Штом кожата пука, се прават рани и е нерамна, се работи за егзем. Паталец сум, премногу сува кожа имам, штом залади почнува да ми пука кожата на рацете, годинава ми се исфрли со пликови и ме чешаше ужасно. Само со кортико креми ми се среди, сега ја одржувам со Неутрогена. Дерматолог треба да види, најточно ќе ви каже каков третман е потребен.
А ти се задебелува на места? Мене да. Вчера бев на дерматолог ми рече 2 пати на ден да мачкам Атодерм/Липикар/Еуцерин и после кортико. Религиозно без престан немам мачкано кортико ама само минимано подобрување и јово на ново. Боли не можеш ништо чим пукне до месо. А и во последно време таква мине раката нон стоп (некогаш по ок некогаш не). И тоа само едната рака. Што користиш ти?
Уште не, немам задебелување, се надевам нема ни да дојде до тоа. Втор ден користам Dermovate (од Турција ми е), и има подобрување. Мене бојата ми се промени, како да ми помодре местото каде што беа пликовите, ама се повлекува и тоа. А намачкана сум два-три пати, не повеќе. Исто само на едната рака, левата. Мене голем проблем ми е ладното, ама и тоа што користам ракавици (латекс со талк одвнатре), и плус нонстоп мијам раце, таква ми е работата. Мислев дека ми е од ракавиците, менував различни, ама не е само од нив, туку повеќе фактори влијаат. Сува кожа, честото миење, топла вода (иако гледам повеќе со ладна да се мијам), менувањето ракавици. А постојано се мачкам со Неутрогена, концентрираната. Таа ми е најубава од сите креми за раце.
За егзема го фалат мелемот на Скендер Хоџа. Поим немам како се нарачува, само знам дека е во Чаир. Немам лично искуство, ама имам другарка кај која егземата е навистина алармантна (со отворени рани по рацете) и кажа дека ова помагало и ја држело состојбата под контрола. Веројатно е некој домашен мелем, ама немам други информации. Ако некоја има проблем, можеби би вредело да се проба. Јас за сува кожа користам невеново масло, си го правам сама. Многу ја омекнува и негува кожата, за во зима е идеално.
Купете си чиста крема од невен, на пример на Weleda кремот за бебенца е многу добар. Јас пред некое време го открив кремов и спас ми е за сува кожа на било кој дел од телото, дури ја нанесувам и околу очи пред спиење. Нема штетни состојки во неа.
Се води како хидратантен крем за тело од невен, но можеби и тој за лице е добар. Овој го има во Зегин. @Luminary
Јас за време на зимата особено имам сува кожа (не знам зошто), и користам крема од невен. Помага! Бар на мене.
Девојки, на рацете ми се појавија како лишаи, распукана кожа и црвенило. Ми дадоа маст, и ми кажаа дека е од сапуни или слично. Е сега сакам препорака. Ми треба некое многу нежно средство за миење раце. Некаков гел/пена, може органски, само да е за проблематична кожа, да не е агресивно.
Нема такво нешто, мене од сите течни сапуни ми се прави така, ми пука и ме чеша. Дома користам Дав сапун за раце, подобро ми е, а некој, искрено не се сеќавам кој, ми препорача козји сапун, бил одличен за сува кожа на рацете. Немам искуство со таков, ама би пробала.
Дерматологот ми рече ао атодерм пената да мијам раце. Е сега јас не ја купив многу ми бепе во моментот, али комбинацијата на атодерм (биодерма) интензив балм со декотал маст да си ја видам раката нормална после години. Сега се мачкам само со атодермот акко замена за крема. Магичен е.
@Annath @wannaBeMomma Фала ви девојки. Само уште ако може да ми кажете каде да ги најдам производиве и која цена се? Мислам на козјиот сапун и атодерм пената? Јас си мислев и со некој нежен продукт за лице да пробам. Мислам ако ми е добар за осетливата кожа на лице, ќе биде добар и за дланките.
Цена на пената не знам, види во зегин мислам моментално има 25% попуст на биодерма. А млекото е 500мл за 1400 ден јас од еурофарм го земав. Докторот рече обавезно со тоа да мијам али јбг. А може и да пробаш со бебешкиве купки да видиш, хипп, алверде, корине де фарм. Па ако не бива да вложиш во поскапово
И јас ќе ти потврдам за биодермата. Моментално е на 20% попуст во зегин, ја купив за малото,1.100 беше намалено млекото
Луѓенца ај помош од што може да ми е вака ова распукано, ми се појави пред недела дена, мачкам павловичева, невен, ад капки ама не поминува
Ако има некоја членка од Гостивар, кај Павле во аптека, Зиаја крема за раце од кашмир 100 мл, 1+1 за 100 ден..