Како не бе. Имам во фамилијата едвај со двојки во четврто, а до трето одеа во целодневна. Башка таму ништо не учеа. Ова со целодневна не ти држи.
Ти очекуваш од дете од 7г да научи да учи само. Син ми дури во четврто сега има задача да учи озбилно и дури сега научи да учи, претходно на некој начин тоа му беше како совладано, како да го знаеше и нему забава му беше, е сега има нови поими да ги научи и ако јас не седнам да му објаснам, кога таа наставничка да предаде, провери домашна, знаење и да им објасни како се учи. 40мин се, кога да го направат сето тоа. Не сте праведни. Ако тебе среќо како родител не ти е приоритет детето, џабе е се, а приоритетно ми е да му всадам добра основа за образование за утре задутре да не се замарам. Не учам со него, му објаснувам што е цел, што е поука, што е важно да совлада, ако сега не, кога? 25 деца се, на кого попрво да објасни за 40мин? Кога да предаде лекција? Си држела некогаш час? Јас да. Знаеш како проаѓаат 40мин? Додека трепнеш. И уште во одделение имаш дете со попреченост кое не успева да содржи внимание и некаде на 20та минута почнува да вика и паѓа внимание и кај другите. Не може да постигнат на час и крај, материјалот е преобемен, часот има 40мин, они се многу, она е една.
@An-na две деца не ја знаат убаво другите 28 ја знаат супер. Наставничката е супер. Посветува внимание на секој предмет. Е размазените родители бараат како во наше време ич да немаат физичко и музичко не морало нит требало тоа, задача било таа да ги навежба се за да не морало дома ич да се работи. Нема врска што музика развива логика и интелигенција. Таблица реално се учи со повторување дома. Се од математика се учи со увежбување. Наставничката треба да објасни на час. Потоа дома се вежба. Ако детето не вежба родителот е апсолутно виновен. Зашто не го контролира детето и го пушта да прави што сака и не му укажува дека учењето му е приоритет на таа возраст. @Black girl @An-na мора дома со децата да се работи. Кажав и зошто претходно. Дома работењето е за да стекнат и навика за учење меѓу другото и ако треба нешто да има се дообјасни.
Златна јас со детето работам и тоа што требало да го заврши на час, а учителката не го не го ни проверила, а при тоа скроз нова тема и нова лекција. Детето апсолутно не знаеше ништо, јас објаснував. Не се бунам де, тоа е моја работа , детето ми е секако приоритет. Не се пали, полека. Моето дете не е оставено така. Благодарение на мене го знае тоа што го знае. Јас не дозволувам да отиде неспремно, на тест и без домашни.
Бидете малку реални. Имаме образование кое е руинирано, живееме во општество без никакви вредности и се` поголем број на неописменети и анксиозни деца. Многу е неблагодарно вината да се бара само во родителите кои не можат да си ги видат своите деца. Моето дете станува во 7 часот и во 8 е веќе во престој, кога е втора смена од училиште го земаме во 17 часот. Има само 6 години и е во второ одделение. Во 20 часот треба да е в кревет, кога ќе учиме дома заедно?! Кога ќе се видиме, гушкаме, разговараме.И не е вината САМО кај родителите, не има секакви, но програмата по која работат е катастрофа. Во учебникот по математика се учат редни броеви кои се граматичка категорија, се учи делење на слогови без никакви предзнаења, во прво учеа да решаваат равенки, а имаа учено само собирање. Од учење на несоодветна содржина немаат време да се описменат, да научат функционално да читаат, а добиваат домашни кои не може сами да ги решат, зашто не знаат да прочитаат што им се бара. А пак наставниците и професорите, не сите, пишуваат незнам, немоѓам, сеуште и сл. и се очекува да описменуваат деца. И да се согласувам за едно дека ние родителите сме криви затоа што дозволуваме нашите деца да бидат експеиментални заморчиња и полека ни се губат додека ние се трудиме и се тешиме дека тоа не е наша одговорност. Инаку моето дете чита уште пред да тргне во училиште, знае да собира и одзема, но сепак има проблем зашто програмата не е соодветна и за многу работи не си ни трудам да објаснувам и многу ми е поважно да најдам време да го однесам на пливање, да игра надвор да ,,украдеме,, некој ден од училиште за да бидеме заедно.
