1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за шминка на YouTube [на македонски]

Дискусија во 'Лице' започната од femme123, 31 јануари 2010.

  1. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    64
    Сефора,девојко,супер си!
    Ќе ни кажеш како е правилно да се грижиме за хигиената на четките од шминката,и дали ке направиш едно видео како е подобро да ја отстраниме шминката од лицето?
    п.с. Ти кажал ли некој дека личиш на Каролина Гочева :)?
    (многу ми личиш на неа,ова свати го како комплимент ;))
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ми кажале, да. Тука на форумов беше, многу одамна. :)
    Мислам и на јутуб има коментар исто.

    Ајде викендов тоа за четките. :)
    А вечер ќе снимам нешто со очи пак, само треба идеја да ми дојде. Немам ништо зацртано. :^)
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Јас сакам да направиш видео на пр да се вика. Makeup with No makeup (треснав нешто :D )
    И на пример да ставаш само коректива шминка, а да не се познава дека воопшто имаш шминка( на пример визуелно да ги зголемиш очите, да го исцрташ внатрешната линија на горниот капак и сл.)
    Само предложувам :$
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Сефора, преубава си, прво. :) (Иста коса имаме. :D ) Интелигентна/паметна/начитана, се гледа од фаца такоџе. Талентирана за шминкање, нема збор, ти посакувам многу успех, и да стигнеш и до некое посериозно ниво, не само како хоби, бидејќи навистина го имаш потребното да се бавиш со ваква работа. Една замерка само, не знам критика како примаш, но како совет повеќе еве... Има нешто во зборувањето, дали од трудење да е се` литературно или што и да е, но премногу некако филмски на моменти ми доаѓа. Побавно, поопуштено, порелаксирано, по-френдли пристап мислам дека многу поубаво ќе стои и целиот пакет би ми бил комплетиран. :)

    Честитки и секое добро понатаму. :)
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    И јас снимив видео :tmi:
    Ама смешна сум некако, срам ми е да го ставам :D
     
  6. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    не се срами ставии гоо :):):)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сефора, браво, редовно те следам. Се е на место, убаво и едноставно објаснето, покажано... Напред, девојко. :clap:

    Само те молам, те молааам зборувај побавно и погласно, се внесувам цела за да можам да те разберам. Или ти тоа намерно, за повнимателно да слушаме ? :D

    п.с. Читам низ темиве дека доколку не ти успее зацртаната кариера, шминкањето ти е план Б. Мој совет ти е да го ставиш план А, затоа што имаш талент и треба да го искористиш. ;)
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Благодарам.
    Ќе се обидам да зборувам поспоро и погласно, иако зборувам гласно, моите ми се смеат по дома.
    Лин стави го, стави го! И јас сум смешна не зезај. Ај сакам да си се тагнувам со некој да си правиме и haul и vlog видеа. :$
    Сакале или не ќе си направам и what's in my purse. :$

    Инаку зборувам литературно бидејќи јас така се трудам да зборувам, не само во видеата. Не сакам да зборувам на скопски дијалект, иако некогаш се случува.
    Ќе се обидам и тоа да го омекнам, и воедно да си кажам дека е тешко затоа што ние немаме зборови кои можат да се користат. Contour, highlight, angled brush, blending brush итн.. тешко е, барем мене ми е. :)

    Овозможив пак за лајкови на видеата. :)
     
  9. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Сефора, морам да ти кажам дека сите туторијали ти се прекрасни, навистина многу убаво изработени а и многу корисни!
    Честопати пробувам нешта од твоиве туторијали, и ми успеваат!

    Браво девојко, продолжи така, само напред! ;) :rock:

    Лин, постави го и твојот туторијал, нема зошто да се срамиш! :)
     
  10. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сега сакав да го едитирам на Windows Live Movie maker aма несака да го пушти :( Се појавува само црно и се мешаат некои бои |(Да не знае некој шо му е? :^)
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Го едитираш? Абе пуштај одма на јутуб, јас почнав 5-6 и ме смрзе. :D
     
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Морам да го едитирам зошто не зборев и вака ќе бидам ко нема. Не зборев зошто ќе се испобунам и ај све од почеток, и мислев да ставам текст на видеото.. Ама ништо :/
     
  13. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    сефорче супер ти се видеата браво...но дај малку почни со здраво ова она :)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу ми е ретардирано да си кажам здраво со камерата. :)
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    4.539
    Сефора,да можев некако да ти пуштам друга врста на eyeshadow base било супер... Порано го користев од Manhattan али кога го пробав овој сега што го користам, никогаш не се вратив назад...Го користам од Jordana.

    [​IMG]

    Го купив во Струга во америчка продавница и е многу добро. Ти го препорачувам :*
     
  16. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    дали има видео со ваква шминка??
     

    Прикачени фајлови:

  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Нема. :)
     
  18. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Ova e mnogu ednostavno Zarem za ova vi treba tutorijal?
     
  19. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91

    зошто да не,ама сепак тоа е избор на Сефора :)
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не е побарано за да имам да бирам дали ќе го направам. Ги правам оние што знам, а од слика никогаш не кажувам дали знам. Прво пробувам па гледам како ќе ми успее. :)
    Неделава ако имам време ќе снимам, или ете после за искачање затоа што и онака имам за снимање уште едно видео со четки. :)

    Лин што направи бре? :@ :D
     
    На MoonChild му/ѝ се допаѓа ова.