и јас имам проблем со суви раце имам приметено дека секогаш кога ке се измиам со вода ми се суви незнам зошто ?? а ја користам кремата од авон од care од матична млеч има двојна хидратација
Знаете ли дали кремот Glicemille на Palmolive го има некаде по маркетиве? Го барав во Веро, Тинекс, DM никаде го нема повеќе. Многу добар крем за раце беше, а изгледа не се увезува повеќе во Македонија.
Јас имам поинаков проблем. Да рацете ми се суви но кожата на прстите само не ми е мазна како поткожни малечки боцки да имам. Правам пилинг но не помага секогаш. Цела соба кремови имам пробано и ништо. Некогаш ќе се подобреше ситуацијата но еве цело лето ме мачи проблемов. Дали можеби е алергиска реакција на некој производ? Ќе одам на кожно, но би сакала и ваш совет ако имате некое искуство. Вака изгледа.
Ако сакаш на Алверде тогаш може да ја земеш онаа смути колекшн беше ама не знам дали уште ја има. Доколку не онаа стандардната на Алверде земи ја. Јас последен крем кој го користев и кој ми се допадна беше на Натура Сиберика само е доста поскап од алверде. Поздрав.
Според тоа што видов на сликата е истото што го имам и јас. Народски кажано - мајаз. Не знам како е кај тебе, но кај мене и многу што ги знам, се појавува исклучиво на пролет. Топчињата што ги има кај тебе се почетна фаза на мајазот, потоа пукаат и кожата на тие места е екстремно сува до степен на лупање на одредени делови. При крај на летниот период самиот од себе се губи и кожата се враќа во нормала. Од лично искуство чаре нема за мајаз. Можеш да си користиш креми за раце, чисто да ја потхрануваш кожата и да ја одржуваш важноста. Јас со години го имам и нема што немам испробано. Моментално оваа крема ја користам
Јас давав илјадници за креми за раце, а лекот бил 5 денари. Вазелин со невен, од аптека, околу 50 денари. Страшни болести ми поминаа, ко нови раце да имам, а бев крвови....
Го пронајдов лекот, маст за егзем- Белогент. Два пати дали само намачкав и целосно исчезнаа. Од тогаш не ги имам воопшто. Маста е околу 150 денари но, мислам дека се издава и со рецепт.
Јас премногу кремови пробав и ништо не помагаше. Случајно на форум прочитав дека им помогнала оваа крема и решив да ја пробам и се зачудив од резултатот. Баш чудно, кај секој да нема исто влијание иста крема, во случај кога се работи за истиот проблем. Исто како што кажуваш ти и кај мене беше, како пликови мали, полни со течност кои најверојатно пукаа а потоа сува стануваше кожата и многу чешаа дури не созреат.
Помалата што е 80мл точно е 60 денари во Зегин (купив пред некоја недела), малку поголемата околу 80 мислам беше.
Миење раце со глицерински сапун, сушење/бришење на рацете и ставање хидратантна крема. Тие што ептен имаат сува кожа пожелно е да носат и ракавици надвор кога ќе залади ептен да не им пука кожата.
Иде ли ова ладно време рацете ми се катастрофа.Суви ми се многу,црвени,ич не ми се мазни и понекогаш од што ми пукат и крв знае да ми потечи а и многу ме печат..Се пробав и кремови и маски домашни за раци ама ништо не ми помогна,чаре ?
И мене ми е така зима секогаш. Годинава првпат не ама се спремам уште од септември со мачкање креми. Можеби витамини ти фалат или пак едноставно имаш нежна кожа. Кога ќе се стопли ќе ти помине ама сепак ако сметаш дека ти е посериозно обрати се на лекар.
Мене ми помогна неутрогена крема ја има во зегин се става малку ја регенрира и обновува кожата.Пробај