Сефора новите видеаа се препре убави ии бравоо за тоа што почна да се опушташ конечно,но многу брзо збоуваш ама имам заприметено во видеото мислам дека беше со тушот некако побавно зборуваше и ти се плеткаше јазикот,но супер си многу ми се допаѓаат
Црешичка ги гледам видеата и мислам дека има слика од мене, така да покажувам. Доколку не ти се допаѓа не ме гледај, не знам што да ти кажам. Има многу туторијали на многу јазици. Јас не сум професионалец, имам 17 години работам со она што го имам и при вакви услови сметам дека видеата се добри. Да не зборувам за тоа дека е стресно. Зборувањето прво го усовршувам полека полека, за гласот не знам. Ќе се консултирам со другар како да биде појако преку некој програм затоа што стварно гласно зборувам, и моите ме зезаат за тоа. Едит: Од денес сликите лошо испаднаа, ама немав време да се сликам. Нешто слично, не многу, како на единечната слика, само бееееез светки. Тоа е од претходното лето кога не спиев цела вечер и во 7 сабајле решив да се шлапам без врска. Ништо посебно, мене ми се допадна како излезе на првото око па решив ќе се снимам. Видеото сега ќе почнам да го ставам. Занемарете ја мутавата фаца на средината во слика, тоа е затоа што кога ги катнам само очите не доаѓаше во преден план бојата, па оставив така на големо. И снимано е од близу, барем така мислам. Уште пред црешичка да се пожали.
Сефора браво , одлични се видеата и навистина си го имаш фатот за шминкање. Да бидам искрена ти подзавидувам на шминките, а срце ми застана кога ти ја видов таа палетата од H&M, уф јас по цел ден би се шлапала кога би имала толку шминки... Јас умеам со боите, и секогаш се шминкам добро, но ти си како професионалец уште еднаш браво. Јас те подржувам да продолжиш да ги правиш видеата како досега, зошто убаво го објаснуваш и демонстрираш секој чекор, не би било тоа тоа кога би биле покуси. Има девојки, вклучувајќи ме и мене кои сакаат да дознаат како се нанесува, како се меша, кои бои и така натака затоа продолжи како што започна . Имам еден предлог, колку што ги гледав видеата не видов ништо слично, нормално ако имаш време и доколку ти се допаѓа би сакала да снимиш едно видео со туторијал за ваков „лук“ Спојлер Едит: Сега прочитав дека неможеш од слика да процениш дали знаеш или не, но ова е само една идеја мене ми изгледа интересно и кога би било со други бои, сепак одлуката е твоја .
Благодарам. Сликата не ми ја отвора, мислам дека ти пишав во лична порака, не паметам. Само што станав од спиење и главата не знам кај ми е. Voila http://www.youtube.com/watch?v=z8LCunROZXQ
^omfg! O_O 2те tutorials пред ова не можам да ги направам, mission impossible се за мене, ама оваа мислам дека ќе можам да ја направам, и баш со ваквите бои планирам да се шминкам за еден special event. ^__^
Купи ја четката што ја користам за да ги измешам сите сенки заедно, и верувај ќе можеш. Без неа немаше да можам да мрднам. Мислам дека е 86 денари во Џамбо.
Многу си ми интересна како се смешкаш по некоја постапка. Инаку мој предлог иако можеби ти сакаш така, линијата кај што го лепиш салотејпот, од кога ќе го извадиш малку растурија со четка, зошто вака премногу е остра. Инаку сакав да те прашам на крај ставаш сенка во окото или мене не ми се гледа под трепките е?
Зависно од изгледот ставам трака. Некогаш сакам да биде остро, некогаш не. Инаку ставам на трепките, и на очниот капак малку.
Sephora ајде еден предлог ако си расположена и ако имаш време. ке можеш да направиш еден туторијал каде се употребува бело моливче на горните капаци на очите? Не знам како се употребува дали на секаква боја на сенка може да се стави или само на светли бои Инаку браво за одлучноста :up: Туторијалите ти се најсупер А и шминките исто така позз
Сефора - едноставно прекрасна си. Преубава, одлично шминкаш, шармантна, интересна, забавна, ма срце си ми додека те гледам. Ти се воодушевувам на колекцијата на шминки, имаш дури и за извоз. Супер објаснуваш чекор по чекор, многу научив од тебе. Браво девојко, продолжи така. Спојлер Неколку предлози :
Значи, апаратот наскоро ќе ми стигне дома, во превод можам да снимам. Да си кажам што сакам да направам што паметам дека сум ветила: ајлајнер (бел) природна шминка која не се познава дека е нанесена (побарана од Лин)..веќе е снимено тоа, ама нз каде отиде видеото.. Бидејќи сум доживотен фан на The Hills сакам да направам видеа за шминката на девојките од таму и воедно на тие од GG, така што Блум ќе ги опфатам Блејк и Витни сигурно. Другите понатаму...
Сефора ти ги имам гледано скоро сите видеа и сите ти се многу убави и корисни а богами и ти си многу убава само продолжи така
девојки .. нова сум тука и сум изгубена, буквално.. ама со тек на време ке се навикнам и ке бидам во тек. А иначе ОБОЖАВАМ такви видеаа.. ама од толку барање на вашите коментари неможам да го најдам линкот од видеата на македонски од Sephora. Ве молам за линк и ви благодарам од напред.
http://www.youtube.com/user/MakeUpPanic ... e=mhum#p/u Еве линк од нејзиниот канал на јутјуб, од десната страна ги има сите останати.
Добив совет да сликам од прозор, мене не ми се допаѓа светлината многу, ама ете и тоа. Повидливо е, меѓутоа доста избледнува така што.. http://www.youtube.com/watch?v=-Fy1OiHFrWY
Сефора !!! Браво, немам коментар за твоите способности Да го видев ова порано, ќе те терав да ме шминкаш за свадба Не знам колку години си и што ти е во план, ама те замислувам во салон, така професионално
Сефора еве ти едно големо браво и од мене Гледав некои од твоите видеа и ептен ми се допаднаа, ептен професионално изработени. Продолжи така
Браво,Браво,БрависимоСефора значи немам зборови одлични ти се видеата,кефој сум дека има на македонски и тоа преубави се сите и морам да напоменам дека многу мила си на видеата и многу убо објаснуваш,и Црешичка остај го чупето на мира убаво зборува ја разбираат скоро сите,јас те разбирам оти и јас зборам брзо и нема теоретска шанса да го забавам а посебно кога сум пред камера и сите комбинации миксој ти се топ...Продолжи вака