Long time no see. Од одредени приватни причини не бев ниту на форумов, ниту по youtube. Не само на мојот канал, туку и по сите останати. Искрено жалам што 100тина пати реков дека ќе бидам повторно активна. Овој пат се надевам ќе го исполнам тоа и ништо нема да ми пречи на патот како претходно. Тамара :up: :up:
Не сум задоволна со нивниот квалитет. Ќе ги преповторам се надевам. Деновиве имам слободно време, ќе се посветам од утре.
Само да кажам не ве заборавив. Да го излечам лицето и ќе се фатам за работа веќе ми е осмислено и извежбано се. Имам некои чуда во пределот околу устата и на челото буквално планини. Во вакви периоди не ставам ништо на лице.
Не знам каде да прашам , ама така бело на долниот капак внатрешно како да го направам еве слика , пробав со бела сенка ме пече , со бело моливче се размачкува , совет ?
Ќе ставиш база за сенка кај трепките на долниот капак, па квалитетно бело моливче. Потоа со тенка четка ќе нанесеш на истото место бела сенка. Повеќето моливчиња не траат долго без сенка.
Фала многу на одговорот , ама ме пече сенката тоа ми е проблем ми солзат очите кога ставам некогаш трпам па престанува, а некое поубаво моливче да ми препорачаш сум пробала многу и сите брзо се размачкуваат , и што е база за сенка ако помага да не ми солзат очите од каде да купам ?
Се става за да трае подолго шминката и да има посилна боја. Во сите парфимерии би требало да има. Пробај ги Гош или Флормар моливчињата. Мене тие ми пасуваат. За сенката не знам искрено. Можеби и е поминат рокот. Не ја ставај во окото. Ако правиш така логично е да ти солзат.
Ке побарам од парфимериите утре, прв пат слушнав дека имало база за сенка а и моливче ке си земам , не е со поминат рок многу пазам на такви работи дека имам осетливи очи , од Oriflame земам сенки најчесто , другарка ми ја става мојата ништо не е и е јас вака ке пробам и со базата ако пак солзат само со моливче па колку држи држи и фала на советите во овие доцни часови
Имам снимено. Некои не ми се допаѓаат, а на ова што ми се допаѓа не можам никако да направам voice over. :/ Стварно не знам да бидам искрена. Во моментов ми е во преден план факултетот.
Оти неможам да изгледам ниедно видео од Сефора? Имам и акаунт, се најавив и пак нејќе. А кога го отворив каналот МејкАпПеник покажува дека во шминка и коса нема неидно видео.
Private се видеата. Не сум задоволна од квалитет на камерата, начинот на кој зборувам и должината. На Тамара уште и стојат мислам дека, па и тебе те упатувам кон неа. Погледни ги нив.
Немој друг пат со сенка... окото не ти е навикнато да си ставаш моливче внатре затоа те пече. Пробај со бело моливче од Севентин, јас такво имам и не ми се размачкува, ако продолжи окото да те пече немој воопшто да ставаш зошто може премногу чувствително да ти е или да имаш алергиска реакција
Шминката е супер само не ми се свиѓа аголот од кај што снимаш. Стави ја камерата негде кај што ќе ти биде како во огледало да се гледаш и кај што ќе можеш да зумираш некои делови. Вака тешко може се да се види што точно правиш.
Rose96 навистина убаво шминкаш, браво Е сега од мене како дежурен следач на туторијали имаш совет да не ги должиш толку многу видеата. Навистина постапно се гледа секој чекор, но сепак предолго е. Јас не издржав цело да го изгледам ми здосади, гледај во иднина да ти се пократки видеата, поконкретни. И јас лично , а и повеќето со кои сме коментирале, повеќе ценам шминкање на сам на себе. Повеќе ми одвлекува внимание, зошто се работи за туторијали кој треба да те научат да шмикаш а различни техники се употребуваат кога шминкаш друг, а различни кога се шминкаш самиот Очекувам поскоро ново видео од тебе