Ох Ангел тоа е ,нормално веќе почнуваат хормони да им работат и ќе мирисаат,кај мене исто од лани летото негде почна да и мириса ,а не се поти којзнае колку ама си мириса.И земав од дм едно на природна база некое солеа нешто ролон ,долго и траеше и убаво мирисаше,па на биобаза ама тоа не ми се свиѓа на мирис ,и последно едно на мелем го земав сега од Хрватска кај нас не сум го видела ,многу нежно ,не сум дома ќе ги сликнам после. Фазите исто мислам сите ги фаќа ,и мојава некогаш таква мрза ја фаќа да се истушира кога ќе дојде од надвор изморена,изнатрчана па со сила мора,а и за растење последниве месеци не ја сетив како наеднаш да порасна,ќе ме стигне уште малку. Ех тоа е ,ни растат децава,леле како вчера да пишувавме во мајчински со голем дел од членките тука за пелени,каки, плачки ,спиење-неспиење сега дојде на ред и пубертетот да го расправаме,не ми се верува колку брзо растат.
Абе ќути коа ќе го гушнам веќе некако како возрасен човек да гушкам, па се устручава да не ме допре случајно по гради чоекот, се срами. Не дава да го бањам јас, татко му може.
Мислев на тоа дека нема врска, туку со хормоните е повеќе. Мојава не се срами уште, само збори за градите кога ќе почнеле да и раснат. Не и биле веќе така рамни, малку се познавале. И стварно некако лето најмногу раснат, не знам еве, како преку ноќ да се извиши.
Здраво на сите. Сакам да прашам дали некој има искуство со школиве што се во стил Брзо читање мудро учење??? Незнам колку би имало ефект, а е прилично скап курсот па ме интересираат искуства
Јас пред две години им пишав не ми вратија сакав некако за да почне убаво да чита детево ама некако изгледа активноста целта со насловот нема веза. Не добив никакво инфо
Внука ми одеше на нешто такво (Бреин о Бреин мислам дека беше) и искрено не е ништо понапредна од другите деца на нејзина возраст. Како активност и е ОК, забавно и е, ама дека нешто помага не.
Не знаев кај да пишам па викам овде, за овие деца е темата. Вчера синко беше на квиз, се снимаше де, и победија. Арно ама мајка од другиот тим направи таков хаос, такви глупости, па тоа до проверување поени во режија и убедена е дека дубара напраиле. Значи децава се супер, ама затоа мајките.... Да им преседне на деца и учество и се. Срамота. Па љута, нашиве отидоа да се поздрават со девојчето, зошто се знаат, овие избегаа, љути. Срамота! Дубари, ждрепки, местенки, хаос, лудило... Немојте мајки на децава вака да им праите, големи се веќе се срамат.
Цццц бруки значи од родители бог да чува.Инаку фала што пренесе,ќерка ми се пријавила на истиот квиз, ако е на тој што мислам ,она средина или крај на октомври ќе оди на снимање да знам значи што не чека .
Ние треба да завршиме до 8ми, ако одиме до финале нели. Прва емисија снимивме сега, пресреќни се што победија, ама договорот беше и да не победат да не се сеќираат, сепак е само забава.
Па нормално дека е забава,дружење,јас не знам што им е на родителиве мислеш во Наса ќе оди кој ќе победи.Ај ќе ти пишам пп да кажеш како оди се
Честито за победата. За мајките јас одамне го имам тоа чувство. Завидливи и љубоморни. Ако некому нешто тргне одма со местенка било. Стварно треба да го менуваме општествово. Друго прашање: како добивте известување кога да одите? И мојов е пријавен амам ние сеуште немаме известување кога би требало да одиме на снимање.
Немаме ни ние,јас на меил имам добиено распоред само за 4 то одделение кои школи и одделенија во кои термини се тоа до 3 ти октомври некаде,за 5 то и 6 то сеуште не се одредени,пишува дека дополнително ќе не информираат. Ако сакаш ќе ти го сликнам.
не се децава заникаде туку родителите станаа никакви. Утре ќе излезат деца неспособни ама сигурни дека зад нив стојат родителите. И така ни се уништува општеството. После кукаме како децата на школо стануваат анксиозни агресивни непослушни без почит и емпатија.... е баш поради вакви родители како тие што angel ги опиша. Друго, квизовите и натпреварите се забава. Многу глупа реакција од родителот.
Добив информација за термин за квизот. Ама добив и информција дека ќе мора да изгуби тимот на моето дете. Во другиот тим е внукот на продуцентот. Втор пат детево учествува на наместени натпревари. Нему сеуште не му е гајле ама стварно е глупаво да се местат вакви глупости. Тие што ги местат не сфаќаат дека лошо на нивните деца им прават.
Од мали нозе имаат прилика да осетат како функционира државава. Таквите деца, на овој-оној, цел живот така тераат, не дека ке осетат нешто од реалниот живот.