@JoyJoy , @AngelOfArh Многу погрешна перцепција имате за образованието. Затоа и не ме чуди што е до ова дереџе, кога на родители им е нормално децата на училиште да не научат ништо и целата обврска да се префрла на родителите, притоа набивајќи им вина како истите не се трудат доволно за своите деца Јас лично не се пронаоѓам во напишаново, да се разбереме, ама.... обврска на наставниците е да им се пренесе материјалот за учење на децата, да изнајдат начин истите да го совладаат. Дома само треба да повторат. Толку. А, не дома допрва да учат, затоа што наставничката не знае или не сака да им пренесе знаење. Ќе споделам пак пример од ќерка ми. Лани имаа наставничка по природни науки, абе жената како знаеше да им пренесе знаење, тоа чудо. Ќерка ми дома немаше отворено природни мислам, освен домашните. Се на час учеше. И се знаеше. Ама, жената просто знаеше како да им го пренесе знаењето. Е, вакви наставници ни недостасуваат во образованието. Да не должам, поентата ми е дека образованиево ни е дно и оди кон полошо. И навистина нема потреба од напаѓање на родителите зошто направиле вака или онака за детето и величење на себе си. Секој прави најдобро што може и знае. Не постои училиште за родители, ниту некој родител е стручен за родителство, па да им се наоѓа маани. Наспроти ова, наставниците би требало да бидат стручни и да знаат да се справат со секакви ситуации, затоа што (најверојано) учеле за тоа. Само малку треба да посветат внимание и трудот кој го вложуваат напаѓајќи ги родителите и барајќи ја вината во нив, да го вложат во децата, ќе биде многу подобро.
Многу сакам кога ке има обид, некоја членка да напише нешто што јас не сум го напишала. Во градинка син ми не одеше. Да почнам од тоа. Во школо не лежи, не одмара. Ама дома да. Одмара, поминува време во природа. Дури потоа учи. Деца во целодневна седат на стол. Од 7 до 4. Едно цело работно време. Немаат кревет да одморат, надвор не ги носат. Домашно син ми редовно пишува, нема мака со школо. Дај наведи ми една позитивна страна на целодневната, освен што детето е на топло и под надзор.
Мојот став е тој, децата ни се премногу лабави, не знаат за обвски, приоритети и дисциплина, школскиот час е краток а материјата обемна, време да се научи на училиште и нема и не е нормално да очекуваш дека дете за 40мин ќе ја слушне лекцијата, ќе ја разбере, ќе ја совлада и ќе ја научи. И при тоа така 4-5 пати во ден, зависност колку часа има. И наставничката да има вонсериски можности да објасни посебно на секое дете тоа што не му е јасно и тоа да биде квалитетно, и така по 25 минимум... Да не зборуваме дека материјата што се совладува е несоодветна за децата, во четврто треба да учат години, векови, поими кои не се за нив апсолутно и сето тоа за само 40мин на школо. Секоја чест на децата кои не се како тоа погоре наведеното и успеваат во школо да научат и дома да напишат само домашно и толку. Инаку моето е од подобрите, на тромесечје беше скроз одличен, иако имаат описни наставничката ни ги кажа и во оценки, учи за викенд или кога има ептен нешто итно, не учи секој ден, не поминува повеќе од 1 час дневно над книга и има време и за игри и за дружба и за воншколски активности.
Мешате баби и жаби. Никој не рече Природни и Општеството да ги учи наставникот за тест, секако тоа мора дома, теорија е, ама Математика мора во школо на час да се постави основата и да се вежба неколку часа пред тест.
