Маска со јаглен и мојот става повремено од ДМ таа што е. Ефикасна е само после туширање на отворени пори, во спротивно ништо не вади. Во врска со темата погоре, со сила убавина не бива, ако не му е дојдено времето за шетање , како ке го натераш да се смени. За 6 месеци...можеби година сам ке се промени. И јас мислам дружење во друштво и чопори е подобро, ама да е се така едноставно...а не е...сепак секое дете е различна приказна.
ааа се извинувам. Сватив дека е мозолче. којзнае што сум видела или прочитала. Јас ако видам една поголема и упорна со оние стапчиња за стискање митесери сум вадела. Ама ретко се појавуваат. Пробај со маските со јаглен како што ти рекле погоре. Јас од тие маски ништо ефект сум немала. Кај сопругот исто ако му излезе некоја црнка си ја стиска.
Дали може во е дневник да се напише оценка 0? Гледам кај син ми по еден предмет во графата за прво тромесечје стои 0. Зарем може 0 да се напише?
0 не постои како оценка во нашиот образовен систем. Помина тоа време кога наставниците пишуваа во дневник 0 со очи Најверојатно станува збор за некоја грешка на самиот систем. Кој работи знае дека е хаотичен. Ти му даваш една команда а тој прави друго. Пример внесуваш наставник по македонски ти го дава англиски
Кај син ми на сите предмети стои 0, ваљда тоа значи дека не се оценети. Он е 5 одд и гледам уште се описни оцените. Кога почнуваат да им ставаат оценки?
Ne bi trebalo da se opisni. Kaj nas vo cetvrto se so brojki, t.e sega na tromesecie ke bidat opisni posle toa brojki. Taka ni kazaa.
Во е дневник се описни сега и јас мислев ќе бидат оценки. А лани во 4то цела година беа описни само во сведителство имаа оценки
На тромесечје ќе бидат описни, до петто, на полугодие и крај ќе бидат бројки. Уште неделава, мислам до следната ќе биде крај на тромесечје. Секоаш е така бар, околу 10ти е родителската.
Не е 0, туку е буквата О. Доближете го маусот до неа ќе ви го отвори описот на оценката по тој предмет
Мислам дека си во образование,па дали може да ми го појасниш моментов со описиве,гледам некаде во описот стои I ниво дека е,а некаде има самостојно,успешно извршува и сл.ама нема ниво? И дали на полугодие ќе бидат описини или со оценки за 6 одделение ,оти на првата родителска како да разбрав дека и на полугодие описни ќе бидат?
Описот е различен мислам секаде. И ние како наставници веќе неможеме да го пофатиме ако верувате. Генерално 1 ниво е највисока оценка (5). Понатаму 2 , 3 ниво се послаби. Ако пишува самостојно и успешно тоа исто значи во бројчана оцена 5. Ако е ги усвојува целите...4, ако е со поттик е 3, ако е со помош на наставникот е 2 и ако е со постојана помош е 1. На полугодие во 6 ќе бидат бројчани оценки, па после 3 тримесечие пак ќе бидат опис и на крај конечно бројка. Немам коменатар за сите новитети што ги воведуваат. Кој само им ги кажува овие работи да ги спроведат се чудиме сите што сме во образование. @TheSecret бидејќи е дневникот е документ еднаков по важност со документите во НАСА во монентов е заклучен. Можно е заради тоа да неможеш да влезеш. Јас како наставник влегувам, како родител ме исфрла цело време. Вчера па никако неможев да влезам кога гледам пратиле маил со нова лозинка
Јас сега влегов без проблем. Само мораш нова лозинка да креираш. Потоа се отвора нов интерфејс. Кликни на заборавена лозинка и ќе ти прати линк за ресетирање други се правилата за лозинките од претходно.