1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства и мислења од мајки за деца од 9-14 години

Дискусија во 'Дете' започната од jasna83, 18 јули 2016.

  1. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Мајки на поголеми дечиња ја отварам темава со цел да споделуваме мислења,совети и искуства за децата на оваа возраст.Прва менструација,раст развој,однесувањето,како ја минуваат фазата на чичко пубертет?
    И по препорака на @sanjaeva ,и некој други луѓе читам дека се доста добри книгите:
    949d9d5b718cb40ea96c073184a756e8_thumb.jpeg
    download.jpg
    Јас сум во план да и ја купам книгава до година,некако сеуште ми е малечка.
    Менструација,тампони некако не ми е спремна за тоа.
    Но ме плаши тоа што сега на 8-9 години добиваат менструација,па да не ни изненади и нас тоа.
    Мојата има 9 години
     
    На minne992, WildMk и Sesil им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ќерка ми има 12 години.
    Книгата ја има од пред 3 години и многу и' беше интересна. 100 пати ја има препрочитано.
    Знае веќе за се', и менструација, и секс, и сексуално пренодливи болести, контрацепција, мастурбација, оргазам... се'
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Не знаев дека ја има темава ,ама изгледа нема мајки со толку големи деца хм? дали во секоја книжара ги има книгиве и по која цена се? Инаку како резултат на севкупново труење посебно хормонско преку храна децата се порано се развиваат, познавам деца од пријатели кои уште од 8,9 г се понапредни во смисла растење гради ,влакненца и сл
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека има всква тема, па сакам ете нешто да прашам. Ќерка ми има 9.5 години,веќе почнува да влегува во пубертет , па на лицето почна (на челото поточно) да и се јавуваат акни , гледам дека и се мрси лицето ептен последниве месеци.. исто и косата вториот ден и е мрсна со некој првут , сменивме милион шампони и пак иста песна. И органски имам користено и од супермаркет , ништо не помага. Дали со медицинска козметика да пробам? Лицето го мие со гелот на Cerave, ,не знам дали да и воведам и нешѕо др.
    Јас разбирам дека е од годините, дека мачкања со специјални производи нема и нешто многу да помогне..
     
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Гледам темава не е многу активна но се надевам дека некој ќе помогне со совет.
    Ќерка ми за неколку месеци ќе полни 9 год. но веќе месец дена наназад ми се жали дека ја болат градите, гледам дека почнуваат веќе да и се развиваат.
    Многу е ситничка и се плашам дека циклусот би можел да и дојде многу рано па ме интересира после колку време од прилика од кога ќе почнат да растат градите да очекувам прв циклус...да знам да почнам со подготовки:$
    Инаку сеуште не почнале да и се појавуваат влакненца ако е некој показател тоа
    Благодарам доколку има некој некаква утеха за мајка :)
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски

    Мојата ќерка има 10 год и врќе една година како има развиени гради и влакненца почнаа да и растат секаде ама се уште нема мензис. И мене истото ме интетесира :)
     
  7. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Добро е...малце утеха не е на одмет ;)
    Знам дека секогаш ќе ни бидат деца и ќе ни бидат мали, ама неполни 9 па и 10 години мислам дека е уште рано за циклус
    Благодарам на одговорот
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кога растат градите болат.
    За циклус различно е кај секое дете и е во зависност од состојбата на хормоните
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marija24

    marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Мојата ќерка е 8 години и има проблем со потните жлезди. Создаваат многу мирис. Дали имате таков проблем и што да правам. Некако е мала за да почне уште сега со дезодоранси
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски

    Не е мала , и мојата тогаш почна да се поти и веќе две години користи дезодоранси (сега е 10 год)
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми и дојде менструација :^):$ има 10 години, искрено и очекував зошто година предходно и се појавуваа чудни траги на гаќите, па и се развија гради , влакна... е сега додека научи да си става влошка и сл (facepalm) и имав зборено претходно за ова , да очекува , дека сите жени имаат, дека се е нормално :lol: малку е збунета , душичка , ама ќе се навикне..
     
    На karak, Espadrila, minne992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Нека е жива и здрава, ке научи се што треба, штом и до сега била информирана што да очекува лесно и брзо ке го преброди овој период на промени.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mmirka

    Mmirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Здраво, би сакала да прашам за поголемо дете на 12 год. , кое има доста напорни тренинзи и школо, концентрацијата му е падната , некако е многу преморен дали има некој искуства што витамини би биле добри да се дадат
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    18.180
    Пол:
    Женски
    Зошто толку мало дете да се форсира со напорни тренинзи?
    Олабавете го детето од една работа.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Многу растат интензивно на оваа возраст, особено машките деца. Заради сличен проблем (замор и главоболки) бевме по доктори..испадна интензивното растење е проблемот. Сега има 13 ама веќе повеќе од 1 година има потреба од појачана исхрана и витамини. Прво ги зголемивме број на дневни оброци (шест во денот без да бројам грицкањето помеѓу оброците), кои треба да имаат повеќе протеини и витамини (повеќе јајца, месо, млечни производи, свеж зеленчук и овошје). Секој ден цеден сок од цвекло, морков, лимон, портокал и може и др. сезонско овошје. Пола саат пред него давам ц витамин од 500. Ова е за железото. А за главоболките на невролог ни дадоа само Б комплекс (од пивски квасец), трипати дневно. Друго ништо посебно.
    Тренинзите не се проблемот, дури ни препорачуваа да продолжи да спортува зашто кога расте интензивно телото, премногу е битен спорт за да се оформи правилно скелетот и да не настанат деформации.
     
    На Mmirka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Немам толку големо дете ,одговор не знам, се извинувам ама пр. Ако гледате дека детето е уморно, зошто толку напорни тренинзи да има ?
     
  17. Mmirka

    Mmirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам на сите, сигурно сега додека навлезат во шемава со рано станување, инаку активно игра фудбал од 6 години.
     
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Само балансиран исхрана, омега и доволно сон.
     
    На Mmirka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам дали сте запознаени со активностите на вашите деца во училиште?
    Дали разговарате со нив отворено на сите теми и дали сте доволно блиски да можат да ви се отворат да зборуваат на секоја тема?
    Ќе е ви поставам линк за да видите во денешницава на какви се активности се децата изложени преку училиштето, а малку за тоа зборуваат.
    Има аудио снимка од загрижен и револтиран родител која вреди да се ислуша.
    https://www.slobodenpecat.mk/audio-...L6B44362vZT63RgUAR6O72Yjyc88Ob2XJcb4Gip3feNFk
     
  20. Vekideki

    Vekideki Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали има некој искуство со ехо кај деца од 10 до 14години и дали може да наштети