Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Женски еве тема за новопечени мајки. ДА си ги кажеме маките, проблемите, како и советите за нивно полесно и побрзо решавање.
    Неможев да смислам подобар наслов на темава, па затоа ако сметате дека може поинаку да се вика, а да биде прегледна, слободно кажете мислење.
     
    На Seduction и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    719
    супер ти е темата меу само наместо од 0-6месеци можеби подобро ке биде до 1 година затоа што и тогаш има забчиња преодување и ред други проблеми слатки
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Помислив и на тоа ева, но некако вака мислам дека ќе биде подобро, од причина што помал период би бил опфатен па нема да се лута многу.
    Но, ако сметате дека е подобро да е до 1год, слободно нека се смени, не е проблем.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    5.968
    Пол:
    Женски
    А може да стои и само за бебиња, не мора да се ограничува според возраста.

    И нека биде темата за општи работи за кои нема тема, а доколку има тема пишувајте таму, за кога ќе дојдеме ние новите мамички полесно да се снајдеме. :)
     
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.746
    Епа супер за темава. Кај малиот мој, има како капилар црвен изразен во десното окце.На болница рекоа не е ништо, само од себе ќе поминело.Малку е повлечено, ама сепак...Инаку спиеме на десен бок, на друга страна или на грб не сакаме да чуеме. Како ви спијат вас малечките?И од кога на меше ќе почнете да ги ставате на меше да се вежбаат за вратчето?
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    Капиларот ќе се повлече самиот со текот на времето, не се секирај, тоа е од притисокот при самото раѓање. И син ми имаше, сега веќе му се бистри очињата.
    Моето малечко спие на грб, кога му беа големи грчевите спиеше на меше, ама кај мене во раце, а не и на кревет. Патронажната сестра ми рече да го ставам почесто на стомаче и да го тапкам по пелената, така му се ублажувале грчевите и навистина детето се смируваше.
    Инаку кога бебето ќе направи 2 месеци, се носи на ортопед и д-рите советуваат да се става 3 пати на ден по 10-на мин. на стомак за да ги вежба вратните мускули. Моето бебе седи само 2-3 минутки и почнува да кенка и се расплакува, па затоа јас го ставам почесто (5-6 пати) по неколку минутки.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    И јас малата ја ставам претежно на страна да спие. На грб не ја ставам посебно ако не е ждригната после цицање. На меше и ние почнавме од вчера да се држиме, сама на кревет не. Вчера почна и главата сама да ја крева кога е на меше легната.

    А мене ме интересира кога е првата контрола кај педијатар??? И дали педијатар треба да избереме однапред или кога ќе отидеме на контрола???
    Инаку ми кажаа да одам на 07ми ноември за третата вакцина, дали тоа подразбира и прва контрола???
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.746
    Меу тука во рок од 10 до 14 дена треба да биде првата посета кај педијатар, или тој да дојде кај вас дома. Нас дека ни е многу блиску ординацијата бевме ние на педијатар кога бебуш имаше една недела. Го мереа за тежина, обем на главче, го гледаа папучето, рефлекси, кожа, гледаше како се доиме и како да си направиме да ни е пријатно и како да си стоиме здрави. Е сега следно наредна недела, и така секоја недела мислам до 6 недели. И јас чекам за вакцина за туберкулоза да ми кажат, дека морало бидејќи ќе патуваме.
    Какви се вашите искуства со вакцинава? Ја имаат вашите малечки примено и како реагираа на неа?
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Нас папучето ни падна синоќа :inlove:
    А патронажна веќе еднаш беше , и сега ја чекаме пак во четврток да дојде, па ќе видиме што ќе каже. Јас многу сакам да ја однесам на контрола, за да видам како напредува на килажа. Само за тоа се грижам, зошто мала нели родена, па како е засега, да знам како се одвиваат работите. Изгледа ќе почекам додека да дојде пак патронажната, за да ни каже кога да отидеме. :?:
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    15.796
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да кажам нешто за моето 5 месечно бебенце. Веќе ни избиваат првите 2 запчиња, кога е во полулежечка позиција сака да се исправи, се превртува на стомак и почнува да лумпува во креветчето. За спиење, го ставам исклучиво на грб како што е правилно, бидејќи првите 3 месеци кога е на грб рефлексно си ја врти главата на страна и нема страв од задушување, додека на страна не се препорачува заради задушување ако падне на мешето, а и за колковите.
    Некни му дадов прв пат банана и изгледа скоро ќе почнеме да се дохрануваме, си сака се гледа.

