Мајки здраво Како се справувате со митесери на нос и чело кај тинејџерите? Некоја со искуство што може да се користи за нивна возраст. 13г момче.
Дојдов и јас во темава. Моево почна да има груба кожа на образите кон ушите тој дел, и како поцрвена. Ќе го носам на дерматолог секако, да ни одреди што да мачкаме, лесно е да земам Уриаж и Биодерма, ама сакам нешто со понормална цена ако има. Му искачаат веќе и баш бубулички на нос. Мал ми е уште, во петок прави 9, ама почнува да мириска под мишка а дете е, не се сеќава да стави део и така се оправаме по цели денови.
Ми ја предложија кремава , ама тие што прават skin care рутина. Не е од дерматолог. Одговара и за деца и за тинејџери и за возрасни.
Имам едно прашање, од пријателка ама таа нема профил овде и мене ме замоли да постирам. Copy paste е. . . Ми треба совет или предлог во врска со малиот, (9) постојано кашла. Однесен на матичен доктор неколку пати земаме сируп и пак кашла, ми велат ќе помини нека пие чаеви. На природна база пие чаеви, и сирупите што му ги давам ги испи ефект пак нема. Плус му давам Tylol hot прашок за деца, лижавчиња против кашлање и пак ништо. Не сум финансиски спремна да го однесам на приватно, ниту да сменам матичен во блиска иднина поради други компликации. Ве молам совет или препорака за нешто на природна база. Нема други симптоми, добро си јаде, расположен е, трча, се дружи ама кашла многу.