Ако корицаки арно е да се знае , тешко нас Ноелле почнавте да гугате??? Како што гледам ние сме 2дена после вас, значи наредно тоа ни е ??? Инаку ја оставам сама да заспива, уште не сум ја ставила во креветче, но на спална сама ја оставам, денес дека баба и дедо беа на гости, па малку знаеш да и се порадуваат. Кај нас мислам дека е многу лошо што ова зверот не сака цуцла , а мислам дека би вршела работа, но не, ја плука, не сака да ја гледа
Кемкаме, знаеме и да се искривиме, да се фокусираме на некоја работа, ама не многу долго, да фаќаме маица и да си бараме цице, и да се пофалам, знам дека е некоја си рефлексна , ама мама ја доби рвата насмевка на бебушко онака дури ме гледаше додека му зборував, не да се смее само дури е полузадреман на цице. Ех, радости сме
Ахх ние сме циркуси со насмевките. На спиење се кине од смеење, а еднаш маж ми се радува дека му се насмеала, а она да ти заспаласо отворени очи Мајки како сте, кај ве снема Ние сме ок, кенкави, вчера цел ден не спиеше како што треба па јас немав време ни да седнам. Но, затоа денес, она спие и јас до неа, си се гушкаме, зошто неможам да издржам до вечер. Уфф, после ќе се допишам, отидов да менувам пелени
Ние сега за сега сме добро, вчера и завчера нешто ја мачеше па не спиеше баш најубаво преку ноќ ама затоа денски си надокнадува.. Инаку додека спие стенка и вика некогаш се случува и во сон да заплаче , јас ќе ја погалам малку по главчето и се смирува.. Почнавме и по малку да гугаме а деновиве пак ке одиме на контрола да видиме до каде сме
И ние сме потполно исти. Многу чудно детево ич не спие мирно, дали и се фаќаат 3 спиења онака да спие без да претне, ма многу се 3. Постојано нешто мрда, се мршти, вика, цивка, плаче Еве ја и сега исто Инаку за гугање, пред два дена , а и денес почна да ни испушта некои звуци Исто така почна да ми го брка и прстот, незнам ова дали е напредок, ама за мене е радост јас и мрдам со прстот а она се труди да го фати со рачето Сакам да ве прашам како и колку ги облекувате бебињата? А и во какви простории седете? Јас ја облекувам со боди, чорапчиња и шпихозни, понекогаш памучни, понекогаш подебелки од оние како плиш што се. Ако сме во дневна каде ни е поладничко, ја виткам во ќебенце , а во спална имаме радиатор пуштено па кога е убавко пријатно ја држам откриена. Свекрва ми само оди по мене и вика дека премногу ја облекувам Јас пак се мислам дека е малку облечена. И капче и ставам ако ми се гледа поладничко.
не ја облекуваш многу јас син ми го облекувам со две боди со кртки и долги ракавчиња и тренерчиња е сега денес цел ден гори огнот па е само по бодиња. а во спална за ноќеска планирам да го пуштам радиаторот а до вчера спиеше со пижамциња и боди и вреќе и ќебе подебело...
Јас не и ставам пижамчиња, туку како си е облечена после бањање така си спие. Но, од синоќа и ставам капче, ми се чини дека има подобрување во однос на носето што и е затнато. Се мислам дека и е ладно, само ја пипкам дали е ладна или не. Рачињата и се ладни почесто , но педијатарот ми кажа да не се ориентирам по нив и по носето зошто тоа биле завршни ектремитети, и таму најмалку крв одело, па затоа почесто биле ладни.
Јас денес купив чајче на Хумана за убав сон ,сакам да пробам дали ке има некакво влијание на спиењево на бебево оти ич не спие ,се на се му се факаат 7-8 саати спиење. Е сега јас како што го знамова лакомо сите 100 мл ке ги испие ,па да си прашам колку да му дадам да не претераме со 100 ако сака дали сите да го оставам да г испие. Меу добро си ја облекуваш јас еве од вчера и греалка во спална пуштам страв ми е да не му студи.