    Педијатар си избирате сами, а кога ќе го носите на вакцина и таму лекарот кој е на смена ќе направи основни прегледи, килажа, висина, срцеви отчукувања, грло и сл. Не се секирај не ги вакцинираат додека не проверат дали е се во ред со малото. Јас моето го носам на контрола на 2-3 месеци, бидејќи го носам во Скопје, а докторката ми рече дека бебињата од Ск доаѓаат еднаш месечно на преглед.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    21.056
    Пол:
    Женски
    Јас имав приметено кај моето бебче на почетокот , кога беше неколку дена стара уште немаше трепчиња израснато ... и успеваше многу време да не трепка :?: Чудно ама вистинито
    не ги затвораше очињата , нели како кај секој нормален човек ке трепне и слично :wasntme:
    Со тек на време си почна нормално да си трепка, и се избистрија и очињата си дојде во нормала :lol:
     
    На anuHka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.363
    Ние денес бевме прв пат на контрола.. позади на картончето што ни го дадоа од болница пишува дека контрола кај педијатар се прави на 1 месец а на 2месеци кај ортопед..
    Инаку јас денес се разочарав бебуш се здебелил само 300грама и по се испадна дека јас немам млеко..
    Искрено се разочарав бидејќи многу сакав да ја дојам..ама тоа е тоа морам да и давам АД почнавме со Нан па ќе видиме како ќе биде .. Вие какво АД користевте??
    И друго што приметив е дека позади на газето има некој белег ама не знам каков сеуште не се гледа што е, сега за сега е само едно така темно сиво кругче..
     
    На Barbara* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    719
    јуник и јас моите двете ги пораснав со нан 1 син ми не цицаше ич а керка ми само 4 месеци па после на нан 1 а за колку време има качено 300 грама ? за испукано капиларче во окцето на бебето и да кажам и керками после пораѓајот приметив дека и дветеокца и беа со испукани капилари и гинекологот ми кажа од самиот пораѓај било тоа што напнувало и бебето да испадне дека не е страшно дека сами од себе ке се повлечат после некаде2недели немаше ништо
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Уник, Ана има 2недели така? По тикерот тоа гледам??? Самоиницијативно ја однесе на контрола или???
    И јас мојата сакам да ја носам, баш од причина да видам како напредува со килажата, дека мали се родивме, ептен ми е шубе , па сакам да знам како е до сега.
    Инаку јас давав дохрана со Беби мил, супер го прифати, истото и го даваа и во болница, па напреднуваше од него. Другарка моја детето го порасна со Беби мил, сега е веќе дечко голем од 5год. така да без грижа, ќе си напредне детето, и тоа многу побрзо со вештачко. И јас сум многу против нив, но ептен ми стои на душа дека морам да видам на што ред ми е детето.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    21.056
    Пол:
    Женски
    Кај нас искрено многу убаво патронажната сестра кога ни доагаше во посета со себе си носеше и вага. :)
    Во Мк знам дека не е така . Ама многу убаво не морам да ја носам малата за да ја измерат вака од дома , си знаев дали напреднува :) кај нас првиот месец бебушка качи кило ипол , а бевме само на мајчино млеко ..
    После 6 месец кога се одбивме од мајчино млеко дадов Беба , а мак замена беше Нан :)
    Сега исто го пие Беба про 2 и истовремено јаде и каши и супер напредува :)
     