Е тоа е тоа што го кажувам, ама изгледа не се разбираме. Јас зборев општо за цела настава, не само за еден предмет. Математика дома не се учи, на училиште се учи, дома се вежба.
@An-na супер ми е перцепцијата не се секирај. Цел живот сум во образование. Одговорно тврдам дека поразмазени деца и родители немало. Сум видела и на своја кожа сум искусила како е и Велика Британија и во САД. Секаде има и вакви и такви наставници. Ама никаде нема родители кои се бунат зошто детето им има 3-ка. Колку научило толку има. Само кај нас се бунат родители дека наставникот не чини зашто нивното дете има 3-ка. Требало наставникот да го научи за 5-ка. Тука е дефинитивно вина на родителите. Исто е вина што децата се навлечени на мобилни телефони и не може да задржат внимание повеќе од 30 секунди. Инаку јас на детето му принтам материјали од интернет и на англиски особено математика. Исто одиме со материјалот со многу земји. Програмата фамозна Кембриџ по која одевме (веќе неколку години не е Кембриџ односно годинава е 5-та година откако не е Кембриџ), а врз основа на која се базира и сегашнава (само ублажена особено по математика) се базира на концентрично учење особено математика и природни науки. Затоа секое одделение ги учат истите поими ама проширено. Голем број програми во многу земји се така направени, тоа е модерниот пристап во образованието. Е нас ни е чудно зашто ние бевме навикнати на друг пристап. Мене лично најникаква ми е програмата за Општество поимите воопшто не се за деца, ама тоа е што е. Кај нас наставничката ублажува дава примери и слично за да им биде полесно.
Епа, штом имаш искуство со образование, сигурно знаеш какви кадри работат таму? Или ќе се правиме дека не знаеме, само за да излеземе во право? А и за Британија, споредбава не ти држи вода. Да споредуваш било кое европско образование со нашево ми е нонсенс. Нашево не ни може да се нарече образование, ако сме искрени. Кој како дојде, го доуништува. Оти, неук народ полесно се води. Инаку, одиш во крајности.... Не сите родители бараат од наставничките 5/ки и не сите родители бараат децата да им знаат за 5/ка. Доволно е наставникот да си ја врши работата за која што е платен и за која што (најверојатно) учел! Симпл е! Треба да се работи со љубов. Ова е една од хуманите професии (слична на медицината) која треба да ја сакаш за да ја работиш. Да не се повторувам, пишав и претходно какви кадри завршуваат педагошка. За состојбата во образованието доволно говори фактот што имаме најмногу одлични ученици, ама неписмени Звучиш како политичар со повторувањево и убедувањево дека сме исти како останатите европски држави. Да, можеби на хартија ни е ист процесот, ама затоа нашиве за жалење во поглед на знаењето кое го имаат во споредба со нивните врсници во другите држави. За ова кој е крив? Родителите што не ги научиле децата дома? Или наставниците? едит... Мене па баш Општество како материја ми се допаѓаше. Не се, ама добар дел беше во ред. Особено делот со коруупција, непотизам, врскаџиство и сличните примери кои ги учеа. За мнгоу родители ова беше глупост, ама јас сметам дека ќерка ми треба да ги знае овие работи, кога веќе живее во такво општество, за да знае да ги препознае. Оти, да не се лажеме, врие во училиштата од вакви појави.
@An-na @Black girl во други теми родители што живеат во други земји пишуваат дека со децата дома учат лекции зашто детето не ја сфаќало темата. Секаде изгледа не чини до мерка што родители мора на децата дома да им посветат внимание околу учењето. @An-na знаеш дека не може сите по сите предмети да знаат за 5-ка. Едноставно не може. Некој за едно некој за друго го бива. И ОК е. Не мора сите со се 5-ки да се. Тоа е главниот проблем во нашево општество. Сите сме за се паметни. И сите се знаеме како треба. Затоа сме до тука до кај што сме. Знаеш зошто се на пример Азијците први во математика? Ставот на општеството е дека ако не знаеш математика не знаеш ништо. Децата вежбаат математика после школо со плус тутори (Why Do Asians Excel Academically - Halos of Hope - Finding your inner light). Ама еве пошто ти све знаеш признавам. Све не чини само родителите се супер.
