ми е Nо 1,но исто така потребно е и пиење повеќе вода и нека внесува бадеми и други семиња.
Испукана кожа на прстите од дланките И мене ми пука кожата, посебно делот кај прстите од внатрешната страна. Спасот ми се кремите, најчесто ги користам оние на Авон и Орифлејм. Најзадоволна сум од овој, бидејќи најдолготраен ми е. Спојлер Овој ми беше омилен, штета што го нема повеќе.
Испукани раце Ми се случува посебно кога е вака студено да ми испукаат рацете па само ставам Бекутан и ги држам рацете на топло и одма ми се враќаат во нормала.
Имам корузи околу показалецот и средниот прст над ноктите. Помалку ми се појавуваат и кај палецот. Зошто е тоа така? Редовно користам крема за раце и тие ми се меки ама корузите едноставно не си одат. ГИ немам секогаш,.. некои викаат поради некои недостатоци на витамини или.... ?
Рацете претежно ни стануваат суви за време на зимниот период од ладното време, затоа потребна е секојдневна употреба на хидратантни и глицерински креми, и нормално оние на кој навистина им е проблем сувата кожа во било кој период од годината, најдобро е да се прават пилинзи а потоа употреба на креми.
Кога правам пилинг со маслиново масло и шеќер ( благодарение на Лилит) ставам и на рацете. Секојдневно по повеќе пати ги мачкам со крема за раце со глицерин од Авон. Прилично сум задоволна од неа. Ако не таа , било која друга крема ми врши работа. Повремено правам и еден вид маска на рацете со живи јајца. Многу потхранувачки делуваат на кожата.
Оддели ја жолчката од јајцето и нанеси на рацете. Остави ја да постои така и исплакни со вода. После тоа стави некој крем што редовно си го употребуваш. Мене ова многу ми помага. Исто ако ти се наоѓа маслиново,бадемово или било какво масло, убаво е да ги намачкаш со него.