1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за шминка на YouTube [на македонски]

Дискусија во 'Лице' започната од femme123, 31 јануари 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Има поддршка целосна, само добро е некогаш да се дадат и совети (најдобронамерни) за да се подобри ;)
    Секако дека не очекувам да прифати, ама мое е да си кажам :)
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Во ред се советите..Меѓутоа јас сум тука да го прикажам тоа како што јас знам, а не со 100 различни техники, бидејќи сите си имаме свои :)
    А еве, зошто да не има уште некој канал на македонски :makeup: :)
    На тој начин тие што сакаат ќе дознаат повеќе работи, шминкање на различен начин и полесно ќе го најдат својот прав:)
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Ми се допаѓа начинот на кој што се шминкаш. Искрено и јас би снимила, но немам ниту камера ниту којзнае колку квалитетна шминка.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Верувај немам ни јас :D
    Не ми се фрлаат многу пари на нашиве глупи производи кога се што сум купила (од сенки) било крш и затоа се снаоѓам :)
    Сега за прв нарачав од авон мислам, палета некоја си, па ќе видиме каква ќе биде...ова е прв пат да нарачам нешто :)))))
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Не сум многу задоволна од авон. Инаку шминката ми е се ми нискобуџетно, ама супер е. Многу ме прашуваат дали сум се шминкала кај професионален шминкер.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Браво за мене во тој случај...ако е така, тогаш џабе фрлени парите :) :D
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Совети за шминка на YouTube

    Сосем погрешно ќе биде ако се скратат некои делови. Подобро би било само да се убрза, ем ке се види на кој начин нанесуваш ем помалку време ке одземе. Тоа можеш најдобро да го примениш на пример кај трепките кога ги виткаш 6-7секунди можат да летнат. Секако дека овие критики се добронамерни со цел да се усовршуваш. Па никој не се родил паметен и убаво би било да се прифати совет. :) Само продолжи Сефорче баш убаво што имаме македонски туторијали, не разбира секој англиски па ке ги гледа твоите, секако единствени. :*
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Токму поради тоа и правењето на видеата, односно едитирањето ќе оди поспоро. Пред некој ден решивме со другар ми заедно да ги едитираме, со оглед на тоа дека он врска нема што и како треба да скрати, затоа што е машко :)
    Јас не се бунам за тоа што има лоши коментари, секој си има право на свое мислење :)
    Само како што е напишано под видеото, ова е мојот начин, ако на вас ви одговара друг не го применувајте ова :) Не постои пишано правило :))))
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Сефора јас не видов ни еден лош коментар, сите тука те поддржуваме. Само, ако сакаш да продолжиш со ова мора да бидеш подготвена за многу полоши коментари. Се разбира дека нема постојано сите да те фалат, не може се’ да биде совршено. Сигурно си забележала што се случува во коментарите на најголемите ЈуТјуб ѕвезди. Сакам да кажам - не мора секогаш да се правдаш, сите разбираме дека тоа е твој начин на шминкање и готово, но понекогаш ќе кажеме нешто што сметаме дека би било подобро да е поинаку и тоа воопшто не е лош коментар.
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Свесна бев за тоа уште кога почнав :)
    Не треба да ме фалите, не снимам за тоа, туку затоа што сакам :)
    Како што реков, ако сакате вие ќе сменам, затоа што снимам за да покажам што знам, а не колку шминка имам и слично. Јас не се правдам со цел да покажам колку сум најдобра или не знам што, затоа што не сум. Имам 16 години и знам малку за шминка, иако повеќе од доволно за моите години. Меѓутоа се правдам, ако може тоа така да се нарече со цел да ви објаснам зошто користам некоја техника, или било што друго.
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    16 :o
    Да видиш јас на 16 како се шлакав :) Ти си супер , имаш рака за шминкање, гледам ти оди без проблем.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Совети за шминка на YouTube

    Сефора не е професионален шминкер за да можете да и забележите на било што.Ова е само учење на техники,впрочем што ќе ми совет и техника да направам нешто со дијагонално,рамна,четвтаста четка кога ја немам?!Муабетот е дека со финта и начин може да се направи шминката успешна како и со професионални четки и шминка.
    Мене симпатична ми е девојчицава право да ви кажам.
     
    На Tenna и Bokicka им се допаѓа ова.
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Совети за шминка на YouTube

    Браво бе девојче алал да ти е!

    Ме врати од легнување, се нацртав да го видам видеото...

    Следниот викенд ќе пробам да се нашминкам така :makeup:

    И продолжи да ни ставаш видеа и да не учиш да се шминкаме ;)
     
  14. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Совети за шминка на YouTube

    темата е наменета за нешто друго, но мора малку оф топик :$ :lol:
    секоја чест сафари :hai: :bow: :clap: ја имаш нашата поддршка, само продолжи :)
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    За да не излезам дрска и наивна, понатака ќе снимам без ааааа, деловите ќе се скратени. Се ќе ми биде при рака и ќе снимам видео и со четка со сунѓерче, ако ми успее секако. Па ете, ќе дадам и мислење за таквиот начин.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    И да кажам дека 5 видеа се веќе снимени, и не ми е во план да ги преснимам, со оглед на тоа дека мнг пати сум ги преснимала, сакајќи да бидат подобри. Али ќе пробам да не заборавам во едитирање бараните делови да бидат скратени. После тие, од самото снимање веќе ќе започнам со подобрување.
    Она што ме интересира е дали некој сака видео за покривање на бубулички/бубуљички ( не знам како се викаат), акни и сл. Јас лично немам проблем со такви големи. Ситни ми излегуваат, меѓутоа кога ќе се појави некое такво грдо би снимила такво видео, ако се има желба.
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Да да, супер ќе е такво видео. Твоето лице е многу чисто, идеално би било за такво видео да најдеш некој модел - другарка.
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Не е чисто :)
    Имам на челото милион СИТНИ што не се тргаат :(
    А другарка...епа да бидам искрена не сум женски тип :D
    Во машко друштво ми е попријатно, не се вештачам и слично со нив. Си искачам без шминка, без дотерувања најчесто и така..Да се вратам на темата: не верувам дека некој другар би бил задоволен со понуда за модел..
    Ама иде пмс, ќе се исфрлам :D
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Совети за шминка на YouTube

    Сефора, ти ги погледнав видеата, најпрво прекрасна си ти како особа, имаш прекрасно лице, и пред се желба и умешност да го направиш цело тоа. Како на платно да си шлакаш, и на крај - тадааам, од убаво, преубаво. Браво :clap: секоја чест за тебе.
    Очекуваме уште видеа од тебе. И жити бога, колку четки имаш? :D :D
    Јас имам само една, за руж :$ , и по некое апликаторче, ако некогаш ставам сенка (а не ја преферирам оти не знам да ја нанесам :lol: )
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Совети за шминка на YouTube

    Ете сега ќе научиш :$
    Патем имам многу четки (ако може и да се каже дека се многу -.-) затоа што ги обожавам :) :)
    Меѓутоа не значи дека мора да се има нез си колку за да се дојде до сакан изглед...
    Имај си една за руж, една за бронзер (ако ставаш), 2-3 за сенка и готова си :)
    За контур според мене може и со четка за руменило, барем порано така се правев, и слично изгледаше, многу слично :)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.