Мене ми е прашањето парфем дезодоранс некој спреј кој би можело да користи дете од 13 год а да не се оние стандард машки парфеми за возрасни? Многу ми се јаки. Исто сакам да прашам,на моето многу набрзо косата му мириса чудно,на немиено а не му се мрси сеуште. Каков шампон би можела да земам за него?
На син ми му земав дезодоранс од Алеврде на приридона база - баш машки мириса а нема алуминиум и не го пече. За косата не знам - уште сум на Шаума синиот само го терам два пати да ја шампонира.
ајде ќе ја пробам и шаума. Тој користи исти какви што ние ќе купиме за мене и за мм. Малото си е на baby love од дм. Ама овок 13 годишников ми е ни ваму ни таму.
И кај мене е исто. не сакам од сега да му ја учам кожата на хемикалиите па избегнувам нашите да ги користи. Шаума плавиот гел и шмапон две во едно ми се допаѓа и за косата и за кожата сега за сега. Ако појача пубертетов ќе мора појаки „средства“ хахаха
Да на ова мислам. За кожата му е супер со оглед на тоа што генерлано му е сува па знае да го чеша од други. За косата го терам два пати да шампонира заради мирис инаку убаво мие.
Сакам да пријавам мобинг од наставник и до училиште и се каде треба некој да ми каже постапка каде прво да се обратам за да се запазени сите процедури
Не знам која е точната законска процедура, но јас би однела пишана пријава во училиштето ,во два примероци, и да бараш да се архивира и да ти биде вратен едниот примерок, гледај да има архивско бројче во горниот агол ,за да не можат да ја фрлат во канта. Истата пријава би ја пратила со повратница до просветен инспекторат и исто така би се обратила до народен правобранител.
Прво се пријавува во училиштето. Би требало да има контакт лице за пријавување или кутија за пријавување или нешто слично. Ова е основниот правилник на МОН: pravilnici-mon-file-sUUF.pdf. Според овој секое училиште треба да има сопствена процедура за пријавување на насилство, ама мора да ја има. Ако нема процедура или не постапуваат по пријавата, тогаш училиштето во Државен Просветен Инспекторат треба да се пријави.
Прво треба да се пријави во училиште. Поднесуваш писмена пријава во архива, насловена до: директор, стручни служби и училишен одбор. Чекаш одговор официјален, па потоа пријавуваш во општина, инспекција итн…
Здраво, ќерка ми има 11,5 год и годинава првпат ќе одиме на одмор на кој можеби ќе добие таму. Инаку во јануари првпат доби и редовно има одтогаш. Тампони и улошки не се опција, читав за некои менструални купаќи па дали сте имале искуство со нив? Или можеби друг совет во оваа ситуација? Фала ви однапред
Јас ги гледав тие купаќи ама не ги купив. МИ изгледаат како згодна опција. Не знам зошто не се улошки опција. Тампони на мало дете не би ставала, ама улошка е опција. Нема да се бања првите два дена. Потоа може да влегува без улошка во вода. Нема многу долго да се задржува. Кога е надвор ќе стави улошка на купаќи и ќе облече шорцеви. Барем јас така цел живот функционирам. Друго не ми текнува.
Тампони секако не. Едино видов како боксерки купаќи во синсеј долен дел ако и најдам па тие подобро би и ја држеле улошката. А жал ми е, сепак е дете уште, мислев барем оваа година нема да и дојде ќе остане за наредна ама здрави живи, напредни се сегашниве деца. Ќе сака и лизгалки и тобогани ама едино да се надевам да не и дојде на одмор, јас секако морам спремна да појдам. Фала ти
Јас бев од тие "среќлии" со добиено рано. Плус на секој одмор. Ако не цел одмор, пола секако или од втор, трет ден. Реално повеќето одмори ги поминав баш со такви како боксерки купачи долни. Со трчање во Вц да се средам за во вода. Некое време во вода, од тука со трчање правец во вц, да ставам влошка и нормална гардероба. Мислам со мини шорцеви ги поминав сите одмори за шетање и седење по плажа.
Јас на моето девојче и земав стик на Алое, некако ми беше најсејв. Се нема пожалено на чешање, печење или сл. https://www.flp.bg/mac/P_Ever-Shield_mac.htm
Здраво Ќерка ми прв пат доби циклус на 10,5 год. Горе доле на месец дена од прилика добива. Некогаш некој ден плус-минус, ама мислам дека 30 дена е просек. Сега е 14 год. Последниве 2 месеци доби на 26 дена, па после за 23 дена пак. Има простор за грижа? Некако ич не ми се носи по доктори, ама ако се мора... Искуство некое или стручно мислење ако имате ќе бидам благодарна да споделите