Здраво, До колку год ги пуштате 13-14 год деца за излез навечер? Ќерка ми до 23ч ја пуштам но секогаш бара повеќе да остане.
моето дете е многу помало од оваа возраст,но од овој аспект ,на 14г не би ми паднало на памет до 23ч да го пуштам а камоли па повеќе.Во средно на 15-16 до колку би седел?! Ова зборам за Скопје...незнам во помалите места како функционира.Инаку,секогаш ќе има деца од друштвото што ќе притискаат за подолго останување,ама ти ќе си поставиш граница според твоите верувања.
Ранец / капа, шал и ракавици / ваучер (ќерка ми е 10, јас планирам за НГ да и купам од ДМ, ептен се радува и сака шопинг во ДМ) Котон, Зара, Литература Зависи кои и се интересите, ако сака да црта има убави сетови за цртање, маска за телефон финтаџиска (ако има телефон) ако сака музика, bluetooth звучник, слушалки / сложувалка / лего сет.... итн.
Јас годинава за машки/женски на таа возраст купив шољи со Дедо Мраз, по една книга (Исидора Мун или слична некоја за женските), балзам за усни од тие шарените од ДМ, купка и шампон и чоколатца новогодишни. Зависно од буџет можеш и сетови за накит правење (има поскапи што се баш убави со метални делчиња, убави перли), некоја мала ташничка, пижами новогодишни (пред неколку години тоа купував за сите), сет маичка и гаќички новогодишни.
Моите се и двајцата машки, јас купував за нова година за 13годишно девојче блиско ептен. И купив дуксер од синсеи, од тримакс шпил карти златна боја и лабело росал. Ке направам пакетче и некоја паричка плус. Лани беше кркок топ и интересен нотес со пенкало, со светки и пердувчиња. Има многу интересни аксесоари во зара, синсеи, некоја друштвена игра ризик и сл.
Препорачајте нешто(крем,лосион) за против акни кај дете од 11 полни години.Носот и челото ни се катастрофа, Т зоната, лом.
Козметика ако знаеш што користи Пижами Капа, шал, ракавици Ранец Ако има во градот од кај што сте, карти за некој интересен настан или концерт соодветно на возраста
Јас нешто да прашам, ќерка ми е скоро 14 год, пиеше антибиотик , беше 4 дена пред добивање но и дојде порано , имаше малку крварење 2 дена и толку. Дали може да биде пореметување од антибиотиков што го пиеше? Дека друг пат не се случило вакво нешто малку се загрижив.
Наверојатно да, јас сум возрасна и мене ми се случува да ми се поремети циклусот после антибиотик, најчесто ми е скратен.
Исто како Септември, не можам да те советувам за дете ама јас минатиот и овој месец сум на антибиотици и обично ми касни т.е. добивам на 31 ден, сега овие 2 месеци добивам точно на 28ми. Така што може да е до антибиотикот шо добила порано
Може да е пореметување заради променет имунитет, бактеријата, антибиотикот, но исто може да е и хормонски. Кај деца знае така да прави додека се стабилизира циклусот.