Имам другарка што живее кај тебе, ништо чудно да си завршила со брат и во генерација. Ќе дојдам дома кај тебе, па ќе те седнам додека не снимаш.
Лин ај не зафркавај ставај го видеото. Никој не почнал како ѕвезда, и сигурна сум дека не е лошо како што мислиш.
Лин гледај ги сите мои видеа до денес денес колку се смешни и срамота да ги гледа некој па ете ги ставам. Не дека нешто помагам у тоа као ќе се нашминка некој, мене ми е интересно да го правам тоа. А дека ќе снимиш уште 20 видеа за истата работа верувај, да. Јас цела пудра ја потрошив.
http://www.youtube.com/watch?v=POlTCrRclkk Мунчајлд еве ти нешто слично на тоа што си постирала само ќе ја смениш бојата на бојата која се става за засенчување.
Сефора одлични ти се видеата,многу ми се допадна она за усните. Продолжи да правиш добро е што има нешто и на Македонски. Лин стави го на јутуб или ако не стави го тука само ние ќе можеме да го видиме и ќе ти кажеме дали е добро или не за да го постираш на интернет. Мене баш ме заинтересира.
:up: Стави го Околу името можеш нешто на пример како Tropical green eyes/make up или па Mermaid green eyes/make up/look
Linn баш ми се допаѓа името, ама ми се допаѓа и тоа на ла-чика. Направив некој смотан микс од двете, не бев распложена за еци пеци пец. Светлото. О навистина не знам што му е проблемот. Совршено е на апарат. Веќе ќе полудам. http://www.youtube.com/watch?v=qfxA5aRp9tY Само што е ставено, си сецка и сецка, плус квалитетот е каде-каде полош бидејќи е ново. Ааа и морам да си дадам браво, почнав да се опуштам пред камера. Мислам.
^Сефора, една замерка, нема да биде лошо да ги едитираш видеата, некако да бидат пократки. Вака по 12 минути малку се досадни. И зумирај го окото додека се шминкаш да се види од близу што и како ставаш.
Како можам да ги скратам деловите? Поентата е да кажам што правам,а не како се имам нашминкано. Да ги едитирам не знам. Зум на мојата камера во текот на снимањето нема.
Јас пак мислам дека не треба да ги едитира. Ме нервираат тие кратки видеа, каде што само зборуваат како треба да се направи, и даваат само готово како е направено. Аха, да, се разбрав. Убаво е кога ќе видиш некој постепено како работи. Добри ти се вака. Уште да ги подесиш брзината на зборувањето со погласното зборување. Ама треба пракса, така да, овие ти се кај, кај подобри од тие првите.