    На bruno.com му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Однапред ви се извинувам ,но морам да си го напишам своето мислење и искуство.
    Мислам дека премногу брзо се одлучувате за дохрана со АД млеко.Во календарот за контроли јасно стои дека првата контрола е на 1 месец.Тоа е така од причина што во тој прв месец организмот на бебето започнува самостојно да функционира,а со тоа и системот за варење.Мерките за напредување се дадени ориентационо од 600-1200 гр. и не треба стрикно да се врзувате за нив затоа што некое бебе при мерењето може да не биде искакано и измочкано и да покаже поголема килажа ,за во следниот момент кога ќе ги стори овие работи да падне и под оваа граница. Најголем показател дека бебето е најадено е спиењето односно доколку спие 1,2 па дури и 3 часа ,тогаш тоа со сигурност е сито.Тука сигурно не влегува плачењето од грчеви,а тие се познаваат по неколку работи. Бебињата кои се на АД млеко секогаш повеќе ја зголемуваат телесната тежина,па дури и ја поминуваат границата ,за разлика од бебињата кои се на доење.Немојте репер да ви бидат другите бебиња ,затоа што секое бебе си е приказна за себе. Доколку се одлучите за дохрана таа давајте ја на крај од подојот ,затоа што во спротивно постои можност бебето да не сака да цица,а неколку пати нецицање може значително да го намалат создавањето на млеко,па дури и да го секнат.
    Моите дечиња се родија по 2700 гр и додека син ми во првите месеци качуваше по 1200гр,ќерка ми качуваше едвај по 650-700гр,но и двајцата беа само на цицање ,а со сигурност тврдам дека во ниту еден момент не беа гладни.И двајцата имаа грчеви и плачеа од нив,затоа што откако ќе прднеа престануваа со плачење.
     
    На Elinora, mmace, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    212
    unique, немаш воопшто млеко? И една капка да имаш, давај му на бебуш да ја исцица.
    Ќерка ми само цицаше до 4 месеци, и после сама се одбиваше, не сакаше да цица, па јас ја доев само кога спиеше. До 5.5 месеци ја доев вака и после преминав на Хип. Имаше малце запек на почетокот, ама се среди и тоа.
    Не се разочарувај, ќе си порасне и со АД млеко.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    31.109
    Пол:
    Женски
    Ако имате дома вага качете се сами на неа, потоа земете ја малата скроз голичка, само по памперс евентуално и качете се со неа, разликата ќе биде тежината на малечкото, ова го практикуваат и педијатрите да го кажуваат токму за вакви нестрпливи мајки, знам и сестра ми беше вака, еднаш дури се измеривме па отидовме на контрола и точна беше тежината. Иначе внука ми цицаше до година дена, се одби и започна да настинува, па алергии, па триста работи, а дотогаш ништо немаше :!: Многу е важно цицањето, колку подолго толку подобро, се разбира доколку тоа не излезе надвор од граници на нормала.
     
    На friendy и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    21.056
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh ова со вагата не покажуваше кај мене точно :(
    Прашајте во аптеките дали имаат ваги за изнајмување , земете една и следете ја килажата ако мислите дека детето не е најадено и намалува во килажа. Ама пред да се одлучите да дадете на своја рака дохрана консултирајте се со педијатар ,дали и воопшто е потребна дохрана ..
    Како што кажа и АИТ ако детето си спие , не е плачливо *освен нели кога има грчеви* немате потреба да се плашите дека не е најадено ;)
    Само мора да се свати дохраната значи од кога ке се нацица бебето убаво да му дадете ад млеко , ако не е дојдадено
    Еве направте тест дома за да видите дали е најадено
    од кога ке се нацица бебето одма дајте му чајче , ако испие повеке од 30 мл е гладно . ако не испие толку значи најадено е нема потреба од други млека
    А не да му давате после 1 час ад млеко... Тоа не е дохрана тоа е веке замена на оброк :?:
    Поздрав
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    212
    Ваги за изнајмување кај нас тешко дека ќе најде :D
    Ако бебето е мирно, си спие, не плаче цело време - тогаш бебето е мирно и најадено.
    И тестот со чајчето е супер, после цицање да му се даде чајче, ако сака да пие и пие повеќе тогаш не е убаво најадено.
    кај мене ќерка ми варираше во поправање, првите 2 месеци по 1 кг., а третиот месец само 400 гр. а само цицаше до тогаш. четвриот месец 800 гр. се поправи што е супер. после тоа почнавме со цицање и АД.
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.