Еве дојде пролетта, а кога е убаво времето обожавам дневни прошетки и фотосесии со другарките. Би сакала Сепора доколку можеш да предложиш како да се нашминкаме за сликање Знам дека треба малку појака шминка од вообичаено, но незнам на што да пазам кога се шминкам за таа намена...
Ако мислиш на дневна шминка, нема потреба од јаки бои..Напротив. Викендов и онака не планирам да излезам на некое место кај што треба да се шминкам како за на модна писта па ќе снимам. Затоа што секогаш го снимам тоа видео како што сум планирала да се шминкам за излегување.
Најпрво комплименти за видеата на Sephora - прекрасни се, но јас не можам никако да се научам да ставам правилно моливче на очите, ниту на долниот , ниту на горниот капак, а посебно на горниот не знам, а криво ми е зашто убаво ми стои. Во моментов имам црно моливче од Flormar
За нанесување туш, секогаш четката нека ти биде легната за полесно да нанесеш и потоа само лизгај ја кон крајот. Очите никогаш нема да ти излезат симетрични, и ќе ти треба 1000 пати да се увежбаш. Секогаш барај потенки четки. Доле: потегни го долниот очен капак и внимателно нанеси моливче притоа обрнувајќи внимание да не се повредиш. Не постојат правила и особена техника, да вака се става туш/креон. Само со вежбање се усовршува. :/
http://www.youtube.com/watch?v=9dYuGDAtnCw Мн. добри видеа има девојката, користи и квалитетна снимка.. Инаку Sephora ти ги гледаф видеата, супер се можеш да си симнеш од новите програми на windows 2011 има добро програмче за правење видеа и можеш да се снимиш и после да го вметнеш гласот за да биде попрофесионално
Благодарам. http://www.youtube.com/watch?v=qXC9NgFUJpo Се извинувам за лошата снимка. Не е прва, но сепак да си кажам. И како што имам напишано во инфо под видеото, ќе напоменам пак бидејќи некои упорно прашуваат: Сите производи ги имате таму и да, малце е мрдната снимката. Гласот и сликата не се усогласени некако, не знам зошто.
Сепора фала многу за видеово! Но морам да кажам дека многу ти се тивки видеата дури и се напрегам за да слушнам... Можеби треба да користиш микрофон, ако е тоа изводливо... Вака стварно е мн тивко
Сефора супер ти е и последново видео, но имам неколку забелешки 1. Светлото - незнам дали навечер ги снимаш видеата па се шминкаш на таа светлина од сијалицата од собата или како, ама светлината е лоша, не се гледа ни боја ни нијанса што ставаш 2. На крај многу брзо завршуваш , само чао и готово Ако може од наредните видеа некако да доближиш со зум да се види убаво све како е нашминкано , или можеш и да се фотографираш со апарат таман со блиц ќе се доловат убаво боите па да ги вметнеш сликите на крај на видеото, за да се види поубаво
Ок, многу сум среќна. Видеата кои мислев ми се избришале, ги најдов! А сметав дека со форматот, тој што ми го форматираше компјутерот не ги зачувал, и сега сосем случајно ги видов. Да не беше FBI немаше да ги најдам. Сакав да почнам да ја следам на блогот, и додека барав слика да си закачам на акаунтот наидов на фолдер Back up, и што ќе видам..таму видеата. Срцето ми излета. Како и да е, да се вратам на темата. Едното видео е за нанесување руменило и контур, но контур со бронзер, а другото видео е исто такво, само контур со темна пудра/кафен руж. Кое да го ставам, или двете?
^^ се разбира двете! Многу ти се корисни советите во видеата, ги гледам редовно сите иако сега прв пат јавно ти ги фалам! Само така продолжи!
Двете стави ги, баш ме интересираше како се нанесува правилно бронзер, бидејќи кога и да пробам да ставам се умачкувам и веќе не си ставам
ПРЕДЛОГ: Мачкасти очи. (Прелив на светла и темна сенка, туш и впечатливи трепки) .. Ете тоа сакам да го видам P
Сефора те молам стави ги и двете,си купив бронзер на аура,а имам и кафени перли на гош,сакам да научам правилно да ги ставам