Кој други земји? Германија ли? Па и таму не е во сите покраини исто. Зошто, на пример, не ја земеш Финска како пример, туку Германија?
Финска на пример има најголем пад на ПИСА меѓу двете последни тестирања. Еден од факторите се поголем број на мигранти со различни културолошки навики и додавање на административни задачи на наставниците. Ти признам поапметна си и све знаеш. ОК е.
Во образование работат кадри како во сите други дејности. Немојте да идеализирате дека секаде на друго место е идеално само во образование е собрано она што не чини! Секако дека ги има секакви, ама нели нас еден службеник на шалтер нема да ни се погоди и сите други вработени во банка ни се криви и не си ја знаат работата! Ова беше пример, исто е за доктори исто е за се. Сами како држава сме си криви што нестручни кадри се вработија каде треба и нетреба. За да разбере некој како функционира образованието треба да влезе во училна. Да поработи со деца па после да дели правда и да кажува што и како треба! Јас сум наставник и од моја гледна точка има деца кои следат на час и добар дел го помнат, а има и деца ти на глава да стоиш и да ги анимираш со се и сешто и пак нема да те исперцепираат дека си присутен. Е сега за тие 40 мин како што спомена Ангел веќе треба да запишеш час и отсутни, да смириш деца, дека се деца и се нон стоп разборени. Во секое одд има некој што е ХИПЕРАКТИВЕН што милуваат да кажат родителите и училиштето го гледа како издувен вентил. Секако наставникот треба да се справи и со тоа дете кое нема ни Д од домашна култура а ни В од воспитание. Да не зборувам колку деца има со ПОП а немаат образовен асистент до нив. Знаете колку време останува да се објасни новата наставна содржина? Ич! Ако ме прашувате мене. Програмите се такви какви што се,повеќето се пренатрупани и несоодветни за возраста, а неретко и се без редослед на нештата. Децата дома не би требало да учат се. Дома треба да го повторат она што го работеле во училиште и само да ги дополнат знаењата со она што не успеале да го запомнат на час. За тоа не треба родителите да седнатни да им ги раскажуваат лекциите и да учат место нив. Работата на родителите подразбира дома детето да се праша како поминало на училиште, дали се работело нешто ново? Ако се работело да се дадат насоки дека треба да седне да се повтори/научи или доучи. Ако детето незнае како да учи да му се дадат насоки за тоа. Децата треба да стекнат навика за редовно учење. Тоа треба да го работат родителите со децата. Многу работи се измешани во нашава држава, па и тоа кој оди во училиште а кој треба да учи на жалост. Родителите си даваат за право ако детето добие слаба оценка да дојдат и да кажат дека тоа воопшто нема да му треба во животот и нема потреба да го знае! Ваква дрскост како во денешно време мислам дека никогаш немало. Бидејќи сум од оние кои секој ден се во училна со деца, а имам и деца кои одат во училиште работите јасно ги гледам од двете страни. Можам да пишувам до утре сабајле за сите предности и маани, ама на крај се сведува на онаа народната Кој е постар? Јајцето или кокошката?
Влегов во темава бидејќи не знаев каде да го поставам прашањето, и ве начекав на муабет меѓудругото и за целодневна . Од кога едно дете може да почне само да оди на школо, пример родителиве се прва смена, тоа втора? Гледам целодневна до 3 одделение. Дали дете на 9 години може само да остане дома цело претпладне и потоа само да отиде на училиште?
скрос си во право. Толку незаинтересирани родители страшна работа. Моето малото е 1во одд досега имаме 3 состаноци со директорот одржано и џабе. Добри совети препораки дава а децава не даваат резултати на подобрување