Хахахаха.. да да меу .. малечкава моја сабајче се разбуди во 3 часот и до 7 не спиеше и од 7 до сега уште спие не е станата.. ја ранам на спиење .. и си мислам леле тешко мене вечерва има маратон да изодам по собиве зошто кога е наспана и не ја боли ништо си сака да си гледа да си разгледува па ако и се здосади ке почне да се мршти .. добро барем денес се одморив..
леле јас какви не чаеви имам купено...од кога го меркам тој за добра хоќ ама знам дека нема да го пие а колку сакам да пие а какви треви има во него можи да ми кажиш немам прочитано и јас имам прочитано дека рачињата и ноџињата не се ладни од тоа што му студи туки зависело од цикрулацијата на крвта...
Јас да ви кажам синоќа му дадов од чајчево ама нешто да се комираше детево со спиење не видов ,некако не му беше по кејф,Плантексот и Бекутанчето повеке ги сакаше ова со мрштење го пиеше . Инаку содржи лактоза,малтодекстрин,мелиса,цвет од липа о темјан, и се користи од првата недела од животот на бебето . Незнам што друго да ви кажам ако си спие бебе ке си спие не му требаат чаеви но ај јас паметна да не има некоја магија за успивање чајов па го купив.
добро утро мамицки како сте? која е температура за банјане на бебе? јас мислам дека е 27 но не сум сигурна ... фала ви однапред имајте пријатен ден
27степени за водата??? Јас за собата знам дека треба да е 25, ние ја правиме 23 и таман ни е, а за водата знам дека треба да е 37, јас ја правам на рака да ми е таман, не користам топломер за вода.
за капење идеална е 37 пиши на сите термометари кои се наменети за мерење на вода за капење на бебиња. 27 и 25 ќе ги замрзните бебушите
Во собата до 25 степени, водата до 37 - не ви треба топломер, пробајте со внатрешната страна на подлактицата, ќе осетите дали е доволно топла или не. Не ги претоплувајте децата, немојте многу да ги облекувате, оставете малку самиот организам да реагира, да може сам да се загрева - ова важи за поголемки дечиња, над три месеци. Инаку, температурата во собата во која престојува бебето треба од биде од 22-24 степени најмногу, и притоа бебето да биде облечено во боди со долги ракавчиња, чорапчиња и шпилхозни или тренерки е сосема доволно. Капче може кај помалечките, исто и калци или топлинки на нозете. Не се ориентирајте према топлината на рацете и носот, туку према топлината на грбот и градите. Ако греете на дрва, облекувајте ги полесно. Ако имате парно греење, задолжително навлажнувач на воздух. И препорачливо - ноќно спиење во поладна соба, до 15 степени максимум. Не повеќе.
леле која глупост ја треснав 27 , грешка 37 идеална температура за бањање Ние имаме термометар кој се става во водата , и е воедно играчка на ќерками Јас кога се роди малата многу згрешив , собата ја претоплував сабајле прозорите испотени , не беше ич за спиење Сега гледам да не е премногу топло , парното е пуштено ама не премогу топло и вратата е отворена за да влегува воздух чист
Бебе си спое во креветче во посебно катче во нашата спална, која е воедно најладна просторија во станов и воопшто не ми е мака што го учам во поладно да спие. Во текот на ноќта знае да се стопли од самиот факт што спиеме таму, а за воздухот на прозорот над радијаторот (кој иако не е уклучен)ставам чиниче со вода. Едино собата во која го капам е потопличка, а водата имаме термостат на тушот и ја полнам кадичката на 40 и некој степен да е водата, па дури го преслечам мажето и средам за капење оп се оладила на идеална температура и спремна за капење.На страна си имам малецко бокалче за косичето кога го одмиваме и целосно го потурам пред да го извадам од кадичката. Е сега еден совет, имено на препоните малку како да му се лупи кожичката и како иритирана да му е. Ставив крема, ама само му стои и и не гледам да ми заврши некоја работа, така со крема спурен во пелена.Го оставам да се луфтира по 5 мин или 2 додека му менувам пелена, ама тоа пак си стои. Некое чаре?